Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ada

ada

Би започнал со класификација на ликот ада сместувајќи го во групата на една од малкуте култни личности на форумов.
Понекогаш исполнета со емоции, а понекогаш комплетно ладна и оддалечена, ада на форумов претставува лик кој со себе носи една тежина составена од знаење и искуство.
Сестраноста, односно способноста да дискутира во сите области е нешто кое ја прави достојна и прилично истакната во секоја можна дискусија.
Не дека малку луѓе го поседуваат следново, но дефинитивно се малку оние кои го остваруваат до крај. Ада спаѓа во оние малкуте кои своето мислење го ценат исто колку и туѓото, само што длабоко во себе сепак е свесна дека таа е во право.
Е тука, да не заборавам да спомнам дека понекогаш едноставно треба да си ги голтнеш зборовите за да полесно си ја докажеш поентата. Мислам дека понекогаш малку избрзуваш во одредени дебати, за потоа да ти биде криво за она што си го направила.
Од кога се појавив јас на форумот, па се до моментов кога ја пишувам анализава, ада барем во мои очи се пројави како човек кој според сопствената теза за менување на луѓето:

И колку и да звучи излитено, ако нешто може да внесе промена, онда тоа е љубовта (и не мислам само на партнерската, туку во еден поширок контекст). Ама, за жал, таква љубов, животворна љубов, е многу тешко и да дадеш и да примиш.
всушност успеал да ја пронајде љубовта во еден поширок контекст.
Ова го спомнувам затоа што кога прв пат ја, ада ми делуваше потполно идентично на личностите кои ги опишала во продолжението на погорниот цитат:

Егоизмот, зависта, гневот, разочарувањето и сл. некако многу полесно ги користиме.
Е сега, бидејќи лично јас не верувам во промена на луѓето, би претпоставил дека ада всушност од секогаш била она што е денес, само што во еден период била обземена од карактеристиките спомнати погоре и свесна за тоа (во еден пост си признаваш и кажуваш дека ќе се откажеш од лицемерието), реално согледува некои работи кои можеби допринесуваат до менување на човекот.
Следствено на ова, слободно ќе кажам дека ада е и повеќе од свесна за сопственото дејстување, постоење и функционирање и токму поради тоа ја има достигнато стабилноста на нејзиниот карактер.
А сега, откако ги надминала оние негативности, претставува личност која пред очите на другите остава впечаток на силна личност која ја прифаќа секоја следна борба на животот.
Дека е цврст карактер покажува и фактот дека успешно се откажа и од цигарите :)

Карактеристика која многу ми се допаѓа кај ада е слободоумноста при размислувањето и прифаќањето на некои одредени нови вредности.
Апропо на тоа, би додал и дека ада е спремна да прифати промени на кои многу лесно би се прилагодила.
Уште една прекрасна особина е огромната способност за социјализирање и дружељубивост која дефинитивно не ја прикриваш и многу мудро си ја искористуваш.

Ах тој сарказам... Не е дека не го сакам, туку едноставно, понекогаш не треба да се употребува. Иако бар ти го користиш во потполно умерена доза, и знаеш точно кога и каде треба, сепак моја забелешка би била малку да го оставиш на страна затоа што имам приметено дека едноставно има луѓе кои тоа го сметаат буквално како понижување и навреда, иако е слатко да се прочита.:smir:


Друго негативно, кое би можела да го промениш кај себе е можеби скромноста која ја поседуваш. Од време на време ми делуваш премногу скромно за човек кој во себе носи таква интелегенција. Немој да дозволиш лесно да се задоволиш со тоа што ти се нуди. Барај повеќе, затоа што повеќе и заслужуваш.


Единствено нешто што кај тебе не успеав да го проанализирам читајќи те оваа година и пол, за времето на моето постоење на форумов, е дефинитивно твојот љубовен свет. Ми се допаѓа начинот на кој го дистанцираш од очите на другите, но не ми се допаѓа тоа што можеби дури го прикриваш и од самата себе.
Сепак, ова не би можел да го тврдам затоа што немам доволно материјал за обработка:)

Се надевам дека и тебе успеав до некаде да те доловам како личност. Поплаки и забелешки очекувам во најкус можен рок:back:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
delfybuba

delfybuba

delfybuba за мене претставува лик кој својата активност на форумот не ја поткрепува со времето поминато онлајн, туку со длабочината и значењето на репликите кои ги остава по страниците на форумов.
Ќе цитирам еден дел кој многу ми се допадна додека ги прегледував нејзините мислења:

Да,живеам во сегшноста,во минатото понекогаш а најмногу во иднината.
Судејќи според ова, delfybuba пред мене се пројавува како личност која сака да ја има иднината во свои раце. До некаде прекрасна особина, но сепак би дал и една мала критика.
Сегашноста нуди многу повеќе од иднината. Затоа што она кое го живееш денес, како ќе го одживееш ќе се одрази на твојата иднина, а истото ќе постане и минато.
Затоа мислам дека најубаво би било иднината да ја планираш, но да се препуштиш и да живееш комплетно во сегашноста. Таа е онаа која го прави животот она што е.

Нешто што навистина е од големо значење во нејзиниот карактер е прифаќањето на белата лага.
Тоа всушност означува симбол на една личност која ни помалку, ни повеќе, секогаш се обидува работите да ги балансира за да постигне стабилност и сигурност.
Па од тука би додал дека delfybuba е вушност човек кој потполно ги подразбира проблемите кои може да ги предизвика дури и само еден единствен збор, што не е за потценување.

Оддавајќи слика на една заљубена личност создава една слика за неа која ја прикажува како некој кој знае како да сака и зошто да сака. Ја прикажува како личност која едноставно живее зависна од убавите чувства кои ја исполнуваат со енергија за да успее да продолжи понатаму.
Малку горделиво, но сепак многу храбро верува дека доколку веќе има потреба од конкуренција подобро е таа да биде нечија.

Иако понекогаш се чувствува како да не припаѓа онаму каде што е, сепак секогаш останува доследна на нештото кое започнала да го прави и никогаш не се откажува од своите интереси.
Нешто кое највеќе ми се допаѓа кај неа е размислувањето дека луѓето едноставно не се менуваат.

Уште еден човек на кој му симнувам капа поради тоа што е задоволен од она што го има, но и покрај тоа никогаш не се откажува од потрагата по повеќе. Иако можеби звучи комплицирано, сепак за delfybuba не е проблем додека да го постигне она што го сака да остане задоволна со она што веќе го има.

Она што мислам дека мораш да го промениш и преќутувањето на некои работи. Едноставно и сама си свесна за тоа дека колку повеќе молчиш, толку потешко може да стане. Иако си свесна дека зборовите можат да повредат, пушти ги на слобода. Со време пуштени ќе болат, но секако многу помалку.

Тоа би било она кое успеав да го согледам за тебе. Ако грешам некаде, сугерирај ми:smir:
 
Е

експерт

Гостин
Иако не ја оправдувам и не гледам причина и цел за анализа (освен на патолошки случаи), сакам да видам како ќе ме опишите. Дали треба и јас потоа да вратам или како оди тоа?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
:cuc:останав без збор...се е точно.Зависна од убавите чувства...колку прецизно кажано.
А тоа за сегашноста...неодамна го променив:smir:
Ептен добра анализа.Те бива:back:

За возврат и јас тебе една,малку аматерска,овие денови...
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
2.271
И јас сум на листата!:back:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Мојата прва анализа - Let's do brainstorming

UniqueGirl


Welcome to my office


Член сум на форумот неколку години и искрено ниту една "форумска појава" ме нема заинтригирано како UniqueGirl,моето мислење за неа од почетокот на нејзината премиера во јули па се до мометалнава анализа се смени за 360 степена кон подобро(нема да се навраќам од почеток до крај - шо како било,да прошараме малце ).

Rise of the phoenix.
Коинциденција или не , избраниот ник ти одговара , the one & only - имаш уникатен лајфстајл (надворешни и внатрешни карактеристики - кои ретко е да ги најдеш во целина).Твојата наизглед храброст (која неверувам дека ја имаш во таа мера ,како што ја покажуваш во изолација)предизвикува љубомора кај другите и контра на ова - идол на третите.
Главната разлика помеѓу тебе и останатите е во начинот на перцепција на околината,кога сакаш - можеш да погледнеш во душата на другите и да сочувствуваш,при прв разговор со непозната личност умееш да се вклопиш и да оставиш каков впечаток ти одговара.Ова ти е шанса да бидеш манипулатор зад завесите.

16 години е зачудувачки за нејзините способности и моќ која ја поседува,затоа ги заслужува комплиментите.
Ќе се обидам во 3 дела на поинаков начин да го согледаш балансот што ти е потребен ,за хармонијата која ти недостасува веќе одреден период.


+ Yang

Ја имаш таа карма - каде и да одиш да привлекуваш внимание , иако мислам дека тоа ти годи само кога ти тоа намерно го правиш.
Реално ги согледуваш ситуациите,конфликтите(сеедно дали те засегаат само тебе или другите) , друго е кога ќе се замислиш во туѓа кожа,па од тука и желбата за правдина.

Сакаш да знаеш се ,брзо ти здосадуваат општо прифатените рутини,обврските па и личностите , несомнемо аватурист .
Секогаш во потрага по нешто ново и таинствено , ако нешто те интересира го дознаваш и не се двоумиш да одиш на ризик.

Камелеон - брзо се прилагодува на случувањата и опкружувањето,сака да го чуе интелектуалното размислување а воедно и да го запамти најдоброто - што понекогаш може да доведе да се препознае некој во нејзиниот став.
Многу остроумна и аналитичка личност,ако и фати око некоја тема,се обидува да "победи" и ги убеди другите дека знае што пишува(и во повеќето случаи е во право,знае да удри ниско - но целта е оправдана).
Темелно ги планира сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегува со решение.


Сте се излажале доколку мислите дека анализава се прави исклучително од постовите - во овој случај тоа би било placebo ефект.

-Преферирам искреност, колку и да е болна.
-Лицемерноста, дури алергична сум на зборот.
Ја цени искреноста ,затоа шо порано си ги признаете лагите - толку подобра реакција очекувајте.
Just a second -.-
= Од кај ќе знаеш кој е искрен, кој е лицемерен , освен ако некој друг не ти поткаже нешто , што и него го става во некоја од овие категории.
Види чудна работа,искреноста создава презир во очите на другите а лицемерието делува успешно додека не излезе на виделина.
Но вистинската личност затоа има неколку пријатели , тој што има многу пријатели не е вистински пријател со никого.
Тука го делиме квалитетот од квантитетот.
Поинтелигентна си од што мислиш - choose wisely.


- Yin

Се обидува да ги сокрие емоциите но така ја открива својата ранливост ,која за жал емоционалните-паразити како што ги нарекува (ја користат како главно оружје) - занемарувајќи го фактот како е од другата страна,ретко кој ја има таа особина да биде среќен ако другите се среќни.

Ги цени и анализира туѓите мислења од едната страна (кај се крие лицемерието),нејзината доверба во туѓите совети може да биде кобна,некој од змиите се отровни ,барајќи го идеалниот совет - држи се до своите идели ,не претпоставувај ,само внимавај на деталите и ќе ја откриеш вистинската намера.

Во пријателството боли лагата ,во љубовта вистината ,се плашиш да ги покажеш чувствата - држењето во себе е многу потешко отколку отварањето,

Наивна е или се прави така ? Хммм

Индивидуалноста не фукционира најдобро кај тебе-несигурноста која ја јаде самодовербата ,понекогаш и не е битно да испадне совршено и сите да ти ракоплескаме ,и онака кога секој си чита тоа што сака или меѓу редови ,не ја гледам поентата на kewl манијата.

Не сака да биде игнорирана , но многу вешто ги игнорира поставените прашања кои се однесуваат за неа.Лесно е да се тупи за другите,но подобро да кажеш дека почитуваш приватност(хехе тоа би немало смисла ..нели, не кога љубопитноста е посилна)
Знае да изненади со серија критики - брз јазик има и понекогаш зборовите излегуваат пред мислите.

Не ти смета хејтањето од другите , се додека не стане посериозна ситуацијата ,сакаш да провоцираш и на некој начин фидбекот како последица те одржува активна во виртуелното катче - доколку би те игнорирале ,веројатно не би била присутна тука многу.

Потсвест

-значи без никаква посебна причина.
-стрес без никаква посебна причина, а при најмала нервоза ...
знаеме =)) затоа одиме да рчнеме подлабоко.

Иако емоциите влијаат на голем дел од тебе , се потпираш на разумот во последен момент ,тоа е добро - не верувам дека би издржала со емоција да расудуваш- само повеќе би заглавила во твојот свет и би ја поттикнала депресијата и тагата - која не ја заслужува твојата насмеана и позитивна личност.
Ти треба контрола на емоциите ,твојот ексцентричен дух што несвесно го покажуваш - предизвикува внимание кај другите ,кое повеќе се одразува негативно отколку позитивно.

Таа памти сe за другите луѓе многу добро.Иако не верувам дека е злопамтило,сепак кажаното останува во неа и може да очекувате работите заглавени во вашата меморија да ги пронајдете неочекувано во најобичен муабет.

Не е свесна за своите квалитети,креативност .Ти треба инспирација - повеќе фантазија - daydreaming , нешто што ќе те оттргне од суровиот свет и стресот кој е честа појава кај тебе.

Мислам дека си срамежлива до некој степен,пример - говор пред просторијата полна со луѓе ќе ја покаже твојата трема.

Имаш некој внатрешен страв пред личностите со титула "авторитети" ,памтиш за шо ти зборев - премногу се замараш ,ако веќе се одлучиш за некој потег - извлечи го најдоброто од него,грижата и замарањето кој се дел од твоето анализирање - можат само негативно да влијаат на веќе донесените одлуки.


The End

Добродушна девојка како тебе го заслужува најдоброто , го имаш влијанието врз другите - сигурен сум дека ќе стигнеш далеку , јас верувам во тебе - обиде се и ти =) , па и да не оди се според планот - можеш да импровизираш и повторно да бидеш на тронот - кој ти припаѓа тебе.

:back:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Мило ми е =)

mission complete :back:
 
M

marsovka

Гостин
Гладиус

Поминаа скоро 9 месеца од мојата последна анализа, сеа повторно те анализирам но само промените кои ги имам забележано. Ќе бидам едноставна и кратка без кењање .
- стана модератор и се претвори во одмаздник кој сакаше да ги израмни сметките од една страна а од друга сакаше да се докаже дека вреди нешто за да им покаже среден прст на сите кењачи кои не правеа ништо освен да ќењаат.
Откако ти пројде периодот на мрштење и око за око заб за заб кој се обидуваше да го затскриеш позади агендата дека сакаш да воведеш ред во пофорум општи . Започна навистина добро да си ја вршиш работата. По постовите малце иам прочепкано освен дека научи да не се лутиш или барем не јавно да го искажуваш својот револт. Бидејќи така работата потивко ќе помине и помала ќе биде штетата лекција која ја плати скапо. Научи to let it go , научи исто така да бидеш човечен и да си ги признаеш грешките иако уште си тврдоглав само сеа научи да го стискаш копчето стоп кога си увидел дека е грешка. Иако во љубовта сеуште кога некоја ќе ти влезе под кожа сеуште сакаш да ја освоиш . Се бориш ако треба но сепак не до истоштеност како порано
Повеќе немаш потреба да враќаш дури и пресекуваш за некои работи во врска со другите иако 90 посто од луѓето би го оставиле сеирот да се тера.За разлика од порано не се трудиш да им помогнеш на луѓето освен ако не те замолат. Научи да се бавиш со својот живот и навистина да не се замараш .
Научи едноставно да бидеш возрасен и да работиш во границите кои се поставени без превише покажување и прикажување. Оставаш делата да зборат за тебе .
Да не се лажеме сеуште си сноб ама барем не го манифестираш тоа превише , сеуште си тврдоглав само не се трудиш да го срушиш ѕидот со голи раце како порано. Не дозволуваш ко порано да те заслепат емоциите само сеа научи да гледаш подалеку од моменталната состојба.

Растеш keep up the good work

Ова е вака што забележав така да чекам анализичка .:back:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
marsovka, фала:back:
Иако сепак гледам некои негативности кај мене сепак сум многу задоволен од анализава:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom