28 год. Препорака за ИТ ми дадоа од Коузон кога ми го прегледаа ЦВ-то. Па тоа ми е всушност со овие позиции. Гледав за принтер нна веб страните на повеќе фирми но и тоа исто како ИТ има макс една или две позиции. Веќе аплицирав за фотолаб принтер на Принцес но нема одговор два месеци. Искрено само не ми се работи во кујна друго се би прифатил но како што гледам за сите други позиции бараат 2 години искуство, јас имам само една година севкупно во Sales и то је то инаку освен преку агенциите по своја иницијатива каде може да земам STCW обука во Скопје? Јас сум од Штип инаку тоа би било одлично. Кога побарав на гугл ми даде најблиску опција во Хрватска basic safety STCW - 440€.
Па ти си БЕБЕ
Јас на 29 години заминав прв пат на брод.
Фотолаб принтер на Принцес е речиси менаџмент позиција, треба а почнеш фотограф и да истуркаш барем еден договор на било која компанија па после да можеш да аплицираш за таа позиција, што е тешко бидејќи обично тоа иде со интерен трансфер, значи треба да си фотограф на принцес па да станеш фотолаб принтер на принцес.
Со твоето искуство, најдобро ти е да пробаш во шоп на МСЦ па од таму да направиш интерен трансфер во ИТ. Тоа ти е најдобра опција според мене.
И да повторам, одамна немам пишано, не се почнува само во кујна или хаускипинг, каде со тој памет од пред 20 години? Бродската индустрија еволуираше, соодветно и потребата за кадри, има толку широка лепеза на позиции за работа на брод. Некои се уште бараат претходно бродско искуство, меѓутоа не се само кујна и хаускипинг за почеток.