Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Г

Господ

Гостин
Има некој кој би ме анализирал...а да не очекува повратна пошо не ме бива за такви ствари:smir:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Кајгана pictures presents

Анализа No. ||


Director - Manga

Lead role - Џимеј

Cast overview

Eден од постарите членови ,но Џимеј е дел од онаа мала група која до ден денес активно учествува (во одредени сектори ,којшто мисли дека има што да каже)
Eве ви пример на вас новорегистрираните,копиљаците и гостите -.- - како да го почнете вашето матење тука , без да го утнете рецептот од почетокот , од ова Џими можеш и ти да извлечеш поука - дека почетокот - [читај минатото(не се однесува на форумскиот живот)]неможе да го промениме .


One of those persons you have to read multiple times

Си мислев ќе биде полесно да те анализирам , но потежок филм ми испадна од вообичаените што ги гледам на форумот.

Јас не спаѓам во вакво општество, јас сум некомформист, ѕвер и визионер.
- Како и кај филмовите ,некои се интересни од првото гледање па здосадуват и ги проверувате после долго време, некои пак не ги капирате - луѓето се плашат од работи што не им се јасни , но со повторно гледање ја доловуваш поентата ..визијата , е сега сменете ги местата на >филмовите< со >личностите< и убаво ќе се види од кај потекнува револтот .

Ти реков дека ќе бидеш на тапет =)
Повеќе внимание обрни им на деловите после позитивните критики ,со нивно тумачење ќе се обидеме да ја составиме сложувалката.


+ Positive review

Mожеш да бидеш на работ од хаосот, но никогаш нема да паднеш. Зошто?

Стабилност игра важна улога, ти ја имаш испраксирано.Читајќи те почесто во последно време , ти се воодушевувам на постојаноста (може чат-пат да се појави некој непромислен факт)но шансите за тоа се многу мали ,се е некако испланирано многу добро, да му се причини на човек дека вежбаш пред да напишеш нешто.

Многу амбицозен и свој
Едно пријатно изненадување , наивноста која скоро да не постои кај тебе (за разлика од мнооогу други ,кој се несигурни и побитно е шо ќе им кажат другите) ти го користиш твојот разум максимално,се претставуваш во свој стил , вие драги членови тоа што го гледате го добивате(нели тоа сакавте) , нема сомнеж за искреноста на Џимеј.
Ако научиле да ценат за она што сте,тогаш ти би бил меѓу омилените членови ...

Да не ја заборавиме амбициозноста која секогаш се стремиш да стигне до следното ниво и желбата за слободна акција ,се е тоа во ред , уште поубаво е што сега ќе можеш да го согледаш тоа од некој кој е анонимен за тебе =) , подруго е кога тие што те знаат подобро - имаат некое зацртано мислење за тебе,кое тешко е да го променат.

Твојата способност да се надминат пречките е искучителна ..Од кај па сеа можам да дојдам до ваков заклучок?

Тешко нас ако го користиме зборот интелигенција - како синоним за kewl, "еј како го поеба" и слични претежно егоистички пристапи.
Кај тебе интелигенцијата е пропратен дел кој е неопходен за да функционираат другите карактеристики .Пред се начитаноста и поентата која ја доловуваш од седмата уметност ја усовршуваат твојата оригиналност и интелигенција.

Имат некој живци цело да го прочита ова ?
Пиша едно детенце , коментирајќи на еден долг пост на Џимеј.
Да почнат да читаат таквите,ќе ги научеа вистинските вредности на форумов ..,и ја дури сега сваќам колку имам "прескокнато" осврнувајќи се на шундот и сарказмот кој ни изгледаат интересни .., но сепак лажни и overrated.


- Negative review

Јас не спаѓам овде, и можеби тоа е причината за сите мои порази во низа.
Tешко е да незнаеш што не е во ред , кога ништо не е како што треба .
- but wait
Kако шо запамтив еден член еднаш убаво кажа - "минатото не постои веќе , иднината исто така ..,
сегашноста е тука" , мисли на моменталната сатисфакција и со позитивна аура ќе ја дочекаш иднината.
Да не испадне да си бидеш сам свој најголем непријател.

Зошто мислам дека визијата ја мешаш со илузијата , тука е и причината за твоите фиктивни порази ,сам си ги кажуваш негативните критики - создавајќи илузија дека си семоќен и секој fail е пораз за тебе.
Кого лажеш? - Самиот себеси.

Ти припаѓаш тука , но сам се ставаш во комплицирана и тешка улога - живеј со тоа ,само не ја префрлај вината кај другите.Почни прво од себе , знаеме дека е најлесно да ги обвиниме другите.


Помалку или повеќе патиш од имагинарни стравови, кои се резултат на твојата песимистичка природа ,сплетки, разочарувања и предавства.


Тhe story behind the character

Како и твојата задлабоченост во филмовите - пробуваш да чепнеш подлабоко барајќи го одговорот - "Зошто таа Х особа постапила така,има ли некоја причина , дали е до мене "..

Ја знаеш суровоста , како да си бил таму ,искусил .. дел што ти прави лош флешбек(можеби од детството) , ја забележуваш во филмовите и со секоја приказна како да оформуваш некоја дел,но секогаш некое парче недостасува.

Да да да - puzzle ,чувствуваш дека некои работи ти се несредени во животот.

Неконвенционален - што те прави оргинален.

Јас не спаѓам овде, опкружен со мал милион модерни сељаци.
-Свесен си за опкружувањето , тоа е интересно , кога човек е свесен и се надева дека лесно ќе ги истакне квалитетите но простата маса е квантитетот - кој за жал,како со катанец да ги држи затворени вратите за амбициозните личности.

Оригиналноста ја задржуваш на индивидуално ниво - (не си од оние кој лесно ги абсорбираат туѓите мислења )е ова те става во таа позиција кој некој би ја нарекле тврдоглавост - но во твој случај би било ,ти си сам свој режисер и присутните актери неможат да те убедат ,кога си ја знаеш работата.

Неможам а да не ја спомнам , креативноста ,ете зашто човек треба да копа подлабоко пред да почне да осудува некој со карактерни епитети , ко да не сте свесни дека ја имате ,кога ќе ја додам на ова и оригиналноста - го имаш добитниот тикет во рака .
Штета што минимално го користиш.

(Општо за другите).Трагедија е ако не ја користите креативноста во реалниот живот - но се е потешко кога треба да се примени во реалноста.

Вистинските пријатели и добра атмосфера кога си во нивно опкружување те прави среќен.
Сонуваш за нешто попримамливо ,како да не си задоволен со моменталниот статус - по твое верување некако ми изгледа дека во глава ти стои мислата "Грешките влијаат само на мене"..,сигурно влијаат и на другите ,не си само ти жртвата.


Тhe Еnd

Скалилата до успехот ти изгледаат тешки и макотрпни повеќе од што би требало , оптимизмот прави чуда - пробај да ја тргнеш менталната бариера и да зачекориш лесно до целта , ако тераш по старо - заглавен си во магичен круг кој не води никаде.Знам дека имаш силно влијание ,прифати поголема одговорност,ќе ти се допаѓа новиот предизвик и верувам ќе ги инспирира и другите - somekind od role-model . Complete the puzzle & enjoy being a leader.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И јас сакам анализа, па никому ништо...:pipi:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Ајде и на мене луџе.....
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Ако некој ме анализира ко шо треба јас ќе му вратам во рок од 24 часа........Без закаснувања
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Психоанализа број 1.
член: Гладиус​

Гладиус е член кој имав прилика да го запознаам лично, па оваа психоанализа нема да биде базирана само на мислењата кои ги има оставено на форумот и мојот впечаток кој го добив за него, туку и мислењето кое го имам за него по запознавањето во реалниот живот.

Мојата Фројдовска природа ќе почне да ги разгледува прво фактите и ситниците кои укажуваат на навидум неповрзани работи.
Гладиус е никој избран на Цветан според кој се претставува на овој форум. Латинскиот превод би бил "меч". Првата асоцијација која ја имам за погоренаведениот предмет е аристократско оружје кое бара вештина, смиреност и елеганција во раководењето, но сепак, е оружје и може да го повреди оној кој не е претпазлив и се спротивставува. Одлична дефиниција за карактерот на Цветан. Уште при запознавањето ја забележав смиреноста која ја има во себе, и начинот на кој комбинира две работи кои тешко можат да се комбинираат: смиреноста и внесувањето на емоции во истата. Тоа може лесно да се забележи и по еден разговор на мсн, а не пак во реалноста. Но, позади сето тоа се крие и личност која, според мене, не би сакала да биде повредена и е прилично емотивна.

Гладиус и не е поразличен од оној кој се претставува тука, во виртуелниот свет. Скромноста е особина со која може да се пофали, а по истата дознаваме дека и има постигнато огромен успех на многу полиња. Досега се имаме сретнато неколку пати, и го немам видено ненасмеан (освен во понеделникот, кога очигледно, уште спиеше при доаѓањето во школо, прва смена). Зрачи со позитивна енергија која ја пренесува и на соговорникот, ретка особина во денешно време.

Доколку би требало да го опишам со еден збор, би рекла дека е едноставен. И покрај тоа што има прилично многу работи искусено во животот, живее на начин на кој се восхитувам, без многу замарање со проблеми и непотребни глупости. Не ги разгледува работите површно, туку детално, и објективно.

Друга карактеристика околу неговото размислување е тоа што, размислува на начин на кој при разгледување на проблемот постава маргини и се придржува кон истите. Ова го приметив при првиот разговор кога ми објасни за тоа како го разграничува форумскиот од реалниот живот и покрај меѓусебните преплетувања. Има цврст карактер и е стабилна личност.

Искрен е, а и добро ја прифаќа искреноста. Себеси се смета за добра личност, и искуството го има научено да не се однесува толку добро према оние кои не заслужуваат. Но, тие две работи не се во согласност, па можеби и тоа е причината што е попустлив во одредени ситуации.

Како модератор, морам да дадам и неколку критики. Да, Гладиус е можеби и најисполнителниот и најпосветениот модератор на Кајгана, но е премногу сериозен во врска со функцијата. Кога на членовите им е најинтересно (затоа што сите сакаме офф топик), доаѓа Гладиус и забавата завршува. Секако дека треба да се почитуваат правилата, но мора и да им се остави малку простор на членовите, кои го ценат но понекогаш и не се согласуваат со неговите одлуки. Затоа и на многумина им остава впечаток на прилично постар и посериозен модератор кој редовно им укажува на тоа дека не се во согласност со кодексот.

Викаат дека музиката која една личност ја преферира до некаде го опишува карактерот на истата таа личност. Ова се однесува и на Гладиус, затоа што онаа музика која ја слуша (не навлегувам во детали во овој дел) е во согласност со неговиот карактер: смирен, но и емотивен. Не само музиката, туку и неговите постови, полни со нежност, говорат за овие негови особини.

Кога е во прашање љубовта, со мене го сподели искуството кое немало среќен крај, кое го имам (не потполно, но слично) и јас доживеано. Она што направило да завршиме со различни заклучоци од целото тоа искуство, е сфаќањата кои тој ги има за љубовта. Тој, и покрај тоа што бил повреден, продолжил да верува во љубовта, затоа што (цитирам): "штом имаш осетено како боли, знаеш дека постои". Хипотетички заклучок: станува збор за верник кој цврсто верува во нештата и туѓото мислење неможе да му ги промени сфаќањата врз кои цврсто стои.

Во хороскоп е бик, но не е ниту тврдоглав, ниту (многу) инаетлив. Кај него има други особини кои се во согласност со хороскопскиот знак: полн со енергија, нежност и многу амбициозен.

Кога сме кај амбициозноста, има големи планови за сопствената иднина, за кои се надевам дека ќе ги оствари еден ден.

Повеќе критики не би можела да додадам (иако сакаше објективна и критична анализа) затоа што и нема ништо што е подложно на критика. Ти посакувам се најдобро во иднина и понатамошен успех.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom