- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Пред неколку денови ми стигна на мејл интересен текст за психопатија и нејзините симптоми кај луѓето. Одкако завршив со читање, дојдов до заклучок дека 90 % од луѓето што ги познавам се психопати, односно поседуваат симптоми :icon_eek: Сакам да слушнам и ваше мислење, уште подобро ако може стручно..
Текстот го преведов на македонски од српски, така што ќе ми извините на некои пропусти
Психопатијата е комплексно и многу интересно ментално пореметување. Најчесто луѓето под тој поим поздразбираат погрешни работи како на пример - луѓето кои се емоционално негативни се сметаат за една врста на психопати, меѓутоа не мора да значи. Психопатот е всушност сосем различна биолошка врста од луѓето. Тие немаат чувства, не чувствуваат емпатија, ниту имаат совест. Народски кажано тоа се луѓе без душа. Генерално, една од главните психопатски особини е опсесивната потреба за наметнување на свои идеи, ставови и илузии на другите, со цел да бидат контролирани. Инаку психопатите се многу интелегентни и знаат за својата "супериорност" спрема останатите. Немаат чувства, но затоа пак знаат добро да ги одглумат и имаат изразена способност за манипулирање. Најчесто тежнеат да бидат владетели, па затоа можеби често ги има во политиката. Психопатите не се објективни, не бараат патишта, ниту пак среќа. Она што нив ги прави различни од нас е нивната празна дупка во психата, каде што би требало да се наоѓаат едни од најразвиените човечки, хумани карактеристики. Психопатите не можат да се излечат, затоа што тоа е ментален хендикеп, но затоа пак луѓето може да се трансформираат и да придобијат психопатски особини, особено ако тие им се наметнуваат како друштвено прифатливи.
Веќе долго време се промовира преку медиумите психопатизација на човештвото. Таа се обидува да се прикаже како нормално друштвено однесување, за да психопатите, што помалку бодат во очи и нивните постапки да се сметаат како сосем нормални и логични, иако во суштина тие се потполно нехумани и покварени.
Листа за проверување на психопати:
*Напомена - присуството на некои од особините кај човекот што се наведени во листава, не значи дека автоматски самиот човек пати од ова ментално пореметување. Докторите користат бодување, во смисла на присуството и степенот на изразување на особините, па крајниот резултат индицира дали некој боледува од психопатија или не.
1. Слаткоречивост и површински шарм
- Кај овие луѓе постои тенденција постојано да бидат милозвучни и префинети, привлечни и шармантни со мазен и течен говор. Никогаш не им застанува "кнедла во грло". Но шарм психопатите во ниеден случај не чувствуваат траги од срам, самосвест и не покажуваат страв од ништо. Тие се ослободени од социјални правила на однесување, како на пример во говорот, односно земање зборови, кога на друг ќе му дојде ред.
2. Огромно самољубие
- Претерано надуен поглед на своите способности со претерана самодоверба, силна тврдоглавост, самоувереност и фалење. Психопатите се арогатни луѓе кои веруваат дека се супериорни во однос на останатите.
3. Потреба за стимулација и склоност кон досада
- Претерана потреба за нови, необични и возбудливи искуства, стимуланси кои се полни со возбуда - сакаат да ризикуваат и затоа се склони на впуштање во ризични работи. Психопатите имаат лоша само-дисциплина во извршувањето на задачите во целост, затоа што брзо им станува здодевно. На пример не се подготвени за една работа да ја вршат долго време, или да ги вршат задачите кои ги сметаат за глупави или рутина.
4. Патолошко лажење
- Може да биде умерено или претерано. Ако е во умерена форма тие ќе бидат лукави, итри, подли, мистериозни и бистри. Во екстремна форма тие се измамници, лажговци, агресивни, бескруполозни, манипулативни и нечесни.
5. Измама и манипулација
- Се служат со измами, склони се на секаков вид измама и злоупотреба на другите, се со цел да добијат лична корист. За разлика од точка 4, степенот тука на злоупотреба е многу поголем, во однос на суровоста, експлоатацијата, бесчуствителноста и немилосрдноста. Овие психопати имаат недостиг на почитување на чувствата и страдањата на своите жртви.
6. Недостаток на каење или чувство на вина
- Немање чувства без разлика за каква загуба се работи или за болката и страдањата на другите. Тие се рамнодушни, непристрасни, ладнокрвни и имаат целосен недостаток на било каква емпатија. Најчесто во таквите ситуации изразуваат надменост, презир или омаловажување на жртвите.
7. Плитки чувства
- Емоционална сиромаштија, ограничена длабочина на чувства, изразување на ладност ( која другите најчесто ја толкуваат како резервираност) иако во дадена ситуација има силно изразени знаци на друштвеност од останатите.
8. Паразитски стил на живеење
- Намерна манипулативна, себична и експлоататорска финансиска зависност од другите. Таа зависност ја одразува нивната мотивираност, ниска само-дисциплина и неспособност да ги започнат и исполнат своите обврски.
9. Лошо контрола врз сопственото однесување
- Изразување на постојана досада, нетрпеливост, закани, навреди, вербална агресија на други лица, несоодветна контрола на гневот и темпераментот.
10. Промискуитетно сексуално однесување
- Серија од кратки површни, многубројни сексуални афери и случаен избор на партнери. Одржување на неколку "љубовни" врски истовремено, постојано барање на нови партнери за сексуални активности. Зборуваат со огромна гордост за своите освојувачки успеси и сексуални авантури.
11. Неодговорност
- Не се во состојба да ги исполнат и испочитуваат своите обврски, како што е плаќањето на сметките и враќањето на долгови. Обично се непедатни на работното место и често отсуствуваат од работа.
Останатите сметам дека не треба целосно да ги објаснувам, мислам дека на повеќето им е јасно за што станува збор, затоа ќе ги набројам само. Останатите симптоми се: импулсивност, недостаток на реални долгорочни цели, неспособност за превземање на одговорност за своите постапки, малолетничка деликвенција, склоност кон криминал.
Што мислите колку често среќавате во секојдневието вакви луѓе или можеби познавате ?