прва тура
После месец дена (ова за да се тешам малку) еве сум пак на темава да почнам да го исполнувам ветеното... а убав ред се насобра пред каучот... било како почнуваме и тоа онаму каде што застанав (барем се сеќавам) ми преживеа компјутерот од тогаш 2 формати... а и имав и пишано по нешто онака малку ама колку толку ќе ме поштедеше од шкрапање по тастатурава и дополнителни манијачења по профили....
Почнуваме...
`EsCaPe`
Тетовчанка, една од повеќето кои прават ршум по форумов ги има насекаде а наредовни се во Љубов и Секс со дневни рапорти, Дона а.к.а
`EsCaPe` е доста вљубено девојче кое деновите ги поминува претежно со нејзиното момче, често знае да напушти часови за да биде со него... (Дона внимателно * ѕсвездата е ставена поради предизборниот молк ќе биде протолкувана подоцна а е поврзана со образованието)....
Никот е доста интересен и ми влезе во око (не дудлам бе) уште кога се реактивирав некаде кај октомври и штанцав во играница, знам ми текнува тогаш цел филм ми направивте со Мак Тигар... и пишав еднаш дека никот и значи одбегана – забегана и доста згрешив, тајтловите ги менува редовно...
Аватарите се од групата заебани т.е некои апстрактни со скриен приказ на вљубеност (што не е случај со последниов)
Музика... е да музиката е составен дел од твојот живот, неможеш без неа, рокот посебен осврт на рок баладите, ама тука се и техното и миксовите... добар избор на музика имаш...
Социјален статус... зафатена (откажете се)
J доста другарки (придружба за бегање од часови и шанса за закачување) = статус ОК (бомбона)
Совет за понатака, продолжи со исто темпо ама посмирено и повнимателно...
Се надевам ќе се запозаам со тебе.... здравје на некоја собиранака во Ск ако некако вие тетовската организација успеете да се организирате.
Next…
maca_kaka
Maca Kaka` вечно вљубената во Кака` и една од девојките редовни во фудбал....
Зачленета на форум од пуста (засега нереализирана) љубов за Кака`...
Па ја зарази и сестраи....
Сега се две за Милан и Кака`
Ама сега ти си на ред за анализа на love in Kaka` brain почнувам...
А осеќам длабоко во тебе го сакаш Кики... осеќам... неможеш да ме лажиш
Аватарите ти се со Кака` - фејк се, Кики го сакаш ти
Се зезам де Кака` го сакаш инаку зошто би го ставала во ник, тајтлот пак поврзан со него, постовите со милан, и пак круг, пак Кака` пак ти...
Средношколка, сака да се зеза за Кики демек плачел (плаче де), типично средношколски демек еј види го нејќам Кики, ама признај де...
Битно МАРИЈА е прекрасна, сака животни (кака` и кускуле)
сака што поскоро да го заврши средното како и осатокот од 99% истомисленици, е да ќе забораваев ја сака Биологијата...
Мацо ако идам за Ск обавезно ви идам на кафенце тебе и на Кика
J
Next…
Тикви4ка
Кој друг ако не Милица, не за друго на Правен е ќе најде некои дупки во тоа законот, ќе ме сневиди на месец дена...
Е да и плус најактивна (благо речено) е во барањето на анализата, не успеа да го испушти тоа дури и кога се видовме на живо во Охрид ццц (ако се сите од гостивар исти блазе им таму)
Едн хир ви гоу, ауу кое пеколно запознавање го имавме на форумов, цела страница ако не и две наполнивме со препукување и ЗОШТО... бидејќи ја нареков Тикви4ке... (си најде причина за муабет), па малце ни беше тоа, некој од тоа модераторите не бришеше упорно па моравме по ПП да си продолжиме со мини војната...
И не не жалам за тоа, излезе дека зад Тикви4ка се крие една интересна девојка со желба да стане правник, а што е рчкало е и тоа големо (да не правам споредби сега), ама сето тоа тоа и е тактички изработено за да стигне до целта, добра и квалитетна одлика, ако не може директно, кој го ебе директното, може и од околу да се стигне до каде што се сака...
Ги сака и Роксет (очигледно) кога те аднав на мсн се замислив кого аднувам (си викам што е сега па ова менаџерка да не им е
)... е да се фали дека е од Гостивар и дека има арсенал оружје – демек ќе го пукала ако не го анализиарам... еве бидна не пукај сега
J
Хмм... има уште додуша има уште многу.... е да ФУКНА 19 и ај еве ти еден подарок, видиш дека вредеше да почекаш малку, немај мака тоа манијакот е добар знак :wink: некој те мисли, само за да не претера тркни до Т-мобајл и среди работа...
Аватари, тајтлови (вљубени) и слични (видливи од прва) секогаш некои провокативни барем тој првиот со девојката, овој ги провоцира само пушачите (срам те било * и пак ѕвездата поради предизборен молк не е вклучена)
Ја сака МАКЕДОНИЈА и успева секогаш да го потенцира тоа.
И еј погоди шо... не пишам појќе доста е за сега.... имам уште за пишување...
Е да со тебе се запознав и мило ми е за тоа, се гледаме (некогаш)
Next one…
Crazy in Love
Уште една Марија, ама оваа плава (не спомнувам ова за друго туку поради изговорот
) ама оваа имав чест да ја запознаам во живо
и можам само да кажам дека тоа титлето што ти стоеше пред ова редакциското во потполност те опишуваше...
Весела, расположена (било за кафе и тоа во дози од едно до 10 во денот или за забава), девојка на која љубовта и чуствата кои сама пио себе ги носи и значат доста, ја исполнуваат во целост...
Аватари, редовно променливи битно секогаш со отворен приказ на женственост (не толку отворен де
забранети се такви фотки) борец, вечен борец за правда (ова си го погодила и професионално). За титлето спомнав погоре....
Парти енимл што би рекле по тинејџ филмчињата (Холивуд со Х продакшн) секогаш е весело во твоја близина и има доста за муабет, еве успеа дури и со мене да врзеш муабет, а јас онаков срамешлив седнав таму до девилиш ејнџел и го прашував Геџо кои се тие накарши (или ти беше тоа
)
Песни, музика (лав сонгс) битен аспект од твојот живот, се фалиш дека ги имаш сите, ај ако ми затреба некоја тука си....
Хммм е да спомнав погоре, правото и правдата и истерување на истата не ти се така далечни, имаш добар одмерен израз и добри постови....
Ги жалам домашните, не те гледаат (не за друго)
Мака си мачиш со Смоки & компани на мсн ама еве да чукнам во дрво одамна не било...
Епа плавушо (ПАМЕТНА) мило ми беше што те запознав и искрено се премислив за воошшто дали да ти пишам анализа, кога можев со само еден збор се да кажам 100% FRAGILE
Следеќиииииии.....
Маwечко
Е да ми текна дека и тебе ти ветив анализа... па редно е да почнам и за тебе, стварно вредеше што почекав малку со анализите, во меѓеувреме напиша доста добри постови кои кажуваат доста за тебе.
Спротивно од општата причина наведена од тоа дека никот си го напишала за да ги реметиш луѓето со говорна маана дојдов до заклучок дека таа причина може да биде се друго ама тоа не, едноставно твојот став против таквото реметење е доста остар и дециден.
Имаш доста добри и одмерени постови, кратки се и знаеш што сакаш да кажеш, ја доловуваш целата поента на нештата. Упорноста за да докажеш нешто доста те краси.
Аватарите кои ги користиш претежно се двосмислени и комплицирани, убаво смислени (со девојката во паркот). Тајтлот си е приказна за себе само ти си знаеш што значи, искрено мене ме удира на Jail (затвор веројатно женски) и bait (мамка ??) сигурно од некој филм, некоја индиректна инспирација...
Животните ти се неизбежен фактор, ги сакаш и почитуваш а исто така верјатно покрај чувањето на кучето чуваш и нешто друго (поситно)
Е да и ти си редовна во Љубов и Секс, ама тебе барем редовно те читаат
J
Фотографијата ти е пасија, значи тука е постојаниот натпревар со Фликс и Точкест
Би сакал да те запознаам и тебе, осеќам дека ќе падне убав муабет за која било тема, посебно околу животните.
Следува....
elence*$
Охриѓанката која ми влезе во око во фудбал фан клуб, навива за (мене) погрешен тим – Арсенал, и една од ретките (многу ретките) девојки кои пишуваат во Фудбал...
Имав можност да те запознаам и да се уверам дека си потполно истата личност како и на форум, со созреани и убави постови и убава форма на изразување, матурантка, која моментално е насреде фрка за учење и спремање на полагањата, но секогаш е тука за убав разговор.
Убава и интересна смисла за хумор, доста те има и тебе во Љубов и Секс кај советите...
Си го сакаш Охрид ама не претерано, те нервира малограѓанштината и озборувањето кое за жал е толку типично за Македонија... (демн проклета транзиција). Тазе ти е прeживувањето на три едно по едно матурски вечери
Планираш професионално да се посветиш на правно политичките науки (кај најдов сите правници да ги анализирам денес)...
Веројатно желба во моментов ти е да можеш да тркнеш до Русија и да си ја видиш сестра ти....
Битно не го кажуваш името кога ќе те прашаат чиво е капачето
Aма сепак си го сакаш Охрид и не го менуваш за ништо, тука ви е езерото а горештини се сега, плус ќе ги одерите скопјаниве годинава, не одат за грција...
Засега толку за повеќе ќе треба да се потрудам.....
____________________________________________________
почна да ми прегрева сивата маса, а имам уште една тура анализи.... во најава, Годес оф Хаос, ТонИнтер, ЏенуГрл, Ливерпул Фан, Мериџејн-Појзон... може имам и уште пријавени ама не ми текнуваат....