Пукање во школо во Белград

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.254
Поени од реакции
30.529
Сега па во Загреб 15 годишен ученик влегол со нож во основно училиште во училница со првооделенци. Едно дете починало, а имало и неколку повредени.

Не може, а да не се запрашаме ние како возрасни единки, како е можно да се случуваат вакви ужасни настани, во училиштата, кои треба да бидат места на безбедност, учење и поддршка на децата. Очигледно е дека длабоките проблеми кои доведуваат до вакви девијантни појави, не се решаваат со текот на времето и дека колку повеќе го игнорираме ова, толку само ќе продолжат да се повторуваат ваквите случувања.
Ние нашиот проблем со оружени ученици го игнорираме цел живот, па сеа за хрватска и србија се чудиме :coffee:
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.549
После Најческа и другите невладини организации ќе се бунат зошто родителите ја бојкотираа наставата во скопските училишта поради насилното дете.За вакви насилни деца треба да се преземат навреме воспитни мерки.А не да се проповедаат некои мантри за човекови права а после ко ќе се десат вакви немили настани се чудиме како општество шо не снашло.Исто важи и за тие хулиганите во Капиштец.Шом едно општество не реагира на време после е касно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
Ние нашиот проблем со оружени ученици го игнорираме цел живот, па сеа за хрватска и србија се чудиме :coffee:
Баш така. Во училиште каде блиска личност е наставник лани Ром, 4 или 5 одделение се заканувал со нож во училиштето. Кога му го зеле ножот и ги викнале родителите на советување, цела фамилија ко племе се накотила во школото и уште им рекле на наставниците - па што ако носи нож, тој не прободел некого. :tapp:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.073
Поени од реакции
5.715

И претпоставувам дека истото дете си продолжи на училиште без никаков проблем..И утре истото тоа ќе прободи некој и сите ќе викаат и прашуваат како се деси ова????
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
И претпоставувам дека истото дете си продолжи на училиште без никаков проблем..И утре истото тоа ќе прободи некој и сите ќе викаат и прашуваат како се деси ова????
Нормално, ништо не можат да им направат.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Баш така. Во училиште каде блиска личност е наставник лани Ром, 4 или 5 одделение се заканувал со нож во училиштето. Кога му го зеле ножот и ги викнале родителите на советување, цела фамилија ко племе се накотила во школото и уште им рекле на наставниците - па што ако носи нож, тој не прободел некого. :tapp:
А што очекуваш од луѓе кои немаат завршено основно образование? Очигледно дека не ги сфаќаат последиците. Тоа е и клучното на темава. Има многу родители кои наместо да си ги превоспитаат децата да не се однесуваат насилно, им прават полошо со тоа што ги ставаат под закрила. И така се игнорираат сите тие предупредувачки знаци и не се препознава сериозноста на девијантнито однесување на младите, а потоа, кога настанува проблем, се прави минимализација, па и оправдување на насилното или агресивно однесување.

Но, за жал ова не е само индивидуален проблем на ученикот или семејството, туку е системски проблем што бара комплексно решение и драконски измени во начинот на кој што се воспитуваат и образуваат децата.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.073
Поени од реакции
5.715
Нормално, ништо не можат да им направат.
Затоа уште долго ќе бидеме комедија од држава. И вака кога ќе размислиш како имаме се оставено на случајноста и непреземање ниту одговорност ниту чекори за подобрување на ситуацијата, човек да си речи ќути какви се трагедии не одбегнуваат....
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.848
Поени од реакции
40.458
Да не се правиме сите слепи и глупи, не дека ние сме растеле во многу безбедна средина. Истото важи и за нашите родители кои растеле во "беспрекорниот" југословенски систем, татко ми за неколку луѓе што ги знам, што он учел со нив ми има кажано дека носеле ножеви во школо. Како и во тоа време, така и пред 10-15 години имаше деца што носеа ножеви во школо. Јас се сеќавам кога бев средно имаше некое дете избрцано со нож во ГУЦ, една недела школото беше затворено. Оние КЦ на времето сите носеа ножеви, и ден денешен сум сигурен дека скоро сите шиптaри носат ножеви во школо. Тоа што не се случуваат вакви работи почесто е чиста среќа, ама да не се праиме дека одеднаш светот станал лошо место за живеење. Од секогаш си бил.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.549
А што очекуваш од луѓе кои немаат завршено основно образование? Очигледно дека не ги сфаќаат последиците. Тоа е и клучното на темава. Има многу родители кои наместо да си ги превоспитаат децата да не се однесуваат насилно, им прават полошо со тоа што ги ставаат под закрила. И така се игнорираат сите тие предупредувачки знаци и не се препознава сериозноста на девијантнито однесување на младите, а потоа, кога настанува проблем, се прави минимализација, па и оправдување на насилното или агресивно однесување.

Но, за жал ова не е само индивидуален проблем на ученикот или семејството, туку е системски проблем што бара комплексно решение и драконски измени во начинот на кој што се воспитуваат и образуваат децата.
А мислиш овие шо имаат завршено високо образование се подобри?Ако таткото на насилно дете е професор на факултет, директор или пратеник мислиш дека ќе смее некој да реагира?Во судството сите се високообразовани личности а најголемете малверзации ги прават.Секоја чест на исклучоците.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.107
Поени од реакции
11.574
Да не се правиме сите слепи и глупи, не дека ние сме растеле во многу безбедна средина. Истото важи и за нашите родители кои растеле во "беспрекорниот" југословенски систем, татко ми за неколку луѓе што ги знам, што он учел со нив ми има кажано дека носеле ножеви во школо. Како и во тоа време, така и пред 10-15 години имаше деца што носеа ножеви во школо. Јас се сеќавам кога бев средно имаше некое дете избрцано со нож во ГУЦ, една недела школото беше затворено. Оние КЦ на времето сите носеа ножеви, и ден денешен сум сигурен дека скоро сите шиптaри носат ножеви во школо. Тоа што не се случуваат вакви работи почесто е чиста среќа, ама да не се праиме дека одеднаш светот станал лошо место за живеење. Од секогаш си бил.
Разликата тогаш од наставник до директор преку педагог имаше страв и трепет и без многу дискусии уште од мали нозе таквите деца ќе имаа обид да се превоспитаат.

Штом ќе пораснеа малку поголеми и полиција ќе ги „превоспитуваше„ се до 18 години кога системот ќе ги збрчеше во затвор на пар години и толку беше од нив.

Денес наставник не смее да помисли да му пререче, џандар не смее да удри а родителите уште и залет им даваат на своите деца со тоа што ги штитат на штета на другите во околината. Во тоа е разликата
 
И покрај сето ова они пак носеле. Чиста случајност и среќа е што тие денови никој не ги нервирал па да напраат масакар. Ножеви се носеле во школо и ќе се носат, не е ова од вчера па сеа ние како изненадени сме нешто.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.073
Поени од реакции
5.715
Да не се правиме сите слепи и глупи, не дека ние сме растеле во многу безбедна средина. Истото важи и за нашите родители кои растеле во "беспрекорниот" југословенски систем, татко ми за неколку луѓе што ги знам, што он учел со нив ми има кажано дека носеле ножеви во школо. Како и во тоа време, така и пред 10-15 години имаше деца што носеа ножеви во школо. Јас се сеќавам кога бев средно имаше некое дете избрцано со нож во ГУЦ, една недела школото беше затворено. Оние КЦ на времето сите носеа ножеви, и ден денешен сум сигурен дека скоро сите шиптaри носат ножеви во школо. Тоа што не се случуваат вакви работи почесто е чиста среќа, ама да не се праиме дека одеднаш светот станал лошо место за живеење. Од секогаш си бил.
Да, точно растевме со ножој околу нас, ама кај нас во средно, се ваѓаа ножеви ама се пулеа 30 пати околу себе пред да го извадат за да се направат повеќе „мажи“ пред чупињата и толку...Сега се мафтаат ножеви по училници и одмори, и им е гајле на денешнава младина дали ќе ги види наставник, или некој друг авторитет. Авторитетите поточно тие што треба да бидат тоа, го изгубија авторитетот, нема страв повеќе, бидејќи ако им свика некој а не дај Господ да добија шамарчина на истите тие мажиња, веднаш идат тато и мама на кавга со наставникот и професорот и кој е тој да им го тепа детето, оти нивното дете е најубаво, најмирно, најодлично и најпослушно од сите...Ние како мали ако јадевме ќотек од наставникот, дома се криевме да не дознаат, зошто и дома ќе добијаш уште толку ќотек независно дали си бил тепан на правдина или не од наставникот. Шамарчичите гратис одеа, не те прашва никој дали си виновен или не...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
родителите уште и залет им даваат на своите деца со тоа што ги штитат на штета на другите во околината.
Најголемиот проблем лежи тука. Вината е најмногу во родителите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom