Работа, каде?

Bi rabotel ama kade?

  • Isklucivo vo Skopje

    Гласови: 10 9,4%
  • Vo Makedonija, za 10.000 den

    Гласови: 6 5,7%
  • Vo EU

    Гласови: 16 15,1%
  • Vo Kanada, Afrika, Avstralija

    Гласови: 8 7,5%
  • Bilo kade nad 500 EUR

    Гласови: 29 27,4%
  • Bilo kade samo da zemam plata

    Гласови: 10 9,4%
  • Bi si otvoril svoja firma i bi pravel pari

    Гласови: 27 25,5%

  • Вкупно гласачи
    106
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Некогаш и јас работев за 100€ па ја издржував фамилијата, знаеш ли како велат: Сиромав човек жив ѓавол :helou:
Се гледа дека си партиски обоен, демек кога ќе дојде СДСМ ќе биде подобро, шипинки ќе биде подобро :pos2:
Кад се мора Атом ент, кад се мора... ама некогаш имаше и многу помали трошоци...оние за кои сега сметаме дека не можеме без нив или кои се стварно потребни (кабелска, мобилен, лцд, најјакиот компјутер, обавезно интернет конекција, по можност флет...). Апетитите се поголеми, затоа и спомнав со 12.000 тешко се искача на крај. Башка електрика, здравство, лекарства, образование (сите овие се неколкукратно зголемени во однос на тоа поранешно време). Грубо, до кај 2000 г. се можеше, а после потешко. А за кирија...тие што доаѓаат Скопје бараат во најскапите делови од градот, јбг, таму нема за 100 евра. И така :)
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Што к*р јас имам со СДСМ? Јас сега земам супер плата,за наши услови. А изгледа ти ќе да си вмровче,епа те сваќам тогаш...Ептен ни е супер во државава сите сме среќни и со многу пари,трудот наш најмногу се цени(а не партиската книшка и лижењето г..ви). Уште сто години нека тера вака,минимум.
Епа што плачеш тогаш ако земаш супер плата за наши услови?Што сакаш повеќе?Биди среќен ја би ја прифатил таа плата со раширени раце :)
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Кад се мора Атом ент, кад се мора... ама некогаш имаше и многу помали трошоци...оние за кои сега сметаме дека не можеме без нив или кои се стварно потребни (кабелска, мобилен, лцд, најјакиот компјутер, обавезно интернет конекција, по можност флет...). Апетитите се поголеми, затоа и спомнав со 12.000 тешко се искача на крај. Башка електрика, здравство, лекарства, образование (сите овие се неколкукратно зголемени во однос на тоа поранешно време). Грубо, до кај 2000 г. се можеше, а после потешко. А за кирија...тие што доаѓаат Скопје бараат во најскапите делови од градот, јбг, таму нема за 100 евра. И така :)
Потполно се сложувам со твојот пост ама медалот има две страни?
Стави се во кожа на оние отпуштени стечајни работници кои на стари години останале на улица а се знае стар вол само за на кланица е :) така да тие луѓе се приморани да работат и за 100€ и тоа ако ги примат некаде?
Ако малце сме успеале во животот не значи дека треба да заборавиме кои сме биле и како сме почнале?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ептен ни е супер во државава сите сме среќни и со многу пари,трудот
Ако земаш супер плата и треба да си задоволен. Ако пак гледаш дека има сиромаштија...има и гладни во светот, нели.
Стави се во кожа на оние отпуштени стечајни работници кои на стари години
Доста од тие луѓе се испоразболеа. Оние кои можеа, се снајдоа (со своја земја, на поле). Одреден број се пензионираа...Тие што не успеаја да се снајдат, за нив беше пекол па не ни помислуваа на оние ствари што ги споменав, ниту на одмори или коли...доста од нив како последица од тоа и починаа. Да, тој период, сакале нејќеле (мижеле или не) сеуште носи голем социјален, културен и воопшто... товар врз населението.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Ако си доволно добар во работата која што ја работиш платата ќе си расте аналогно со стажот кој го имаш.За да напредуваш во работата треба да се посветиш на тоа што го работиш,а не ти треба грб(освен во државните претпијатија).
Види батка пратеницити и министерите претежно од нив се школувани начитани луѓе со високи вредонсти па се таму каде што се сега.Претседателот Иванов(каков таков) е универзитетски професор.Види ја неговата кариера ќе ти стане појасно кој е и што е.

Роб не е никој на никој во ова општество.Ако несакаш да работиш за плата помала од 500 евра не работи незнам што да ти кажам.Не ти дошло на тебе до работа па затоа збориш дека дома ќе си седел и од социјално ќе живееш.Незнам кој ти е крив на тебе,или ти стварно имаш некој гоолем проблем.Сите ние кои што работиме за помала плата од тие фамозни 500 евра сакаме да имаме повисока плата и подобра работа.Јбг и јас така си викам ама немам што да правам и работам.Е баш ние што црнчиме некогаш може ќе имаме голема плата и ќе напредуваме,а ти сигурно нема доколку седиш дома и плачеш по форуми.Не работиш,мислам дека спомна дека имаш деца,плачеш по форуми,плукаш по се живо ти си ништо повише од обичен плачко...Имам другари познаници кои работат,баш црнчат за помали пари и од 200 евра,ама барем заработуваат за нив колку толку не зависат од родителите на кои исто така не им е се убаво.

Ако продолжиш со вакво размислување никаде нема да стигнеш.
Претежно во нашава држава сите се школувани и наќитани,ама ретко на кого му е наградено школото и трудот кој го вложуваат.Ќе го земам само примерот на докторите(колку земаат а колку се начитани).

Прочитај ги погоре моите постови,далеку од тоа дека плачам,само реално ги гледам работите за разлика од некој вас тука!

eee decki decki citam i neznam so da kazam. site kaj nas sakat vraboti se i opaaa plata kola sluzbena mobilen. nema toa ja bi rabotel i za 200evra ako imam potencijalni moznosti da odam napred od toa mesto. mora da se pocne od nekade nema vie ko so sakate diplomata da vi vredi 500evra mesecno pokazi se deka te biva bidi bolji od drugite trudi se i nekoj sigurno ke cue za tebe i koa ke mu trebas ke te zeme i trudot ke ti bide soodvetno platen

Кој да те види? Шефот на партијата? Единствен труд кој што се цени во нашава држава е трудот кој го даваш за партијата!
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Претежно во нашава држава сите се школувани и наќитани,ама ретко на кого му е наградено школото и трудот кој го вложуваат.Ќе го земам само примерот на докторите(колку земаат а колку се начитани).

Прочитај ги погоре моите постови,далеку од тоа дека плачам,само реално ги гледам работите за разлика од некој вас тука!

Па добро на сите ни е јасно дека платите во Македонија се мали,многу ниски за било што да направиш.Ете ти земаш добра плата што е супер за тебе.А да те прашам нешто,еве ние што земаме просечна плата од да кажеме 12 000ден. кај приватњак што треба да правиме да напуштиме зашто не вреди да се работи за толку ниска плата.И ние ги гледаме работите реално ама тоа е сега за сега нема излез од овој герис.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Па добро на сите ни е јасно дека платите во Македонија се мали,многу ниски за било што да направиш.Ете ти земаш добра плата што е супер за тебе.А да те прашам нешто,еве ние што земаме просечна плата од да кажеме 12 000ден. кај приватњак што треба да правиме да напуштиме зашто не вреди да се работи за толку ниска плата.И ние ги гледаме работите реално ама тоа е сега за сега нема излез од овој герис.
Додека така размислуваш никогаш напред нема да одиш.Некогаш ќе треба и заби да покажеш во животот,а не само да викаме добро е,може и полошо.За се има излез. Плата 12000? Кажи ми само колку те кошта одењето на работа и да каснеш нешто додека работиш? 150 ден. минимум? Тоа се 4000 ден месечно. Значи работиш за 8000-9000. Вреди ли? Кога ќе ги извадиш парите што си ги дал за школување,а кога нешто ќе заработиш?
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Додека така размислуваш никогаш напред нема да одиш.Некогаш ќе треба и заби да покажеш во животот,а не само да викаме добро е,може и полошо.За се има излез. Плата 12000? Кажи ми само колку те кошта одењето на работа и да каснеш нешто додека работиш? 150 ден. минимум? Тоа се 4000 ден месечно. Значи работиш за 8000-9000. Вреди ли? Кога ќе ги извадиш парите што си ги дал за школување,а кога нешто ќе заработиш?
Моментално сум невработен инаку еве отворено ќе кажам работев за 12 000 денари плата,а и студирам вонредно.Барам работа,аплицирав на солидно работно место па ќе видиме што како ќе испадне.

Branko sk збориме за плата 12 000 денари без високо образование ,значи со средно за тие пари.Инаку нема некој со завршен факултет што зема плата 12 000,сите се со поголеми плати.
 
Со среќа нека ти е! А има многу со високо што земаат и помалку од 12000,од 6000 до 9000. Прашај ги жените што работат по 10 саати во конфекциите низ државава.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Додека така размислуваш никогаш напред нема да одиш.Некогаш ќе треба и заби да покажеш во животот,а не само да викаме добро е,може и полошо.За се има излез. Плата 12000? Кажи ми само колку те кошта одењето на работа и да каснеш нешто додека работиш? 150 ден. минимум? Тоа се 4000 ден месечно. Значи работиш за 8000-9000. Вреди ли? Кога ќе ги извадиш парите што си ги дал за школување,а кога нешто ќе заработиш?
Парите за школување и воопшто парите што ги вложуваш во нешто не значи дека мора за 6 месеци ли година да ги вратиш. Некогаш треба повеќе вложување и труд, али сето тоа за подолг период се враќа.
Ќе почне со 12000 ќе му се зголеми платата за некој месец или ќе најде подобро работно место си има искуство и потоа се со текот на времето се враќа, ако вреди.

Со среќа нека ти е! А има многу со високо што земаат и помалку од 12000,од 6000 до 9000. Прашај ги жените што работат по 10 саати во конфекциите низ државава.
99% oд жените што работат во конфекции имаат високо образование?
Што мешаш баби и жаби.

И пиша некаде дека си гледал реално.
Ти ги преценуваш работите. Ти се си, само не реален. Ако беше реален немаше сите да те цитираат и да имаат спротивни мислења од твоите.
Може ти си имал среќа во животот и имаш работа со одлична плата која и на почетокот ти била висока, но разгледај околу тебе луѓето молат за леб и за 200 евра плата, сеедно дали биле со диплома или без.
Малку се тие што би седеле дома и не би работеле и за 8000 нека се. Секој сака да заработи, да однесе дома па и 100 денари на ден, да ги израдува децата ако треба и со бонбонче, некои ќе работат и по 2 работи на ден, некои по 10 саати во фабрика, а некои се толку себични и нарцисоидни што мислат дека вредат премногу па ќе седат дома и ќе бараат 100 денари од мама и тато за да одат на кафе на кеј и да зборат со другарите дека сакаат работа со плата од најмалку 500 евра.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Инаку нема некој со завршен факултет што зема плата 12 000,сите се со поголеми плати.
Стварно??Јас познавам неколку што се невработени,а имаат завршено факс.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Парите за школување и воопшто парите што ги вложуваш во нешто не значи дека мора за 6 месеци ли година да ги вратиш. Некогаш треба повеќе вложување и труд, али сето тоа за подолг период се враќа.
Ќе почне со 12000 ќе му се зголеми платата за некој месец или ќе најде подобро работно место си има искуство и потоа се со текот на времето се враќа, ако вреди.

99% oд жените што работат во конфекции имаат високо образование?
Што мешаш баби и жаби.

И пиша некаде дека си гледал реално.
Ти ги преценуваш работите. Ти се си, само не реален. Ако беше реален немаше сите да те цитираат и да имаат спротивни мислења од твоите.
Може ти си имал среќа во животот и имаш работа со одлична плата која и на почетокот ти била висока, но разгледај околу тебе луѓето молат за леб и за 200 евра плата, сеедно дали биле со диплома или без.
Малку се тие што би седеле дома и не би работеле и за 8000 нека се. Секој сака да заработи, да однесе дома па и 100 денари на ден, да ги израдува децата ако треба и со бонбонче, некои ќе работат и по 2 работи на ден, некои по 10 саати во фабрика, а некои се толку себични и нарцисоидни што мислат дека вредат премногу па ќе седат дома и ќе бараат 100 денари од мама и тато за да одат на кафе на кеј и да зборат со другарите дека сакаат работа со плата од најмалку 500 евра.
Ако имаш партиска книшка ќе напредуваш...99% не се 100%. Значи има и такви што се со високо.А не знам што би ти значеле 8000 кога ќе си отидеш дома а пак фрижидерот празен,струјата и телефнот исклучени,носиш стара гардероба... А во меѓу време додека си на работа,мажот ти се швалерише или пијанчи некаде,а најстрашно децата ти станале наркомани,курви,пијандури... Зошто таков ризик? За мочани 8000-18000. Не,фала! Тоа е мојот став,ама сепак го ценам твоето мислење. А 100 ден нема никогаш да барам од родителите,ќе си седам дома и ќе гледам во таванот ако немам(сум го прошол и тоа)!
 
R

Reve0ke

Гостин

Ај да се нафатиме дека не е се по партиска книшка.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Стварно??Јас познавам неколку што се невработени,а имаат завршено факс.
Да точно е дека има мнооогу невработени со факултетска диплома.Сакав да кажам дека се вработи некој со факултет на работно место кое е платено 200 евра ќе зема поголема плата од стандардната:smir:
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Работев прв месец за без пари политика на фирма.Од втор месец почнуваш со 7 000 плус да плаќам карта од 1500.Работава е осум саата,секоја втора недела еден ден одмор и прва година не ме следува никаков одмор.За да дојдам до 10 000 за време од година и пол.Работев работно местото што беше предвидено за пет вработени за на крај од 4 души да останам сам.Бидејќи не му чуеше на газдата да донесе помош напуштив надевајќи се на подобро.Сеа со прст во уста два месеца сум без е.ен денар.Да не зборам какви психички тортури имавме сите вработени па не мобинг не знам што да е тоа.Многу нешта ми смрдат.И каква душа имаат овие газди,не знам колку поста од религии да читам на форумов и колку цркви да се градат не верувам во приказната дека има христијанско нешто помеѓу нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom