Радован Павловски

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878


поет, есеист, патописец и публицист. Роден е во Ниш, СР Југославија на 23 ноември 1937 година. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, СР Југославија (1982 - 1985) и од 1985 година е во Скопје. Член е на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија, на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1961 година.
Автор е на книгите: Суша, свадба и селидби (поезија, 1961), Корабија (поезија, 1964), Високо пладне (поезија, 1966), Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот (поезија, 1971), Сонце за кое змијата не знае (поезија, 1972), Пир (поезија, 1973), Зрна (поезија, 1975), Молњи (поезија, 1978), Стражи (поезија, 1980), Чума (поезија, 1984), Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Клучеви (поезија, 1986), Марена (поезија, 1986), Избрани дела во три тома (1986), Темелник (поезија, 1988), Зрна, Молњи и Клучеви (трилогија, 1989), Бог на утрото (поезија, 1991), Што може поезијата (есеи, 1993), Вселенски деца (поезија за деца, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Јавач на звукот (поезија, 1995), Порака на поетот до сите поети на светот - Струшки вечери на поезијата (1995), Синот на Сонцето (поезија, 1999). Автор е на манифестите: Епското на гласање(коавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република Железна Река (1990).
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесетата едиција на интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Интернационалниот Биографски Центар (Кембриџ, Англија) се објавени детална биографија и библиографија. Посебни поетски книги му се објавени на англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик.

Избор од „Стражи“

Елипса

Ме виде на сон
а јас на Север
чув како работат
часовниците на смртта
и ти како се бориш
и како отклучуваш простори
и ја заведуваш големата сенка
да не ти ги покрие очите
за да го видиш сина си
потоа таа голема сенка
од пролетта прави есен
и ги затвора патиштата
пристапот кон тебе да биде тежок
како кон престол на болот
на кој лежиш прикован
а само гранче на прв цут на црешна
трепери врз камен како врз дланка
и зема душа на пролет
од гласот на твојот Дух.
Ангелот е во воздухот,
со една нога на земја.

Прва стража

Меѓу цветовите и камењата
подоцна ќе се јави оган
и модра веда ќе фркне до изворите
Речникот на Природата ќе дојде до збор
да ја изговори својата тајна Сега пред нас
ти татко сè знаеш а замолче Синоќа
префрлавме планини на болот
и штом со очите се видовме
ти ги склопи очите а те осветлија
големи светлини Жалоста наша да биде
строга и затегната како бајрак во бој
Убавината што не испушта од себе
ни меч ни перо ни благост на плод
и ведра нежност на цвет
а за тоа да не дознае светот-твојот лик
за нас да се задржи за вечност
чисто и совршено лице на цонцето
што вчера на пладне го бараше од мрак
зеде од сонцето светлина
и да ја затвори во својата дланка
по чии линии
бродат корабите на твојата душа.

Елипса II

Ние не сме одовде
и ние овде нема да останеме
Ќе останат како ветрови
зборови да лутаат и завиваат
Далечна љубов ќе дојде
по своите деца
и сите ѕвезди едни до други
блиску ќе се
Сè што сонувавме вистина
ќе биде Од атом ослободена
музика место збор
во нас како елегија
за едно минато време ќе пее.

Втора стража

Во април те испуштаат моите раце
Те преземаат како успиено дете,
мудрец и воин – рацете на Природата.
Тука околу нас се сите
часовници на времињата. Работат.
Пролетта работи во цутовите
Не го разбирам гласот на кукавицата
Ластовиците летаат високо
а јас син ти во ова врткалиште
на елементите во наезда, но така спокојно,
ги распоредувам силите мои – твои сили
во една голема песна за целиот свет
да бидат,
и во овој наш дом в планина
место да има за песната. Твојата невиност
и грижа на родител вчера на пладне
печат му удри на сонцето
Ги затегна и покрена планините
како бродови.

Елипса III

Одзад ѕидот вреворат,
тропкаат в место,
слегуваат
и се искачуваат
по скалите на омраза
жителите на злото.
Од зборот отклучувам
радиум
и го озрачувам
тоа седело на стршлени,
Во меѓата се крева
петопрст
и јагне блее.
Јупитер и Сатурн
налактени врз планина
ја мотаат
преѓата на нивниот темен глас.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Трета стража

Тука се како и пролетта
и оние добрите од народот дојдени
што живеат
живот на коња и на крилја.
Ни се привсенија сите времиња,
царства и пушкарници
та сега во таа испомешана слика на народот,
врвицата само ти ја знаеш
а јас сум крај тебе на стража
и мојот дух на будноста
се искачува по нагорнина
и на нишан зема
секоја измислена небиднина
а останува на исто место
твојата ѕвезда Тебе татко сега
ништо не те збунува
тебе на одење
мене во последно видување:
ни мирисот на јагличицата,
ни покривката снег.
Пепел се истура
по филџани и ѕвезди.

Четврта стража

Чудни денови без тебе.
Дрвото би сакал како на птица
да ми биде дом.
Лисјето што издржуваат жега и невреме
тоа се твоите зборови, твоето семе.
Чудни денови без тебе-нежност
струи, писалката на ветрот
по мапата на моите скитања
бележи песни. Преостанува
да те побарам
по ѕвезди и џебови.
Часовникот е каменот
на едно друго време.
Имаш облик во сонот,
преодни часови
и некој чуден ден, голем сон
кога сакам да молчам
а сè да ти речам.
Никогаш толку блиску до тебе.
Никогаш толку далеку од тебе.
Чудни денови без тебе.
Цел живот на Стража со тебе.

Лоза

И Израилска реч има во Лозата
и песната, лут сапун против 'рѓа
и белило од молња. Голем грнец до небо
меѓу облаци зовира, цути матерка.
Влашките низини ги газевме и уфрлувавме
по збор мудер во книгата на светот
а она што му е запишано на човека
во ѕвездата тоа и му се случува
на земјата. Искачи се по Лоза
во зелена зора убава Рада, поубава од магија
магијата на денот ја одврзува. Од Ивана во борба
остана сабја и збор на стража.
По илјада години слободно тело
сега во песна сите заедно
и на свадба и на закопнина
бере билки на спомени Данаилка
и кога името на сонцето попусто
се изговараше во времето,
откочивме закочена пушка, го поправивме
саатот на времињата и Лозата
заластари на бојно поле
по мориња и бродови и израсте
нашата лоза
до крајот на светот
и во бескрај го отклучи светот.

Ангел


Изгреваат и ѕвездите на умрените
Толку светлина од сите страни
кога од видливост очи болат
а нема ни сенка за одмор и сон Жени
мајки деца старци момчиња и девојки
со катанци и клучеви заденати за појас
се искачуваат на планина горе
по небо чекорат и го довикуваат Ангелот свој
а тој се одѕива одврзува очи:
Изгрева ѕвездата на народот
а мени ми доаѓа од радост да треснам со дланка
по камења по колена да ми се отвори
нежно срце, планините да затреперат
од убавина Од наша Лоза бил Ангелот
на илјада години семе и пламен,
во мал храм тој остава нишан.
Од војни ли доаѓаш,
во слобода ли бараш лек
или ти веќе немаш родители,
Ангелу брате, појди со мене, изостри вид,
ако те измачува бол, помести планина
и пак биди
на невидлива сила видлив плод.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
СРЕДБА СРДБА

Вие тука сте на починок вечен
од времето доведени о богови
а јас во себе ве носам живи
Сте го отклучиле своето време
сте слегле од планина
сте оставиле стада осамени
о богови бели грутки снег
сте се истопиле а само гласот
што ви испарил
грми во времињата
о Време на моите времиња
Од вашето семе
во нови простори
земјата и небото се движат

Париз, Лувр, 3.4.1981

ВЛАСЕНИКА


Светла и огнена трево по камењата
меѓу твоите корења свети жар
Ги чуваш ли моите зазборувани зборови
на дете со твоите зборови. Зборуваш ли
кога си сама со моите зборови
ти што на моите стапки подигаш населби
палиш огнови, трево лелеава, коса си распослала
постела на земја црна низ твоите огнени пукнатини
те запалија во војна, ти што си огнено знаме на крвта
Чувај ги своите жарја во својата светлина
од својата ѕвезда ќе дојдам
и ќе те милувам врз каменот
Си дадовме збор трево зелена се поврзавме
во времето, свлек на змија
жолтозелена трево, низар од ѕвончиња нанижани
на врвка од ветер по камењата си се издолжила
и каде да одам
и каде да бидам
ги прислушнувам твоите треперења во мене
твоите присеќавања што ме корнат
Го задржа ли звукот на громот,
гласот на птицата, чекорот на патникот,
ти трево сочна и огнена!

ВО ЗЕМЈАТА НА РИСОТ И СЛАВЕЈОТ

Којзнае во која пустина
изникнале во времињата на пусто
нема ни време ни прашина да прашам
во зеленилото на рајот кога се населиле
Шкретите од нашата земја
и на шкрги кога дишат,
лути чкрапи кога газат
како на крилја да летаат,
На јазик славопојни,
во групи ко облаци расштркани по небо
рамницата од подпетиицте
во височини се искачуваат
во пределите на славејот и рисот
срдоболни како родилка при пород
пуст живот да не се запусти
во љубов човекодостојна.

ЗАПИС ВО ЛЕТ

Издејствував со истрел
Дејствие во летот
Капка крв од перото капна
Да остави запис
Птицата со клунот
На бојното поле на летот
Во видокругот на окото
Нозете постојано се на пат со детството.

ОРФЕЈ

За господарот на перото
небото не е пречка
за човекот и црвот можност е
Орфеј со лирата да слезе
во пеколот

Чекори
срце
чекори
Ни капка вода
не пиј од пеколот
Орфеју

Ноќ

Иди по мене. Идеш ли?
Идам. А ти?
Идам
Не свтрувај се!
Слушам
Задржи го гласот во срцето
Слушаш ли?
Слушам

Чекори
срце
чекори

Смртта
Не може да земе онолку
колку што може да даде љубовта
водопадот на лирата
на моите камења
корења и красти Орфеју
од мене
и од мојата земја
пеј ја во мене својата песна.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ме мачат прокоби,
крвави играрии на векот.
Ни потопи ни суши,
не ќе ме слезат од височини.
Не смрт без слобода,
не без Македонија.
Та кој ми ја краде земјата,
и во очи ми ја фрла!
Кој ми го погани морето,
ѕвезди крвави ќе му потопам!
Овдека и тревка се бори,
за сонце и за слобода.
Овде и семето јачка,
во земјина утроба.
Крени се море, градобран биди
пред налет на стрели сараценски
смрт или слобода и за бога,
одлука стравотна е
а камоли за овој народ унесреќен.
И ако умрам,
и не стигнам да ве опоменам
во природата, и надвор од неа
се што допрев и помилував,
ќе загрми!
А ако сите Вас, не ве збрав
на покрив на слободата,
и ако во себе не ја допрочитав,
вашата душа, се плашам да не ве измамат,
оти има лажно сонце,
и рана пролет среде зима тешка.
Па така да ги измами на видело,
вљубениците во слободата,
а потем на нишан да ги земе,
ете од тоа нам ни страдаат,
поколенијата...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Македонијо, КОГА ќе те ПОМАКЕДОНЧИМЕ?

Како се вика оваа, нашата? :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Тоа е извадок од стихозбирката „Синот на Сонцето“
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Македонијо, КОГА ќе те ПОМАКЕДОНЧИМЕ?

Како се вика оваа, нашата? :)
Македонијо, колку ли уште ни треба за да те помакедончиме?

Ова се стихови од песната „Нашинска“, ама од Гане. Од Тодоровски Гане.

Истите ги има и кај Радован? Не сум забележала, ама ништо чудно. Мој фаворит од овој наш „генијалец од Железна Река“ е следнава...

Маја

1.
Тоа беше како проклетство што дење гледав ѕвезди.
Ти се приближував и моите прсти се полнеа мрак и говор.
Како скитник се плашев да легнам на патот сам и да заспијам
оти царски мрави можеа да ме сретнат и да ми ја распорат кожата.
Но ти ме качуваше во воздухот
и ко птица стоев на твојата кула
а пред мене мојата душа го гаснеше громот
што светкаше во облаците.
Одбравме место. Широко место за градини и ѕвона.
Јас влегов како берач во градината полн со свиркања
а ти полна со овошје. Околу нас забележав траги на крадливци.
Зората врвеше меѓу прстите. Штурците под земја закопуваа
бело цвеќе да не остане зимата без убавина.
Тоа беше како проклетство што дење гледав ѕвезди.
Го расчистував патот да не ти се случи зло.
во воздухот го слушавме плачот на нашиот пород
Уништував секакво друго богатство
за да се види нашето чисто богатство
со пожар во срцето.
Рацете ги постилав по земјата оти доаѓаше ти.
О, горделиви ѕвона што го разнишавте небото
намирисано со мајкина душичка.
******************
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Taњушка, ја најдов песнава во стихозбирките од Павловски синоќа, случајно, па сакав и на Трн да му ја пратам, али ти го стори тоа пред мене :) Фала
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Молам, молам, во секое време :)

Шубаво ми дојде навраќањево на Радован.

И оваа ми е една од подрагите, аманет од нашиот „крал на метафората“.

Порака

Ако умрам
Носете ме на носилка од метафори.

Никаде не спуштајте ме
Од брегот на едно море
На брегот од друго море
Одморајте ме
Растојанието нека плаче.

Ако умрам
Не ми ги затворајте очите
Продолжете ја љубовта
Со безначајности слепи.

Ако умрам
Мртов не носете ме во Река
Во зеницата на светот
Закопајте ме.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Навистина е крал на метафората!

СПОМЕНИК

Плукнат е на лице
и ист е како да е жив
како кога беше уште жив споменик
меѓу стравот и херојството
кога се движеше
и кога приумираше на прагот
му играа очите како џамлии
на сите страни му ја видовме опачината
меѓу нас о мои луѓе
и сега пред нас со спомените
закован
спокоен
и упокоен
повеќе личи на птица грабливица
што ги клука спомените во нас.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Како се вика оваа, нашата? :)
Песната се вика Гоце.
И е нешто како диалог.

Стиховите кои ги прочита Тони беа дел од таа песна.
Целата е прекрасна.

ГОЦЕ


Гласник:
Ќе те слезат во ад
за Македонија
Каде змии пиштат
Очи закрвавени и зли
Ќе те земат на нишан
за Македонија
Ако паднеш недоречен
Љубовта одново ќе се роди
И до што е народ по светов
Во подземја и надземја
И на сон и на јаве
Ќе те довикува

Полн светлина е гробот на Прометеја!
Накалеми врз посечена овошка слобода!
Секоа твоја стапка е темел за престолнина!
Гоце:
Ме мачат прокоби
Крвави играрии на векот
Ни потопи ни суши
Не ќе ме слезат од височини
Не смрт без слобода
Не без Македонија
Та кој ми ја краде земјата
И во очи ми ја фрла
Кој ми го погани морето
Ѕвезди крвави ќе му потопам
Тука и тревка се бори
За сонце и слобода
Тука и семето јачка
Во земјина утроба
Та од каде прислушнувам плач
Та кој ветер ми го корне
Морето од душава
Мајка ти во црнина те оплакува
Јадра роса се нејзините солзи
Морска длабочина е нејзината душа

Има денови кога се збогувам
Со времиња - деца сирачиња што ми се
По патишта оставени
Како оголена шума
Без лисја што е без деца таа жена сиротица
Та додека едни народи
Се гаѓаат во срце со Аморови стрели
Овде под покрив од меч
На дар се делат тирании
Гласник:
Има една куќа меѓу камени пустелии
И има едно сонце и меч во темели
И син на сонцето во камени одаи што се игра
И во игра го прислушнува времето
И тој убавец ќе слезе
Меѓу народ во низини
И од планини ќе се јави
Со стада на морски брегови
И народ од темнина
Ќе изведе на виделина

Од за игра се е создадено тука
Од бело камче што држи зданија
До метеор во ноќ на ретки преданија
Ќе се јави како надеж на еден народ
Како плева за слобода ќе се крене
И роден од оган во оган ќе трае
Човек на човека
Да му подаде рака во беспаќе

Кога ќе се покренат со силата од морето
Кули во планиње ќе покршат
Во црвено ќе ја облечат слободата
И без да се плаши за породот
Од друг поган народ што страда
Зашто времињата
Нечесно бродеа
Од колено на колено
Гоце:
Та сега кога се шетам по морски брегови
И кога со народот се веселам над црни векови
Или кога во планиње јачат ветрови
Или кога ќе ме снема се плашам
Да не угине ова семе што го сеам
Под ова ѕвездено небо што се сели
Или лете кога боите на душата
Здружено зреат и здружено умираат
За секоја битка прстен кован
Но она што и да се изроди
Од човека против човека
А и од кој и да е народ
Ако е семе грабежливо и алчно
Молчешкум проследете го
И ако има жал за умилно живинче
Ќе пробуди во себе успиеност човекова
Постравотен од чума штом се крене
Во себе првин одиграјте ја битката
А потоа срцето само ќе зажали
За оваа осамена куќа на Европа
Ќе има видик кон морето
Ќе има тајна на меч со темели
Ќе играат крај огниште деца радоносни
Гласник:
И секој камен во природата
Ако беше дел од слободата
Како побунет роб ќе прозбори
И ако беше грабежливо соѕидан
ќе напушти туѓи престолнини
Или пак од далечни покраини
Во поход ќе кренат
Со твојот лик
Буропловсни галии
На овој век
Претскажано му е да гине
За себе неспокоен а за народ
Како татко загрижен благороден
Гоце:
Покрени се море градобран биди
Пред налет на стрели сараценски
Смрт или слобода и за бога
Одлука стравотна е, а камо ли
За народ унесреќен
И ако умрам и не стигнам
Да ве опоменам
Во природата и надвор од неа
Се што допрев и помилував
Ќе загрми а ако сите вас
Не ве збрав на покрив на слобода
И ако во себе
Не ја допрочитав вашата душа
Се плашам да не ве измамат
Оти има
Лажно сонце и рана пролет
Среде зима тешка
Та така
Да ги измами на видело
Вљубениците во слободата
А потем на нишан да ги земе
ете од тоа нам ни страдаат поколенија

 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Боже, прекрасна е! Совршена!
Ух, се наежив.

Фала ти Димитар што ја сподели вака:)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Навистина е прекрасна целата.

Во контекст на темата сакам да уфрлам уште нешто што се однесува за Радован Павловски, а тоа е неговото досие во УДБА.

Во списанието "Синтези", ексклзивно се објавени делови од полициското досие на нашиот познат поет, од неодамна академик Радован Павловски.
Деловите што ги објавува ова книжевно списание кое го издава Здружението за уметност култура на живеење "Дијалог" , датираат од 1958 до 1966 година, а правени се од тогашната УДБА, КОС и слични служби на поранешниот систем. Како што дознаваме во правењето на досието, Павловски го кодошеле и негови колеги писатели од кои дел од нив се се уште живи. Уредникот на "Синтези" Веле Смилевски вели дека тие имиња се заштитени, но и се познати на редакцијата.
Периодот од кога датира досието е време кога Павловски пројавува силна афирмација како поет од Македонија на тогашниот југословенски простор. Во досието Павловски е евидентиран како "Внатрешен непријател" и тоа во категорија на "извршител на усна непријателска пропаганда".
Во "Синтези" се објавуваат и делови од досието правено додека Павловски бил војник во ЈНА. Сите прилози се изворно предадени, со фотографии и факсимили и без какви било исправки или коменари. Во досието меѓу другото има и еден ваков дел: "Произлегува од монархистичко орјентирана фамилија. Перспективата ја гледа во капитализмот и се сложува со истапи на националистичка основа, а против останатите народи во СФРЈ. Се носел со мисла да емигрира". Според Смилевски, досието укажува на едно ниско писмено и образовно ниво на неговите создавачи.

Павловски не сакаше да коментира за досието додека не го види во целост, но вели дека тоа ќе биде мошне интересно за јавноста, ќе "тресне многумина од земја", но додава дека би било убаво да се објават и подоцнежните досиеја бидејќи "оваа работа е континуирана речиси до денес и треба да излезе во јавноста согласно со новиот тренд за достапност на информациите", вели нашиот познат поет, добитник на многу прзнанија во земјава и во странство кој е преведен на 30-ттина јазици и влезен во повеќе светски поетски антологии.
Ете таков бил третманот со трезните Македонци!

Продолжете со неговата прекрасна поезија.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Продолжуваме...

Синтакса на молњите

У е жител што кашла.
Во него се борат духови на тутун и песок.

Тркалцето што го одразглоби
полно е снег и месечина.

Е е жителка што се породува во маки.
Вирус и молња
што ја дуваат сината пепел на водата.

На големите места на Историјата
каде што болело и се војувало
расте бреза.
Опомена од Пабло од ѕвезда:

Во светот се шетаат
сенки на дебели касапи.

Јавајќи врз колковите
на нејзината ноќ
снегот има боја на ружа.

Ритер на чумата
и ритер на љубовта
во срцето на птица се борат.
Четвртеста молња
ги поништува посевите.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
Odi popoleka kako da umira nesto vo tebe
Odi popoleka i prislusuvaj kako da se ragja
nesto vo tebe
zborot pretvori go vo tisina
Sonot vo ogledalo


Odlicen e princot na metaforata
 

Kajgana Shop

На врв Bottom