Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 април 2014
Мислења
7.270
Поени од реакции
11.538
@kano

Никаде не го величам Киро дека е селекториште. Не ни реков дека нема грешки при тактиките. Јас сфаќам дека го мразите ради Вардар/Пелистерс- Алкалоид причини ама го потековте и ја преувеличивте цела работа, како само тренеров да е проблем и др да беше и да ги земел вардарциве и готово, страва тим. Дај бидете реални малку.

Да пишеше некој од вас дека тактиката е грешна, или нема авторитет итн... во ред, ќе се сложевме и немаше да се контрашиме. Ама коментарите ви се од типот ''Ја уништи репката, мрш од репрезентација. Сељак.'' Да не гледа човек ракомет ќе си помисли дека на Франција или Данска ростерот го имаме. Како тој да е главниот проблем тука.

И да биле Танкоски или тие другите што ги пламплате овде, НИШТО немаше да смени на конечниот исход. Цел систем е ебан, ама не од Киро, туку ГОДИНИ наназад. Играч немаме извадено. 2ца просеци во 15 години вадиме што ги преувеличуваат медиумиве дека се новите Карабатич и Хансен. Тоа не го гледате вака? Ете следите ракомет, како можете да се надевате дека Танкоски ќе направел некаква разлика? КАКО? Па такви играчи што прават разлика играат во странски лиги уште на млади години, а не да се шлепаат Пролетер-Вардар-Алкалоид триаголници. Шпанска лига си гледал некогаш? Или ајде ако е Барса јака и готово сите јаки се.

Еве најдиректно те прашувам, да го имавме Рибера или данецон на клупа, каков ќе беше резултатот кажи ми, ПРЕТПОСТАВКА твоја? Ќе ги победевме? Оти гледам еден од битолчаниве ми пишал дека ќе сме ги тепале, па нема што повеќе со него муабет да правам.
Бековиве се шетаа како да немаме одбрана, онака како на троскок на олимписки кога има. Во ред, има кривица и Кире тука ама што мислиш, квалитетот е поголем проблем тука или душманов твој? Како може да ги натера тој да играат како мажи, а не како пички? Како? Не гледаш дека се плашат од дуел повеќето? Или си толку забеган па мислиш дека не може да ги мотивира, а овие со салам тренер ќе беа жедни за крв? Ако биле такви, ќе играа во топ 10 клуб во светов, не во мкд лига.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.209
Поени од реакции
18.128
Не. Доста оправдувања за Кире. Очаен е како селектор. Нема никаква идеја ни концепт за игра. Може немаме WOW тим и екстра квалитет ама има доволни играчи што ќе можат да не посрамотат со Холандија. Ама кур го боли Киро си го зема цел Алкалоид да игра. Селектор не смее така да прави. Борко убаво му го спушти на интервјуто пред некој ден.
Немаме екстра квалитет? Неаме никаков квалитет во моментов.
Не глеам некој играч што не е викнат а би напраил разлика.Кога ве читам кој играчи фалеле смеа ме фаќа.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.361
Поени од реакции
4.251
Ама Кире му нема кажано на Пешевски да пази при изведување на центар.

Кире му нема кажано на Серафимов да не прави глупави фаули за 2 минути.

Кире му нема покажано на Талески како да чува одбрана.

Кире му нема кажано на тромавиот Маркоски како се игра цврста одбрана.

Ако досега не научиле, џабе е кој и да е на клупа.

Сфаќате дека и вас да ве стават на клупа место Кире, играчите не смеат да играат така аматерски?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.269
Поени од реакции
5.523
Абе убаво има кажано еднаш Червар, место на 23,24 години јас да имам профилирани играчи за селекција, на репрезентативни собири морам да ги учам како да шутираат технички правилно.

После тоа што треба да се додаде?

Грешки од авион што се гледаа на Кире се две.

Првата е форс на Пешевски демек ради искуство за сметка на Петров кој ти игра 4/4 претходна утакмица и ми изгледа у подобра форма него Жарко. Жарко е паднат по трансферот у Пелистер, ма да никад не ни бил нешто посебно у форма. И треба да симне едно 10-15 кила. Столе имаше обем ама Столе ги носеше Сантос и Дуарте со себе у финале како кеси од ВЕРО после пазарење.

Павле маме им расплака 1 на 1 по таа десна позиција, направи едно зицер промашување и утна уште еден напад и го залепи за клупа. Па боље Павле да погреши 3 пати и да научи за утре тоа да не го прави, него Серафимов ич да не проба и накрај ни тој ни тој знаат. Вториов еднаш шутна ја здрви добро, и после изгледа заборави дека е бек.

Мораше да форсираат со Павле и кога ќе почнеа да му местат спојување меѓу бекот и крилото на 2ка за да се суди пробивање или да го затворат, он само ќе требаше да ги гура топките до Георгиевски/Костески. Ако померат на десно одбрана, мести пикер на 3ка и буткај до него, се ова Павле може да го одработи го има IQ-то ракометарско.

Ем ќе помереа фокус на десно што директ отвара простор Фитиљ да пробие, или да отворат шут за Тале. Вака како што бевме сконцентрирани на Киро цело време десна, сега сме сконцентрирани цело време лева и центар со пикер. Еднодимензионални сме.

Е ова е нешто што иде на душа на Киро, ама како што кажавме Киро уште се кали како тренер, у ситуацијата не верувам дека имаме подобар избор на тоа место.

За други ствари, мислам дека која и да беше комбинацијата крајниот резултат немаше многу да е различен. Овие дечки сеа собираат едно многу важно искуство, со правилна работа сите до еден во клубовите и нивно лично залагање на страна од колективен тренинг, можеме да гледаме кон посветла иднина за 3-4 години. Сеа за сеа фокус на континуитет и макс втора фаза, за 3 години, бркање што подобар пласман на 5та веќе ќе мора да се очекува резултат, кога сите ќе биднат 25+ со тале и фитиљ како ветерани. Тоа е нашата реалност и што побрзо ја сварат некои луѓе, тоа ќе им бидне подобар животот. Секако нормално е навивачки сите да сакаме подобар пласман, ама се со усул.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Немаме екстра квалитет? Неаме никаков квалитет во моментов.
Не глеам некој играч што не е викнат а би напраил разлика.Кога ве читам кој играчи фалеле смеа ме фаќа.
Па дај ако не нека отиде со цел Алкалоид нека игра? И така немаме екстра квалитет нека си тера приватна агенда. А смеа не те фаќа кога цел Алкалоид е викнат? И не , немаме подобри играчи од тие е сосема погрешно. +10 губиме од ХОЛАНДИЈА. ХОЛАНДИЈА. Тоа нешто треба ти каже. Било кој друг селектор да беше имаше да го распнете тука. Ама за Киро измислувате смешни оправдувања.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.572
Пак ќе повторам, едно е изборот на играчи, друго е работата како тренер на првенствово. Дури и да се согласам дека нема нешто подобар избор на играчи од овие, реалноста е дека е 0 од селектор на првенствово. Еден потег нема погодено, секоја одлука му е закаснета.

Спомнал некој погоре и Ривера да бил тренер исто ќе било. Можеби моментално, ама за следниот настап и те како ќе играат играчите различно од тоа што играат моментално, додека со Лазаров, верувам дека нема да има напредок и само си ги трошат годините и настапите по мундијаливе. И со таков тренер што е авторитет никад нема да видиш мифка играчи со главата у земја, кои ја подаваат топката директ во раце на противникот.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.269
Поени од реакции
5.523
Па дај ако не нека отиде со цел Алкалоид нека игра? И така немаме екстра квалитет нека си тера приватна агенда. А смеа не те фаќа кога цел Алкалоид е викнат? И не , немаме подобри играчи од тие е сосема погрешно. +10 губиме од ХОЛАНДИЈА. ХОЛАНДИЈА. Тоа нешто треба ти каже. Било кој друг селектор да беше имаше да го распнете тука. Ама за Киро измислувате смешни оправдувања.
Кај им играат топ 3 играчи на Холандија, каде играат нашите?

Факинг Лемго, Магдебург и ПСЖ, тренажни процеси таму спроти Вардар, Пелистер и Алкалоид.

Таа ХоЛаНдИјА, 10 години наназад работи систематски по скандинавски blueprint на работа. Ние на тацна го имавме Раул, Парондо и Дејвис и место да ги инкорпориравме некако со знаење у наша федерација (не како членови него како држачи на семинари и обуки за тренери) ние ги испуштивме сеа јебига, епа јебига.

Во таа Холандија еден Ајндховен што е далеку од ракометарски град има 2 тима, едниот аматерски составен од ентузијасти холанѓани и странци кои тренирале порано ракомет у нивните држави па се преселиле тука и си оддржуваат некаква форма и вториот е тим што игра во лигата. Секој еден што ќе покаже квалитет малце од аматерите му се нуди место во професионалниот тим. Голем дел од странците неќат зашто дојдени се да студираат или работат тука па не им се замара со тоа, ама затоа од друга страна се апла квалитетен спаринг противник за првиот тим. Ова е само еден пример за фунцкионирање на тим, за другите не можам да зборам точно затоа што не сум видел како работи, ама можам да претпоставам дека не е многу далеку од ова.

Пројде времето одамна кога екипи како Холандија, Португалија и слични беа заебанција и некои кои можевме лагано да ги добиеме, сеа ние сме тие кои може секој лагано да не добие на нас е да се искачиме скалило погоре
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.190
Поени од реакции
4.164
Ние на тацна го имавме Раул, Парондо и Дејвис и место да ги инкорпориравме некако со знаење у наша федерација (не како членови него како држачи на семинари и обуки за тренери) ние ги испуштивме.
Се работело на ова, држеле обуки, и уште се работи на ова поле доста солидно. Но проблем е што се нема материјал. Не може секој да научи. Бројот на заинтересирани лице е мал, а од мал збир на заинтерсирани фаци, тешко се наоѓа некој супер талентиран. Не е доволно луѓе да имаат ентузијазам за учење и пристап до информации за да стигнат некое високо ниво. За тоа треба некои ментални предиспозиции и од мал да го имаш спорот во коски, со знаење пренесено од врни стручни лица, а не некои тука маргнилани фаци ко дете што ти се дереле да шутираш.

Очекувањата ни се преголеми. Реално, за спорт како ракомет, во Македонија се работи солидно. Но се нема атлети и тренерски кадар. Интересно е како со послаби услови и помала популарност на спорот, вадевме подобри играчи. Треба да се анализира на што точно се должи тоа.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.572
Се работело на ова, држеле обуки, и уште се работи на ова поле доста солидно. Но проблем е што се нема материјал. Не може секој да научи. Бројот на заинтересирани лице е мал, а од мал збир на заинтерсирани фаци, тешко се наоѓа некој супер талентиран. Не е доволно луѓе да имаат ентузијазам за учење и пристап до информации за да стигнат некое високо ниво. За тоа треба некои ментални предиспозиции и од мал да го имаш спорот во коски, со знаење пренесено од врни стручни лица, а не некои тука маргнилани фаци ко дете што ти се дереле да шутираш.

Очекувањата ни се преголеми. Реално, за спорт како ракомет, во Македонија се работи солидно. Но се нема атлети и тренерски кадар. Интересно е како со послаби услови и помала популарност на спорот, вадевме подобри играчи. Треба да се анализира на што точно се должи тоа.
Како бе нема материјал? Со што се Холанѓаниве посупериорни физички од нашиве? Друг е проблемот друже, во професионалноста на самите играчи. Талески и Кузмановски отидоа у најдобри години да греат клупа у Германија, излегоа од играчки процес и после каснеа со развој, за на крај да пропаднат ко жетони и двајцата.

Пола од нив не ни изгледаат на спортисти. Видете ги Холанѓаниве, оној Стеинс метар ипол висок доминира ракомет, каде ние со години се тешевме дека немаме двометраши и затоа не можеме да се носиме со јаките. Смитс и Баенс се високи околу 185, Кузмановски и Талески 2 метри. Ниту имаат сила да ги запрат, ниту имаат брзина да ги испратат. Буквално нашиве каснеа вчера по секунда у одбрана, дур се свестат бековиве на Холандија имаа веќе гол дадено. Е затоа треба добар тренер, што ќе знае да ги истакне предностите и прикрие слабостите на играчите.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.930
Поени од реакции
9.495
После се чисто ме интересира дали на форумов има уште некој кој верува дека утре ја победуваме Аргентина?
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.572
После се чисто ме интересира дали на форумов има уште некој кој верува дека утре ја победуваме Аргентина?
Јас верувам дека ќе победиме само за инат, да ни ја убијат желбата на нас навивачиве за ракомет после у втора фаза.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.269
Поени од реакции
5.523
После се чисто ме интересира дали на форумов има уште некој кој верува дека утре ја победуваме Аргентина?
Јас, ама навивачки, за да не треба да барам српски дрес у последен момент за у Катовице :unsure:
Автоматски споено мислење:

Е затоа треба добар тренер, што ќе знае да ги истакне предностите и прикрие слабостите на играчите.
Искрено не сум сигурен дека у моментов има многу што да истакнеме :cautious:

Некој пиша тука 3-2-1 да сме се сконцентрирале да ја играме до перфекција, тоа единствено може ќе е решение ама за 3-2-1 треба мнооогу учење и многу скапување на тренинг зашто е физички захтевна, требаат дефанзивци со брзи нозе и многу IQ. Кога се игра до перфекција 3-2-1 може мамата да им ја расплаче дури и на најдоминантни екипи, ама и најмал кикс и екипата ви изгледа како созреан Ементалер (кој не знае што е нека изгугла :LOL:)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Обично се воздржувам да не коментирам на вакви теми ама ова последново не може да не се коментира..
Јас имам впечаток дека Кире упорно непотребно се држи до „стари“ играчи од типот на Талески и очекува од нив да ја придвижат играта. Па Талески толку има недостиг на енергија и ентузијазам тоа е чудо. Ние не можеме да играме и да се однесуваме во име на стара слава и дамнешни времиња.. Помина нивно време, толку е. Факт е дека треба форсирање на млади играчи. Павле е одличен и неговото време допрва доаѓа.
Тоа што многу ми сметаше е што некако не гледаше каде се дупките. И во напад и во одбрана. Му пукаат последователно голови на празен гол и тој ко улав, упорен!
Томовски беше како труп на голот, не ни мрдаше случајно да не одбрани нешто. Требаше да го смени мнооогу порано. Едноставно, Кире сеуште не го осеќа тимот, не гледа поголема слика и нема идеја како да склопи екипа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom