Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Billa Bong

Дo сега нема искуство во анализирање, но барањето за анализа од страна на Била Бонг би беше предзвик да направан еден краток психолошки профил на неговата личност овде на кајгана:

На почетокот не можам а да не споменам дека главно прво во очи ми падна твојата исклучителна љубов кон спортот, животот го живееш под мотото “во здраво тело здрав дух„ и спортот ти е пред се во животот, тоа особено се гледа во твојот огромен придонес за темите кои се однесуваат на спортот (и секако на сајбер спортот), твојата енергија на форумов главно е насочена таму.

Од коментарите на форумов можам да забележам дека санува збор за исклучително ведра и добродушна личност која секогаш е позитивно настроена кон другите луѓе, секогаш со “убави зборови“ и позитивни комплименти.

Според мене имаш желба никогаш никого да не навредиш. Можеби поради тоа изгледа како секој ден да ти е убав и како секогаш да си позитивно настроен и убаво расположен.

Мислам дека си голем оптимист кој секогаш се смее или пак омилени копчиња од тастатурата му се „:)

Јас имам впечаток дека имам можност да анализирам доста млада личност која за своите години доста добро размислува и со добро изградени ставови околу некои работи. Личност која е безгрижна или да не речам личност која нема проблеми во животот. Она што можам да го забележам е дека станува збор за човек кој верува во себе, може да се потпре на себеси, а истото тоа го мисли и за своето окружувањеа, за другарите а и за своето семејство-истовремено горд си на нив.

Како што кажав горе, целиот живот ти е поврзан со спортот, па мислам дека поради тоа и не замараш со други работи (пример. политика, економија и сл.) во животот. Многу ретко речиси воопшто не можеме да видиме твое мислење на други теми.

И вака ќе завршам, според мене станува збор за исклучително комуникативна личност која големо влијание обрнува на пријателите и другарите. Во моментов си заљубен и тоа е очигледно.

Мој совет: продолжи да се смееш :)

Ова е се на кратко, се надевам дека барем нешто погодив.

ЕДИТ: АНАЛИЗАВА Е НАМЕНЕТА ЗА БИЛА БОНГ, А НЕ КАКО ШТО БЕШЕ ПРЕТХОДНО НАЗНАЧЕНО, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕНАМЕРНИОТ ПРОПУСТ ЌЕ МИ БИДЕ ПРОСТЕН СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО АНАЛИЗАЈАТА ЈА ПРАВЕВ ВО 2 ПОСЛЕ ПОЛНОЌ
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
СКУЛГРЛ

С К У Л Г Р Л

Да почнеме, првата работа што може да се забележи кај тебе е твојата љубов кон животните што тебе те прикажува како личност која се грижи и дава љубов но исто така очекува да и биде возвратена токму како кај твоите најомилени животинки кученцата. Ти си личност која брзо стекнува пријателства и нив ги одржува, очигледно дека си во врска и тоа подолга и си стекнала доста искуства тука се разбира не ја испуштам можноста да споменам дека можеби си имала повеќе врски и исто така си разочарана од последната врска која завршила. Одејќи понатака (копаќи повеќе по твоите постови) доаѓам до заклучок дека навистина љубовта ја ставаш на прво место и истоа толку внимание т.е посветеност кон пријателите доста си наконета кон женските пријатели - феминистка си и борец за права на жените. Следиш модни трендови и користиш модни додатоци и исто така сигурно поминуваш доста време на шминка (која од сликата гледам дека не ти треба) :) , сакаш хумор т.е сакаш онака директно да им го плеснеш но притоа што е многу битно гледаш да излезе доста интересно и смешно, сакаш сарказам тоа дефинитивно (Фрејзер) очигледно и црниот хумор може да те насмее. Се плашиш од нови предизвици што е нормално. Доста си по забавите но тежнееш кон излегувања со добро друштво онака на кафе, чоколадце и др поромантични моменти.

Скул толку можам веќе е 02,30 очи ми паѓаат а и плус Батерфлај да ја зафатам... ха ха
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Buterfly

B U T E R F L Y

Пеперутке, ја сакаш слободата моментите кога можеш да се нафураш и тие моменти ги користиш максимално, ха ха љубителка си на алкохол т.е со алкохолот си ги "овековечуваш" моментите на забава и убаво поминување. Ти си емотивна личност и мислам дека си врзана т.е си во врска но мое мислење е дека од таа врска бараш многу, ти си таа со големи барања токму поради емотивноста (ова го пишувам поради тоа што мислам дека тешко е да си најдеш партнер толку емотивен како тебе) ако го имаш не испуштај го. Те нервираат неправди но сигурно (во таков свет и живееме) тие неправди се околу нас па сигурно имаш фрустрација од тоа што неможе да се преземе нешто големо за исправање на тие неправди, често го обвинуваш Бога или од Бог бараш одговор за некои нелогичности....имај повеќе самодоверба и остави времето да лечи, мали сме ние да менуваме големи нешта. Образувана си и ја сакаш музиката што го поткрепува фактот дека си емотивна...

Пеперутче толку од мене од Бога повеќе ха ха ха :vozbud:

како е ????
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Апокалиптус, дај една мене. :)
:pos2: излегов Еукалиптус кај тебе :pos2: вака сега стварно немам време а ти си личност што подлежи на длабока анализа па ќе треба време (впрочем за Арсенал си тоа е за анализирање) :pos2: инаку ми си приоритет утре мислам од кога ќе станам...

ФАНТОМ Е МОЈ
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
B U T E R F L Y

Пеперутке, ја сакаш слободата моментите кога можеш да се нафураш и тие моменти ги користиш максимално, ха ха љубителка си на алкохол т.е со алкохолот си ги "овековечуваш" моментите на забава и убаво поминување. Ти си емотивна личност и мислам дека си врзана т.е си во врска но мое мислење е дека од таа врска бараш многу, ти си таа со големи барања токму поради емотивноста (ова го пишувам поради тоа што мислам дека тешко е да си најдеш партнер толку емотивен како тебе) ако го имаш не испуштај го. Те нервираат неправди но сигурно (во таков свет и живееме) тие неправди се околу нас па сигурно имаш фрустрација од тоа што неможе да се преземе нешто големо за исправање на тие неправди, често го обвинуваш Бога или од Бог бараш одговор за некои нелогичности....имај повеќе самодоверба и остави времето да лечи, мали сме ние да менуваме големи нешта. Образувана си и ја сакаш музиката што го поткрепува фактот дека си емотивна...

Пеперутче толку од мене од Бога повеќе ха ха ха :vozbud:

како е ????
Хех благодарам, не се надевав дека за брзо време ќе ме анализираш.

ок е фала многу за трудот.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Јас за Арсенал???
Скраја и далеку да е.
Челзи бачко. И Црвена Звезда. И ФК Охрид 2004. И Амак СП.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Мартинчос..

Мартине ти си една многу добродушна личност,секогаш полна со енергија...

Сум зборел со тебе многу пати и заклучив дека си многу голем заебант,насмеан и весел,желен за девојка:)...

Вака според форумот...ти си член кој ги сака животните,и кој знае многу за нив,ги смета за нешто повеќе од пријател на човекот...
За тебе Македонија е една и единствена и неможеш да поднесеш некој да ја навредува твојата држава,МАКЕДОНИЈА!:),затоа кога се регистрираше...ставаше аватари со онаа стара Македонија,потписи со
"Don't you fyrom me"....по што увидов дека си право Македонче...

Во моментов секој аватар ти е со животно,по што може да се види моето,дека ги сакаш животните посебно мачките и кучињата..(ќе те биде тебе за ветеринар:vozbud:)

Со љубовта незнам како стоиш,знам дека едно време имаше нешто со твојот ангел:)...
Сепак во глобала мислам дека си јебач,тоа нема сомнеж...така да мислам дека ти оди со девојките...:drk:

Се испокаравме тогаш за зеленките,ти ме кажа,ја не те кажав...и едно време не зборевме,демек лут ми беше..али ти неможеш да се правиш лут кога не ти дава срцето да му бидеш лут на некој:)...:pipi:

Се договаравме да се запознаеме 2 собиранки,двата обида пропаднаа во вода...оваа се надевам нема да пропадне...strogo




 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Избраниот

Првото што го забележав кај тебе во профил е дека многу пријатели немаш всушност немаш ниеден ставено иако некој чека да го ставиш ама сепак тоа е премалку за да докаже нешто за тебе.
Глеам иако си со околу 250 ти си распостранет насекаде на форумов од религија до политика и мистерии но сепак највеќе гледам си поврзан за верата и за многу сериозни теми. Од ова можам да заклучам дека си многу сериозен и религиозен човек кој се грижи за проблемите на 21иот век и дека предизвик ти се некои комплицирани теми. Толку од твоиве постови можев да откријам, а следен пат ќе ти пишам кога ќе пишеш на повеѓе теми.

Се надевам дека ти се допадна

А уште една работа еднаш Била бонг ми правеше анализа и видов што мисли за мене па ај сега некој друг нека ми направи да видам тој што мисли за мене било кој.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Вчера праев психоанализи и ми беше мнооогу интересно. Така да денеска сум дефинитивно за уште една'две анализи али денес би сакал девојки. Да видам како ми лежат :vozbud: така да кој сака нека ми пише ПП па до вечер ветувам ке биде готова.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Fantom_oh

F A N T O M _ O H

Фантоме ти си доста интересна личност која мислам дека е целосно обземена од фудбал, живее и дише за фудбалот исто така и играш фудвал, тоа покажува дека знаеш како да ја употребиш твојата страст и истата да ја насочиш. Страствено навиваш за Челзи ама не оставаш да не ги задевнеш другите кои не се сложуваат со тебе, тука се отвара место да ја спомнеме твојата способност за хумор - која е доста провокативна и зајадлива. Ти си тип на човек т.е по твојот темперамент се гледа дека тешко се возбудуваш, но карактеристика за таквите видови на темперамент е дека кога ќе се возбудат тешко е да се згаснат. Сакаш благи работи што значи дека имаш проблеми со шеќерот, тоа е од секојдневните стресови што ги имаш, што пак е чудно со оглед на твојот прикажан темперамент или пак може само си зависник од шеќер. Ја сакаш музиката - и според аватарот и според напишаните интереси гледам дека се смируваш со таков вид на музика (нешто како јас со Најтвиш). Фантом незнам што друго да кажам освем дека како другар најверојатно си ОК и се дружиш со другари кои се по спорт (фудбал, кошарка тука не исклучувам и други спортови ха ха).

толку за сега кога ќе сменеш малце од фудбал ќе свириме инаку. поздрав
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Дo сега нема искуство во анализирање, но барањето за анализа од страна на Била Бонг би беше предзвик да направан еден краток психолошки профил на неговата личност овде на кајгана:

На почетокот не можам а да не споменам дека главно прво во очи ми падна твојата исклучителна љубов кон спортот, животот го живееш под мотото “во здраво тело здрав дух„ и спортот ти е пред се во животот, тоа особено се гледа во твојот огромен придонес за темите кои се однесуваат на спортот (и секако на сајбер спортот), твојата енергија на форумов главно е насочена таму.

Од коментарите на форумов можам да забележам дека санува збор за исклучително ведра и добродушна личност која секогаш е позитивно настроена кон другите луѓе, секогаш со “убави зборови“ и позитивни комплименти.

Според мене имаш желба никогаш никого да не навредиш. Можеби поради тоа изгледа како секој ден да ти е убав и како секогаш да си позитивно настроен и убаво расположен.

Мислам дека си голем оптимист кој секогаш се смее или пак омилени копчиња од тастатурата му се „:)

Јас имам впечаток дека имам можност да анализирам доста млада личност која за своите години доста добро размислува и со добро изградени ставови околу некои работи. Личност која е безгрижна или да не речам личност која нема проблеми во животот. Она што можам да го забележам е дека станува збор за човек кој верува во себе, може да се потпре на себеси, а истото тоа го мисли и за своето окружувањеа, за другарите а и за своето семејство-истовремено горд си на нив.

Како што кажав горе, целиот живот ти е поврзан со спортот, па мислам дека поради тоа и не замараш со други работи (пример. политика, економија и сл.) во животот. Многу ретко речиси воопшто не можеме да видиме твое мислење на други теми.

И вака ќе завршам, според мене станува збор за исклучително комуникативна личност која големо влијание обрнува на пријателите и другарите. Во моментов си заљубен и тоа е очигледно.

Мој совет: продолжи да се смееш :)

Ова е се на кратко, се надевам дека барем нешто погодив.

ЕДИТ: АНАЛИЗАВА Е НАМЕНЕТА ЗА БИЛА БОНГ, А НЕ КАКО ШТО БЕШЕ ПРЕТХОДНО НАЗНАЧЕНО, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕНАМЕРНИОТ ПРОПУСТ ЌЕ МИ БИДЕ ПРОСТЕН СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО АНАЛИЗАЈАТА ЈА ПРАВЕВ ВО 2 ПОСЛЕ ПОЛНОЌ
Фала братче,ме изнафали прописно:)

Главно ме откри:)....има негде каде што не е баш така ама ок е:)..(и сеа повеќе на другите теми ќе бидам бе што се секираш:)..)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom