Психопатија - Дали голем процент од луѓето се психопати ?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Види како што ми има кажано мојот покоен комшија (се самоуби):

" Добро бе ! Или јас сум луд или сите вие сте луди !!! "

Јас мислам дека е второто а ние си мислиме дека ние сме лудите.
Можеби е и тоа што велиш, интересна работа е онаа:
во царството на слепците, едноокиот владее, а оние со обете очи се прогонувани!

Сега, се поставува прашањето на дефинирањето.

Дали толпата, масата, онаа со психологија на овца, кои како слепци следат некој безумник, се вистинските психопати, а вистинските свесници се оние подложните на прогон поради реалните, вистински, но и различни ставови кои го носат напредокот?!

Се прашувам, во денешницава, кои се вистинските лудаци!

Коперник бил прогонуван, а денес е славен и почитуван, Галилео такуѓере!

Но, со надеж сум дека сеуште малиот процент на свесни, се свесни и со доволно кураж да ги продолжат битките за природен прогрес, напредок и зачекорување, исчекорување нанапред, нема да потклекнат и покрај секојдневните осуди и напади од страна на безумната широка маса на обезличени, несвесни, лудаци и психопати кои следат едноок, расипан безумник.

И не говорам за Македонија, говорам општо, во оваа наша денешница и сфера на битисување каде навистина се поставува прашањето за платоновата пештера, одблеското и игрите на сенките на ѕидот кои ја прикажуваат илузијата на постоењето дали тие кои ќе успеат да се завртат и ја видат свелтината и согледаат вистината се психопатите поради желбата таа вистина и вистински пат да им го предочат на залудените или психопатите се оние кои не сакаат да поверуваат дека има друга вистина освен онаа прикажаната преку сенките со наметнатиот превез од страна на оние кои со вистината не можат да се соочат и самите стваат превез на едното око?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726

Аха, додади и безчуствителни помножи со бесовесни квадрирај со мелахонични и ладнокрвни и ќе дојдеш до вистинскиот резултат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Можеби е и тоа што велиш, интересна работа е онаа:
во царството на слепците, едноокиот владее, а оние со обете очи се прогонувани!

Сега, се поставува прашањето на дефинирањето.
Мнозинството одлучува што е нормално а што не, човек и да биде нормален опшеството ако пресуди дека не е завршена работа.

Се сеќавам на една случка кога на еден човек му извадија муабет дека е педер, и што да прави викнал некоја каменарка и платил за да и ја масира градата пред другите еве бе не сум педер :icon_lol:.

Маркиз Де Сад бил луд лујка ама тоа не го прави помал писател отколку што секој поединечно ќе процени дека е, се е прашање на мислење, а мнозинството од мислењата креирааат реалност иако таа реалност може и да не биде реална......
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се прашувам, во денешницава, кои се вистинските лудаци!
Јас мислам дека сите во себе имаме нешто лудачко во нас т.е. сите сме лудаци сами по себе. Долга и широка моја теорија...

Мнозинството одлучува што е нормално а што не, човек и да биде нормален опшеството ако пресуди дека не е завршена работа.
Замисли си дека си во некоја ментална установа (киднапиран) и несакајќи се наоѓаш во ќелија со 5 сериски убијци т.е. психопати, и те сечкаат на парчиња и после те засадуваат во цреп!

Тогаш мнозинството е во право бидејќи не ги делиш истите интереси со нив ?
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Можеби е и тоа што велиш, интересна работа е онаа:
во царството на слепците, едноокиот владее, а оние со обете очи се прогонувани!

Сега, се поставува прашањето на дефинирањето.

1Дали толпата, масата, онаа со психологија на овца, кои како слепци следат некој безумник, се вистинските психопати, 2а вистинските свесници се оние подложните на прогон поради реалните, вистински, но и различни ставови кои го носат напредокот?!

Се прашувам, во денешницава, кои се вистинските лудаци!

Коперник бил прогонуван, а денес е славен и почитуван, Галилео такуѓере!

Но, со надеж сум дека сеуште малиот процент на свесни, се свесни и со доволно кураж да ги продолжат битките за природен прогрес, напредок и зачекорување, исчекорување нанапред, нема да потклекнат и покрај секојдневните осуди и напади од страна на безумната широка маса на обезличени, несвесни, лудаци и психопати кои следат едноок, расипан безумник.

И не говорам за Македонија, говорам општо, во оваа наша денешница и сфера на битисување каде навистина се поставува прашањето за платоновата пештера, одблеското и игрите на сенките на ѕидот кои ја прикажуваат илузијата на постоењето дали тие кои ќе успеат да се завртат и ја видат свелтината и согледаат вистината се психопатите поради желбата таа вистина и вистински пат да им го предочат на залудените или психопатите се оние кои не сакаат да поверуваат дека има друга вистина освен онаа прикажаната преку сенките со наметнатиот превез од страна на оние кои со вистината не можат да се соочат и самите стваат превез на едното око?
И едните и другите ги зафркнало времето т.е. и првите и вторите се пред времето. Вторите се пред, а несреќно се ставени назад, а првите се за назад, а несреќно се ставени напред. Хроничарите на времето полемизираат кој е психопатот во зависност од финансиерот на хрониката. Реалноста за кој е кој, ја дознаваат исто такви, но во друго време, а пак за нив дознаваат, други во некое друго време итн...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Чекај или е хендикеп или е болест сега не ми е јасно затоа што во првиот пост пишуваш луѓе кои што боледуваат.
Ако е хендикеп кој што може и вроден да биде како е психопатот хендикепиран, ако е болест која е органската причина за таа болест?
Бидејќи го преведував текстот, реков уште на почетокот дека можеби негде има и пропусти. Во првиот пост боледува сум го употребила само на едно место. Значи психопатијата е ментално пореметување, хендикеп кој што е најверојатно вроден, но сигурно е неизлечив. Затоа и побарав стручно мислење.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
има има психопати и тоа во голем број ги има кај нас у државава... незнаете какви луѓе држи оваа земја...:nesum:
А оваа информација ја имаш од каде?

Се изначитав куп [вметни ненавредлив збор] коментари како тоа сите се психопати.

Многу јасно дека секој ќе се пронајде во некоја од подточките, ама разликата кај нив и вас е тоа што кај нив таа карактеристика е многу поизразена.
На скала од 1 до 10, кај вас е да речеме 2-3 а кај нив 9-10.
И не тресете дека сите се психопати пошо не сте остручени за да ги видите симптомите, а не нешо друго.
Заклучоци на празно.

И не, не се голем процент на луѓе психопати.
Постојат девијантни однесувања (во тоа спаѓа и пушењето патем), ама за да наречеш некој психопат, треба повеќе од девијантно однесување.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А оваа информација ја имаш од каде?

Се изначитав куп [вметни ненавредлив збор] коментари како тоа сите се психопати.

Многу јасно дека секој ќе се пронајде во некоја од подточките, ама разликата кај нив и вас е тоа што кај нив таа карактеристика е многу поизразена.
На скала од 1 до 10, кај вас е да речеме 2-3 а кај нив 9-10.
И не тресете дека сите се психопати пошо не сте остручени за да ги видите симптомите, а не нешо друго.
Заклучоци на празно.

И не, не се голем процент на луѓе психопати.
Постојат девијантни однесувања (во тоа спаѓа и пушењето патем), ама за да наречеш некој психопат, треба повеќе од девијантно однесување.
Кое пушење е девијантно?
На цигари или во секс?

Кој одлучува што е девијантно однесување и што е тоа "повеќе од девијантно" однесување?

Се разбира, за да можеме да дефинираме психопат!

Инаку, јас сеуште стојам на мојот став дека психопат сум бидејќи се злопатам за вистини, без одглед на последиците по себе си.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263

По мене девијантно може само да биде загрозување на животот (и физички и ментален аспект) на другиот под присила.
Пошто сме многу актуелни со забраната за пушење, девијантно би било да врзам некого и да му дувам дим од цигара у фаца. Кога не би бил присилно принуден да ме трпи би ме отшетал за една секунда.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
По мене девијантно може само да биде загрозување на животот (и физички и ментален аспект) на другиот под присила.
Пошто сме многу актуелни со забраната за пушење, девијантно би било да врзам некого и да му дувам дим од цигара у фаца. Кога не би бил присилно принуден да ме трпи би ме отшетал за една секунда.
Се сложувам, девијантно е тоа, но дали е психопатски? Да, во овој контекст се разбира дека е!

Но кој одлучува за тоа дали е психопат оној кој има поразличен поглед на нештата од толпата, а сепак никому зло не чини туку сам си тера по таа своја линија и начин на живот?

Quis custodiet ipse custodians е валидно и тука! Кој е главниот арбитер во општеството? Елем, масата овци, едноокиот или прогледаните?

П.С. Значи за цигари говоревме?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Сите што не размислуваат како мене ги сметам за умствено инфериорни,психопати и ретардоси.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Овците што мислат дека прогледале се главниот арбитер тука :icon_lol:.
Тие се нареккуваат ЛУЃЕ, останатите остануваат да бидат исцибрени неуки инфериорни игнорамуси доколку не сакаат да ја согледаат вистината!

Сите што не размислуваат како мене ги сметам за умствено инфериорни,психопати и ретардоси.
И јас, доколку немаат валиден аргумент, поткрепен со соодветна анализа, дискусија и факти, но.....кој суди за тоа дали ти со тој однос си психопат или не?
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
И јас, доколку немаат валиден аргумент, поткрепен со соодветна анализа, дискусија и факти, но.....кој суди за тоа дали ти со тој однос си психопат или не?
Ваљда постојат професионалци кои умеат да дијагностицираат ментално нарушување на поединец врз основа на нанесена штета на друго лице.
Останатите етикети на народот дека некој е психопат е само тресење произволни оценки од ракав.

Добро би било некој постручен на темава да објасни поим, видови, манифестации на психопатско однесување и сл.

За цигари збориме Гаро на секоја тема и во секое време, дури и кога не ги спомнуваме. Мака, ќе дојдеш, ќе видиш. :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кое пушење е девијантно?
На цигари или во секс?

Кој одлучува што е девијантно однесување и што е тоа "повеќе од девијантно" однесување?

Се разбира, за да можеме да дефинираме психопат!

Инаку, јас сеуште стојам на мојот став дека психопат сум бидејќи се злопатам за вистини, без одглед на последиците по себе си.
Clever.веѓа
Цигари секако.

Одлучуваат стручни луѓе како психијатри и психолози што се смета за девијација, а кога таа девијација е енормна-вероватно се смета за психопатско однесување.
Не сум сеуште дипломирана и не се осудувам многу да зборам за вакви деликатни теми.

Сепак можам да заклучам дека не си психопат зашто тебе всушност те допира мислењето на другите за тебе, егоцентричен си и немаш екстремно чудна смисла за хумор.
Имаш емоции, и не би сецирал човек зашо ти е досадно.
:wink:

По мене девијантно може само да биде загрозување на животот (и физички и ментален аспект) на другиот под присила.
Пошто сме многу актуелни со забраната за пушење, девијантно би било да врзам некого и да му дувам дим од цигара у фаца. Кога не би бил присилно принуден да ме трпи би ме отшетал за една секунда.
Девијација е тоа што ти воопшто пушиш.
Со оглед на тоа што ги знаеш последиците, тоа некако би значело дека не си го сакаш животот, дека намерно се повредуваш и сл.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Девијација е тоа што ти воопшто пушиш.
Со оглед на тоа што ги знаеш последиците, тоа некако би значело дека не си го сакаш животот, дека намерно се повредуваш и сл.
Аха, и ја имам категорија со оглед на девијацијата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom