Сум заинтересиран за работа за во лето за во германија. Со германски стојам така така, не сум баш нај нај со конверзација, постдипломец сум али не барам првава година работа со струката туку барам 3 месеци било што, колку што е можно повеќе часа и потешка со цел да вратам повеќе кеш. Ме интересира кога ви го прават интервјуто дали прашуваат нешто комплицирано или чисто онака муабет за претставување и преку која агенција да барам или на кој друг начин ако не преку агенција?
Ако си навистина заинтересиран да одиш да работиш, мој совет е што побрзо да се запишеш на некој курс и интензивно да го учиш јазикот.
Во агенциите е баш она муабет за претставување, ако видат дека има потенцијал во тебе ти предложуваат некој интензивен курс, е сега ако си ептен дупка да незнаеш гутен таг да изгоровиш, тогаш заеби оваа работа
За интервјуто се спремав со сестрами (која има завршено германски јазик и работи како преведувач) со доста интензивни часови и кога дојде денот Д бев прилично спремен, но само за некое си основно ниво на комуникација. Ги запаметив нејзините зборови кога ми велеше дека сега што го учиме ќе биде многу подруго во Германија, сега и да не се разбереме никому ништо а исто така тука зборуваме литературно и полека, а таму кога ќе ти почнат со дијалекти, брзо зборење и слично дека ептен ќе биде тешко за снаоѓање. А до некаде така и испадна, значи не е само проблем работата (бев во кујна Мкдоналдс), имаш и други активности, најпрво на аеродромот кога те прашуваат што како каде, потоа отварање сметка во банка, па вадење санитарна книшка (10 минути го слушав тој докторот и разбрав само дека не треба да работам со неизмиени раце
), пријавување во соодветни институции дека престојуваш во Германија, па ми стигна и писмо од служба за странци и морав да одам на интервју за да ја утврдат целта на престојот, потоа секојдневни ситуации на улица, во воз/автобус, во продавници/трговски центри (пример еднаш дојде еден дечко, почна нешто да збори јас мислев дека ми нуди помош при разгледувањето и му реков неин данке и после 2-3 минути дојде колегата негов и ми вика We are closing..
).
Инаку јас одев преку Контекст, има и некои други агенции што посредуваат, а има и опција сам да си ги средиш документите и да ги испратиш во ZAV (Агенцијата за вработување на странци).
Што и да те интересира, слободно прашувај тука или во пп, вака ако продолжам да објаснувам ќе му нема крај на постов.