Работодавци, чесни и измамници

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Океј ае нека престанат да доаѓаат работниците тие 10 саати па да видиме што ќе се случи со профитот.
Автоматски споено мислење:


Глупа ти е споредбата.

Работникот може да остане неколку месеци дома и да живее од социјална помош, кажи ми ти кој газда направил успех сам, барем еден работен ден без работници?
Се предавам, не можам сам со 10 души, не се ова барикади и протести па да ве размавам со камења :icon_mrgr:


А и онака ми заврши паузата :D
Дете, влезен си во некој ала апасиев мод и почна со тоа кој е постар, јајцето или кокошката! Од тие 10 души дали двајца сме работодавци, останатото се твои колеги, па сега ти види што не држи во твоите аргументи, штом и твоите не те играат!
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.190
Поени од реакции
14.468
Куп фирми исплаќаат и бонуси во овој сектор ако падне добар дил.
Точно ама како вработен не треба да ти е криво што фирмата прави профит и газдата зима пари, ако ти си задоволен и ти дале тоа што си побарал.

Само на балканов го има ова, затоа на запад е све јавно, и милијарда да има профит фирмата, јавно е, и никој вработен не се замара со тоа.
Кај нас и 10000 евра да имаш плата месечно, ако фирмата (газдата) напраил пола милион тебе ќе ти биде криво зашто е тоа така.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.340
Поени од реакции
27.921
Во право е @Топче во ИТ секторот се криви тие квази академии што никнаа преку ноќ. Доаѓа некоја будала што има 5-6 години искуство и ти станува инструктор, за 1500 евра годишно. Излагаат луѓе со 0% знаење, ја збогатиле академијата и ќе си ја лупаат сега главата зошто не работат за 1000 евра како што им било ветено.

Брејнстер опстојуваат ради Петар, пошто удира ненормален маркетинг и нормално секој сака да е газда со 1 година учење и да зима 1000 евра. Затоа во едно Скопје има 10000 џуниори и се додека не се истакнете зошто сте подобри од останатите, ќе бидете лесно заменети.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.253
Поени од реакции
35.987
Каква ќе биде платата на работникот зависи од повеќе фактори, али вака генерално најбитни се колку многу придонесуваш за успехот на фирмата и колку си лесно заменлив. Добри газди ги препознаваат тие квалитети и затоа ги ценат тие вработени и соодветно ги наградуваат. Лоши газди ги губат тие вработени али тоа е нивни товар да си го носат на грб.

Работник vs газда е тешко да се спореди. Работник оди на работа за плата и тоа е тоа. Не е врзан со папочна врвка со фирмата. Газда вложува многу повеќе во фирмата во смисла на време и пари и сите придружни работи. Затоа на крајот на денот ако фирмата успее, газдата најмногу ќе си го исплати преземениот ризик. Ако беше лесно да се биде газда, сите ќе отвореа фирми.
 
M

Macedon1um

Гостин
Друже, ако знаеш, ако покажеш дека знаеш, ќе земаш повеќе од 300.

Но, како што реков, 95% од луѓето НЕМА да поминат техничко интервју затоа што немаат никакво искуство а нити се потрудиле нешто да направат самите.

Пак ќе ти посочам, како џуниор, првата година си на трошок на фирмата, фирмата нема профит од тебе.
Фирмата те гради тебе како дел од тимот, за да можеш да придонесеш во иднина.

Така да не, ако немаш поима, 300 евра не се малце плата туку треба да бидеш среќен што некој се нафаќа да те учи (пошто фирмата го плаќа и тој што те учи).

Никнаа 20 академии, вадат секаков кадар, пазарот на џуниори е заситен, платата е таа.

А од 300 до 1000+ се стига многу брзо во ИТ фирма, доколку те бива нормално.
За ова си скроз во право. Двајца колеги од факултет завршуваат, и двајцата се вработуваат во иста фирма (не е поврзана со некакви ит вештини) само различна локација 300 евра плата + процент од продажба доколку надмине одредена квота.

Првиот напушта работа после месец дена мала му била платата, другиов продолжува да работи и реално кога се вработија тек почнаа вистински да учат и да разбираат она што на факултет само од теорија го имале сретнато. Првиот проба 2-3 различни работи за на крај да проба и програмер да станува преку CodeAcademy кои им продаваа приказни за 1000 евра и „загарантирана“ пракса = резултат неуспешен ништо не бидна. Од друга страна овој што продолжи да работи во фирмата откако добро се подкова доби понуда од конкурентска фирма на предходнава и одма доби 2.5 пати повеќе од почетната плата.

Значи некогаш не е важна почетна плата толку туку дали имаш простор да учиш да напредуваш, пример кај добар механичар во денешно време треба и да плаќаш за да го научиш занаетот ако сакаш спосле да зимаш одлична плата за Македонски стандард :)
 
Член од
12 август 2020
Мислења
65
Поени од реакции
68
Дел од вас збори како сите сопственици на бизнис да го добиле тој бизнис со крадење од Југославија, па сега се изживуваат над вработените, при што менаџираат незаслужен капитал! Има такви, ама поголемиот дел сами си го имаат печалено бизнисот. Поготово помалите бизниси.
Проблемот е друг, еве јас 15 години менаџирам бизнисче, што туѓ што свој, не сакам да отворам тела за неодговорни вработени. За немање квалификации да не збориме, луѓе нашиов образовен систем продуцира магистри кои немаат познавање ниту на 10% од својата работа. Јас ги жалам, не сакаат да прифатат минималец, пошто нели магистар ли е што ли е! Од друга страна јас не можам да ги платам повеќе пошто ни тој минималец не можат да си го заработат. Не барам ќар, штета да не сум само! Да не сум, ама сигурно имам држено такви работници по година скоро. Додека не застанете од другата страна, ќе си мислите дека мед и млеко тече кај газдите! Во Мк ретко има раат да бркаш работа, воопшто бизнис климата е ај ми си оди, него ајт!
Сакаш да ти бидам деловен партнер во бизнисот па да ја делиме заедно и тагата и среќата ?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сакаш да ти бидам деловен партнер во бизнисот па да ја делиме заедно и тагата и среќата ?
Касниш едно 10 години, веќе нема што да се дели! Нит сум тажен, нит сум среќен :D
 
Член од
12 август 2020
Мислења
65
Поени од реакции
68
Касниш едно 10 години, веќе нема што да се дели! Нит сум тажен, нит сум среќен :D
Хахаха,еии зошто ваков тежок одговор,тажен Дај Боже да не си никогаш,а среќен зошто не си ? Па да му се невиди не мора бизнис да делиме,може и заеднички живот,ако и за ова не сум закаснила ;):pipi:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Хахаха,еии зошто ваков тежок одговор,тажен Дај Боже да не си никогаш,а среќен зошто не си ? Па да му се невиди не мора бизнис да делиме,може и заеднички живот,ако и за ова не сум закаснила ;):pipi:
Едно 40 години :pos:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Епа со такво размислување почнувам да ја увидувам вашата негативност.
Касиерка се вработила, тоа и е работата и треба да дава се од себе без разлика на платата за која се договорила.

Додека му правиш математика на газдата колку заработува, и дали за 5 минути или 5 дена ги вади парите.. Ништо од тебе.
Само ќе тонеш со омраза и негатива и никогаш нема да напредуваш.
Првиот дел е апсолутно неточен, никој не треба да дава се од себе во такви услови, потполно разбирливо е повеќе да се штедиш себеси отколку да се вложиш во работа од која знаеш дека најмногу што можеш да заработиш е болест.
Тоа дека вработениот ќе вложува 1000% од себе за минимални плати овдешните работодавачи мора полека да го заборават, штета што со намалувањето на заминување во странство заради короната се успори тој тренд.

Вториот дел е точен и спаѓа во грижата за себеси, водењето математика на газдата е апсолутно непотребен психички напор.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.431
Поени од реакции
22.771
Пак со тоа лесно е да си газда, никој не го кажа тоа. Јас не можам да кажам дека е лесно да превземеш чекор да отвориш ни една трафика а не пак нешто поголемо. И они они со самите тоа ризикуваат многу повеќе, јас можам да дадам отказ и да најдам друга работа но ако они не успеат пропаѓаат. Целиот тој муабет е на место, па и тоа што ќе прават со парите кои ќе ги заработат понатаму. Главниот проблем е одност со работникот, тука има уште многу работи кои треба да се сменат за работничката класа, на светско ниво промените во тој план, барем според мене како да се замрзнати. Не може профитот да останува само кај нив а за работникот да остануваат трошките.

kako toa ne moze? gledas i sam deka moze, taka e sekade. zar mislis deka vrabotenite vo amazon se dobro plateni vo odnos na bezos?

sfati deka ako sakas poveke treba i da zrtvuvas i da rizikuvas nesto. tie sto podolgo vreme rabotat i steknale seniorska pozicija prosle niz sito i reseto za toa i se kompenzirani ali pak se daleku od ona sto go prosol gazdata vo poveketo slucaevi.

za zal novite insta(nt) generacii od den eden mislat deka nekoj nesto im dolzi i deka imaat vestini ko postarite kolegi. ne druze, daleku ste. zamenuvas mizerna plata vo mkd za mizerna plata (za lokalni uslovi) vo stranstvo, nisto poveke.

nemoj da me sfatis gresno jas sum da idete i da se probate. odlicno iskustvo e plus ima dobri sansi da naucis i nesto poveke ama glup vi e muabetot deka do tolku ste obespraveni a ni do k od kariera ne ste stignale.
Автоматски споено мислење:

Been there. Престанаа да доаѓаат работниците, после една недела сите беа отпуштени, и вработени нови 10. Запамти си го тоа во глава, дека работничката класа е многу лесно да се смени.

Vo sekoj biznis EDINSTVEN koj e nezamenliv e GAZDATA. Se drugo moze da se zameni i cesto sekoj pameten biznismen veke ima zamena za sekoj vraboten.

Koga gazdata se menuva (seedno dali zborime prodazba na biznis, nasledstvo itn) i biznisot se menuva za brzo vreme, ne e veke isto.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.472
Поени од реакции
5.475
Не е до толку битна стартната плата, битен е односот на Газдата спрема вработениот. Значи не треба ти да му даваш огромна плата, треба да му покажеш дека го цениш како вработен т.е како човек пред се. Тука не зборам само за газда-вработен туку и за Менаџер- Работник односот во поголемите компании.

Ме боли цеф колку пари зима фирмата. Јас за мојата работа си договарам нето плата и очекувам таа да биде РЕДОВНА и да немам тортура.
Прост пример
Работа со реално средно-ниска плата каде што еве ти средуваат паркинг гага, не е многу 1800 денари е во катниве гаражи месечна, ама самиот гест каде што ќе ти дадат ГАГА паркинг значи многу. Или пак каде што фирмата ќе ти даде гага сокови, кафиња и слично. Значи ти пружа нешто што реално не е нужно да ти го даде. Има и случаеви доста каде што добиваат пари за гориво, службен број, службен телефон, службено возило итн.
Сите ситници, сите погодности што газдата/менаџерот ќе ти ги овозможат не треба да бидат заборавени. Со ситници можеш многу да му покажеш на твојот вработен дека го поштуваш и дека сакаш да му го олесниш/подобриш барем минимално работниот ден. Да, има фирми, работни места и слично каде што едноставно газдата не може да ти даде тебе поголема плата од 300 еура (карикирам), но сепак може со ситници да ти го подобри работното место и работното време/смената. Односот во повеќето случаеви е побитен од мала разлика од платата. Многу повеќе ми значеше мене лично гага паркингот од некоја 1000рка плус на плата. Иако тие плус 1000-2000 денари баш на тоа и ќе отидеа. Поштувањето, самиот гест некогаш вреди повеќе од некое ситно накачување.
Главен проблем е што кај нас повеќето газди и менаџери едноставно не ги бива со луѓе. Секоја чест на исклучоците.
Сум имал прилика да работам и со класичен тип на газда/менаџер и со Луѓе на место, којшто секој ден со самото однесување ти покажуваат дека те ценат, епа работната атмосвера е многу битен фактор исто така.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.706
Поени од реакции
35.149
За ова си скроз во право. Двајца колеги од факултет завршуваат, и двајцата се вработуваат во иста фирма (не е поврзана со некакви ит вештини) само различна локација 300 евра плата + процент од продажба доколку надмине одредена квота.

Првиот напушта работа после месец дена мала му била платата, другиов продолжува да работи и реално кога се вработија тек почнаа вистински да учат и да разбираат она што на факултет само од теорија го имале сретнато. Првиот проба 2-3 различни работи за на крај да проба и програмер да станува преку CodeAcademy кои им продаваа приказни за 1000 евра и „загарантирана“ пракса = резултат неуспешен ништо не бидна. Од друга страна овој што продолжи да работи во фирмата откако добро се подкова доби понуда од конкурентска фирма на предходнава и одма доби 2.5 пати повеќе од почетната плата.

Значи некогаш не е важна почетна плата толку туку дали имаш простор да учиш да напредуваш, пример кај добар механичар во денешно време треба и да плаќаш за да го научиш занаетот ако сакаш спосле да зимаш одлична плата за Македонски стандард :)
Од моја гледна точка во првите неколку години ова е најбитниот момент за секој вработен, ако имаш прилика да учиш треба да си преблагодарен и дури и спремен да работиш за пониска плата во таа фирма бидејќи истото тоа ќе те продаде за неколку пати повисока плата или ќе те спремни да отвориш твој бизнис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom