Ракија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.295
Поени од реакции
15.512
Татко ми ја „пече“, па имаме домашна од 65 степени. Многумина ја фалат. Мене ми е прејака.
65 степени? Да не си згрешил малце друже, тоа е премногу:smir:

Ај ако се привикнуваш, иам ја ракија од 50ступњева, ко за тебе 100ден литро :wink::pipi:
Што ракија ќе ти беше таа за 100 денари? со шеќерче а?
 

veles...

предизвик
Член од
11 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
4
Ракија..!!!! еден милион искуства..:) најпрво ја употребував како лек кога горев од температура...!!! имаше ужасна миризба се додека еден ден не се полакомив да видам како лугево можат да ја пијат...првата чаша онака втората исто третата супер....!!!после повеке заборавив да боројам и до ден денес се трудам да ја запамтам бројката до кај стасав обично не пребираме шо марка ке биде али нека е добра за душа...!!! ај наздравие отидов да маанам уште една..:nesvest:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
65 степени? Да не си згрешил малце друже, тоа е премногу:smir:
Не бе, толку е... Мерена е повеќепати, не сум грешка. Една-две чашки се доволни, после станува интересно :party2: :pijan: Затоа и реков многу малку ја пијам, не сакам толку јаки пијалоци. Од друга страна, не е тиње, не е додаван шеќер или што ти ја знам што. Едноставно, колку што го разбирам процесот, преварена е, т.е. препечена. Затоа пак, количините се ограничени, строго за домашна, фамилијарна употреба, гости и сл. Не се продава :wink:.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Aко нешто во животот не сум можела да пијам тоа е единствено ракија, каква сака нека е. Не иде.
 
M

MIL

Гостин
Не пијам ракија , ама утрово кај дедо ми отидов и салатичка и ракија ми стави и пивнав и имаше :pijan:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.295
Поени од реакции
15.512
Не, со прашок Биљана да прај синџир :pos2:

Дојди во Неготино и ќе видиш дали е со шеќер :smir:
Имам пријатели од Неготино, знам како идат работите со ракијата таму:smir:

П.С. Си имам домашна јас од 52 степени па неам гајле за ракија:pipi:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Предлог за добра ракија по продавнициве? Имам пробано Антика, Тиквешка и од Бовин. Останати што ги знам се од Трајковски и сега видов некоја промоција во Кам 400 ден. литар од некоја приватна винара.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Предлог за добра ракија по продавнициве? Имам пробано Антика, Тиквешка и од Бовин. Останати што ги знам се од Трајковски и сега видов некоја промоција во Кам 400 ден. литар од некоја приватна винара.
Да не не си видел убаво, пошо пишува 299 ден. литар :D
Иначе убава е лозовата ракија на Тиквеш и си вреди за парите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Да, да читаме од таа книга.Додуша послабо ја владеам ама така е поинтересно :sneaky:
Не ми давај ракија, до зори надвор бесцелно ќе мисирам :pos:


Предлог за добра ракија по продавнициве? Имам пробано Антика, Тиквешка и од Бовин. Останати што ги знам се од Трајковски и сега видов некоја промоција во Кам 400 ден. литар од некоја приватна винара.
Тешко по маркети да налеташ, ако налеташ на продавница нивна...малку е заебана првите 2 чаши, ама понатака добра е :)
http://www.povardarie.com.mk/htm_mk/proizvodi/zolta07.htm
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не не си видел убаво, пошо пишува 299 ден. литар :D
Иначе убава е лозовата ракија на Тиквеш и си вреди за парите.
Уба е?
Тиквеш си е закон ракија, тука нема конкуренција. Јас сум обожавател на кавадаречките ракии, начисто ги обожавам домашните. Вкусни, не се многу јаки да ти изгорат грло и како се лизгаат мераци. Негативност е тоа што неможеш да прекинеш да пиеш и те маваат одпосле халуцинации:ROFLMAO:
Сум пронашла еден чичко во Буњаковец на пазарот продава жолта кавадаречка 140 литро. Во средина влезот од лева страна му е тезгата, пред него сирења продаваат. Значи закон ракија, да го пофалам јавно :)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Предлог за добра ракија по продавнициве? Имам пробано Антика, Тиквешка и од Бовин. Останати што ги знам се од Трајковски и сега видов некоја промоција во Кам 400 ден. литар од некоја приватна винара.
400 денари ракија. До толку ли ослабе денарот :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Сум пронашла еден чичко во Буњаковец на пазарот продава жолта кавадаречка 140 литро. Во средина влезот од лева страна му е тезгата, пред него сирења продаваат. Значи закон ракија, да го пофалам јавно :)
Жолта кавадаречка зачинета со малку метанол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom