Во сенка на чудото на Вардар, Брестовац го објави поширокиот список за дуелите со Турциј и Грција, на кои ни требаат 2 победи за да го освоиме првото место во групата:
http://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/POSHIROK-SPISOK-SENIORI.pdf
Ристовски / Митревски / Томовски / Кизиќ
Манасков / Димитриоски / Маџовски / Ојлески
Георгиевски / Поповски / Костески
Талески / Крстевски / Мишевски / Младеновиќ
Кузмановски / Танкоски / М.Манасков
Лазаров / Серафимов / Јагуриноски
Стоилов / Пешевски / Н.Маркоски / Арсеновски
Димитриевски / В.Маркоски / Кукоски
Во најголем дел очекуван список, пред се за оние кои реално ќе се најдат на скратениот. Мало изненадување е Младеновиќ кој ако не грешам првпат е повикан за сениорска репрезентација, откако одлучи да настапува за Македонија и првпат беше повикан за У19 турнирот во Бугојно. Тој е уште еден од новите млади генерации каде ќе ги бараме новите репрезентативци.
Лично изненаден сум од изборот на М.Манасков и Арсеновски пред Андоновски и Чурлевски односно Лазаревски, но не е нешто за кое вреди да се коментира, тука некаде се сите овие играчи, нема големи разлики во моментот, секако нема да бидат на скратен список, а ако напредуваат претпоставувам во иднина ќе бидат повикани.
Се на се солиден список. Останува да видиме само дали ќе има измени во однос на составот кој истрча со Исланд. Ако има, јас типувам на Крстевски и Костески како први кандидати.