Ајде сеа и јас да напишам кратка рецензија на моите 2 и пол договори како фотограф на брод.
Исто аплицирав преку Мајоми кои се партнери на Емплојмент Пауер од Загреб, само што јас одбрав да одам во Имиџ Груп, најголемата компанија за бродска фотографија која праќа фотографи на над 40 бродови на 6 компании: Disney, Royal Caribbean, NCL (пола од бродовите ги држи Имиџ), Cunnard, Azamara, Celebrity. Јас бев еден од среќниците петдневната обука да ја поминам во Мајами каде што е логистичкиот центар на фирмата и бев сместен во Хоумвуд Сјутс (дел од Хилтоновиот синџир на хотели). Во група од 13 момци и девојки јас и еден англичанец бевме најдобри на тренингот и поради моите карактерни особини ме пратија на Дизни Меџик, првиот од четирите бродови на Дизни. Пред одење на брод имав дводневна обука во Волт Дизни Ворлд во Орландо за начините на кои Дизни им пружа гостопримливост на своите гости.
И најпосле бродот. 2500 гости, 1000 персонал и најбитното, фото тим од 11 души, 8 фотографи, 1 менаџер и два асистенти (лаб менаџер и менаџер на галерија или Шатерс како што ссе вика на дизниевите бродови). Бидејќи кажав дека имам 3 годишно искуство како фотограф искусните фотографи во тимот ме пречекаа на нож, очекуваа од мене да знаам се, а како што кажа Казански погоре, бродска фотографија ти е тотално различна во секој поглед од се останато на копно. Првите 5 дена од 8 сабајле до 4 попладне имав најразлични обуки а од 5 до 12 работев. После 2 недели 2 од искусните фотографи заминаа на одмор и една се повреди и во тимот останавме 6 фотографи од кои најискусната имаше 4 месеци искуство на брод. Работевме максимални дозволени часови за работа, што значи се убивавме од работа. Сакав да дадам отказ, да се вратам на фотографирање политичари, ама отплаќав камера, униформа и депозит кон компанијата па тоа ме спречи од прерано идење дома. После месец дена на брод ни донесоа нови фотографи во тим. Не остварувавме таргети, ама затоа у кру-бар лом правевме секоја втора вечер, останатите вечери правевме кабин-парти. Тимот покрај неискуство беше релативно млад, сите бевме под 30 години. Јас и еден украинец бевме единствените момци, девојките беа 2 украинки, 1 кинескиња, 1 унгарка, 1 црногорка, 1 кинескиња. Менаџерот беше унгар од Романија, после сфатив дека е еден од полошите менаџери во фирма, за среќа лаб менаџерот од филипини беше многу кул момак и одржаваше рамнотежа у тим, шатерс менаџерката Стефани беше од филипини и колку што многу ми се идеше у кру-бар со неа, толку не ми се работеше со неа
)) После 2 месеци ни сменија тим, пратија некои луѓе на други бродови а на нивно место донесоа искусни фотографи. Бродот смени и хоум порт, наместо Кејп Канаверал во Флорида, бродот пловеше од Њу Јорк. Наместо кратки кртарења до Бахами, овојпат имавме 5 дневни крстарења до Канада и 8 дневни крстарења до Бахами. На местото на тиња менаџерот дојде менаџер од Индија, Рубен кој имаше сосема различен пристап кон работата. Страшно строг но и праведен. Направи распоред кој многу ни го олесни животот, работевме по 60-70 часа неделно. Е тогаш почнав да си ја сакам работата
Во меѓувреме го отплатив депозитот кон фирма, добив унапредување од Фотограф-1 во Фотограф-2 и почнаа вистински пари да ми стигаат на сметка, а богами и јас почнав да трошам ко човек. Имавме и кру авордс, и бев номиниран за фотограф на годината.
На крај на лето бродот пак смени хоум порт, овојпат Галвестон, Тексас. Еден од најлошите хоум портови со беда гости. Платата падна скоро дупло, ама па затоа на љубовно поле се сменија работите, фатив девојка од детска грижа, едно црнче од Северна Каролина со гооооолемо срце (читај цицки). Инаку во меѓувреме тимот пак се менуваше поради завршување на договори на некои луѓе и ни доаѓаа некои фини луѓе и некои не толку фини.
За социјален живот како што кажав првиот тим владееше на сите журки. Потоа фото тимовите веќе не беа толку доминантни во кру-бар. Втора половина од договор започнав да одам во теретана каде што често друштво ми правеше еден србин келнер од рестораните. Купив и протеини и почнав да враќам килажа у нормала.
Е сеа за разликите меѓу Дизни Круз Лајн и другите круз компании. Не фотографираме генгвеј што значи дека во портови сме слободни, освен ако нема чистење на фото-лаб или нешто слично, ама читај во портови сме слободни. Исто така не носиме костими, туку има специјално обучени луѓе кои се маскираат во Мики, Мини, Гуфи, Плуто и дружината. Има и 5 девојки, млади и убави кои се маскираат во принцези, Пепелашка, Снежана, Бел (Убавицата и ѕверот), Заспаната Убавица и Тијана (Принцезата и жабецот). Меѓу тематските вечери има Пиратска вечер која е инспирирана од Пиратите во Карибите, така што доаѓа Капетан Џек Спероу, другите карактери се во пиратски костими и на крај на вечерта на дек 9 и 10 има пиратска журка која кулминира со огномет. Дизни долго време беше единствена круз компанија која имаше дозвола да пука огномет на отворено море. И за крај гостите. Бидејќи Дизни е 3 до 5 пати поскапа од останатите компании и гостите се побогати, и не им е проблем да купат ЦД со сите фотки од крстарењето за 250-350$ (во зависност од должината на крстарењето). Во мојот втор договор Меџик крастареше низ медитеранот на 7 дневно крстарење кое чинеше 8.000 долари за 4 члено семејство, истото крстарење на Коста чини 1.000 евра. Имавме и 12 дневни крстарења кои чинеа 12 иљадарки, а Волт Дизни апартменот чинеше 22 иљадарки. Од познатите гости ни беа Камбијасо и Занети од Интер со семејствата, имаше еден куп шеици, еден куп безобразно богати американци... Погоре го спомнав Галвестон, е таму гости ни беа емигранти од Мексико и средна класа американци од провинција. Инаку најлоши гости се канаѓани од Квебек и Шкоти, страшно скржави луѓе. Мексиканциве немаат пари па се ценкаат па врти сучи на крај купуваат. Со канаѓаниве само нервози, нема пари. Инаку имавме и доста шпанци додека бевме по медитеранот, бидејќи хоум порт беше Барселона, а имавме и 2 мошне ефтини крстарења така да се уверив во она што го викаше татко ми „шпанци, португалци, ма све то циганарија“ (без навреда кон ромите).
Вториот договор го почнав како еден од двајца искусни фотографи така да морав да обучувам нови фотографи. Еден куп нервози видов со една србинка и една хрватица и за изненадување никој од тимот не ја поддржуваше Карен од Јамајка, ама увидов дека е фина личност и квалитетен работник и и давав максимална поддршка. После месец дена станавме дечко и девојка. Е сеа мојот цимер беше лаб менаџерот од Хрватска кој беше троа покварена личност, ама за изненадување увек беше фин со мене, а нејзина цимерка беше србинката која идеше со мојот цимер, така да правевме договор и менувавме кабини, сите среќни и задовол(е)ни
Да не заборавам да го пишам целиот менаџмент коа почнав со цимерот мој, Менаџер беше Луи од Индија кој за разлика од Рубен беше страшно кул момак и правеше уште порелакс распоред. Шатерс менаџерка беше неговата долгогодишна девојка Грејс. Пред бродот да отиде за Европа на менаџерката позиција се врати унгарецот а како нови фотографи дојдоа Вук и Јелена од Србија. Пред Јелена да дојде на брод Карен ме прашуваше дали би ја сменил за некоја девојка и јас и реков само ако е бела и слаба, и да не е србинка. Е Јелена беше баш таква бела, слаба, мх мх мх. За малку Карен ќе ми раскинеше во Венеција, ама на крај решив да останам со неа. Во Венеција имавме овернајт, бродот се укотвуваше во 1 попладне и заминуваше од пристаниште во 6 наредниот ден. Вториот пат во Венеција веќе беше многу пофино. Најдовме клуб што работи до 4 сабајле (официјално Венеција нема ноќен живот) и се убивме од пиење коктели. Вториот договор за 6 од 8те фотографи завршуваше на 7ми септември така да последниот месец тимот веќе беше исцеден од напорниот распоред на унгарецот и беше паднат со морал така да Луи мака мачеше да го води тимот. Успеа мене да ме мотивира да бркам унапредување во Фотограф-3 така да последните месец дена бев локомотива на тимот и Луи ја среди папирологијата за мое унапредување ама педерска работа не ја прати у дирекција. Пошто карма ис а бич, деновиве разбрав дека го одбиле за америчка виза. Како и да е ја останав без унапредување. Хух да не заборавам да пишам дека лаб менаџер беше Ритеш од Индија кој ми даде многу поддршка во мојот обид за унапредување.
Трет договор: Го добив Дизни Фентази, најдобро рангираниот голем брод на свет. Поголем, 4000 гости, 1500 кру, 17 луѓе во фото тим. Тимот е доволно голем што од време на време неколку луѓе добиваат слободна вечер. Плата доста повисока од онаа на Меџик. Лаб менаџерот има свој асистент кој цело време е во фото лаб освен кога помага во сетап на студија, и Шатерс менаџерот има свој асистен кој фотографира ресторан само кога тимот е човек/два мањак. Од тимот ги знам само Рубен со кој работев претходно на Меџик и Марк од Шпанија кој беше еден од искусните фотографи во Њу Јорк сезоната, овде конечно беше унапреден во асистент на лаб менаџерот. Во тимот луѓе од скоро цел свет, но доминираат јужноафриканци, нација која не ми е баш најомилена бидејќи малку од нив се фини луѓе. Белите е внуци и правнуци на робовладетели и имаат чуден табиет, обоените се ОК. Како и да е, на почетокот највеќе поддршка добивав од Ли, висока, слаба црвенокоса, воркохолик со универзитетска диплома за фотографија. кога правевме божиќна групна фотка се појави со црвено маиче со голо пупаче и пирсче и тетоважиче од страна. Вилицата ми падна. Вечерта и пратив смс дека изледала "jawdropping" на што она ми одговори фала но не и е пријатно. Наредниот ден Рубен ме викна кај него во канцеларија да ми каже дека Ли ме пријавила. Одогаш не можам да ја поднесам.
Ствар што највеќе ми се допаѓа на бродов е што теретаната ми е на 20 метри од кабината и секоја втора вечер сум таму. Стопив масти собрани за време на одмор, почнав да трчам 5 км на тркака. Следен предизвик ми е 5 км на дек4. Пред 2 недели дојде назад дифолт менаџерот на Фентази, Алан од ЈАР. Ме вика да му правам друштво на трка од пристаниште до еден од врвовите на Ст.Томас. Иама 10тина дена да се спремам за таков предизвик.
Во поглед на гости, Фентази е најпопуларен брод за вистинските Дизни фанови и ми се случува да видам луѓе и фамилии со кои сум се дружел на Меџик. Имам доста луѓе на ФБ кои крстареле на Меџик/Фентази и со кои сум се спријателил. Она што Казански го збореше за американците кои не ги сака, јас углавном не ги сакам мексиканците, кинезите и канаѓаните од Квебек.
Ако не заборавам кога ќе бидам во Козумел ќе прикачам фотки да видите како си поминувам на дизниевите бродови.