Кога со некој близок се разделуваш,оди во друга земја да живее,или пак раскинуваш со дечко/женска,навистина може да боли,но сепак имаш надеж дека можеби ќе се врати,дека ќе го видиш,ќе го слушнеш,макар да биде илјадници километри далеку од тебе,сега барем има интернет и комуникацијата е лесна и ефтина!Тие нешта ќе ти помогнат многу...
Но,за СМРТТА нема решение,тоа крај,засекогаш збогум...
Нема ништо полошо од смрт на блиска личност,тоа е празнина која никој неможе да ја исполни,сум го изгубила татко ми,и тоа е неопислива болка за мене,нешто најлошо што ми се има случено во животот!
Никогаш нема да го заборавам!Сепак таков е животот,сите солзи,зборови нема да сменат ништо!
Само ќе се трудам да бидам добра личност,да се сложувам со мајка ми и сестра ми и да постигнам успех во животот!
На тој начин би бил горд татко ми на мене,каде и да е