Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Она да го судиш пенал треби со затворска казна да заврши.
Во секој случај карма ис а бич така да нека лапнат и Франција и Судијките :pusigo: :pusigo: :pusigo:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.829
Поени од реакции
7.200
Системот на натпреварување е убедливо најлошиот што некогаш сум го видел во било кој спорт, жив срам за ЕХФ и ракометот.

Изгинаа децава цело првенство, ги потрошив веќе сите зборови со кои можам да ги пофалам, според прикажаното дефинитивно заслужија многу поголем пласман, нема врска, ќе има прилики оваа генерација допрва да се докажува на големата сцена во сениорски ракомет.
Треба да се засрамат и нашите телевизии што не обезбедија преноси, заслужи народот да види како треба да се претставува државата, да се пее химната и да се носи националниот дрес.

Горд сум на момциве!
FB_IMG_1721572365170.jpg
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.844
Да ја плеснеш Франција во ракомет, најголемата светска супер сила која владее со ракометот, е нешто НЕВЕРОЈАТНО.
Капа долу за момците, секоја чест, изгинаа на утакмицата, а воедно и на целото првенство.
Ова левото крило Субашевски искина, страшна реализација има детето, погодува како од шала.
ГАЛЕВСКИ ГОЛМАНИШТЕ, браво мајсторе, секоја чест за одбранетиот пенал.
Реткост е ние да славиме против Франција, овие момци покажаа како се гине за националниот дрес.
Секоја чест и за Раде Стојановиќ, ОДЛИЧНА работа врши во младинскиот тим.
Браво и само така нека се продолжи.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.002
Поени од реакции
5.636
Она да го судиш пенал треби со затворска казна да заврши.
Во секој случај карма ис а бич така да нека лапнат и Франција и Судијките :pusigo: :pusigo: :pusigo:
Затоа треба да се забрани ракомет како спорт, обичен фаул на 9 метри судат црвен картон со седмерец, што ќе и помогнат на Франција, да биде факинг 9 место на младинско првенство. Ај ќе разберев да беше 1988 и да нема никаде снимка од мечот, ама во 2024 година, па мене би ми било срам да продолжам со судење после она. Освен ако не планираат да продолжат со судење. Браво за нашите, не ги пратев, ама по резултатите заслужија и подобар пласман, штета што некој ептен го промашил форматот на првенството.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.892
@naumdb @Vardarecc

Не е за фалот туку за блокирање на шутот а нема 3м растојание.
Инстиктивен потег кој автоматски значи црвен и пенал.

Ова генерација ја пратам убај 3 години кога за првпат како кадети изборија европско, истото тоа лето и младинците изборија европско но одлуката на Лазаров како координатор на сите репрезентации, Раде и Бранче беше да одат со кадети на тоа европско се со цел да кренат на искуство. Во тоа време критикувана одлука но сепак времето кажа дека е правилна оти 3 лета дишат заедно.
Со оваа генерација поширокиот список на репрезентативци некој 30тина (20 квалитетни) ќе се крени на +5 најмалку кои сериозно чукаат на вратата од сениори.
Пријатно изненадување ми е Димитар Узунчев, не сум имал можност мн да го следам претходно но детето е солиден потенцијал иако е само 180cm што за десен бек е премалку. Малио има дриблинг, преглед на игра, брзина и најважно шут експлозивен, можеби не силен но испалува ко од шала топки и не само со лева рака него ја користи често и десната која е и не му е слаба страна.
Дамјан Митев детето ќе ги надмини сите во ракометна Македонија (не колку Лазаров да не се лажеме) и ќе има богата ракометна кариера само да го следи спортска среќа и да го избегнуваат повреди.
Пред нас е кадетско првенство од каде што имаме 3ца кои настапија на ова првенство, во таа генерација исто има плус 3ца кој се перспективни со ракометни предиспозиции и шутерски настроени, но рано е да се коментира.
Им посакувам среќа и богата кариера на сите.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Член од
6 февруари 2011
Мислења
807
Поени од реакции
3.467
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.892
Баш како шо кажа @toplinka тоа и досудиа, од каде и притоа шутира одма а Дамјан инстиктивно блокира и ради тој блок добива црвен и автоматски пенал.
@Vardarecc пак број ти чекори или која големина на прслук носеа ко она е чист фал, 3ца наши фаулираа.
Чиста среќа топката шо ојде према крило за фал да се направи, но ето ракометен инстикт е да блокираш топка посебно при таков адреналин.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Баш како шо кажа @toplinka тоа и досудиа, од каде и притоа шутира одма а Дамјан инстиктивно блокира и ради тој блок добива црвен и автоматски пенал.
@Vardarecc пак број ти чекори или која големина на прслук носеа ко она е чист фал, 3ца наши фаулираа.
Чиста среќа топката шо ојде према крило за фал да се направи, но ето ракометен инстикт е да блокираш топка посебно при таков адреналин.
Море во трчање е не ни застанви да се намести за фаул
 
Член од
11 август 2017
Мислења
527
Поени од реакции
477
Селекторот се осврна на проблемот со малата минутажа на дел од репрезентативците, за кои беше видливо дека заостануваат во споредба со ланскиот настап.


Во минатата сезона Марио Стојановски немаше минутажа во Вардар, Калајџиески одигра лошо во двојката, против еден Радовиш едвај погодуваше, Галевски дефинитивно треба да биде прв избор во Алкалоид, а Шулевски и Даневски поголема минутажа во Тиквеш...
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.892
Море во трчање е не ни застанви да се намести за фаул
Е тука е проблемот оти судиите во вакво време можат како сакат или како ќе се одвива ситуацијата да не ма потреба да даваат знак и да се местат туку може одма д шутира ако е на местото од фалот.
Овие работи се тотално недефинирани и да влезат во официјални протоколи како да се суди, зато во ракометот има најдискутабилни одлуки, дали се чекори, дали е пробивање, дали е играњето со нога намерно, пасивна игра и еден куп др ситници кој можат да бидат во корис на некого а голема загуба за друг.

Финалето во Германија Данска Франција... Дали е нога и во аут топката или фал, а фалот го изведуваат од аут линија шо е донекаде правилно е во близина на фалот.
Џабе дискутираме на крај излезе 30-29 за нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom