city напиша:
n00b напиша:
Антена 5 поштувам
абе џабе ти ги поштуваш, кога според последните истражувања во Скопје, најслушано радио е city radio, а и стварно е така
Според кои истражувања?
Антена5 е урнек по кои сите во Македонија треба да работат. Општо зборам. Дечките се супер и се единствениот медиум во Македонија кој работи по европски стандарди ..другото се е гола вода.
Сити, не се лоши воопшто, јас би рекол дека се втора програма на Антена5. Еден оригинален кадар немаат ако не бил пред тоа во Антена или на некое друго радио.
Проблемот со Сити е тоа што уште пред да почне да работи радиото тие се промовираа како најдобро радио, така од еднаш, им се сторило дека се најдобри и ајде... чекај бе малку.. не значи дека ако си ги земал цаци и бабура од антена дека можеш да бидеш како антена? Антена денес е тоа што е, само поради добрата работа со години, не им текнало на нив дека се најдобри.
Кога почна да свири сити нешо фазонот им беше единственото градско радио и тоа урбано ѓоа.. па пред некое време бараа концесии за национално да биде.. и такви ми ти работи..
За Борис. Борис е најдобриот радио водител и новинар во Македонија. Типот долго време во Македонија нема никој да го надмине.. можеби некој што слушал BBC Radio 1 ќе рече дека Борис копира некој од таму.. можеби и така е.. или така изгледа, добро е кога учиме од најдобрите ама тажно е кога некој кај нас се обидува да го копира Борис и програмската шема на Антена а себеси да се смета за најдобар...