Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Пуштени се картите во продажба.
200 и 300 денари се

иааа и овие поскапеле ради бензинот? очекував 100 со 200 а тројца фамилијарно да одиме 600 денари ми е многу, едино сам ако најдам друштво би одел али за 200 денари што убава капеичоза има а одавна не сум јадел така да ќе размислам дали ќе им идам :smir:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ништо не се скапи картиве,вреди да се оди за репрезентацијата баш сега кога е најтешко и кога подршката е најбитна поради отсуството на Кире,за ракомет моментално би дал и 500 а за фудбал ни 50.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
колку и да е ке се оди сега ако го добиеме мечов само Босна ќе биде пречка последна утакмица пред Евро 2012
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ќе видите дека економската ситуација не розева и мислам дек асалата нема да биде исполнета и нема д аима еуфорија како што беше со исланд. рфм ја прави истата грешка као и ффм, они исто така даваат многу гратиси и сега јас да плаќам 200 денари да седам пзоади гол или последен ред мислам дека боље ќе гледам на тв и ќе си јадам капричоза :smir:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
од колку саатот се игра се знае?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.422
Поени од реакции
8.546
РФМ и Металург склучија пакт



Федерацијата и клубот ќе го креваат нивото на соработка со најмногу репрезентативци

Роберт Димитриевски

Се тресеше гората - се роди глушец. Тоа е епилогот од вчерашниот состанок на највисоко ниво и во проширен состав меѓу Ракометната федерација на Македонија и машкиот и женски клуб Металург, кои даваат најголем број репрезентативци. На средбата паднала заедничка одлука за „подигнување на нивото на соработка РФМ - Металург, со акцент на релација селектор - тренер“. Бил донесен и заклучок „во иднина да има повеќе состаноци од ваков вид за поуспешна соработка“, а се' во функција на пласманот на женскиот национален тим на Светскиот шампионат на крајот од годинава во Бразил и на машката селекција на Европското првенство в година во Србија.

Од страна на Федерацијата на состанокот присуствувале претседателот Михајло Михајловски, генералниот секретар и координатор на женските селекции Марјан Начевски, координаторот на машките селекции Драган Начевски и селекторите Гино Стрезовски на женската и Звонко Шундовски на машката репрезентација. Машкиот шампион, пак, го претставувале претседателот Ристо Чокрев, директорот Левче Китевски и тренерот Лино Червар, а женскиот претседателот Томислав Треневски, директорот Филип Христов и тренерот Крсто Петрушевски.

Вака сроченото соопштение на РФМ и упатувањето од двете страни на него, без подготвеност да се дообјасни, ја остава отворена дилемата за што точно се разговарало и зошто, на пример, во Металург беше свикан Управниот одбор во вторникот навечер. Според тоа што протече како непотврдена информација, повод за состанокот била неодамнешната седница на УО на РФМ, на која биле предложени санкции за ракометарите, но и за нивните клубови, ако неоправдано не се појават на собир на репрезентацијата. Металург, наводно, не сакал да сноси одговорност за однесувањето на своите играчи во таков случај.

Договорот меѓу РФМ и Металург гарантира дека на денешниот почеток на подготовките на машката репрезентација за претстојниот двомеч со Унгарија од квалификациите за ЕП нема да се случи реприза на случувањата од пред неколку месеци. Тогаш дел од репрезентативците на клубот од Автокоманда го игнорираа повикот од ексселекторот Љубомир Савевски, кој поднесе оставка поради тоа.

Шундовски за средбите со Унгарија в среда во Скопје и на 13 март во Веспрем покани 18 играчи, од кои десетмина се од Металург. Станува збор за голманите Петар Ангелов и Никола Митревски, за крилата Стевче Алушовски и Златко Мојсоски, за пикерот Ванчо Димовски и за бековите Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Митко Стоилов, Велко Маркоски и Лазар Мајнов.

izvor
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Карти нема на билетара вајда од утре
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Карти веројатно има во Југотон...
Инаку не се скапи, 200 денари е OK, само што малце времето на одигрување не е ок :(
 
П

Паган-др

Гостин
Еве ги продажните места за картите:

Скопје
Литиум 1
улица Максим Горки број 25, Скопје ( позади Кинг Бургер)
тел: +389 2 3213 264

Литиум 2
булевар “Јане Сандански” 109a, Скопје ( Аеродром зградата на Прокредит Банка)
тел: +389 2 2450 808

Југотон
Г.Т.Ц. I кат
тел: +389 2 3239 860

ТНТ ИТ Маркет – ГТЦ
тел: +389 2 3223 105
contact@tnt.net.mk
www.tnt.net.mk

ТНТ ИТ Маркет – Рамстор
тел: +389 2 3213 172
contact@tnt.net.mk
www.tnt.net.mk

Моби - Арт

Веро 2

Супер Тобако

Лептокарија

Прилеп
Литиум 3
Катна Гаража, локал 22
+389 48 435 350

Битола
Центротрејд
Плоштад Магнолија
Охрид
ЗЗ-Топ – Мјузикшоп
Цар Самоил број 18
Велес
Унисон
Куманово
Книжарница Херби
улица Народна Револуција бб - (спроти Библиотеката )
+389 31 550 730
Кичево
Вемакс Рекордс
улица А. Македонски 250 - (спроти црквата)
Струмица
Мултимедиа Каспер 03
Штип
Kнижарница Током-А
улица Ванчо Прке бб.
+389 32 609 007
Струга
Креденец
Хотел Дрим

Резервации на карти може да направите и со праќање на email на следната адреса
rezervacii@kupikartizase.com
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Би требало Михајло да пушти едно 300,400 карти за Комити...колку да има некој кој ќе напрае атмосфера во сала...дали има некој информации дали е ова можно??? :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Нема шанси,ставот на Комити беше и е дека нема да се навива организирано за репрезентацијата во било кој спорт,додека не се средат некои работи во државава.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
карти во југотон имате погоре ги пишаа www.kartizase.com

натпреварот е од 17:15
 

Kajgana Shop

На врв Bottom