Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
ВикторГГ. За тебе што имам да кажам.
Ретко интелигентна личност, една од оние на кои не им требаат книги за да се описменат. Остар на критики, ништо не му бега од око, само седи лежерно во столицата пред компјутерот, вешто посматра и анализира. Имаш јаки и издржани ставови, кои од време на време можат да подлегнат на влијание од страна на некои други форумџии, но и покрај тоа, не се менуваат многу, си остануваш на своето. Во теоријата имаш решение за секој проблем, ама не сум сигурна дека и во пракса се снаоѓаш така добро. :) Интересен си, непресушен извор, уживам да те читам, најчесто и поради фактот што мислењата и ставовите обично ни се поклопуваат. :) Немаш влакна на јазикот, ама лесно подлегнуваш на провокации од страна на членови_кои_се_на_десетпати_пониско_ментално_ниво_од_твоето. :) Се случува да влезеш и во конфликт со некои од нив, се со цел да си го докажеш до крај ставот зад кој стоиш. Со постовите, колку што знаеш да ме изнасмееш, толку знаеш и да ме фасцинираш. За тоа немам замерка.
Друга работа, како и повеќето од форумџиите, тежок дудлач си. :pos: Само за разлика од останатите, ти дудлаш притаено, на прсти, надвор од очите на форумската јавност, и со некои понесекојдневни техники во споредба со рандом-дудлачите. Ти си, мило, дудлач од заседа. :pos:
Ми се свиѓа што за разлика од Лејди Сатори на пример, твоите анализи се пореални, со доза на хумор, и поконкретни. Затоа и од мене една таква доби:)
Нема да те анализирам според аватар и потпис, затоа што ништо за тебе не кажуваат. Освен дека се дружиш со Бада, Сит и Ада и дека сакаш животни чија раса не ја знам. :pos:
Немам за тебе лоши зборови, иако дадов се од себе да најдам. :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лејди Сатори напиша:
:helou:​

И тука веќе навистина имам што да кажам :).На аватарот ја имаш Моника Белучи, една од моите омилени актерки, но не верувам дека ја имаш избрано само затоа што е Моника Белучи.Нејзиниот став на таа слика,нејзината положба кажуваат многу.Одава впечаток дека ужива во животот, претпоставувам истото го правиш и ти.Ги затвараш очите и се ослободуваш, мир, спокој.​
Според постовите се забележува некоја брзина, но истотака се забележува дека си интелегентна.
Навистина една нота на котрадикторност.
Интересно било некој да те анализира,фала супер си :back:
Но гледам и на PSY добро и оди и тоа темелно анализира,па ако може и од неа една да добијам:smir:
п.с. ама се заиграв сега со анализиве:pos2:
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Викторгг напиша:
Е ова е дечко достоен за анализа. Фантомот од Охрид е wanna be фудбалер. Но по ликот кој успеав да го видам даден на неговиот потпис можам да заклучам дека е само дел од големото купче тинејџери кои се бараат себе си. Долга коса, слуша метал или нешто слично, па кога мисли дека дрибла како Лампард уствари се заплеткува со косата. Сака да биде смешен и интересен, а тоа се гледа и по аватарот, но најчесто му успева да ги насмее луѓето само со неговата појава но не и со неговите шеги. Како и да е, другарчињата од класот сакаат да бидат околу него бидејќи ги држи во рака. Тешко нив ако не бидат добри со него бидејќи на интернет ќе напише дека се морони. Од постовите можам да заклучам дека очајно се бори за превласт со другите лузери на форумот и врвот на кариерата ќе му биде ако може да ја модерира темата [thread=649]Се ебев[/thread]... Нормално не му успева...
Тотално ме разочара, мислев поинакво мислење имаш за мене... 90% од ова не ти е точно... многу ме разочара, искрено кажано
 
зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Не ми се допаѓа тоа што психоанализите и самата цел на темата добиваат веќе лоша конотација.
А како што можам да видам дека доаѓа до некакви си навреди во правата смисла и навреди кои некој мисли дека се навреди ради критичноста од фактот - гледано од страна. Не е во ред.

Виктор дај фрли една анализа и за мене:) Многу ме интересира како ме доживуваш :) Плиз!
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
`Ангелче` напиша:
Не ми се допаѓа тоа што психоанализите и самата цел на темата добиваат веќе лоша конотација.
А како што можам да видам дека доаѓа до некакви си навреди во правата смисла и навреди кои некој мисли дека се навреди ради критичноста од фактот - гледано од страна. Не е во ред.
Поентата на анализите не е некој да ти храни егото, да ти кажува колку си прекрасен и колку обожава да те чита. Работата е некој (Сатори, Виктор, јас, сеедно) да си каже како ја доживува одредена личност од форумов, според тоа што може да го прочита и види за неа овде. Нормално, мора да има критики, што не смеат да се сфатат како навреди. Не може се најубаво да се кажува само. Баш поради тоа реков дека на Виктор анализите се пореални од на Лејди Сатори на пример.

Леандра, ќе биде душо. Кога ќе добијам инспирација. :smir:
 
mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Сајтисфекшн...Хммм...што би можел да кажам за тебе? Според аватарот како да сакаш да кажеш дека си привлечна,фатално привлечна,што знае да биде доста привлечно кај машката популација и да предизвика восхит кај женската,иако кај мене лично не го предизвикува ни едното ни другото,за мене претставува маска...начин да прикажеме нешто што сакаме,а можеби и не сме,затоа тоа го правиме преку сликичка најдена на гугл,која одговара на нашите желби. И без тоа си привлечна на свој начин и тоа повеке од доволно. Со спојот од тајтлот и потписот сакаш да покажеш некои работи кои дефинитивно не си, барем не во реалниот живот и сакаш лугето да добијат доста погрешно мислење за тебе... Кога би ги тргнале на страна постовите кои мислам дека се нашминкани и одглумени,за тебе имам доста позитивно мислење,секогаш твојот став кон нештата знае да е доста точен,иако знаеш да се заинатиш и да глумиш тврд орев во доста ситуации.Ти всушност си доста прибрана,културна и одговорна млада девојка,на која и се восхитувам и ја ценам премногу,можеби на моменти сакаш да го глумиш онa be cool fuck everything else,но немој да го правиш тоа
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
mRnO напиша:

А сепак не си забораил да ги истакнеш своите дудлачки способности (со болдот) :pos:

Не, шала на страна, ете ова го барам, малце и критика, не само све најдобро :)

Иако можда за некои работи малце погрешно си ме исперцепирал, сепак поголемиот дел од анализата е точен. Дури делумно и тоа дека понекогаш глумам дека сум нешто што не сум. :)

Ќе добиеш за возврат и ти. :smir:
 
С

Сатори

Гостин
Хехехе, вопшто не е поентата да се храни нечие его, прво и основно.Не верувам дека треба да се кажуваат само лошите работи на една личност, напротив.
Второ, не хранам его на никој, го пишувам тоа што мислам дека е во дозвола да се напише на Форум, затоа и не навлегувам толку многу во тоа.
За да го анализираш некој, мораш да го познаваш!
И трето, Ангелче, навистина, ми дава доза на среќа кога ќе ја забележам...ама хеј, тоа е релативна работа.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ајде ма Лејди:)изанализирај ме и мене...што ако ме знаеш:)Знаеш дека прифаќам критики деее...:smir: Ај ај плиз,оти стварно луѓево кога ќе ме прашаат да се опишам,не знам од каде да почнам..ајде оти ако не утре ќе видиш убаво...:)
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Сопствената психоанализа е најдобра.Мислењето на форумџии кои ме знаат само од форум,тешко би можела да го окарактеризирам како релевантно.Иако,интересно е да се знае каков впечаток оставаш врз другите.Поентата ми е-не си земајте се при срце.:)
 
зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
PSYtisfaction напиша:
Поентата на анализите не е некој да ти храни егото, да ти кажува колку си прекрасен и колку обожава да те чита. Работата е некој (Сатори, Виктор, јас, сеедно) да си каже како ја доживува одредена личност од форумов, според тоа што може да го прочита и види за неа овде. Нормално, мора да има критики, што не смеат да се сфатат како навреди. Не може се најубаво да се кажува само. Баш поради тоа реков дека на Виктор анализите се пореални од на Лејди Сатори на пример.
А што реков јас? Гледам не сме се разбрале нешто.
Индиректно ги потенцирав неколкуте поста пред мене кои велеа дека се увредени од критичноста на тие што ја правеле анализата,а исто реков и дека почнуваат форумџиите да се навредуваат и препуцаваат меѓу себе,земи го за пример постот на Мрно за Виктор и сл.
Сакав да кажам дека забележувам дека форумџиите кои се изнанализирани построго т.е пореално негативно реагираат и не ја прифаќаат критиката.

Не се жалев јас дека сте премногу строги или критични во правењето на анализите. Тоа е сепак ваше гледиште,да не ме интересираше вашето мислење за мене како форумџија или за тоа како ме доживуваше немаше воопшто ни да барам анализа.
Ќе и речев на мајка ми,мама ај полигави ми се малку дека сум надоброто девојче на светот. :pos2:
А за тоа што реков дека Лејди Сатори ми го нахрани егото,беше зезанција,ради тоа што се осетив многу испофалена.
А сега добродошла ми е и една твоја анализа. Фала :)
 
mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Ти си таа која не ги разбира работите,воопшто не сум навреден ниту од тој на Виктор ниту од ничив пост,од кажа што мисли за мене,јас кажав што мислам у цела ситоација:) ви вил ол лив хепли евр афтр
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ПрИтИ_гРл напиша:
ај ако може некој и за мене....:proteza:
Прити грл покажува некој тинејџерско-депресивно-самоубиствено-манијачки синдром. И покрај тоа што постовите и не и се толку темни и разочарани, изгледа како животот да и се состои од секојдневно размислување за начини како да се убие. Страшниот дел е што е со потписот под никот сака да ги заведе и другите на масовно самоубиство а тоа е веќе противзаконски. Мора да се превземат мерки.
Никот прити грл вели дека е убава девојка што јас искрено се соменвам. денес убави себе се нарекуваат или неубавите девојки или шмизлите, а на таква не ми личи оваа девојка. Сепак запомни млада дамо, не е се во убавината на ушите и должината на носот... има нешто и во душата. А таа треба да биде ведра, насмеана и секогаш позитивно и оптимистички расположена. Тогаш се освојуваат дури и девојките, а камо ли дечковците.

п.с. Момци и девојки... моите анализи не се воопшто стручни ниту објективни дури. Јас само сакам да и контрирам на Сатори која ве направи сите срциња и секако да ви ја покажам и другата страна која исто така е сосема возможна да биде вистина. Никој не е убав и фин како што тоа го прави Сатори, ниту пак е толку грд и лош како што ве прикажувам јас... :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom