Па еве ја сум во пубертет
Зимата бев цело време нервозна, оценките ми беа катастрофа, се карав со моите по цел ден, имаше од нивна страна многу забрани, казни, многу ”трубења”, со другарките само се карав, со пола клас се испокарав, со никој жив не правев муабет, никој не ми чинеше, сите беа ”прости” за мене, седев пред компјутер ко будала некоја, ”закачена” на мирц со мисла дека подобри другари ми се овие од на мирц, отколку другите, се додека еден ден не се зафркнав многу убаво, коа запознав ”некој” и проба да ми го заебе цел живот.
И уште сеа се чудам како се спасив од сето тоа.
Еден ден ме огреа сонце и сфатив дека животот е многу убав, дека може се да се поправи, дека поубаво е да почнам пак да се дружам со сите, да ги поправам оценките, да си праам муабет со моите, да шетам, да видам свет, а не да седам пред компјутер по цел ден.
Сега си седам со моите многу често, со праиме муабет за се, си шетам со нив, нивното друштво навистина ми годи, иако некои ќе речат како можеш да седиш во друштво со мајка ти, или татко ти, не ти се досадни?
Си најдов другарки кои потполно ме разбираат, си праиме муабет до доцна, си праиме заедно пижама парти и такви глупости, затоа што тоа е дел од детството.
Си праиме филмчиња, овој ме погледна вака, овој ме сака, ја сакам некој друг, па си праиме филмови за првиот бакнеж, на кој, каков му бил, со кого.
Животот е многу убав кога си опкружен од личности кои те сакаат и ги сакаш.