Радикалните исламсти од Башкоху на Косово создаваат политичка партија

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Некои експерти и граѓани велат дека, како радикално исламско движење, на новата политичка партија во Косово, Башкоху (Приклучи се!), не треба да ѝ се дозволи да се регистрира како политички субјект, но други велат дека законот не може да забрани партија поради нејзината идеологија.

Движењето организираше протести во Приштина за поддршка на изградбата на нова џамија и против училиштата кои ги спречуваат девојчињата да носат шамии на главите за време на наставата. Еден од основачите на Башкоху, Фуад Рамиќи, беше уапсен во мај 2010 година од страна на Израелските безбедносни сили за време на рацијата на флотилата во Газа на Мави Мармара.

„Ако ова движење се регистрира како политичка партија, тоа ќе биде неуставно и нелегално“, изјави косовскиот народен правобранител Сами Куртеши за Газета Јета не Косове.

Сегашниот косовски закон забранува само партиски членови кои се обвинети или осудени од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија или се членови кои го прекршиле законот.

„Во една демократија, партија не може да биде забранета поради нејзината идеологија“, рече за SETimes Себ Битичи, извршен директор на Институтот за балканска политика.

„Мислам дека не е добро тие да се забрануваат“, рече Петрит Красниќи од Приштина за SETimes. „Бидејќи забраната на луѓе или партии од политички причини не ни дава добар имиџ и тие може лесно да се свртат кон активности во подземјето.“

Водачот на Башкоху, Арсим Красниќи, изјави за SETimes дека движењето ќе ги оствари своите цели и ќе направи гласот на граѓанското општество да се слушне.

„Водачите на Башкоху, по широки консултации со активистите, дојдоа до заклучок дека движењето треба да се регистрира како политички субјект под името Левизја Исламике Башкоху“, рече Красниќи.

Красниќи рече дека тие го вклучиле името „исламски“ бидејќи партијата ќе им служи на граѓаните врз основа на исламските принципи на слобода, правда, еднаквост и ќе биде против секоја негативна појава во Косово.

„[Ние] не претставуваме опасност за верската толеранција, напротив ние сме повеќе за оваа толеранција на која ние, Муслиманите, сме горди“, рече тој. ...

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/03/04/feature-02
.
 
W

Werther

Гостин
Не е лошо и видеово да се изгледа, за Горна Маоча, село во Босна каде владеат шеријатските закони.

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Е мили мои од нивното друштво секој петок во Скопје имаат ватрена прошетка.
Децана ни ги утепаа на смилковско.
Секој ден терот низ средини со мнозинско албанско население.

На крај се ќе биде Бејрут, колку и да си цивилизиран, компромисен, сожителски, добронамерен.
 

MamaLover

Admiral
Член од
2 март 2013
Мислења
296
Поени од реакции
304
Е мили мои од нивното друштво секој петок во Скопје имаат ватрена прошетка.
Децана ни ги утепаа на смилковско.
Секој ден терот низ средини со мнозинско албанско население.

На крај се ќе биде Бејрут, колку и да си цивилизиран, компромисен, сожителски, добронамерен.

Соживот? Не благодарам
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Некои експерти и граѓани велат дека, како радикално исламско движење, на новата политичка партија во Косово, Башкоху (Приклучи се!), не треба да ѝ се дозволи да се регистрира како политички субјект, но други велат дека законот не може да забрани партија поради нејзината идеологија.

Движењето организираше протести во Приштина за поддршка на изградбата на нова џамија и против училиштата кои ги спречуваат девојчињата да носат шамии на главите за време на наставата. Еден од основачите на Башкоху, Фуад Рамиќи, беше уапсен во мај 2010 година од страна на Израелските безбедносни сили за време на рацијата на флотилата во Газа на Мави Мармара.

„Ако ова движење се регистрира како политичка партија, тоа ќе биде неуставно и нелегално“, изјави косовскиот народен правобранител Сами Куртеши за Газета Јета не Косове.

Сегашниот косовски закон забранува само партиски членови кои се обвинети или осудени од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија или се членови кои го прекршиле законот.

„Во една демократија, партија не може да биде забранета поради нејзината идеологија“, рече за SETimes Себ Битичи, извршен директор на Институтот за балканска политика.

„Мислам дека не е добро тие да се забрануваат“, рече Петрит Красниќи од Приштина за SETimes. „Бидејќи забраната на луѓе или партии од политички причини не ни дава добар имиџ и тие може лесно да се свртат кон активности во подземјето.“

Водачот на Башкоху, Арсим Красниќи, изјави за SETimes дека движењето ќе ги оствари своите цели и ќе направи гласот на граѓанското општество да се слушне.

„Водачите на Башкоху, по широки консултации со активистите, дојдоа до заклучок дека движењето треба да се регистрира како политички субјект под името Левизја Исламике Башкоху“, рече Красниќи.

Красниќи рече дека тие го вклучиле името „исламски“ бидејќи партијата ќе им служи на граѓаните врз основа на исламските принципи на слобода, правда, еднаквост и ќе биде против секоја негативна појава во Косово.

„[Ние] не претставуваме опасност за верската толеранција, напротив ние сме повеќе за оваа толеранција на која ние, Муслиманите, сме горди“, рече тој. ...

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/03/04/feature-02
.
nazdravje neka si go papaat
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Не е лошо и видеово да се изгледа, за Горна Маоча, село во Босна каде владеат шеријатските закони.

Разбиена е оваа екипа мислам дека не постои повеќе имаше една офанзива на полицијата на БиХ. http://www.youtube.com/watch?v=5XrL5wmviu4 го убија тука Мевлид Јашаревич
 
W

Werther

Гостин
Разбиена е оваа екипа мислам дека не постои повеќе имаше една офанзива на полицијата на БиХ. http://www.youtube.com/watch?v=5XrL5wmviu4 го убија тука Мевлид Јашаревич
Не се работи за екипа. Видеово што си го ставил е од будалата што ја нападна американската амбасада.

Сеуште владее шеријатот во селото.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Не се работи за екипа. Видеово што си го ставил е од будалата што ја нападна американската амбасада.

Сеуште владее шеријатот во селото.
Така јас ја нареков екипа :) Полицијата колку што знам влезе во селото знам приведе многу од овие радикаливе е сега ако е обновена нивната република повторно тоа незнам :)
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.701
Многу ми се свиѓа по кој пат тргнале генерално, на крај од тој пат има еден лош чичко кој сериозно ќе се позанимава со нив некој ден.
Не надевај се напразно....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За жал се плашам дека ваквите несреќни настани во Македонија како кукавичкоот убиство кај Смилковското Езеро во иднина ќе се повоторуват и таквите се резултат на зголеменото и се посилно влијание на вахабистичките струења во Македонија.
Во последите 10 години во Македонија се изгрдани повеќе џамии одколку што Турците изгрдаиле за 500 годни. Се градат минариња по 50 метри високи а во села од 500 жители има 3, 4 па и 5 џамии. И секако сите тие мора да бидат неподносливо озвучени.
Прашање е само до кога немуслиманите ќе го толерират тоа изживување буквално врз сите сетила на секој обичен граѓанин. Зошто на никој досега не му текнало да се побуни против неподносливата озвученост на џамиите. Проблемот кај нас Македонците е што немаме идеа и не се дигаме против она што очигледно сите нас не засега.
Кога Македонците ќе натепат еден Албанец , Албанците после 6 години по ред покажуват слика и кукаат за еден претепан Албанец а во меѓувреме се случуваат убиства на Македонци , за тепање и малтретирање да не зборуваме.
Но проблемот не е кај нив проблемот е кај нас.
Пример Вахабистите се дигаат за изградба на Бурмали Џамија и тоа во центарот на Скопје , џамија која е изградена врз темели на црква.
А ние , е ние бачко кога требаше политички да се протестира против изградба на црква тогаш се дигнаа илјада „ невладини „ организации , т.н. здруженија на архитекти и разни глупости, во секој случај христијани против изградба на црква. А сега кога вехабисти сакат да го узурпират центарот на Скопје јас уште не сум слушнал некој да се побуни. А во меѓувреме најверојатно поради притисок изградбата на Офицерскиот Дом е запрена. Каде сме ние сега да ја подржиме изградбата и да направиме притисок врз институциите.
А кога ќе бапнат темели на џамија кога ќе ја благослови некој вахабистички оџа тогаш ќе излезат 200 комити, ќе добијат ќотек од полицијата а сите ние со прст во уста и слушалки во ушите (за да не го слушаме пеењето на оџата на сред плоштад Македонија) ќе се правиме наудрени и ќе пробуваме да го потиснме и преработиме онаа што сме дозволиле да ни се случи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Не надевај се напразно....
Јас не се надевам туку само констатирам факти на каде се движи ситуацијата. Искрено ви ја посакувам големата држава затоа што нешто кое што функционира како паразит и се шири како вирус не може да опстои самостојно. А на Македонците им посакувам само да ве немаат вас за сограѓани.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Новите екстремистички организации на Балканот оперираат заедно со постојните екстремистички групи и може да се обидат да ја променат политичката и законската рамка за да ги вклучат своите агенди, предупредуваат аналитичарите.

Aналитичарите се согласуваат дека „новиот екстремизам“ на Балканот ја вклучува религијата, етничката припадност и неонацизмот, за што најдобар пример е грчката Златна зора.

Без оглед дали се нови или традиционални, екстремистичките организации се проактивни во промовирањето на своите агенди, но и реактивни во барањето политички можности, вели Абид Хоџа, истражувач во Центарот за безбедносни студии во Приштина.

„Во последно време организациите што ги претставуваат екстремистичките идеологии ги зголемуваат своите активности во светски рамки, а и на Балканот. Начините на кои тие ги вршат своите активности се менуваат со користењето на современите комуникациски канали“, рече Хоџа за SETimes.

Новите исламски движења во Косово, како што е Башкоху, Форуми и Паќја студенторе, не претставуваат директна закана за стабилноста на Косово, но може да бидат ако станат политички поактивни, рече Хоџа.
„Сепак, тоа зависи од политичките можности што ќе им се дадат“, рече Хоџа заSETimes.

Хоџа предупреди дека владата и граѓаните треба да се внимателни.

„Невклучувањето [во политичките процеси] не дава добри резултати во демократијата“, рече тој. „Затоа е важно да им се даде шанса во законски рамки. Сè што излегува од правната рамка во Европа е штетно и опасно.“

Новите екстремистички организации не станаа клучни протагоности поради големото меѓународно присуство на Балканот, кое спречува конфликти, вели Ардијан Арифај од косовскиот Институт КИПРЕД.

„Поради тоа [тие] немаа основа за ширење на насилството“, изјави тој заSETimes.
Арифај вели дека ако екстремистичките организации не успеат да ги убедат граѓаните дека се фокусирани на решавање на проблемите, а не само на продавање националистичка реторика, тие нема да станат клучни играчи во обликувањето на политичките настани.

„За да можат да го променат и да влијаат на животот во нивните држави, тие мора да се променат и да се доближат до центарот за да можат да станат протагонисти во политичкиот живот“, вели тој.

Во Албанија, Арапската пролет ги оживеа исламските движења, а моделот Муслиманско братство е применет во земјата и во регионот, вели Илир Кула, поранешен претседател на албанската владина комисија за религии.

„[Влијанието] во нашиот регион се одразува преку академските програми, бизнисот и религијата, како и политиката. Досега немаше вистински екстремистички движења од ваков вид и се прават напори за нивно легализирање политички и социјално“, рече Кула за SETimes.

Но, Кула вели дека недостатокот на државнo тело, заедно со раширената корупција и заслабнатите државни структури, како резултат на економската криза, влијаат на способноста на регионот да го запре растот на исламистичките движења.
Наспроти тоа, многу од традиционалните екстремисти се трансформираа и се сега на власт, рече Арифај.

Во Косово, поранешните герилци на Ослободителната војска на Косово ја водат владата, додека огранок на групата во Македонија е сега дел од владината коалиција. Во Србија, политичарите кои претходно го поддржуваа радикализмот, како што се неодамна реформираните членови на Радикалната партија, се, исто така, на власт.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/03/30/feature-01

.
.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
191
Поени од реакции
122
Многу ми се свиѓа по кој пат тргнале генерално, на крај од тој пат има еден лош чичко кој сериозно ќе се позанимава со нив некој ден.
You wish! no ovie bradickive se samo 3% od albanskoto naselenie! prodolzete da gi dramatizirate rabotite zatoa i nikoj ne ve ebe nitu 1% zatoa sto ste daleku od realnosta i sve sto biva od vas e internet patriotizam i forumdzii! ajde caoo
 

Kajgana Shop

На врв Bottom