Едноставно ќе бидам директна и ќе ти кажам не станува збор за мое мислење туку не си во право.
Повеќето западни земји се далеку пред нас во алкохолизам, ние не сме ни во топ 10.
Во западот онлифенс е многу многу поприфатено и нормализирано. Проституцијата па одамна е нормализирана. Не само тоа, отворени бракови, полигамни шо ти знам е честа работа. Значи во големите европски градови педери јавно се шетаат по миничи и мрежести проѕирни маици, а има и онакви што се облекуваат ко мачки кучиња шо ти знам.
На запад имаш зомбиња на улици од дроги кои ние не сме ги ни слушнале.
Е само во пушење цигари можат да ни се фатат.
Во секое општество ги има пороците, ги има и кај нас за жал. Би сакала да се искоренети, но човекот е грешен и тоа нема никогаш да ги снема.
Ама да не се правиме зорле први во се лошо кога едноставно не е така.
Eдноставно ќе бидам директен и ќе ти кажам дека не ми беше муабетот статистички да се докажуваме пошто на милион и пол народ споредбено со 40 милиони колку што би имала Италија или друга рандом „Западна“ земја (Германија ги има 80 и кусур) сигурно многу повеќе будали ќе најдиш во западната кои предничат во однос на глупостите споредбено со „затуцаните Балканци“ - како што сакаш ваљда да не претставиш т.е. затуцани е погрешна споредба, безгрешни според тебе би било соодветниот (и)збор.
Спиј на тоа уво дека
кај нас проституцијата ја нема оти не е во излог како во Аместердам или дека пола Велес/Битола не шмрка и/или не дува оти не е легализирано.
Сакаш да ја најдеме експлицитно и на тацна во тетовските и гостиварските села (па и по Скопје) кај што влегуваш си плаќаш и тераш ќеиф или во секоја втора фирма каде рандом Трајанка се дупи со рандом Славе, а и двајцата се дома со фамилии. Ќе мижиме и на тој факт?
Ако не знаеш за кај вас дојди слободно БТ ќе поседиме едно утро кај овие што земаат
метадонска терапија да видиме колку се на број или ќе скокниме до Баир навечер да видиш шо се дешава, а ако и на своите очи не му верваш ете како голем верник ќе те однесам Бигорски па нека ти кажат таму „калуѓерите“ колку од нив се бивши зависници и од каде потекнуваат, пола и јаче се од БТ и околијата.
За Онлифенс ене ја таа прилепчанката со IQ колку собна сијалица, сигурен сум не го дели твоето мислење (плус не е единствена), а воопшто за Јавни соби и останато видовме и дотаму кај сме стигнале и колку каскаме зад западот.
Доколку имаше систем и држава да се позанимава кој сè е член на таква јавна соба ќе летаа глави наоколу и од еден куп фамилијарни луѓе шо ги знаеме, башка тој шо ја креира сам е фамилијарен човек.
Колку тоа ти говори за едно болно и длабоко навлезено во офсајд општество?
Така да, ако животот околу тебе го гледаш со розеви очила извини шо јас како човек „во години“ мислам дека
Западот не е цвеќе за мирисање ама и кај нас дека ѓаволот ја однел шегата и тоа одамна. Да одамна, нема веќе генерации кои држат до себе или кои имаат добро домашно воспитување, па ти како сакаш.
Е сега кај нас „не знаеле толку врсти на дроги“, аха океј. Аргумент на место.
Не знам дали да се смеам на ова или да плачам, најискрено ти зборам.
Друга работа,
кој во Македонија реално ти зборува за семејно насилство? Кој истото го пријавува или алкохолизмот како таков, колку друштва или здруженија знаеш во МКД кои активно помагаат и се ангажирани околу таа целна група (макар и невладини биле)?
На запад, за разлика оттука, барем може некоја реална или блиску до реалноста бројка да извадат бидејќи луѓе пријавуваат ако се злоставувани
пошто знаат дека системот ќе ги заштити,
овде ако пријавиш најверојатно насилникот дома уште толку ќе те прекрши од мавање. Случаи такви, особено со полициски службеници има колку сакаш. Никој процисуиран и расветлен.
На запад имаш релевантни бројки за алкохоличари пошто луѓе бараат помош за нивните најблиски, тука кажи ми институција или група на луѓе
која во доволен број е застапена за воопшто да ги регистрира сите зависници од алкохол, а камоли да им помогне.
Крај краева, ако си до крај директна и искрена нема да збораш од инает колку да победиш во дискусија туку ќе признаеш дека околу тебе во пошироко или потесно семејство има барем еден алкохоличар, да не одам во понатамошни примери оти ќе те навредам (а верувај тоа не ми е целта) т
уку само да ти предочам дека во МКД имаме навика да замижуваме на проблемите и да ги туркаме под чергиче.
Тоа продуцира семејно насилство уште толку (нерегистрирано), тоа продуцира алкохолизам, продуцира зависници, продуцира невервства во брак како тоа да е добро утро и крај краева продуцира нездрава средина во која се раѓаат и излегуваат на површина потиснатите психички состојби на луѓе како Палчо, на неговите соработници кои убиле старец од Велес и киднапирале и убиле дете *(
замисли и тоа семејни луѓе, со свои деца), на луѓе како тие другите „деца“ во Велес или Велешко ли беше што силуваа девојче (за што имаше по ТВ јавно објавено дека се осудени), за тоа дека таквите системот ги изгубил уште од почеток во раните години дома пошто родителите не си ја завршиле работата, а потоа им ја запечатил судбината на училиште каде не влегла да предава Дарлинг со просек од факултет туку рандом ороспија шо оди со минич на училиште и си ги драпа цицките на сред час. Сигурно истата не го добила работното место по принципот заслуга, туку по принципот зини да ти кажам.
За партиски вработувања не ни давам примери, излишно е.
Таков некој правилно ќе ти воспита дете?
Дали сме цвеќиња за мирисање? Не сме.
Дали сме во доволен број за да го засениме статистички „Западот“?
- Не сме, не ни се регистрираат кај нас сите тие работи соодветно, односно воопшто.
Дали ќе се смени нешто на подобро? Не знам Дарлинг али ако ти е згодно да си во право во дискусија биди, само твоето опкружување и сечие друго говори нешто десетто.
И не ти измислив топла вода со муабетот туку само ти го посочив очигледното, дека ерозијата во општествата и декаденцијата е до тоа ниво стигната што нема назад. Барем не за долги години пред нас, за нашиот животен век.
Ти мисли поинаку, слободно, дали и колку тоа соодвествува со реалноста е друг муабет. Дај Боже да не е така, но за жал во целост е.