Работа на брод

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.101
Со каков пасош заминуваш на Принцес?
Пиши ми за еден месец дали ќе се чувствуваш како тоалетна хартија @redbox87 ;)

Kaко и да е, мирно море, и пази се од црните ајкули, можат да ти го изедат qr-ето ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.140
Поени од реакции
12.734
Со каков пасош заминуваш на Принцес?
Пиши ми за еден месец дали ќе се чувствуваш како тоалетна хартија @redbox87 ;)

Kaко и да е, мирно море, и пази се од црните ајкули, можат да ти го изедат qr-ето ;)
Хехе, е ај сега не му стварај дополнителни тензии на човекот, доволно маки има.

Кажи му како се чувствуваше ти кога за прв пат отиде на брод и како се чувствуваше месец дена подоцна. :D
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2014
Мислења
721
Поени од реакции
694
Каква улога игра пасошот @Tonchie?
A за црните ајкули...... од каде знаеш можеби затоа одам:cool:.....што мислиш зошто баш тебе ти пуштив пп.....можеби редно време е некој да си го смени аватарот;) a можеби и сликичката со зборот ''хејтери''.....секој ден да го гледаш....може да има одредени импликации;)!
Се најдобро и од мене и спокојни пензионерски денови;)!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.101
Пасошот прашувам бидејќи колку што знам Принцес не вработуваат македонци откако група македонци направиле голема циганска работа на некој од принцес бродовите и долго време сме на црна листа за нив.
Иста е и ситуацијата и со Дизни. Јас бев на нивен брод како вработен на Имиџ.

Инаку менување аватар НЕ! Дечково на аватарот видов дека глуми у ВорКрафт филмот, ама не го мењам, има долга приказна позади овој аватар.
 
Член од
28 јуни 2014
Мислења
721
Поени од реакции
694
Најверојатно Принцес има голема потреба од работна рака + тоа ројал карибиан повеќе не вработува македонци и срби,можеби тоа е и причината Принцес повторно да вработува и тоа доста активно кандидати од земјите од поранешна СФРЈ.Како и да е добро е и за Принцес и за нас македонците.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.101
Со крстосување до пријатели од цел свет

Златко Стоилковски ги има искусено благодатите од работа на брод и вели дека ова искуство е скапоцено богатство, кое не се купува со пари

Патување низ светот, ширење пријателство, споделување искуства, учење нови култури, вкусување разни кујни, живот на отворено море, нуркање во тиркизни води, низа предизвици, добра заработка се само дел од предностите што ги нуди работата на брод. Златко Стоилковски ги има искусено благодатите од работа на брод - крстосување низ светот и вели дека ова искуство е скапоцено богатство, кое не се купува со пари. Сега каде и да оди има познајници.

- Имам пријатели од цел свет, тоа богатство не се купува со пари. Овде има голема работа сила што нонстоп ротира, многу луѓе од сите страни на светот. Најмалата класа на брод има 700 вработени, а бројката достигнува до 2.500 вработени. Колку е поголем бродот, толку е поголем тимот со кој работам. Некој ти е сосед, цимер, колега, со некој се дружиш на журка. Можеш да делиш соба со Индиец, Пакистанец, Филипинец, Американец... Секој има различна култура, навики, но тука сите сме едно, се приспособуваме, си разменуваме искуства, се дружиме. Не е битно која боја си, дали си хетеро или хомо, сите сме еднакви, нема предрасуди, расизам, тоа е најстрого. Неопходно е да се почитуваме - ни изјави Стоилковски.

Работата на бродот е поделена на неколку дела, на пример тие во кујна се кулинарска дивизија, бармените и келнерите се бар-дивизија. Сѐ е под една капа, но вака се поделени за полесно и подобро да функционираат работите.

- Јас сум во круз-дивизија. Ние сме одговорни за анимација и интеракција на гостите. Ние сме лицето на бродот, гостите комуницираат само со нас. Конкретно сум во секторот спорт, сѐ што има спортски активности. Од големината на бродот зависи колкава палета на спортски активности ќе се понуди. Најчесто има вештачка карпа, миниголф-терени, пингпонг-маси, зип-лајн, флоурајдер (симулатор за сурфање), ај-флај (симулатор за падобранство), колички на струја, циркус, трапез на кој се изведуваат акробации, кугларници, фудбал, кошарка, тобогани и други активности - вели Златко, кој работи под капата на компанијата „Ројал Карибијан“.

Тој најчесто е ангажиран на вештачката карпа и негова задача е да ги активира сите гости и да им го направи престојот забавен. Во зависност од големината на бродот, може да има од 2.000 до 6.500 гости. Најголема заинтересираност има за симулаторите за сурфање и за падобранство.

- Зависи каде пловиме, во кој дел од светот се наоѓаме, така се менува заинтересираноста на гостите за спортските активности. Еве, на пример, Американците сакаат сѐ да пробаат. Флоурајдерот им е најатрактивен. Редици се прават и тој што пробал пак застанува во ред. Никој не останува рамнодушен и доколку има и 100 килограми сака да проба. Европејците се малку скептици, се срамат, се премислуваат - додава Златко.

Неговиот работен ден почнува во 9 часот, седум дена во неделата. Крузерите на кои патува се различни - Бахами, Порторико, Кариби, Аеруба, Бонер, Големиот кањон, Канада. Иако дестинациите се повторуваат, гостите се тие што ја прават атмосферата.

- Дестинациите не здосадуваат. Секогаш може да научиш и чуеш нешто ново и покрај тоа што неколкупати веќе си бил. На Карибите цело време е лето, така што таму нонстоп работиме на спортските терени. Доколку има невреме или времето е ладно, флоурајдерот не работи, прво за да не настинеме ние, а потоа и гостите. Секој континент нуди посебни убавини. Во Европа одиш за дестинациите, еден ден си во Барселона, Кан, Пиза, Рим, Кушадаси, Атина. Европа е богата со историја, туристички е многу развиена, на кое било пристаниште да застанеш има што да видиш, чуеш, научиш. На Карибите гостите доаѓаат за сонце и плажа, да нуркаат, сурфаат... Во Австралија има и плажи и сонце, но има и кенгури и Абориџини. Азија е сосема поинаков свет, со друга историја, кујна, облека, трендови. Едноставно, како да си на друга планета. Во Америка одиш за забава на брод. Како што ќе се качат, не излегуваат од бродот седум дена, но постојано има активности. Распоредот на програмата се прави според гостите. Се мисли на деталите - вели Стоилковски.

Најдолго време на вода без копно е кога се крстосува од Европа за Америка и обратно, кога се препловува Атлантски Океан.
- Тогаш 8 дена си на море, ама се навикнуваш. Има луѓе што секој ден имаат проблеми со морска болест, но јас досега не сум имал никаков проблем. Малку се лулаш, на невреме уште повеќе се ниша бродот и имаш чувство како нонстоп да возиш скејтборд. Нѐ има фатено страшно невреме, дури и ураган кај Бермудите, но не е страшно, има стабилизатори и модерна технологија. Нормално е дека движењето или лулањето е поинтензивно. Но заштитата е на високо ниво и тој е дизајниран да преживее невреме - објаснува Златко.

Главниот мотив за тоа што го избрал ова занимање вели дека му се дружбата, патувањето, запознавањето со луѓе од цел свет, запознавањето различни култури.

- Оваа работа ти овозможува да го видиш цел свет, немаш трошоци за сместување доколку си под капата на „Ројал Карибијан“, јадењето ти е обезбедено, можеш цел месец долар да не потрошиш, а сепак да уживаш. И, секако, добро заработуваш. Во слободно време правиш што сакаш. Можеш да шеташ доколку си на пристаниште, да се дружиш, да спиеш. Има и луѓе што се вработени да ги одржуваат моралот и расположението на вработените. И постојано има програма и за нас, со турнири, натпревари, забава само за нас, квизови, ноќ за кино, „Балканска вечер“, „Џамејка парти“. Овде листата на предизвици е поголема, сѐ што сакаш овде имаш можност да го направиш. Јас би рекол дека најевтино нешто е она што се купува со пари, ова искуство не се доживува на друго место. Заработуваш и можеш да си дозволиш. Кога си веќе на тоа место не штедиш за плус уште едно искуство - раскажува Стоилковски.

На бродот има и обезбедување задолжено за ред и мир. Постојат правила и за гостите и за вработените и нема отстапки од нив, без разлика за кој гостин станува збор. Едноставно нема привилегирани. Бродот не те чека доколку задоцниш, без разлика дали си домаќин или гостин. Забранет е алкохол на спортските терени и правилата важат за сите.

- Кај нас одмор се смета доколку одиш на море или планина, додека во Америка одат на брод на одмор. Храна има секаква, хамбургери, пици, салати, вегетаријанска храна, ориз на 1.001 начин, воопшто не е проблем приспособувањето на храната. Има за сечиј вкус, а можеш да пробаш повеќе кујни - додава Златко.

Секој ден носи нешто ново. Егзотика, забава, динамика се дел од неговото секојдневие. Но гостите секогаш се на прво место.
- Интересни ситуации и убави спомени се архивираат секојдневно. Еве, прво што ми текнува е една 93-годишна баба, Корејка, која се качи на врвот на вештачката карпа, тоа беше вистинска атракција. Нејзините внуци не успеаја, таа се качи. На натпревар во брзо качување на вештачката карпа победи слепо момче. Последно што ми се случи, една жена на која ѝ дијагностицирале неизлечива болест дојде со листа на желби. Една од нив беше да ја искачи вештачката карпа. Кога успеа во својот предизвик, со солзи во очите се радуваше, сите славевме. Прекрасно чувство. Тоа се работи што не се забораваат - вели Стоилковски.

Од големата листа на познајници и пријатели низ светот има многу што чуле за Македонија, има што биле, но има и такви што немаат поим кај е Македонија.

- Најчесто нѐ знаат по Александар Македонски, се воодушевуваат кога ќе чујат дека Мајка Тереза е Македонка. Ги интересира каква држава е, какво уредување има. А повозрасните уште мислат дека сме под Југославија - ни кажа Златко.

РОЗОВИ ПЛАЖИ И НУРКАЊЕ ВО ТИРКИЗНИ ВОДИ

Од долгата листа на посетени дестинации, меѓу кои Кариби, Мексико, Африка, Европа, вели дека Канада му е најубава.

- Бархабур е гратче над Бостон и ми изгледа како дома, само што ние не излегуваме на море. Природа доминира, се случува лос да помине покрај тебе. Хелифакс, исто така познат како Нова Шкотска, е местото каде што „Титаник“ требало да пристигне. На Бермудите има еден дел каде што плажите се розови, таму е и една од најубавите плажи - Заливот на потковицата. Конзумел во Мексико е фантастично место за нуркање, со остатоци од Втората светска војна, бродови, авиони под вода, жив свет. Бонера е остров на кој можеш да видиш седум вида морски желки. Ајкули, делфини, китови ми се секојдневна глетка. На нуркање е ептен интересно, многу видови риби пловат со тебе. Само во Австралија не сум бил и тоа ми е следна посакувана дестинација - ни сподели Златко.

Ископирано од Нова Македонија
 
Член од
12 јули 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Sakam da prasam dobiv za ncl napraviv se pravev zdravstveno veke cekam dva meseci nema datum za kacuvanje potpisav samo nekakva crew data prazen list pomos
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.140
Поени од реакции
12.734
Малку поинаква логика - за на јахта, а не за на комерцијален брод за крстарење :D

What am I gonna do on a boat ?

All you do is eat and drink, so what's the point of going ? :pos:

https://youtu.be/hekw8U3SZX0?t=46m

Од 46:00 до 47:55

 
Последно уредено:
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.249
здраво на темава сум нов би сакал да прашам и сллушнам за работа на брод преку коузон дали има некој искуство со нив и дали би имал реални шанси за тоа или сето тоа е нешто друго,благодарам
 
Член од
14 јуни 2016
Мислења
4
Поени од реакции
1
Може ли некој да ми каже од каде тргнуваат преку океанските бродови дали имаат исто место од кое тргнуваат или секоја бродска компанија различно?
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
498
Поени од реакции
542
Секоја
здраво на темава сум нов би сакал да прашам и сллушнам за работа на брод преку коузон дали има некој искуство со нив и дали би имал реални шанси за тоа или сето тоа е нешто друго,благодарам
Здраво и велком, има многу искуства од други членови, врати се неколку страни поназад на темава и ќе прочиташ интересни искуства и мислења.

Може ли некој да ми каже од каде тргнуваат преку океанските бродови дали имаат исто место од кое тргнуваат или секоја бродска компанија различно?
Прекуокеанските обично тргнуваат од Мајами или Њујорк од Северна Америка, а од Европа обично од Маџеира или Копенхаген (како прв, и Довер како втор порт).
А за домашни портови се сметаат градовите каде што луѓето се укрцаваат на бродот, а тие се премногу :) И од тој домашен порт плови бродот 4/7/9... колку и да е дена, и пак се враќа назад.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.101
здраво на темава сум нов би сакал да прашам и сллушнам за работа на брод преку коузон дали има некој искуство со нив и дали би имал реални шанси за тоа или сето тоа е нешто друго,благодарам
Коузон праќа доста луѓе од земјава на брод. А за тоа дали имаш шанси или не зависи од регрутерите на бродските компании. Поточно дали ти е англискиот доволно добар, дали имаш доволно искуство во работата за која аплицираш, дали си доволно насмеан на интервјуто. Колку итно имаат потреба од персонал за позицијата на која аплицираш.... Мнооооогу фактори. Но најбитен фактор си ти, колку вредиш, колку си самоуверен, и колку си спремен далеку да одиш.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Може ли некој да ми каже од каде тргнуваат преку океанските бродови дали имаат исто место од кое тргнуваат или секоја бродска компанија различно?
Секоја бродска компанија и секој брод има различен главен порт. Тој може да се смени.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.249
Коузон праќа доста луѓе од земјава на брод. А за тоа дали имаш шанси или не зависи од регрутерите на бродските компании. Поточно дали ти е англискиот доволно добар, дали имаш доволно искуство во работата за која аплицираш, дали си доволно насмеан на интервјуто. Колку итно имаат потреба од персонал за позицијата на која аплицираш.... Мнооооогу фактори. Но најбитен фактор си ти, колку вредиш, колку си самоуверен, и колку си спремен далеку да одиш.
благодарам батец за добриот одговорот сретнав неколку познаници кој веке биле сепак сакав да слушнам некој и од тука само незнам кој позиции ги имаат и колку што разбрав имаат презентација секој вторник во 11 00....,поз до сите..[DOUBLEPOST=1468548885][/DOUBLEPOST]навистина доста интересно гледам паметни луге кој знаат да проценат,прочитав неколку страни наназад и истото што го имам слушнато го пишува и овде многу се работи и добро се зема (плата) според мене битно на крајот е да си задоволен,пробувам да влезам државна работа со години и плус вомегувреме бг пасош но никако да ми успее ова ми е последно,незнам веке што друго,,очаен сум..,,правам ли нешто погрешно или што..доста корисни информации и искуства..благодарам на сите поз...
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Zdravo sega vaka. Imam 5 gpdisna viza amerikaska b1/b2, rabotev na brod, toa e veke minato ne se vrakam na brod, Sakam dali da prasam kako odi procesot da vlezam na crno vo amerika da rabotam, nekoj veli treba da se kupi rezervacija vo hotel i povratna karta za da se pokazat na customs. DAli nekoj znae dali mozam da vlezam taka vo amerika ili treba da se pokazat drugi dokumenti mene mi velat moze da vlezes kako turist celo vreme, ISto taka sakam da prasam kako odat rabotite na crno vo amerika znam se plaka minimum wages, inaku rabotev 3 godini na brod i veke ne se vrakam na brod rabotev kelner, Ako moze nekoj da mi odgovori vi blagodaram
 

Kajgana Shop

На врв Bottom