Nephthys
Мистериозност,убавина,елеганција.Способноста да ги преточуваш зборовите во уметност,секој е исполнет со вистина и со болка,просто се ежам кога те читам и овде на форумов и на мсн.Ги кажуваш вистинските зборови во вистинските моменти.Уште од првиот момент знаев дека си имам работа со уникатна личност.
Животот те става на искушенија,искушенија кои на некои од нас им е тешко и да ги замислат.Ти си борец кој се бори за својата среќа,за твојот живот да биде исполнет со хармонија,љубов.Многу љубов,иако таа љубов бара жртви.Вреди да поминеш низ дождови и калливи патишта за на крај да те огрее сонце и гордо да чекориш.Немав шанса да те запознаам поубаво(знаеш ти зошто),но не знам,пред да те видам те замислував како фатална појава,бесчувствителна,од оние кои ги воздигнуваат луѓето и наеднаш ќе исчезнат без трага и глас,ќе те срамнат со земја.Ти си толку мила,неспособна да повредиш некој,ги обожаваш животните и се грижиш за нив како твои деца.Освен што зрачиш со надворешната убавина,не може а да не се каже дека си солидарна личност,буквално можеш да направиш разговор и со најинтелегентниот и не толку паметниот човек.Не ги делиш луѓето во класи.
Една си од среќните личности кои бајката која ја живееле во детството станала реалност.Успехот е пред тебе,а тие замисли што си ги зацртала,почнуваат да се исполнуваат.Многу среќа понатаму-навистина ја заслужуваш.Да беше некој друг,не би сакал да се најде во твојата кожа и на момент да го живее твојот живот-затоа што само ти се справуваш со него,ти се восхитувам на духот кој го поседуваш.Совршена слика на хероина во реалниот свет.