Разлика во години помеѓу децата

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Дададаа, разликата во години не е секогаш пресудна за блискоста.
Мислам дека ако брат ми беше само 2-3-4 години постар од мене, односот ќе ни беше СОСЕМА друг.

Но понекогаш може да биде добра причина.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Јас..поголема сестра,десет години постара.Однос-па заштитнички,како инаку:)се бутка, јас малку со слаби нерви,тој сака постојано да му посветуваат внимание...се на се добро се сложуваме.

Ќе видиме кога ќе му удрат хормоните во глава и кога ќе замислува дека му растат мустаќи...хехе:icon_lol:
 

PiNkGiRl

Queen of rain
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.717
Поени од реакции
8
Jas i brat mi sme razlika od 11 meseci. Veruvajte, kolku ima pozitivni strani tolku poveke i negativni :toe: Mozebi mislam pogresno poradi toa sto covek sekogas saka nesto sto nema, no sepak preferiram pogolema razlika od okolu 4-5 godini. Barem taka velam deka ke bidat moite deca.
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Јас имам брат и сестра. Сестра ми е постара 3 години, а брат ми е помал 9 години и премногу сме блиски. За се и сешто разговараме, си помагаме, делиме совети. Премногу се сакаме и мислам дека многу има влијание домашото воспитување. Пресреќна сум што ги имам и двајцата навистина се прекрасно богатство. Не би можела да си го замислам животот без нив.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Што е можно помала нека биде! Ако не иста генерација тогаш. Сестра ми е 8 години е постара од мене и исто како да сум единец. Таа си има работа ова она и ептен малку се дружиме
 
Член од
20 јуни 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
ЈАС И СЕСТРА МИ СМЕ 4 ГОД. РАЗЛИКА И СМЕ ЕКСТРЕМНО БЛИСКИ.ЕДЕН ПЕРИОД И ИЗЛЕГУВАВМЕ ЗАЕДНО НО ПОДОЦНА СЕКОЈА СИ ФОРМИРА СВОЈ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛИ ШТО НЕМАШЕ НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ НА НАШАТА БЛИСКОСТ.ЗАТОА МИСЛЕВ ДЕКА Е ПОУБАВО ВОЗРАСНАТА РАЗЛИКА КАЈ МОИТЕ ДЕЦА ДА ЈА НАМАЛАМ ПА ГИ РОДИВ СО 2,5 ГОД РАЗЛИКА.СЕГА МИСЛАМ ДЕКА ИЗБРЗАВ.БЕВ КОНСТАНТНО РАСТРГНАТА ПОМЕЃУ НИВНИТЕ ПОТРЕБИ И ЦЕЛО ВРЕМЕ СЕ ЧУВСТВУВАВ КАКО НИ ЕДЕН ОД НИВ ДВАЈЦА ДА НЕ ГО ДОБИВА ВО ДОВОЛНА МЕРА ТОА ШТО МУ ТРЕБА.МИСЛАМ ДЕКА АКО Е ПОГОЛЕМА РАЗЛИКАТА МОЖЕШ ПОВЕЌЕ ДА ИМ СЕ ПОСВЕТИШ ПА И ДА ГО ДОЖИВЕЕШ НИВНОТО РАСТЕЊЕ КАКО ШТО ТРЕБА.СЕГА ИМААТ 9 И 7 ГОД И СЕУШТЕ ГО ИМАМ ЧУВСТВОТО ДЕКА НЕ ГИ ИЗНАГУШКАВ ДОВОЛНО КОГА БЕА МАЛИ .....
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Јас сум постара од брат ми 2 години
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Според мене поголема разлика е подобро. Плачам да имам постар брат, ама малце повеќе постар, за да ме советува, да ме охрабрува, да имам некого со кого би спортувала заедно а не некое малечко лигле на кое треба да пазам нонстоп, 24/7.
Плус би го чувствувала како другар повеќе, а вака со сестра ми сме 11 и пол месеци разлика, а таа е разгалена како и секое помало дете па дома кај нас секој ден има покољ.
Дефинитивно сум за поголема разлика.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
во семејствата со две деца...поголемото дете секогаш сака да има поголем брат/сестра...а помалото дете сака помал брат/сестра.....таква е психологијата.....

кај мене сме двајца...јас и брат ми....и сме разлика од 4 години....иако можам да кажам дека не е баш некоја “добра“ разлика....2-3 год. разлика би било ок
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
јас имам двајца браќа, едниот е постар 12, а другиот 10 години од мене. Супер се сложуваме, големата разлика во години не е пречка да си зборуваме за проблемите, завркаваме, помагаме, па понекогаш и да се караме :)
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Брат ми од мене е постар 4 години, сме се сложувале секогаш, секогаш сум имала дежурен полицаец, за совет и да ме поткара ако забегам и згрешам нешто, тука бил... но интимни работи никогаш не сум можела да споделам со него, срам ми било а и башка така може сум и воспитана...

Е сега децата ми се две години разлика, и исти мозок се, си играат, се сакаат, се гушкаат, со еден збор речено заедно дишат, кога едниот плаче и другиот почнува за да не плаче овој првиот сам.... знаат и да се скараат , но многу брзо минува тоа, сепак ако деца не се скраат кој друг?, син ми често знае да го каже ова*леле мамо колку ја сакам оваа дада ти, ми иде да ја изедам од шо ми е слатка*, така да внимание имам пружено многу и кон двајцата, не сум ги запоставила нити девојчето нити момчето, а секако тука е и тато за помош ако треба во секое време:smir:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас сум најстара дома. И на 5 години сме сите. Стефана е помала од мене 5 години, Лина е помала од Стефана 5 години, а од мене 10:) Како што расте втората стануваме се поблиски, а со малата... Па имам некаков мајчински однос кон неа, од толку што ја имам чувано:)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Нема врска ако некои се тука со годините, дека се дружат ова она... Една другарка има сестра 1 год поголема од неа како мали ептен си се сакале нормално али кога потпораснале никогаш заедно не излегуваа, нити си кажуваа нешто, нити па толку биле зближани. Лошо е и ако се па ептен разлика, али мислам дека 3-6 години е тамам. Сестра ми е 5 год помала од мене, брат ми 7. Сум излегла и со сестра ми, а и со брат ми.:toe: Да беа приближно колку мене, ми се чини не ќе бевме толку поврзани колку сега. Вака ме гледаат како поголемата сестра која знае се( за нив) и можам да ги научам на многу работи, и да ги насочам кон правилниот пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom