Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

S

smart ass

Гостин
почекајте некој месец ... :toe:
ја еве неколку месеци, ама шо има веза не се брзам :tv:
дури и темава ја заборавив, шо ви текна пак да ја кренете :smir:
Луѓе стварно сте нефер...приметив екслекс 5 пати бара психоанализа.

Би замолил некој/а ако има време барем да му ги скрати маките чекајќи...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
На нејзино барање, бидна и анализата за Aurora~Borealis.

Широк спектар на познавања во најразлични области, за твоите неполни 17 години.
Но, многумина те сфаќаат у стилум "ја сум најпаметна, can't bite me".
Провоцираш, и мошне добро знаеш каде да го правиш тоа. Не возвраќаш на провокации од т.н кајгана - брендови, внимаваш да не дирнеш модераторска задница, а со тоа и дното. :icon_lol: Како да се плашиш да некој не удри по твоето его големо колку Монт Еверест, па радо би да ја градиш својата форумска репутација со атак на оние кои ги сметаш за интелектуално осакатени, неспособни да возвратат еквивалентно на твоето безобразие, понекогаш. -.-
Тука настапува и твојата контрадикторност. Во текот на неполн месец направи полн нацрт на ореол, драстично измени некои ставови со можеби цел да бидеш прифатена од гомила странци, а притоа не си свесна какво лицемерие бљуе од речиси секоја страна.
Тврдиш - "Јас сум социјален тип, за разлика од нив".
Која е онда потребата да така се експонираш?
Дефакто, ко да твојот глас е нечуен, па тука секојдневно ги сипаш твоите знаења, што можеби говори и за твојата асоцијална страна.
Титулата спамер е неизбежна за твоето неполно двомесечно солење памет и дупење у здрав мозок, slow down.

О, да. Често ја критикуваш женската популација, погледни се во огледало.
Што те прави поразлична од другите, да не случајно животот те шамарал? :nesvest:
Девојка која потекнува од семејство со натпросечен џеб, на која се и било пљукнато во тацна да мрси муда за снобизам и да пенетрира во секој лик и дрско осудува. Премногу предрасуди за твоја возраст, премногу. Moжда би да звучам lame, но "Get a life, and leave others alone.."
Ладнокрвен, емоционален инвалид. Мора да си стварно разочарана во љубовта да такви креативни крволочни мисли извираат од тебе. Тука кореспондираш со уникатниот GoD.FuckMySoul.
Пробај бар на трен да ги ставиш туѓите интереси над своите, не биди егоист.
Омг, звучам ко Санта Марија која проповеда мир и доброќа, lame, lame.. :icon_lol:
Сума сумарум, насочи го твојот интелектуален капацитет во попродуктивни ствари. Too much Фројд и Ниче - информации во твоето мало главче.
Искористи гo прекрасниот период кој ти се нуди, твоите квалитети , дур моеш, и дур имаш време.

Толку нуди мојот скромен буџет.
With love... UniqueBiatch :icon_lol:
Интересно...
Ми се свиѓа анализава поради големиот степен на критицизам, но, како и што ти напоменав во разговорот, за некои делови можело да нагласиш дека така изгледаат, а не се во суштина такви (како на пример за тоа дека сум сноб) :)

Во секој случај, фала многу.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Дајте анализа и за мене :kesa:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Јас срдечно ја замолувам Марси ако сака една психианализичка мала да ми направи. :trep:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Aurora~Borealis

Прво, се извинувам што не ја завршив како што ти ветив, минатиот викенд:)


Да започнам со нејзиниот почеток како и мојата слика создадена за неа.
Секојдневно на форумов се појавуваат нови ликови, кои на свој сопствен начин ја искажуваат креативноста која ја имаат (или ја немаат). Секој пробува да биде уникатен на свој начин и успева во тоа.
Но она што Aurora~Borealis ја прави малку поразлична од овие ликови кои ги опишав малку погоре е нејзината истрајност во дискусиите. Како нов член, таа уште од самиот почеток започна со конструктвиност во репликите. Токму тоа ја истакна како форумска појава, бар пред моите очи.

Од разговорот кој неколку пати го имам направено со неа сфатив дека тоа е сепак причина на големо форумско искуство. Но сепак, од моја страна, голем плус за начинот на комуникација и воспоствавување прилично добри форумски односи:)

Од она кое го пролистав низ мислењата накратко пред да ја почнам анализава и од она кое го читам низ темите а е лично нејзино, можам да заклучам дека се работи за еден човек кој секогаш пробува своите амбиции да ги надгради за да има што повеќе да постигнува понатаму.

Она што искрено не ми се допаѓа кај неа, е негативниот став кој го има оформено во однос на љубовта. Не би навлегувал дали е тоа од лично искуство, или од она кое им се случувало на луѓе во нејзина близина, но сепак сметам дека во таа област треба малку повеќе да му дозволи на срцето да размислува за неа. Не дека треба паметот потполно да го ограничи од љубовните полиња, но сепак, поголема предност нека му препушти на срцето. Можеби на тој начин ќе научи дека љубовта е и те како значаен дел од животот на секој човек.
Меѓутоа, една контрадикторност која ми се појави пред очи е постот дека се приврзува за луѓе. Што значи, сепак, длабоко во неа свесна е и знае дека љубовта, на било кој начин, живее во неа.
Мој совет е малку повеќе да се опушти и да не дозволува негативните искуства (биле тоа лично нејзини или на некој нејзин близок) да влијаат на нејзината иднина.

Уште една позитивна работа која ја заебелжав кај неа е скромноста. Иако девојкава има со што да се фали и перчи пред другите, сепак, приземно и реално пристапува на проблемите. Од нив го отфрлува квантитетот а го користи квалитетот кој го поседува.
За неа, вербата претставува начин да се поткрепиш кога ти е тешко но и една пречка за понатаможниот развој. Претпочита со труд да го добива она што го сака, наместо цврсто да верува дека самото тоа ќе се оствари од себе. Од овде можам да забележам дека е најверојатно склучително трудољубива личност, која своите успеси ги базира на лична работа.
Сталоженоста е уште една карактеристика која не секој човек може да си ја препише и да се гордее со неа. Aurora треба да биде горда на таа можност и способност иако не секогаш ја применува, па од време на време заборава на неа:)


За да не биде анализава составена само од светли точки, ќе вметнам и една мала доза на негативни особини (и малку ќе ја исконтрирам сталоженоста).
Кај Aurora она што не ми се допаѓа е што понекогаш својот став го брани на многу агресивен начин. Субјективното согледување на работите и онака секогаш ги прави процесите малку поотежнати, меѓутоа кај неа (не секогаш) негирањето на туѓото и агресивното бранење на своето доведува до ситуации во кои едноставно се губи желбата за понатамошна дискусија.
Мој личен совет за ова е да проба не секогаш да го негира туѓото мислење ако не и се допаѓа. Едноставно, искажи си несогласност а потоа произнеси го својот став. Не викам дека секогаш го правиш тоа, но се случува:)

За крај, да не заборавам да спомнам дека девојкава за нејзини години делува навистина зрело и искусно. Меѓутоа, Aurora немој тука да престанеш да се надградуваш и создаваш. Она што си до сега е твојот личен успех. Направи го поголем.


Толку од мене, затоа што и онака сум слаб со време. Се надевам дека до некаде те доловив како личност.
Ако згрешив нешто, сакам да ме поправиш.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
^ Се согласувам со голем дел од психоанализата, премногу добро е направена, само имам една замерка. Инсистирам да ми се обраќаш по име :)

Благодарам премногу и... Среќна сум што не сите мислат дека во слободно време сум сериски убиец :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Гладиус, уште пред да те упознаам, знаев дека сакам анализа од тебе (онака женски интуитивно :P )

Не, srsly, will ya?:pipi::back:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ада, ти ветувам и на тебе анализа најкасно до недела:) Вака и реков и на Ана (Aurora~Borealis) ама почека она:) Така да, ако не до недела, 2-3 дена после тоа сигурно ќе биде:) :back:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Абе копиљ! Ја ко бев атеист ти кајбеше?! :cry:
Во црква most likely :D

Луѓе стварно сте нефер...приметив екслекс 5 пати бара психоанализа.

Би замолил некој/а ако има време барем да му ги скрати маките чекајќи...
Јас барав 10 пати. Seems to me people are scared to do it :3 ....
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Гладиус, уште пред да те упознаам, знаев дека сакам анализа од тебе (онака женски интуитивно :P )

Не, srsly, will ya?:pipi::back:
Е не е фер...тебе 5 анализи,а мене ниту една...:nesum:
Од сите аспекти си изанализирана:tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom