- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
За Princes cruisersчеститки.....мислам дека е добра позиција....а на која компанија???
За Princes cruisersчеститки.....мислам дека е добра позиција....а на која компанија???
Се гледаме во некој Crew Bar! Частитки, частитки!Денес бев на интервјуто и добив работа како помошник келнер .... со една нога на бродот сум .......... уште виза да извадам и супер
Можи бе друже, има многу луѓе што одат како фотографи, е сега шо како немам појма, прашај си по агенцииве ќе ти кажат све! И убо е, многу малце се работи, лесни пари се кај фотографите!mene drugo me interesira dali postoi rabota kako fotograf i kako mozam do nea da stignam. bidejki znam kaj tatko mi idea 2ca decki demek da gi naucel osnovi na fotografija za da rabotele na brod e sea ne gi primija ama bea dupki za fotkanje pojma nemaa pa pretpostavuvam radi toa. a jas eve poise vreme se zanimavam so toa i bi sakal da otidam toa da go rabotam. ako nekoj znae povekje kako se raboti toa na brod?sto kako?
bas bi mi bilo drago da procitam fala
Економски факултет завршив на државниот Универзитет.Што факултет имаш завршено?
Еден другар е моментално на брод, само што он требаше да иде уште пред 2 години некаде долго време ги моткаа али конечно отидоа, кога и да го видам на мсн нон стоп се фали како било добро
Кажи ми кој смер го имаш завршено и на која возраст си зошто се знам со доста луѓе што имаат потреба од луѓе за работа од разни области и доста пати место они да бараат на мене ми даваат да побарам па ако може да ти се најдам во пресрет да ти помогнам.Економски факултет завршив на државниот Универзитет.
Ама во во ова држава е невозможно човек да си најде работа без оглед на квалификациите (просек, активно користење на два јазика) ако нема врски како мене. Поради тоа сум заинтересирана за овие крстарења на брод. Ако имаш некои информации сподели ги со нас кои допрва сакаме да одиме. И сакам да ги замолам сите кои веќе биле да кажат нешто повеќе. Големо Поздравче до тебе.
Кажи ми кој смер го имаш завршено и на која возраст си зошто се знам со доста луѓе што имаат потреба од луѓе за работа од разни области и доста пати место они да бараат на мене ми даваат да побарам па ако може да ти се најдам во пресрет да ти помогнам.
Инаку другаров не ми текнува во која фирма аплицираше, знам дека во едната некоја дубара изгледа им правеа зошто ги држеа едно година ипол и цело време ги мотаа дека се следниот месец ќе ги праќаат и на крај се префрли во друга фирма (нормално и парите што ги плати ги префрли во другата фирма). Кога ќе правам муабет со него следен пат ќе го прашам ќе ви кажам.
E браво бе брат, ко да сме се договориле ти да пишуваш место мене. Ептен си у право и до сега нешто најреално што го имам прочитано на Кајгана. Твоето ммислење го потврдувам со моето три годишно искуство по бродови. Така е луѓе, одете, ќе видите бел свет, кој има некој близок у Америка ќе среди да „рипне“, кој нема нека одработи некој договор и ај дома оти ќе останете за цел живот како хрчак во кафез, се во еден круг. Па ако сака некој повеќе инфо, нека пиши на ПП.Отидов јас минатата година ова време. Прошетеав Алјаска, Калифорнија и Мексико. Отидов повторно во март оваа година, но се вратив зошто толку беше. Се е тоа интересно и вреди да се отиде но повеќе од 2-3 договори тешко да се издржи. За оние кои планираат да идат знам дека во агенцијата ќе ви кажат дека е тешко и ако не сте способни да работите по 12 саати дневно да се откажете, ве лажат мнооогу е потешко од тоа, прво психичи а потоа и физички. Петиците нема да ги осеќате првите 3-4 недели, ќе лупате по лимот над вас додека лежите во кабина доколку спиете на спрат. Ќе се каете и пцуете што сте се качиле на бродот. После 2-3 месеци веќе се привикнувате, станувате дел од тоа робовладетелство и работите ги извршувате по автоматизам. Дуир и кога ќе се вратите дома ќе ви недостига бродскиот живот некој извесен период. Доколку се вратите повторно ќе се покаете на почетокот но повторно ќе се навикнете. Но доколку останете повеќе од 3-4 договори тогаш веќе сте готови. Имав другари кои работат по 20 години на брод. Едниот од нив беше бугар, ми кажуваше како со парите направил куќа во Варна, има ауди 8 и слично, но нема ни жена ни деца.. ќе се врати дома од брод месец дена и не му се седи, половина живот му поминал на брод, т.е тоа е неговиот дом. Истото он ми го збореше, "направи 2-3 договори и бегај си дома, ќе изгубиш доколку те излаже бродов, пријатели , девојка.. се ќе те заборави"
И уште нешто за на крај, доколку идете во ресторан департемндот, немојте никако да прифаќате позиции пониски од бафет стујард. Оние кои сакаат да идат во Акомодејшн департемнтод, Јутилити клинери никако! Исто така и куварите го јадат стапот, премногу!!
Барајте стаф позиции, бутици и слично, ќе имате бар некакво достоинство и ќе можете да јадете од храната за патниците, во спротивно ќе јадете го*на. Оние што биле ќе ви потврдат каква е храната за патниците горе и каква е во кру месот.
Поздрав.