Работа на брод

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Како се заработува на брод? Подобро е отколку Дубаи? Те плаќаат од саат, од ден, од месец? Или фиксна плата колку и да работиш? Дали се плаќа прекувремено? Колку може да заработиш прв пат кога одиш? И што ќе ти дадат да работиш?

Значи зависи од тоа што позиција и колку среќа ќе имаш да најдиш работа во добар ресторан ,хотел,брод.
На брод договорите се околу 6 месеци а за Дубари и Катар се помеѓу една и две години.
Ако одиш како келнер зависи кај ќе најдиш работа и дали има бакшиши, колку што знам на брод се земаат многу помалку за разлика од рестораните во Дубаи и Катар.
А платите одат и на двете места отколу 600-700 евра Дубаи и Катар (зависи како ќе најдиш но најчесто сместувањето е многу подобро од на брод) и на брод околу 1200-1500 $.
Ова е значи просечно за угостителство има некои кој заработуваат и двојно има некои и помалку.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
На брод платите варираат од компанија до компанија, од оддел до оддел, од позиција до позиција...

Циге пиши што знаеш да работиш, па може да ти се даде некоја ориентациона сума. Вака од ракав истрессено, ако се вработиш како хотел директор на Дизни имаш 10.000 долари плата :)))))
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 09:34 ---

C

cige

Гостин

Ништо посебно, немам работено со угостителство, ама одлично стојам со англискиот.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Втор дел, втор договор истерав. Борби со лавови.
Почнав како фотограф на Norwegian Star, и брзо напреднав во Photo Lab Technician, полесно ми беше да правам муабет со машинеријата отколку со патниците. Овој пат имав предизвик во лабараторијата, додаток на Кониката беше нов (refurbished) принтер Фуџи. Проблеми со Фуџито колку ти душа сака, протекува, откажува, не се уклучува... што придонесе на серија бели влакна на мојата глава :)
Се фураше Балтичко море со почеток во Копенхаген, круз од 9 дена со преноќување во Ленинград, после сезоната имаше еден експериментален круз од две недели до Рејкјавик преку Норвешка и неколку острови, до Копенхаген и после тоа до Мајами (14 дена преку Атлантски Океан). Од Мајами се крстареше до Лос Ангелес преку Панамски Канал, што и беше атракцијата за тој круз. Е тука веќе имав прва средба и започна мојата голгота со американската нација (слика1, слика2), Бог да им помогне.

Новите фотографи што доаѓаа ги обучував за позирање и какви поставки да користат на апаратите. Реално, сите знаеа да сликаат, ама ова е бродска фотографија. Се што знаеш забораваш, и учиш од почеток. Како да им приоѓаш на гостите, како да ги позираш, како да работиш во лабараторија и галерија, генгвеј.. Тоа е работа на Фото Менаџерот, а тоа е богами и приказна сама за себе.
Менаџерот ми беше филипинец, (запознајте го Зубо) шлајмот на човечките раси (тука сакам да се поправам за претходниот пост, и да им се извинам на малезијците и индонезијците што ги ставив во иста корпа со филипинците и индијците). Менаџерот беше идиот, ама од галактички размери. Ќе изедеше гомна само да не требаше да се согласи со некој друг, посебно со мене, затоа што ја делевме лабараторијата како работно место. Имаше познавање од принтери, ама исто така имаше познавање како квалитетно да го сјебе принтерот и да не биде функционален со денови. Спремен беше да шитне било кој од тимот за да си го испере газот од било каков проблем. За неговите сонародници ретуширање даваше гага, а цената е од 5 до 45 долари. Морам да споделам (оригинал, резултат). Можам за него да везам со саати, такви се како нација, и секоја им чест на исклучоците, кои не се многу.
Отиде Зубо на одмор после некое време, таман пред да дојде Исланд и Норвешка, и Асистентот Менаџер премина како менаџер додека Зубо не се врати. Момаков е македонец, и одма за мене се променија работите, не дека помалце работев (палабаво секако), туку дека имаше нормален муабет, компромис, интелектуален предизвик.. Бевме помалку луѓе, и тој ми помагаше со принтање да не заглавам до 3-4 саат сабајле. Беше построг, ама па немаше тупење и фаворизирање. Сите беа еднакви. Го учеше новиот принтер како функционираше со тоа што ми помагаше во одржувањето (спомен). Алатот беше едноставен.
После некое време почнаа да си одат луѓе, ги префрлаа на новите бродови Norwegian Getaway, Norwegian Epic, каде што се отвори Фото Департментот, или им завршуваше договорот на фотографите. Тимот се истенчи, пред да се вратам некое време стигнавме до 6. Тогаш веќе нема каде, сите имаат скратени паузи и секој порт се на генгвејот, дали како фотографи или облечени во костуми.

Животот на брод (NCL)
Социјалниот живот е различен од брод до брод, али во глобала, се се дознава во пушалната. Храната е одвратна, т.е. станува одвратна после брзо време. Ги поскапеа цигарите и пивото во 2014, криза, тоа е. Правило за мене е да се држам на страна од филипинци и индијци. И од ќумбињата од Saint Lucia. Приватност нема, не дека сите сакаат да трачаат, туку неможе со секој да се води конструктивен муабет па се се сведува на "Дали знаеш дека тој/таа...".

Работа како фотограф/лаб техничар
Можам да кажам дека се усовршив со бродското фотографирање, за ресторани битна е композицијата (чаши и шишиња да нема пред луѓето, избегнување на луѓе во позадина, келнери, одблесоци..) и амбиетално светло (помеки сенки, тон на кожа), а за портрети битни ми се позицијата на рацете, еднакво осветлување на лицата, и криење на стомаци, виснати гради, лузни (сепак работев со пензионери). На формалните вечери немаше време за позирање многу, има ред од 20-30 луѓе (сами, парови, фамилии) и се се случува брзо.
Како лаб техничар освен тоа што треба да имам перфектна слика, треба да се грижам и за принтерите, кои и знаат да бидат тврдоглави од време на време. Ако некој од фотографите прави иста грешка цело време, моја обврска е да го советувам како да ја поправи. Користам хемикалии цело време за принтерите, така да морам да бидам екстра претпазлив кога ракувам со нив. Принтерите исфрлаат течен отпад кој содржи сребро и е штетно за околината, така да отпадот се филтрира. За еден ден се случуваше да испринтам и до3000 слики.

За компанијата
Norwegian Cruise Line е ефтина компанија како и сите останати (немам истражувано за Дизни, и за другите помали компании со флота од неколку брода), а тоа се забележува од портовите на кои застануваат. Иако видов фини места на Балтикот и Мексико, портот може да биде и со километри од градот. Или да ги префрлаат патниците на копно со чамци. Ако штедат пари на гориво и докови, или пробуваат да ги искористат талентите на вработените за занимација на гостите тогаш компанијата според мене е ефтина. Тие би рекле дека се во транзиција, дека вадат нови бродови и затоа сега малце се "стегаат", што е и точно, се стегаат, штедат, заработуваат... на грбот на вработените.

Да работиш со гости не е лесно, посебно со штракната раја како што се америте. Примери следуваат
Слики од укрцавањето на бродот
- -
- -

Слики од ресторани
- - -

Слики од генгвеј
- - -

И секако, слики од портрети
- - - - -
Мое лично мислење за работа на брод, е дека вреди. Шетав, видов бајаги вториов договор. Запознав тон супер луѓе, научив многу, амазон-дот-ком работеше за мене :D и се вратив во сред зима поцрнет. Не претерувајте со мексичка храна, избегавајте школки и ако се закачите некаде по Ленинград, пробајте го абсинтот, и не одете сами во Русија. Парите се фини, и нема слободен ден.
Пи.Ес. Имам и видео кога ги поставуваме позадините и светлата, али тоа ќе причека додека не го средам... видео едитинг сакс!
 
Ф

Флеш

Гостин
Казански,недостигаа вакви постови на темава,супер пост и од мене лајк ..Едно ривју на поминат договор ... :))
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
1
Јас контактирав со агенцијата Коузон овие дена бидејќи сакам да аплицирам за работа на брод и ми пратија ова писмо На почеток имате трошоци од 500 ден апликација,па 4500 или 6500 за обука за позицијата, 160 долари за виза ( но од 20 август 2013 овие средства се повратни),6500 ден за лекарско уверение, 3000 ден за категорија Ц (travel package) за тоа што ќе бидете една вечер во хотел 3000 ден. за агенциските услуги од наша страна и на крајот останува авио билетот за којшто докрај не знаеме цена бидејќи ќе зависи од местото на качување на брод.

Ми се гледа многу пари за целиот процес дури и непотребни некои трошоци..дали има некој искуство со оваа агенција дали е сигурна, дали некој замина за работа преку оваа агенција? Многу луѓе на форумот гледам имаа аплицирано во Мајоми..која од овие две е подобра според вас?
Се двоумам не знам во која од овие агенции да аплицирам, ако може некој да ми помогне во изборот би било супер да слушнам ваши мислења

Фала однапред
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Казански, браво за постот. Јас ќе напишам за моето искуство на Дизни во ноутпад па ќе напраам копи/пејст. Интернетот сеуште се плаќа по минута на брод (наскоро ќе се наплаќа по мегабајт, ама до тогаш копи/пејст/...)

Експлоринг Ворлд, аплицирај си во двете агенции за секој случај. Јас аплицирав во двете и Мајоми ми средија интервју за 2 недели додека Коузон ме заборавија, иако сретнувам луѓе кои преку Коузон заминале на брод, така да за секој случај аплицирај во двете агенции ;) И секако спреми си од 1000 до 2000$ пред да стигнеш до брод. МОите трошоци ги образложив едно десетина страни наназад на темава.
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 08:02 ---

Ајде сеа и јас да напишам кратка рецензија на моите 2 и пол договори како фотограф на брод.

Исто аплицирав преку Мајоми кои се партнери на Емплојмент Пауер од Загреб, само што јас одбрав да одам во Имиџ Груп, најголемата компанија за бродска фотографија која праќа фотографи на над 40 бродови на 6 компании: Disney, Royal Caribbean, NCL (пола од бродовите ги држи Имиџ), Cunnard, Azamara, Celebrity. Јас бев еден од среќниците петдневната обука да ја поминам во Мајами каде што е логистичкиот центар на фирмата и бев сместен во Хоумвуд Сјутс (дел од Хилтоновиот синџир на хотели). Во група од 13 момци и девојки јас и еден англичанец бевме најдобри на тренингот и поради моите карактерни особини ме пратија на Дизни Меџик, првиот од четирите бродови на Дизни. Пред одење на брод имав дводневна обука во Волт Дизни Ворлд во Орландо за начините на кои Дизни им пружа гостопримливост на своите гости.

И најпосле бродот. 2500 гости, 1000 персонал и најбитното, фото тим од 11 души, 8 фотографи, 1 менаџер и два асистенти (лаб менаџер и менаџер на галерија или Шатерс како што ссе вика на дизниевите бродови). Бидејќи кажав дека имам 3 годишно искуство како фотограф искусните фотографи во тимот ме пречекаа на нож, очекуваа од мене да знаам се, а како што кажа Казански погоре, бродска фотографија ти е тотално различна во секој поглед од се останато на копно. Првите 5 дена од 8 сабајле до 4 попладне имав најразлични обуки а од 5 до 12 работев. После 2 недели 2 од искусните фотографи заминаа на одмор и една се повреди и во тимот останавме 6 фотографи од кои најискусната имаше 4 месеци искуство на брод. Работевме максимални дозволени часови за работа, што значи се убивавме од работа. Сакав да дадам отказ, да се вратам на фотографирање политичари, ама отплаќав камера, униформа и депозит кон компанијата па тоа ме спречи од прерано идење дома. После месец дена на брод ни донесоа нови фотографи во тим. Не остварувавме таргети, ама затоа у кру-бар лом правевме секоја втора вечер, останатите вечери правевме кабин-парти. Тимот покрај неискуство беше релативно млад, сите бевме под 30 години. Јас и еден украинец бевме единствените момци, девојките беа 2 украинки, 1 кинескиња, 1 унгарка, 1 црногорка, 1 кинескиња. Менаџерот беше унгар од Романија, после сфатив дека е еден од полошите менаџери во фирма, за среќа лаб менаџерот од филипини беше многу кул момак и одржаваше рамнотежа у тим, шатерс менаџерката Стефани беше од филипини и колку што многу ми се идеше у кру-бар со неа, толку не ми се работеше со неа :))) После 2 месеци ни сменија тим, пратија некои луѓе на други бродови а на нивно место донесоа искусни фотографи. Бродот смени и хоум порт, наместо Кејп Канаверал во Флорида, бродот пловеше од Њу Јорк. Наместо кратки кртарења до Бахами, овојпат имавме 5 дневни крстарења до Канада и 8 дневни крстарења до Бахами. На местото на тиња менаџерот дојде менаџер од Индија, Рубен кој имаше сосема различен пристап кон работата. Страшно строг но и праведен. Направи распоред кој многу ни го олесни животот, работевме по 60-70 часа неделно. Е тогаш почнав да си ја сакам работата :) Во меѓувреме го отплатив депозитот кон фирма, добив унапредување од Фотограф-1 во Фотограф-2 и почнаа вистински пари да ми стигаат на сметка, а богами и јас почнав да трошам ко човек. Имавме и кру авордс, и бев номиниран за фотограф на годината.

На крај на лето бродот пак смени хоум порт, овојпат Галвестон, Тексас. Еден од најлошите хоум портови со беда гости. Платата падна скоро дупло, ама па затоа на љубовно поле се сменија работите, фатив девојка од детска грижа, едно црнче од Северна Каролина со гооооолемо срце (читај цицки). Инаку во меѓувреме тимот пак се менуваше поради завршување на договори на некои луѓе и ни доаѓаа некои фини луѓе и некои не толку фини.

За социјален живот како што кажав првиот тим владееше на сите журки. Потоа фото тимовите веќе не беа толку доминантни во кру-бар. Втора половина од договор започнав да одам во теретана каде што често друштво ми правеше еден србин келнер од рестораните. Купив и протеини и почнав да враќам килажа у нормала.

Е сеа за разликите меѓу Дизни Круз Лајн и другите круз компании. Не фотографираме генгвеј што значи дека во портови сме слободни, освен ако нема чистење на фото-лаб или нешто слично, ама читај во портови сме слободни. Исто така не носиме костими, туку има специјално обучени луѓе кои се маскираат во Мики, Мини, Гуфи, Плуто и дружината. Има и 5 девојки, млади и убави кои се маскираат во принцези, Пепелашка, Снежана, Бел (Убавицата и ѕверот), Заспаната Убавица и Тијана (Принцезата и жабецот). Меѓу тематските вечери има Пиратска вечер која е инспирирана од Пиратите во Карибите, така што доаѓа Капетан Џек Спероу, другите карактери се во пиратски костими и на крај на вечерта на дек 9 и 10 има пиратска журка која кулминира со огномет. Дизни долго време беше единствена круз компанија која имаше дозвола да пука огномет на отворено море. И за крај гостите. Бидејќи Дизни е 3 до 5 пати поскапа од останатите компании и гостите се побогати, и не им е проблем да купат ЦД со сите фотки од крстарењето за 250-350$ (во зависност од должината на крстарењето). Во мојот втор договор Меџик крастареше низ медитеранот на 7 дневно крстарење кое чинеше 8.000 долари за 4 члено семејство, истото крстарење на Коста чини 1.000 евра. Имавме и 12 дневни крстарења кои чинеа 12 иљадарки, а Волт Дизни апартменот чинеше 22 иљадарки. Од познатите гости ни беа Камбијасо и Занети од Интер со семејствата, имаше еден куп шеици, еден куп безобразно богати американци... Погоре го спомнав Галвестон, е таму гости ни беа емигранти од Мексико и средна класа американци од провинција. Инаку најлоши гости се канаѓани од Квебек и Шкоти, страшно скржави луѓе. Мексиканциве немаат пари па се ценкаат па врти сучи на крај купуваат. Со канаѓаниве само нервози, нема пари. Инаку имавме и доста шпанци додека бевме по медитеранот, бидејќи хоум порт беше Барселона, а имавме и 2 мошне ефтини крстарења така да се уверив во она што го викаше татко ми „шпанци, португалци, ма све то циганарија“ (без навреда кон ромите).

Вториот договор го почнав како еден од двајца искусни фотографи така да морав да обучувам нови фотографи. Еден куп нервози видов со една србинка и една хрватица и за изненадување никој од тимот не ја поддржуваше Карен од Јамајка, ама увидов дека е фина личност и квалитетен работник и и давав максимална поддршка. После месец дена станавме дечко и девојка. Е сеа мојот цимер беше лаб менаџерот од Хрватска кој беше троа покварена личност, ама за изненадување увек беше фин со мене, а нејзина цимерка беше србинката која идеше со мојот цимер, така да правевме договор и менувавме кабини, сите среќни и задовол(е)ни :) Да не заборавам да го пишам целиот менаџмент коа почнав со цимерот мој, Менаџер беше Луи од Индија кој за разлика од Рубен беше страшно кул момак и правеше уште порелакс распоред. Шатерс менаџерка беше неговата долгогодишна девојка Грејс. Пред бродот да отиде за Европа на менаџерката позиција се врати унгарецот а како нови фотографи дојдоа Вук и Јелена од Србија. Пред Јелена да дојде на брод Карен ме прашуваше дали би ја сменил за некоја девојка и јас и реков само ако е бела и слаба, и да не е србинка. Е Јелена беше баш таква бела, слаба, мх мх мх. За малку Карен ќе ми раскинеше во Венеција, ама на крај решив да останам со неа. Во Венеција имавме овернајт, бродот се укотвуваше во 1 попладне и заминуваше од пристаниште во 6 наредниот ден. Вториот пат во Венеција веќе беше многу пофино. Најдовме клуб што работи до 4 сабајле (официјално Венеција нема ноќен живот) и се убивме од пиење коктели. Вториот договор за 6 од 8те фотографи завршуваше на 7ми септември така да последниот месец тимот веќе беше исцеден од напорниот распоред на унгарецот и беше паднат со морал така да Луи мака мачеше да го води тимот. Успеа мене да ме мотивира да бркам унапредување во Фотограф-3 така да последните месец дена бев локомотива на тимот и Луи ја среди папирологијата за мое унапредување ама педерска работа не ја прати у дирекција. Пошто карма ис а бич, деновиве разбрав дека го одбиле за америчка виза. Како и да е ја останав без унапредување. Хух да не заборавам да пишам дека лаб менаџер беше Ритеш од Индија кој ми даде многу поддршка во мојот обид за унапредување.

Трет договор: Го добив Дизни Фентази, најдобро рангираниот голем брод на свет. Поголем, 4000 гости, 1500 кру, 17 луѓе во фото тим. Тимот е доволно голем што од време на време неколку луѓе добиваат слободна вечер. Плата доста повисока од онаа на Меџик. Лаб менаџерот има свој асистент кој цело време е во фото лаб освен кога помага во сетап на студија, и Шатерс менаџерот има свој асистен кој фотографира ресторан само кога тимот е човек/два мањак. Од тимот ги знам само Рубен со кој работев претходно на Меџик и Марк од Шпанија кој беше еден од искусните фотографи во Њу Јорк сезоната, овде конечно беше унапреден во асистент на лаб менаџерот. Во тимот луѓе од скоро цел свет, но доминираат јужноафриканци, нација која не ми е баш најомилена бидејќи малку од нив се фини луѓе. Белите е внуци и правнуци на робовладетели и имаат чуден табиет, обоените се ОК. Како и да е, на почетокот највеќе поддршка добивав од Ли, висока, слаба црвенокоса, воркохолик со универзитетска диплома за фотографија. кога правевме божиќна групна фотка се појави со црвено маиче со голо пупаче и пирсче и тетоважиче од страна. Вилицата ми падна. Вечерта и пратив смс дека изледала "jawdropping" на што она ми одговори фала но не и е пријатно. Наредниот ден Рубен ме викна кај него во канцеларија да ми каже дека Ли ме пријавила. Одогаш не можам да ја поднесам.

Ствар што највеќе ми се допаѓа на бродов е што теретаната ми е на 20 метри од кабината и секоја втора вечер сум таму. Стопив масти собрани за време на одмор, почнав да трчам 5 км на тркака. Следен предизвик ми е 5 км на дек4. Пред 2 недели дојде назад дифолт менаџерот на Фентази, Алан од ЈАР. Ме вика да му правам друштво на трка од пристаниште до еден од врвовите на Ст.Томас. Иама 10тина дена да се спремам за таков предизвик.

Во поглед на гости, Фентази е најпопуларен брод за вистинските Дизни фанови и ми се случува да видам луѓе и фамилии со кои сум се дружел на Меџик. Имам доста луѓе на ФБ кои крстареле на Меџик/Фентази и со кои сум се спријателил. Она што Казански го збореше за американците кои не ги сака, јас углавном не ги сакам мексиканците, кинезите и канаѓаните од Квебек.

Ако не заборавам кога ќе бидам во Козумел ќе прикачам фотки да видите како си поминувам на дизниевите бродови.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
162
Поени од реакции
24

Zosto otplakjase depozit?
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
12
Поени од реакции
8
A dali moze i dali imam sansa da otidam tamu znam Angliski solidno samo nemam zapisano Fax... ??
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Rokita, depozitot beshe za nikon D90 koj go koristam za fotkanje odredeni nastani spored polisata na firmata, uniforma i 500$ koi mi bea vrateni ovaa esen. Vkupno nesho nad 1400.

Chedo bozhje bez fax, edinstven uslov e da imash nad 21 godina.

Sent from my SAMSUNG-SGH-I727
 
Falaa !!!
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Ајде малку фотки :)))

Ова е тазе, од пред неколку дена со колегите и „шефот“ Мики Маус :)

Ивнинг-офф, со колешките во ПАЛО, фенси шменси ресторанот на 12 дек.

Празнична фотка

Најбољи поклон ев’р. ремен за камера од Tokyo Disneyland

Бело студио со Надја и Ли

Со Anna, принцезата од Frozen ноќта пола саат пред официјалната премиера на филмот која беше во 00:01 часот на денот кога е светската премиера.

Скалинада

Моето чоколатце, Карен

Фоткање со гости во Шатерс на стариот Меџик

Фотографирам гости со Кралицата на срцата.

Халоуин дек парти

Ембаркејшн пред 2 години со цимерот Федерико и Ким

Castaway Cay, приватниот остров на Дизни

Главното студио на „стариот“ Дизни Меџик.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 18:53 ---

Со Пепелашка

Гуфи во неговиот Тексас костим

Капетан Џек Спероу. Тос черепот на ковчегот е Џим, тој е проколнат, не збори премногу :)

Мини со нејзиниот Њу Јорк костим. Ја зафркавав дека факелот е сладолед :))

Моето прво чоколатце на брод, Јоланда

Кру авордс :)
Ај доста е :)
 
Член од
21 август 2010
Мислења
139
Поени од реакции
210
Ве молам за совет :)
Значи вака, имам голема желба да заминам на брод, но веќе сум вработен тука во Скопје и земам плата од 250-300евра, е сега ми треба совет од вас дали вреди да дадам отказ од сегашната работа и да заминам на брод,,,,,оти знаеме со овие плати до кога може да тераме во месецот....инаку сум
22 години и работам баш за тоа што учев факултет... Инаку имам и искуство како келнер 6 години во еден Хотел..и доста добро ја работам работат како келнер.....Многу ќе ми помогнете со ваш совет...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom