Работа на брод

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
@sankerce i @Tonchie Ви благодарам на одговорите јас сепак ке останам со двете нозе на земја :) прашањето беше поставено за решавање на дилема за синот 18 години и некој месец дали пред да оди на факултет може да замине да работи на брод сакал на позиција келнер или помошник келнер, продавач и сл. Ако добро разбрав подобро да почека и да си остане тука до 21 година :jeeee:
Уште подобро. Немора да мисли за брод. Кога веќе ќе запише факултет има можност да летне за Америка (на копно) преку факултетот и како студент да работи 3 месеца и да направи пари. Или да загрее столица, да научи Германски и да појде Германија, 8 до 10 евра е од саат :)[DOUBLEPOST=1496351923][/DOUBLEPOST]
јас носам неполн куфер натака..
2 пара кратки панталони
2 пара долги панталони
некоја кошула
5-6 маЈци
20 пара боксерки
20 пара чорапи
папуча оФкорс!
екстра патики, капи, наочари енд сличен шит по избор...

и пазарам облека додека сум таму, одам со еден куфер, се враќам со два куфера. Да ми е здрав и жив Порт Канаверал.
Ја ќе терам од Порт Канаверал (најверојатно) сега на 23-ти со Carnival Victory баш денес ми стигна гарантното. Саааааамо уште да пројдам у амбасада :D :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.863
Дали сте сретнале да се бараат масери за работа на брод и колку е платена таа позиција дечки ?
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Дали сте сретнале да се бараат масери за работа на брод и колку е платена таа позиција дечки ?
Масери/ки бараат, меѓутоа потребна е прво одредена обука која се одржува во Лондон а нашиве агенции не посредуваат за тоа. Ако си слушнал за Steiner. E тие регрутираат за обука па после посредуваат за работа на брод како масер, меѓутоа и нив ги нема како посредници во Македонија.
Инаку обуката им е околу 1200 до 1500 евра (чинам сосе патни трошоци).
И мислам дека немаат фиксна плата масерите на брод туку ги плаќаат по учинок (немам баш многу инфо, него што сум слушнал).
https://www.theonboardspa.com/page/Working-Onboard-Spas-at-Sea.aspx

Aко те интересира нешто повеќе пиши им. На сајтов имаш и точно колку чини цела процедура од А до Ш :)
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Дали сте сретнале да се бараат масери за работа на брод и колку е платена таа позиција дечки ?
Тешко за масер,Steiner e концесионер на повеќето круз компании и условите се горе долу исти, обуката е во Лондон, освен фризери и фитнес инструктори од Балканот не сум видел масер, мислам и нема, понежниот пол исклучиво, инаку таква позиција не постои, Spa Therapuist. Единствено може да одиш на некој позиција како фитнес инструктор, со тоа што продажба на суплементи и анатомски помагала и сл ти е додатен извор на приход. Единствено што видов беше машко акупунктурист во тој сегмент.
Прати порака до Штајнер, подетално ќе ти кажат сигурно и ќе ти дадат насоки.
Уште нешто важно, минимум осум месеци договор, просечно десет на брод.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.863
Масери/ки бараат, меѓутоа потребна е прво одредена обука која се одржува во Лондон а нашиве агенции не посредуваат за тоа. Ако си слушнал за Steiner. E тие регрутираат за обука па после посредуваат за работа на брод како масер, меѓутоа и нив ги нема како посредници во Македонија.
Инаку обуката им е околу 1200 до 1500 евра (чинам сосе патни трошоци).
И мислам дека немаат фиксна плата масерите на брод туку ги плаќаат по учинок (немам баш многу инфо, него што сум слушнал).
https://www.theonboardspa.com/page/Working-Onboard-Spas-at-Sea.aspx

Aко те интересира нешто повеќе пиши им. На сајтов имаш и точно колку чини цела процедура од А до Ш :)
Фала многу :)[DOUBLEPOST=1496672197][/DOUBLEPOST]
Тешко за масер,Steiner e концесионер на повеќето круз компании и условите се горе долу исти, обуката е во Лондон, освен фризери и фитнес инструктори од Балканот не сум видел масер, мислам и нема, понежниот пол исклучиво, инаку таква позиција не постои, Spa Therapuist. Единствено може да одиш на некој позиција како фитнес инструктор, со тоа што продажба на суплементи и анатомски помагала и сл ти е додатен извор на приход. Единствено што видов беше машко акупунктурист во тој сегмент.
Прати порака до Штајнер, подетално ќе ти кажат сигурно и ќе ти дадат насоки.
Уште нешто важно, минимум осум месеци договор, просечно десет на брод.
Фала ти (y)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
@sankerce, @Klin

Има ли некоја аутсорсинг компанија за информатичари на брод ?

А овие Штајнер што нудат обука за масери, даваат работа и на копно, или само на брод ?
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
@sankerce, @Klin

Има ли некоја аутсорсинг компанија за информатичари на брод ?

А овие Штајнер што нудат обука за масери, даваат работа и на копно, или само на брод ?
За ИТ незнам искрено, да не те излажам. Штајнер од кога ќе завршиш со обуката ти посредуваат за брод, меѓутоа ти даваат и сертификат со кој најверојатно можеш и на копно да работиш. Е сеа дали посредуваат и за работа на копно не сум сигурен, али на брод испраќаат. Во секој случај колку имам истражувано за Штајнер се работи за бааги сериозна компанија и позната така да и само сертификат да земеш ти вреди и на копно и на брод.[DOUBLEPOST=1496698433][/DOUBLEPOST]Инаку ова за Штајнер имам истражувано јер, девојка ми сакаше да работи тоа меѓутим кога увидовме колку кешариц треба од обука па дури да се качиш на брод...остана само на истражување по нет :)
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.455
Инаку ова за Штајнер имам истражувано јер, девојка ми сакаше да работи тоа меѓутим кога увидовме колку кешариц треба од обука па дури да се качиш на брод...остана само на истражување по нет :)
Колку испадна на крај?

Јас кога заминував 2011/2012 се на се ми испадна нешто под 1500 долари до качување, а со камера и униформа и депозит ми отидоа уште 1500 долари. Од тие пари жими депозитот што ми го вратија кога забранија на компаниите да задржуваат депозит од своите вработени и камерата што ми собира прашина у соба бидејќи после тоа купив уште една и оваа ја чувам демек бекап камера (првава не фокусираше прецизно у ресторан).
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Колку испадна на крај?

Јас кога заминував 2011/2012 се на се ми испадна нешто под 1500 долари до качување, а со камера и униформа и депозит ми отидоа уште 1500 долари. Од тие пари жими депозитот што ми го вратија кога забранија на компаниите да задржуваат депозит од своите вработени и камерата што ми собира прашина у соба бидејќи после тоа купив уште една и оваа ја чувам демек бекап камера (првава не фокусираше прецизно у ресторан).
Па у еври 1200 1300 се на се обуката и патот, толку колку шо пишува и на сајтот чинам без јадење/пиење, ами апликацијата за брод, карта авионска дрн дрн натака трошоци до качување на брод...
Јас пак поминав бааги полесно, 1100 евра се на се за карта,лекарско и виза + 200 за секој случај ќе земам и тие шо ќе ми ги вратат од визата таман ќе се :)
Него кажи ми првиов месец првите 2 недели ќе платат или тоа после еден месец како иде? И како се вадат пари, виза миза нешо даваат или друга картица за во банкомат за вадење плата? :D
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
@sankerce, @Klin

Има ли некоја аутсорсинг компанија за информатичари на брод ?

А овие Штајнер што нудат обука за масери, даваат работа и на копно, или само на брод ?
Нема колку што знам, мал оддел се а имаат доста обврски, под мал подразбирам неколкумина. Бараат меѓународни сертификати и сл за работа во овој оддел, Cisco мрежи и телефонија се употребава на бродот, Windows/Microsoft сертификати, плус треба уште нешто за Shipsintranet... добра позиција, добро платена и сл. Junior IT Officer е називот на позицијата од IT Dept.

Него кажи ми првиов месец првите 2 недели ќе платат или тоа после еден месец како иде? И како се вадат пари, виза миза нешо даваат или друга картица за во банкомат за вадење плата? :D
Имаш банкомати на бродот каде вадиш пари без провизија, 24/7/365, до 12 мај оваа година беше JP Morgan сега Carnival се префрли на Morgan Chase, иста корпорација е сепак, картиците се доделуваат на бродот после ориентационен тренинг, кога од HR човечки ресурси/кадровско ке поминете тој основен тренинг пополнување формулари и сл одите кај Pay Master за средување на платите и сметките, имаш tipping и non tipping positions, према тоа која си зависи и кога како исплата, пошто има разлика во CPG ;) е сега за визата е битен баркодот од апликацијата и оригиналниот формулар. Ориентационен тренинг ќе трае некое време скоро секој ден че има обуки куп, зависност од позицијата еден куп сертификати ќе собереш, и обавезно е PCT обука/тест Personal Competency Test/Vessel ова се однесува на сега по ново ERP Emergency Response Plan и која позиција ја имаш ти во тој план...station bill и добиваш Emergency Card, јуниор менаџмент што ти е супервизор е задолжен како нов вработен за запозанавање со пловило и сл фактички како водич, непосреден супервизор. После тек ова ќе ти текне на плата и сл, освен ако пушиш за цигари и за бар за екипаж, ако имаш гостински привилегии може кафе да плаќаш од кофи шоп, др не ми текнува.
Имаш Carnival look book, библија на компанијата, во секоја кабина има еден примерок, тоа ти е како треба да изгледаш однесуваш на должност, после должност, рано ти е за платада мислиш, не знам која позиција си. Ке ти летне времето како играчка.
Гледак ако планираш да останеш да имаш добри еваулации и да не добиеш corrective performance record прв договор, се зависи од тебе, слушај го најстрогиот супервизор и се ќе биде во ред, друг свет е, за некој таму таа работа е се, така да пази се ;) нишо страшно ако одиш по правила, а и имаш медицински преглед додатен таму, покрај овој од тука. Ќе се случат куп работи.
Страшни не се сигурно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Нема колку што знам, мал оддел се а имаат доста обврски, под мал подразбирам неколкумина. Бараат меѓународни сертификати и сл за работа во овој оддел, Cisco мрежи и телефонија се употребава на бродот, Windows/Microsoft сертификати, плус треба уште нешто за Shipsintranet... добра позиција, добро платена и сл. Junior IT Officer е називот на позицијата од IT Dept.

...
Баш сега кога ги спомна Карнивал, пред малку побарав на Интернет и открив дека баш лани, поточно во декември 2016, Карнивал одлучиле да ги префрлат сите 200 информатичари кои им работеле во канцелариите, односно на копно, во аутсорсинг компанија со седиште во Франција, но во пракса станува збор за индиска компанија = ситна боранија за плата. Можеби тоа објаснува зошто на веб сајтот на нивниот Карнивал колеџ не нудат обука за информатичари.

Како сол на раната, им наредиле на вработените кои наскоро ќе останат без работа - освен ако веќе останале без работа - да ги обучат Индијците кои ќе им ги завземат работните места.

Carnival to Outsource IT Jobs to India?

Carnival Cruise Line forces fired employees to train foreign replacements – reports
 
Ова јас се што пишувам ти е исклучиво Shipboard, onboard, значи на брод. Ова неам појма во Miami HQ што и како се дешава.
Јас сум поминал Карнивал колеџ, и не е така страшно, мали групи се и тренерите се менаџери и сениор офицери исто тие се фаќа, со обично големо исксутво во одделите од кои доаѓаат.За ИТ колеџот ќе биде воглавно on the job training ради ептен мали групи.
Ти бараш Shore IT или Shipboard IT? Голема разлика, од брод ако се покажеш може на копно во HQ да завршиш, ама јака конкуренција има.За мн добра пара. Е сега не знаев дека крателе ресурси таму на копно, како и да е тркни до Мајоми ќе ти објаснат сигурно кој од тука (ХРВ евентуално) има врска со тој оддел. За директно тешко од кај нас во овој оддел.
 
Знам дека пишуваш за работните позиции на брод и токму за тие и прашував.

Поентата со Карнивал ми беше - ако почнале да ги префрлуваат работните позиции на копно на странски компании, можеби ќе почнат истото да го прават и со работните позиции на брод.

Како и да е, многу ти благодарам за одговорот.
 
Нема зошто, инаку како се движи ИТ технологијата и таму може само да се зголемува само бр на Shipboard IT Dept. Гарантирано.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.455
Сите големи корпорацииво Америка го прават истото. Во приближно исто време и Дизни го направи истото за Волт Дизни Ворлд со тоа што ги донесе индијците у америка да работат за дупло помала плата отколку што ги плаќале американците. На претходните вработени им било кажано дека ако сакаат да добијат рекомендејшн летер треба да ги обучат индијциве да ги заменат, па дури тогаш ќе добијат рекомендејшн летер, инаку ништо.
Ме мрзи да барам линкови.

@Dexter26 никогаш нема да имаш допир со брод освен кога ќе си уплатиш самиот крстарење па да бидеш на брод како гостин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom