Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Била Бонг
Дечкото кој со само 15години размислува зрело и веќе има создадено свои ставови и мислења во врска со некои теми во животот.
Спортски тип,секогаш со постови во темите за спорт но највеќе сака да зборува за кошарката која воедно е дел и од неговата цел во животот а тоа е да стане светски познат кошаркар со
блескава кариера како неговиот омилен кошаркарски идол Дејан Бодирога,а можеби и подобар од него.:pipi:
Секогаш насмеан,расположен и оптимист..дискутира на сите теми и сака да ги задоволи сите членови на форумот.Мрази пушачи а и самиот вели дека никогаш нема да пропуши затоа што спортот му е на прво место а потоа се останато..посветен на тренинзите..никогаш не обвинувајќи ги дека се причина за некоја главоболка:)
Лесно стекнува пријателства,отворен,и дружељубив,сигурно еден од омилените во друштвото заради неговиот хумор и постојаното ведрење на останатите
За љубовта кај него нема баш што да се каже..не покажува многу емоции но сепак знае да биде директен и да каже на личноста која му значи дека навистина е така,верува во вистинска љубов и има надеж дека еден ден и тој ке си ја најде неговата принцеза..што е негово ке си дојде..барем тој така вика..сепак желноста за страст и романтика ја искажува и преку своите аватари иако не го посетува подфорумот љубов.:pipi:Го бива за романтика иако уште треба да се докажува
Важен му е карактерот кај спротивниот пол но не го замерува ни надворешниот изглед..сентиментален тип кој несака да го повреди оној што му значи..ги следи своите инстинкти и секогаш ја кажува вистината без разлика колку и да е сурова..интелегинтен и перфекционист..може да врши повеќе работи истовремено а сепак да стигне на време да обврне внимание на своето друштвото и поблиските..
Верен фан на кантер..кога и да има слободно време секогаш седнува на неколку партии..мрази турбофолк,обожава да се смее на скечовите на к-15 како и повремено да го слушне бајага,тоше или некоја балада..која ке го распее:)
Не си од оние членови со огромни постови..напротив тоа што сакаш да го кажеп го пишуваш во кратки и јасни црти без да забегуваш од темата(барем јас колку што сум приметила)Присутен често и во галеријата за давање убави комплименти или за некоја добра шега на негова или туѓа сметка:wink:
Исполнителен дечко,со голем потенцијал кој се надевам ке го искористиш најдобро што можеш во иднина..те знам мн краток период но те чуствувам веќе како некој близок .можеби затоа што си отворен и секогаш тука за муабет..подготвен да помогнеш и да дадеш совет на кого му треба или да спречиш некоја караница со што ја потврдуваш уште еднаш својата добродушност..сега за сега толку..се надевам дека е доволно за овие два дена..ми остави добар впечаток од прва
и се надевам дека ке продолжиш да го подобруваш и понатаму..ти посакувам среќа на сите полиња во животот(тоа и самиот го знаеш)..би требало нешто од напишаново е погодено..поголема анализа..да се надеваме во иднина..кога ке те запознаам подобро
твојата дада бебуш:back:
Фала бебе,прекрасна е немам зборови...:back:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ако сака некој од мене нека каже.
Услов: да има помалку од 1000 мислења
Само немојте сите да ми се наредите сеа па да не можам да кренам глава од психоанализиве...
Ајт:salut:
Најлажгото за 2007 се пријавува :vozbud:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Lady твојата до вечер ќе биде готова,да здивнам малце од тренинг,ќе ја напраам попосле...
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Јас само да ја потсетам Рејзр....

Мор, ми ја заборае тја аналајзата!

:pletalka:

...а со душа ја чекам :(
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.755
Поени од реакции
9.800
Ај мене една анализа? :se_ molam и ја ќе пишам за тој што ќе пише за мене :vozbud:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Lady


Еве иако со задоцнување големо...еве ја конечно анализата:)..

Прво како личност морам да кажам дека не те знам многу многу...сепак,ти си една истрајна,весела,добродушна личност...

Умееш да ме насмееш некогаш,со твојте постови...

Ја сакаш модата и се околу неа...

Моабетот ти оди со секого,секогаш знаеш да направиш добра дискусија...затоа и си модератор во Општи Моабети...

Се што правиш,правиш од срце,никогаш не ветуваш нешто што не си сигурна дека во целост ќе го исполниш...

Истрајна личност,имаш време за се...не ти се брза во донесување на некој одлуки..иако животот тече...
Секогаш си тука за да им помогнеш на луѓето и уживаш додека го правиш тоа...
Не си љубоморна во никој случај...едноставно немаш ти негативни особини...

Што се однесува како член...мило ми е да ти ги читам постовите,имам што да прочитам,а и секогаш се убаво средени...

Те има на секаде на Форумов..највеќе во Општи Моабети и во Мода и Убавина..

Сакаш музика,забава и добро журкање...

Со љубовта незнам како стоиш,иако мислам дека го бараш правиот човек за тебе...,и знам дека во брзо време ќе го најдеш..

Тоше го сакаш премногу,нешто како брат...секогаш ги слушаш неговите песни,и често аватарите на форумот ти беа поврзани со него...

Не те знам во живо,те знам само преку форумот...се надевам дека си таква личност каква што те опишав и во живо...

Се надевам дека ти се допадна анализата,иако кратка толку можам да исцрпам од тоа што те знам само преку форумот...
Се гледаме на собиранка..нормално ако се решиш да одиш:)...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ќе напраам исклучок на поставениот услов заради Walker girl:smir:
Прво basic info: 18годишна Струмичанка 4та год.средно.

Одма се приметува дека е паметна и постовите и се секогаш добро средени. Одговорна личност која се гади од непрофесионалност и неписменост. Посветена, ако си замисли некоја цел истата и ќе ја оствари. Реалист е, значи цврсто стои на земја, не забегува со паничење во кризни моменти. Разумно донесува одлуки. Негативните искуства ги сфаќа како дел од животот и вади поука, фала богу.

Уствари мрзи такви дигнати личности што се лицемерни и што немаат попаметна работа отколку да озборуваат. Не е од тие што се мешаат во секоја каша, напротив дава совет ако истиот е побаран.
Добра другарка и тоа се гледа по тоа што секогаш е насмеана само за да не упропасти расположение на некој друг. Ако се приврзе за некој човек, тоа е трајно и никогаш не и е досадно од некои луѓе, велам некои. Ги почитува своите родители. Ако тажи, сама тажи, не сака да ги оптоварува луѓето со свои проблеми. Сепак, сака да наметнува свои ставови кај луѓето ( како стабилна персона си има цврто изградени ставови), малце е тврдоглава. Во друштво нејќе намќори, значи сака ведар пристап.

А во однос на школо, почитува авторитет и очекува сериозен пристап од професори. Кажав, одговорна личност, значи учи и многу сака да чита книги (бтв ќе послушам некој твој совет за книга, на пр за Парфем), што се огледува и во нејзините текстови за кои е карактеристичен загадочен крај.

Зависна е од благо (благо без чоколадо не баш) и од комјутер (многу нормално). Сака да си го надоградува компјутерот кој бтв е во нејзината соба така да најголемиот дел од денот си го поминува во соба. Кога сме веќе кај собата, не е некоја педантерија, ама е типка што знае да господари со хаосот.

Обожава крстозбори. Следи се, што најново се дешава и во спортот и во компјутерската технологија...Мрзи алкохол. Кај машките, сака спортски стил. После средно планира да дојде во Скопје на студии и да се дружи со Скопјани (се надевам ќе се дружиме:wink: ).

Сега уште повеќе сакам да те запознаам:helou: Pozz
 
R

reactive89

Гостин
Ај ако му текне на некој нека ми направи анализа, баш сакам односно многу ми е интересно кога некој ми прави анализа... фактички многу позитивно ми делува и ми укажува на некои работи кои можда треба и да ги променам кај мене... плиииииииисссс :) Благодариме однапред... process loading... :)
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
G@rfielD

Прво да се каже, дека е голем фан на Јувентус. Личност која сака да се забавува, да се дружи, и личност со смисла за хумор. Веќе подолго време е член на форумов, скоро година дена, и се гледа дека е доста популарен член, а и не гледам причина зошто не би бил. Позитивен, и добро расположен, најчесто го има во Фудбал и Општи муабети. Има 15 години и пишува постови од Тетово, исто така е и добар гејмер (ама за кантер е ептен бот :xaxa: шала бе :smir:), и е многу голем фан на музика, особено транс. Транс адикт е :xaxa: исто така многу го занимаат и припадничките на понежниот пол, секој ден е затрсекан во некоја :xaxa: Си сака здравје, среќа, љубов, а за Нова година сака една добра женска со која ќе се сакаат, и едно Ламборџини Галардо, сигурно си знае он што со колата :pos:. Добар другар е и со пИсИто, и сака да си го надгради. Доста е сигурен во тоа што го пишува, и тешко некој да му го смени мислењето, си ги поштува пријателите и сака да стекнува нови т.е. си поштува пријателство чоекот. Исто така си обрнува внимание на надворешниот изглед, добар другар е, и исто така е и одговорен и си учи кога се работи за школото :xaxa:

Толку од мене, ваљда погодив нешто :pos:, и кажи фала за анализата :xaxa:
Ај кога ќе се запознаеме, повеќе ќе пишам :xaxa:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Сити, ме заборај?:)
нееее...:nenene: само се обидувам да најдам доволно време и добро ниво на концентрација за добра да ја направам анилазата.

ај да не ветувам ама мислам до вечер ќе биде :smir: може?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom