Работа, каде?

Bi rabotel ama kade?

  • Isklucivo vo Skopje

    Гласови: 10 9,4%
  • Vo Makedonija, za 10.000 den

    Гласови: 6 5,7%
  • Vo EU

    Гласови: 16 15,1%
  • Vo Kanada, Afrika, Avstralija

    Гласови: 8 7,5%
  • Bilo kade nad 500 EUR

    Гласови: 29 27,4%
  • Bilo kade samo da zemam plata

    Гласови: 10 9,4%
  • Bi si otvoril svoja firma i bi pravel pari

    Гласови: 27 25,5%

  • Вкупно гласачи
    106
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Бранко ти можеш да „јадеш камења“,но децата неможат.Во случај сопругата да не работи,а ти останеш дома,без помош од родителите,сеуште нема да работиш под 500 евра?
Ти кажав,нема да работам.Ќе се пријавиме со женами во завод и паќ ќе земеме100-150 евра или па би правеле деца,а Грујо ќе ни плаќа за тоа:vozbud:.Истите оние пари за кои што би одел да црнчам кај некој "газда".Ај размисли дали вреди по цел ден да не ги гледаш децата,да не знаеш што прават за никакви 200-300 евра(кои нема ништо да ти сменат во животот).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Да беа под завод 100/150 евра никој немаше да им рмба за исти пари.Под завод е 1500 денари до 2000.А додека ги направиш три,двете треба млеко да пијат :)
Затоа ти реков,зависи во какви услови живееш,толку за старт посакуваш.Скромен човек секогаш оди нагоре.Јес вреди да се цениме,но постепено ќе дојдеме до успехот.Ако сите легнеме на тоа уво под 500 евра чевли не валкам,камени мост место ќе нема од просјаци :)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Абе сите јадат бурек нема да работат под 500 евра во Скопјево бла бла, зашто се млади и мислат дека ако имаат факултетска диплома светот им е на дланка и сите треба да ги ценат и се сметаат за многу амбициозни, ако не ги ценат ете ги мама и тато и ќе ги издржуваат и не работат за мала плата. Ама исти такви ко нив има уште илјадници.
Баш тие ќе работат за 100 па 200 па ќе им зголемат на 300 евра па ќе стекнат искуство и може еден ден и над 500 евра ќе зимаат. Мрчаторите ќе седат дома и ќе дрдорат колку се разочарани и ќе бараат работа со директна плата од 500 евра.
На крај едните ќе имаат огромно работно искуство и ќе им ја зголемуваат платата, а другите за да го прехранат семејството зашто мораат ги нема веќе мама и тато ќе работат ако треба и за 100 евра, ќе црнчарат.

Кој неќе 500 евра почетна плата? Сите сакаат. Ама кај нас не се цени работната сила. Па така да ако некој сака да живее во Македонијава нека се навикне на тоа. И нека се бори за себе и потоа за своето семејство па нека почне и од нула и од волонтерство ако е потребно.
Најинтересно е што сите сакаат да си отидат од државава и розево го гледаат светот, ама ако во Македонија со 15000 си шеташ си уживаш, таму за поголема плата и ужасно високи трошоци ќе црнчариш и ќе се чуствуваш ко роб.

Секој со својата среќа и својот памет, ама луѓево денес се преценуваат дефинитивно! Сакаат од нула да скокнат на највисоко. Е нема освен ако не си од оние 5% што се синчиња и ќерки на богаташи па ќе ги заменат мама и тато. Али останате 95% се исти ко вас и тие бараат 500 евра почетна плата, ама некои знаат дека нема, другите ... некогаш ќе дознаат.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Да беа под завод 100/150 евра никој немаше да им рмба за исти пари.Под завод е 1500 денари до 2000.А додека ги направиш три,двете треба млеко да пијат :)
Затоа ти реков,зависи во какви услови живееш,толку за старт посакуваш.Скромен човек секогаш оди нагоре.Јес вреди да се цениме,но постепено ќе дојдеме до успехот.Ако сите легнеме на тоа уво под 500 евра чевли не валкам,камени мост место ќе нема од просјаци :)
Па не реков дека одма сите треба директори и шевови да станеме и сите по 1000 евра минумум да земаме.Мене ми е зборот дека само треба да си го цениме трудот и квалитетите.И подобро просјак ќе бидам него роб.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Читам и се смеам, колку некои летаат, ако не му била 500€ платата нема да работил :pos::pos::pos::pos:
Гледајте вака на работите: Имате желба да си купите кола, прво ќе купите некое сокапано Фиќо или Пегличка, потоа ќе го продадете и ќе купите Лада или Југо, ќе продадете и ќе купите Голф 2 или Опел Вектра, пак продавате и ќе купите Голф 5 или Пежо 407...
Работите одат полека а не одма да скокате и да се преценувате дека можете и знаете се, мисли ли некој дека ќе добие веднаш плата од 500€ без никакво искуство?
Барајте работа со која ќе вадите некоја пара и преку која ќе запознавате луѓе, секое ново познанство е за вас нова информација и можно ново и подобро работно место, скалесто се успева во животот.
Некој сега ќе каже: Што ни соли овој памет ама треба прво искуство да собирате а другото си доаѓа само по себе...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па не реков дека одма сите треба директори и шевови да станеме и сите по 1000 евра минумум да земаме.Мене ми е зборот дека само треба да си го цениме трудот и квалитетите.И подобро просјак ќе бидам него роб.
Го цениме,секој го цени својот труд.Но секој треба да знае дека секаде се почнува од нула.А таа нула во Скопје е 200/300евра.Ако не ти с качи платата за три месеци значи си се преценил.
Овој муабет не важи за врскаши и партиски глувци:smir:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Читам и се смеам, колку некои летаат, ако не му била 500€ платата нема да работил :pos::pos::pos::pos:
Гледајте вака на работите: Имате желба да си купите кола, прво ќе купите некое сокапано Фиќо или Пегличка, потоа ќе го продадете и ќе купите Лада или Југо, ќе продадете и ќе купите Голф 2 или Опел Вектра, пак продавате и ќе купите Голф 5 или Пежо 407...
Работите одат полека а не одма да скокате и да се преценувате дека можете и знаете се, мисли ли некој дека ќе добие веднаш плата од 500€ без никакво искуство?
Барајте работа со која ќе вадите некоја пара и преку која ќе запознавате луѓе, секое ново познанство е за вас нова информација и можно ново и подобро работно место, скалесто се успева во животот.
Некој сега ќе каже: Што ни соли овој памет ама треба прво искуство да собирате а другото си доаѓа само по себе...
Како мислиш да купиш голф 5,или пежо 407 со 200-300 евра.А за да напредуваш во работата треба или да имаш јак грб или ептен среќа.Ретко кој денес ги цени твоите квалитети. А ќе те прашам какво искуство имаат пратениците и министрите кога ќе ги назначат и одма земаат минимум по 1000-1500 евра плата? И да забегам малку,какво искуство има Иванов за предстедател да ни биде?
Тоа ми е целиот муабет,кај нас се изместени вредностите,ама јас нема на никого роб да му бидам.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Како мислиш да купиш голф 5,или пежо 407 со 200-300 евра.А за да напредуваш во работата треба или да имаш јак грб или ептен среќа.Ретко кој денес ги цени твоите квалитети. А ќе те прашам какво искуство имаат пратениците и министрите кога ќе ги назначат и одма земаат минимум по 1000-1500 евра плата? И да забегам малку,какво искуство има Иванов за предстедател да ни биде?
Тоа ми е целиот муабет,кај нас се изместени вредностите,ама јас нема на никого роб да му бидам.
Јас размислувам вака: Ќе работам и за 100€ за да ја прехранам фамилијата, ако се договорам со газдата да ме плаќа 100€ и истите тие пари редовно ми ги дава јас ќе бидам задоволен.
Што се случува кај нас, многу од таканаречените газди кога разговараш со нив за работа ти кажуваат некои суми од кои ти веднаш ќе се заинтересираш и веднаш ја прифаќаш работата а притоа не знаејќи дека газдата нема намера да ти плати а ти ќе бидеш главен батка во маало и ќе се фалиш дека земаш плата 500€ кои никогаш нема да ги видиш?!
ПОДОБРО ВРАПЧЕ ВО РАКА ОДКОЛКУ ГУЛАБ НА ГРАНКА!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Нели рече дека си?
Не рече дека работиш во приватна фирма и земаш преку 500евреи? Без разлика колку земаш сепак 8 саати си роб на некој начин.
Или твоја е фирмата?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.181
Со оглед на тоа дека во државните институции се влегува само со книшка обоена според моменталната боја што е во тренд, а додека во приватните фирми има лимит.....
Ова важи и за други осим државните. Пример банките и проектните единици, странски мисии, поголеми фирми (каде се високи платите, а истовремено доста се апсорбира високообразована работна сила, посебно во Скопје) исто има случаи (не сите значи, но има) врз основ или на врски или на лица кои ќе те повлечат или ... :) во секој случај се работи за неслучајно вработување. Посебно во банките има доста вакви случаи-таму се и парите и платите.
Хм, кога ќе размисли човек, без некои врски само у текстилна фабрика, пиљара, бурекџилница...такви места. За друго, повеќе платено и со саглам работно време и регулирани работни права... (овде го изземам бизнисот во ит сектор, информатика, софтвер... Тоа мислам дека е поспецифична област)

Инаку кирија Скопје е од стотина евра (во х услови) па нагоре, плус доста високи трошоци па за живеачка со погореспоменатите примања е голем знак прашалник.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Јас размислувам вака: Ќе работам и за 100€ за да ја прехранам фамилијата, ако се договорам со газдата да ме плаќа 100€ и истите тие пари редовно ми ги дава јас ќе бидам задоволен.
Што се случува кај нас, многу од таканаречените газди кога разговараш со нив за работа ти кажуваат некои суми од кои ти веднаш ќе се заинтересираш и веднаш ја прифаќаш работата а притоа не знаејќи дека газдата нема намера да ти плати а ти ќе бидеш главен батка во маало и ќе се фалиш дека земаш плата 500€ кои никогаш нема да ги видиш?!
ПОДОБРО ВРАПЧЕ ВО РАКА ОДКОЛКУ ГУЛАБ НА ГРАНКА!
Малечко си уште,не разбираш.Што ќе прехраниш за 100 евра? Рипчињата во аквариумот?

Нели рече дека си?
Не рече дека работиш во приватна фирма и земаш преку 500евреи? Без разлика колку земаш сепак 8 саати си роб на некој начин.
Или твоја е фирмата?
Не е моја,вработен сум.А роб не сум,знам за што работам.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Малечко си уште,не разбираш.Што ќе прехраниш за 100 евра? Рипчињата во аквариумот?
Некогаш и јас работев за 100€ па ја издржував фамилијата, знаеш ли како велат: Сиромав човек жив ѓавол :helou:
Се гледа дека си партиски обоен, демек кога ќе дојде СДСМ ќе биде подобро, шипинки ќе биде подобро :pos2:
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Како мислиш да купиш голф 5,или пежо 407 со 200-300 евра.А за да напредуваш во работата треба или да имаш јак грб или ептен среќа.Ретко кој денес ги цени твоите квалитети. А ќе те прашам какво искуство имаат пратениците и министрите кога ќе ги назначат и одма земаат минимум по 1000-1500 евра плата? И да забегам малку,какво искуство има Иванов за предстедател да ни биде?
Тоа ми е целиот муабет,кај нас се изместени вредностите,ама јас нема на никого роб да му бидам.
Ако си доволно добар во работата која што ја работиш платата ќе си расте аналогно со стажот кој го имаш.За да напредуваш во работата треба да се посветиш на тоа што го работиш,а не ти треба грб(освен во државните претпијатија).
Види батка пратеницити и министерите претежно од нив се школувани начитани луѓе со високи вредонсти па се таму каде што се сега.Претседателот Иванов(каков таков) е универзитетски професор.Види ја неговата кариера ќе ти стане појасно кој е и што е.

Роб не е никој на никој во ова општество.Ако несакаш да работиш за плата помала од 500 евра не работи незнам што да ти кажам.Не ти дошло на тебе до работа па затоа збориш дека дома ќе си седел и од социјално ќе живееш.Незнам кој ти е крив на тебе,или ти стварно имаш некој гоолем проблем.Сите ние кои што работиме за помала плата од тие фамозни 500 евра сакаме да имаме повисока плата и подобра работа.Јбг и јас така си викам ама немам што да правам и работам.Е баш ние што црнчиме некогаш може ќе имаме голема плата и ќе напредуваме,а ти сигурно нема доколку седиш дома и плачеш по форуми.Не работиш,мислам дека спомна дека имаш деца,плачеш по форуми,плукаш по се живо ти си ништо повише од обичен плачко...Имам другари познаници кои работат,баш црнчат за помали пари и од 200 евра,ама барем заработуваат за нив колку толку не зависат од родителите на кои исто така не им е се убаво.

Ако продолжиш со вакво размислување никаде нема да стигнеш.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
Некогаш и јас работев за 100€ па ја издржував фамилијата, знаеш ли како велат: Сиромав човек жив ѓавол :helou:
Се гледа дека си партиски обоен, демек кога ќе дојде СДСМ ќе биде подобро, шипинки ќе биде подобро :pos2:
Што к*р јас имам со СДСМ? Јас сега земам супер плата,за наши услови. А изгледа ти ќе да си вмровче,епа те сваќам тогаш...Ептен ни е супер во државава сите сме среќни и со многу пари,трудот наш најмногу се цени(а не партиската книшка и лижењето г..ви). Уште сто години нека тера вака,минимум.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
eee decki decki citam i neznam so da kazam. site kaj nas sakat vraboti se i opaaa plata kola sluzbena mobilen. nema toa ja bi rabotel i za 200evra ako imam potencijalni moznosti da odam napred od toa mesto. mora da se pocne od nekade nema vie ko so sakate diplomata da vi vredi 500evra mesecno pokazi se deka te biva bidi bolji od drugite trudi se i nekoj sigurno ke cue za tebe i koa ke mu trebas ke te zeme i trudot ke ti bide soodvetno platen
 
Kajgana Shop

На врв Bottom