Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Satori, Nephthys, kamo vetenite analizi?
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Analka No.3



akvosraM


Предизвик е да се анализира марсовка , поготово кога 2 пати ќе ти снема струја сред пишување на анализа -.- ,па одиме 3-та мајка ..3-та анализа од мене XD..,првиот впечаток што ми го остави како форумска појава беше во подфорумот политика ,си мислев ова е некоја теткица заглавена во политичката апатија ,а уствари генерација да сме ти биле :icon_lol: ...колку бев идиот , подоцна малце по малце го видов широкиот дијапазон на области во кој има што да кажеш - без фолирање и заобиколување.


Parental advisory explicit content

За џабе не е наопаку напишан никот,така те гледа мнозинството од форумов а најверојатно и надвор од него , не си ти twisted - таква е реалноста.
Нема да го тупиме премногу,може да биде долга анализава ама овојпат на најглавното ќе се задржиме,без видлив почеток и крај.
Сакаше реално нели =))

Би сакала да не е ова вистина ама е, ама е ...

“Reality isn't the way you wish things to be, nor the way they appear to be, but the way they actually are.”


Важно е да знаеш кого да шармираш, спрема кого да бидеш фин а спрема кого тежок кретен.
Тhe girl i wanna fuck and be buddies sametime =) ..така би те опишал јас ,опуштањето во секс темите придонесе за мини непријателска пропаганда зад твојот грб , но потајно сите бараат слична како тебе.

Незнам зш ама мислам дека располагаш со морален интегритет ,другите можат лесно да стекнат доверба кај тебе ,иако не сме правеле муабет - тебе би ти се доверил онака другарски =)

Не треба да си којзнае колку паметен да ја сватиш марсовка во пишувањето,баш на занимлив начин кој ќе те натера до крај да прочиташ и лесно да ја согледаш поентата.
Зошто?
Затоа што повеќето од искуствата и мислењата и вие сте ги искусиле ,индивидуално сте биле во тие гомна , глобално сте ја наполниле јамата за другите.

На крај краева македонија е земја на комплексите get use to it :/
значи највише мрзам коа ќењаат дека генерализирам а што треба да правам ?
Сите теми се генерализаторски воглавно се однесуваат на 90 посто од случаите.
Секој сака да биде спешл , кажав и поодамна дека на форумов доста од анкетите и мислењата не се во склоп со вистинските анализи и реалноста , луѓево очекуваат да им се сервира кавијар и шампањско ..наместо бедната пица и пивото кое им е секојдневен појадок a ти им ја послужуваш.


Оваа поговорка ја слушам како постојан одговор кога се збори за реалните проблеми што секого го мачат - ќути има и полошо .
Hey you have a life , tuff maybe - but it's a life ..
Јебига , тоа и ќе го слушаш.
Ми се чини дека премногу разочарувања си имала во животот а многу малку моменти што би те исполниле , не дека пробувам да те сожалувам .., туку и мене ми е криво така на други кога знаат дека се ин дип шит а не заслужуваат да бидат таму.
Се надевам дека ќе почне кармата да влијае позитивно ,би требало веќе ..хмм дали јас сум во заблуда но те гледам малку поразлично од другите,можам да ја видам добродушноста и толеранцијата колку и sick коментари да оставиш.

“Don't lower your expectations to meet your performance. Raise your level of performance to meet your expectations. Expect the best of yourself, and then do what is necessary to make it a reality.”


Би требало да има www.marsovkaquotes.com ,од твоите реченици луѓево може многу да научат ..ја доловуваш реалноста ,многу јасно перцепираш ,ти ја заврши твојата работа ,ја кажа вистината наместо мавањето у груди , пола од ефектот е завршен другите 50% ни остануваат нам да ги дополниме ,кога знаеме каква е реалноста и ја прифатиме ..ни останува имагинацијата и можните варијанти како да се извадиме од бедовите и да ги засениме цитатите.


Зш неможеш да си помогнеш самата на себе?
Ти треба ред и добар распоред.

Организирање
Креирање
Мотивирање
Одлучување
Комуницирање

Некако ми изгледаш ко недовршена личност, ги имаш квалитетите во многу полиња но не ја гледам добивката ..where is the fucking reward?.

Со успешно менаџирање на следниве функции кои ти недостигаат нема да кенкаш толку и да се ставаш во аутсајдерска позиција.

Ти треба многу повеќе

Контролирање
Имагинација
Предвидување
Влијание кај тие што треба
Преговарање

И тука може се крие тој мадафака суксес.

Шо да ти прам синко коа си роден во крш земја :/
Што да ти правам ќерко кога и ти си дел од крш земјава

Сето ова погоре и претходно може да се замени со - спонзорство , тешко со интелект кај нас ,затоа мораш подмукло и педерски по малце да се игра кога станува збор за успехот.

не е далеку времето пред последната искра надеж исчезне, а без надеж е исто како да сме мртви
Е затоа , веќе кога има надеж да не биде лажна ,подобро мртов отколку полумртов.

Емоционалноста има некоја улога кај тебе , поради разговорите што ги водиш без влакна на јазикот - тешко им изгледа на другите да те замислат во таа улога ,иако можат да се пронајдат во твоето пишување трогателни зборови.

Мислат дека си агресивна , јас мислам дека ни најмалку не си тоа ..нека генерализират за тебе ,нема многу да ти смета тоа бидејќи и ти тоа го правиш , но чек малце .. не си ти за генерализација , ти си од оној мал процент кој сам се бори, кој за мене е секогаш интересен за читање и го пишува тоа што јас и генерално другите немаме муда да го пишеме.


Како девојка имаш повеќе познавање од некои момци во машката сфера ,ретко толку рандом личност да се најде , само каде е неопходната доза на Оптимизaм и план за иднината.
Несакам да останеш заглавена меѓу медиокритетот.

Ги гледаш случувањата премногу од мрачната страна и тоа некако ти ја убива желбата и мотивацијата , па чекаш некој друг да те инспирира.Пробај самата да се мотивираш ,кога веќе гледаш какви дебили и офци имаш во окружувањето пробај да ја искористиш твојата моќ.
Затоа не мора да бидеш фина , нема ни да ти успее така , брутално реши ги и стави ги тие под твое ниво каде што припаѓаат , не се грижи за совеста - среќата најлесно можеме да ја почувствуваме индивудуално ,сами се раѓаме ..сами умираме - опкружувањето и социјализацијата во повеќето области се само ментална блокада и најчеста причина за индивидуалниот неуспех.
Биди себична т.е. задржи дел од твоето знаење за себе , некои не заслужуваат да им ги отвориш очите кога веќе се слепи.

Не бирај средства за твоја лична сатисфакција и напредок,додека бираш - другите без мозок бираат што ќе им дое при рака и после чуди се како морони владеат со државата.
 
T

Tetro

Гостин
Сакам анализа, someone, anyone. Многу сакам да прочитам што ќе ми каже некој способен.
Нека ме реплицира, во секој случај. Не мора да биде многу опширна.

Фала унапред.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Би ја воскреснал некој темава со психоАнализа на моја сметка? :smir:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Ви умре темава откако Марсовка си отиде а? :) Никој неможе да анализира личности преку форум и да донесува заклучоци за карактерот и способностите на личноста од коментари напишани на виртуелна книга во виртуелен свет, каде ништо и никој не е онака/онаков како што го замислуваме. Се надевам дека дадов повод за да слушнам психоанализа за мене, чисто онака, ме интересира способноста ваша за анализа на мојот виртуелен дел од животот. Thanks in advance.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Ви умре темава откако Марсовка си отиде а? :) Никој неможе да анализира личности преку форум и да донесува заклучоци за карактерот и способностите на личноста од коментари напишани на виртуелна книга во виртуелен свет, каде ништо и никој не е онака/онаков како што го замислуваме. Се надевам дека дадов повод за да слушнам психоанализа за мене, чисто онака, ме интересира способноста ваша за анализа на мојот виртуелен дел од животот. Thanks in advance.
ја побарав неколку пати пред година дена можеби да не барам кога беше тоа :) се надевам ќе добиеш :smir:
 
H

^HITMAN^

Гостин
ја побарав неколку пати пред година дена можеби да не барам кога беше тоа :) се надевам ќе добиеш :smir:
Хах, баш се мислев дали да одам да спијам сега, ама џабе, сон нема да ме фати баш заради темава, дали ќе добијам анализа, дали не... и мислење цела вечер... тоа ти е. :) Постов го напишав, но како да не го напишав. I don't give a damn, whatever... :) Позз до тебе.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Dzish

Интересно е колку ќе испадне различна оваа форумска анализа од тоа каков е Џиш во real life. Така да Џиш, ко повеќето луѓе на форумов, си направил алтер- его на кајгана што нема некоја допирна точка со тоа каков е, освен што се исти интересите. Мора да кажам дека не е ни пола толку сериозен и не прави муабет за коли 24/7 и не тепа кучиња по улица....
Кога се нафатив да ја правам анализата на Џиш прво ми падна во очи клипот што го има на профил. Нема трет дел од таа чудесија нели?! Така Џиш делува како човек кој наместо да пее по дома кога нема никој тој вика “...и Ладата отиде еден метар рикверц..па во најпогоден момент даде гас... и Ладата успеа да излезе од калта и го остави џипот позади себе...” А и не можам да не го спомнам моментот “јас не ни го приметив секс-ќошето”. Сфаќам да имаш големо интересирање кон нешто али што е многу, многу е. Така да, за едно просечно девојче ко мене, Џиш да го читаш на форум би било досадно, освен некогаш кога ќе пише во некои теми во Живот.
Како и да е, кога го читаш Џиш надвор од подфорум Автомобили изгледа ко да по грешка се нашол во темата и си вика шо се замараат луѓево. И си пишува онака попатно и не планира да троши време со дебати оти си знае дека тоа е така. Некогаш и си викам па добро шо бара да пише на тема дека за тоа нема што да се дискутира и сл. И по мислењата изгледа ко човек кој не се нервира за секојдневни глупости и дигнал рака од доста работи. За некои теми има конзервантивни мислења, но сепак нема ставови од оние што си ги слушнал веќе сто пати. Имам впечаток ко за некои работи да мисли дека нема ни потреба да се прави муабет зошто се знае какви треба да бидат и тоа е тоа, па не ти е јасно зошто некој би мислел или би менувал нешто до тоа што е. Тоа оддава впечаток на доста морална личност. Од такво човек би се очекувало да нападне на форумов она што е надвор од таа моралност, но не е така. Ова е бидејќи ли не се замара со тоа што другите мислат (ко што реков погоре), или не сака да се расправа оти знае дека на форум ретко кога успева квалитетна дискусија на такви теми или едноставно прифаќа и тоа што не го оправдува се додека не се случува пред него. Знам дека е контрадикторно ама јас би рекла сите три. Не изгледа ко да се откажал од луѓето, но како едноставно да не сака да се бори за тоа во што верува. Па во право е до некаде, зошто би и со кого би?
Никој не може да ме убеди дека не треба да се трча по девојка, односно дека не трчал и нема да трча по некоја. Се наоѓаат такви постови во кои се знае дека и самиот не верува туку ги пишува или како клише или како начин на истакнување или шо би се рекло како типично машко. Јас би рекла третото. Покрај ова, ми се допаѓа како размислува околу љубовта. конзерватизмот ти се приметува и тука, но во добар контекст.
Сега треба да дадам свое мислење а? Прочитав доста твои мислење за да склопам вака мала и неуба анализа. Настрана тоа што си доста сериозен на форум (нашол кој да збори, знам) премногу ми изгледаш ко прирачник за автомеханика, а таму каде не е така нема некоја живост во постовите, нешто што би ме натерало да запамтам дека е твое. Ми се допаѓа тоа што си ненаметлив и што не знае човек дали си оптимист или песимист. Постовите ти се чил аут, ама не во смисол се ќе биде ок, туку не можам веќе да мислам како ќе биде. За анализава правев доста пиши-бриши пошто ми изгледаа контрадикторни речениците, може е до тоа што читав постови од различни периоди па си се сменил, или пошто твоите верувања не често не се соодветни со твоите желби,ама најверојатно е до мене :)
И за крај морам да пишам, топ си кисс4е :pos2:
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Возможно е некој мене анализа да ми направи ? Онака кратко :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Analyze my pitiful existence someone?
Возможно е некој мене анализа да ми направи ? Онака кратко :)
Се би било порозево кога луѓето би ги читале воведните постови од темите.

Критериуми за БАРАЊЕ (не значи дека ќе добиете) анализа кои вас ви фалат се:

-Направена психоанализа на друг член
-500 постови (ова само до Дамјан)

+ ова се форумџиски критериуми (нашки) т.е. да сте прилично активен и доволно социјализиран со форумџиите (т.е. да сте влегувале во дебати, ова ради полесно да ве анализираат и воопшто да се нафатат, не дека МОРА да е така)

исто можете да пробате со фората “давам анализа, барам анализа“
ама најпаметно и воедно критериум е вие да анализирате некој од поактивните членови без ништо за возврат, со што ќе добиете прилично доста побарувања, па тогаш ја влечете картата “ја тебе - ти мене“

Не бидете leech-ери...seed-ајте малце...
 
B

Blacks

Гостин
Се би било порозево кога луѓето би ги читале воведните постови од темите.

Критериуми за БАРАЊЕ (не значи дека ќе добиете) анализа кои вас ви фалат се:

-Направена психоанализа на друг член
-500 постови (ова само до Дамјан)

+ ова се форумџиски критериуми (нашки) т.е. да сте прилично активен и доволно социјализиран со форумџиите (т.е. да сте влегувале во дебати, ова ради полесно да ве анализираат и воопшто да се нафатат, не дека МОРА да е така)

исто можете да пробате со фората “давам анализа, барам анализа“
ама најпаметно и воедно критериум е вие да анализирате некој од поактивните членови без ништо за возврат, со што ќе добиете прилично доста побарувања, па тогаш ја влечете картата “ја тебе - ти мене“

Не бидете leech-ери...seed-ајте малце...
Фала за просветлувањето... За почеток ќе стартувам од тебе :baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom