Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Викторгг напиша:
Абе ако само нека тераат, иначе па мене нема да ми биде интересно да им пишувам :)
Aj бе Викторче, дај една тазе анализа :) На обострана интересност :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Serpico напиша:
Aj бе Викторче, дај една тазе анализа :) На обострана интересност :)
Серпико момчето... Сонуваше да биде џандар, ама стана паметен па се тоа пропадна во вода. Се нарекуваш себе си фенерџија, а не знам зошто? Знаеш, ако никој не може да те сфати зошто така си напишал, значи дека беспотребно си напишал. Твоето константно докажување дека си паметен ме нервира и сум љубоморен. Затоа те молам стави нешто нормално на тајтл. Бетмен на аватар? Па уште и тажен. Сакаш да му се ситиш дека славата му помина или само се правиш фраер дека имаш слика од познат акционен херој и сакаш да бидеш како другите? Мене ми се чини второто. И со потписот повторно... Марк Твен. Симни се малку на земја и објасни ни нас, на обичните кретени без грам мозок... што сакаш да кажеш со оноа човекот на крајот? :toe: Ајде, реченицата што нема везе... нема, ама Марк Твен - човекот. Со тајт The Man, можеш да го ословиш Хулк Хоган или Гоце Арнаудов... ама Марк Твен... I don`t think so...:nenene:
 
С

Сатори

Гостин
Bada Bing! напиша:
Мислам дека концептот на психоанализа е збунувачки за повеќето од вас. Не е работата некој да ПОГОДИ вие што мислите за СЕБЕ, па да речете во право си тоа сум јас, ако бевте немаше да има дегенски теми на форумов како мака ми е и слично.
Поенатата не е некој да ги гледа вашите џинови туку да ги гледа ветерниците и да ви укаже на тоа дека ебаните џинови не постојат. ;)
Бада, ти подавам рака за ова...:smir: Браво!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Димитар напиша:
Не сум Скул, но ќе се пробам :)

Девојка, која го гледа страствено животот.

Страст внесува насекаде, во љубовта, пишувањето, аватарот, размислувањето, дури и во ракометот кој го гледа. Незнам што си во хороскоп, но ми делуваш класична скорпија, а знам какви се скорпиите (и јас сум :helou:)

Аватар имаш дефинитивно еден од подобрите тука (без навреда на другите) го имаш задржано подолго време, што значи дека не сакаш премногу промени. Она што те исполнува, што те отсликува, сакаш да го задржеш. Ја сакаш уникатноста... Една од твоите најсилни страни е соочување со проблемот без преќутување, не сакаш некој да ти наметне став - кој не ти е по желба. Не остануваш рамнодушна на тоа некој да ти каже како да се однесуваш.

Си имаш твој живот, и си open-minded. Малку работи можат да те изненадат... можеби да те зачудат на момент, но, прилично без предрасуди влегуваш во секоја ситација.

Во љубовта, сакаш партнерот да го задоволиш максимално, сакаш комбинација на нежност и страст.:smir:
На моменти сакаш да останеш сама, сама на светот, но тоа брзо поминува, бидејќи најважното нешто во твојот живот е љубовта. Зависна со од неа, да добиваш и да делиш љубов...

Добра личност пред се, која се нервира понекогаш за ситници, но, и цврта личност, која може да помине секоја пречка која и се појавува пред неа....

п.с. Сега видов, сепак си била скорпија (и тоа дупла)

Фала за анализата,иако не е од Скул или PSY простено е:smir: зошто има спој од хороскоп и твое мислење за мене по постови.И после некој нека рече дека неможеш да го запознаеш и опишеш човек по хороскопскиот знак.
п.с. Да,( дупла) скорпија сум,мило ми е што си и ти,лесно можам да направам анализа само по знаков,иста би била како твојава за мене.па да не се повторуваме:smir:
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
jas imama molba do dark angel da me analizira. ona me znae podobro od bilo koj tuka, ona me ima videno vo mn izdanja i situacii, pa taka da ne sakam po avatari i postovi i bilo so, sakam na nacinot ona kako sto si znae.
inaku srcko fala od napred :back::uvo:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
SANCTIMONIOUS напиша:
Ај и за мене една анализа, по можност Скул, Tweety, wallker ili лејди
eve od mene edna :)

Avatarot, slika od nasiot strumicki karneval.Dali toa znaci deka si tradicionalno strumicance?Si go sakas gradot,a i devojkite vo nego.Ne sakas napadni devojki,sakas rabotite da se odvivat bavno ama slavno.Ti da go prevzemas prviot cekor. Ne znam zosto no mi deluvas kako staromodno detence :) ( toa e bas slatko da znaes.)
Znaes koi se tvoite kvaliteti i uspesno znaes i da gi istaknes.
Veruvas vo pravdata i sakas sekogas da bide zadovolena.Buntovnik si, ponekogas i bez pricina.
Ti si poim za nenarusuvanje na javniot red i mir ( ova e od sestra mi ):helou:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Со мало закаснување-но еве ја мојата анализа за Леандра.:)

Пред се,морам да кажам дека од поновиве форумџии,ти ми оставаш најголем впечаток.
Аватар.Моника Белучи.Убавината не ја доживуваш како површна,надворешна појава.Како и повеќето работи во твојот живот-ја анализираш,обидувајќи се да најдеш по нешто убаво во се.
Очите и се затворени.Длабоко се поврзуваш со настаните кои ти значат,ја бараш суштината на работите кои те опкружуваат.Ставаш акцент на уживањето-љубовно,сексуално,заради успех,сеедно.
Веројатно навидум малите безначајни моменти за тебе имаат големо значење.
Потпис немаш,ама затоа имаш интересен тајтл.:)
До кога вака...ова ме наведува дека сакаш промени,но само ако се на подобро.Не по секоја цена.Значи,порадо би се држела до нешто старо,но проверено и точно,отколку ново но безначајно.
Постови.Точно знаеш како и што да анализираш.Каде што е потребно,ти можеш да објаснуваш до бескрај...но,не се расплинуваш во одговорите онаму каде што не мора.Веројатно си таква и во вистинскиот живот-знаеш точно и прецизно да го пронајдеш и понудиш одговорот на било што.И притоа сите да бидат задоволни.:)
Се надевам дека нешто погодив.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Хмм во моменти кога мрзата се поистоветува со важност, мора човек да се запраша нешто, али не знам што.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
walker_girl напиша:
Еве јас ќе пробам иако не се знаеме воопшто ќе биде онака од прв впечаток.

Едноставно живееш во духот на шпанското, според аватарот, обожаваш цвеќиња, имаш изразена самодоверба, бараш помош од останатите кога навистина сметаш дека таа ти е потребна. Се обидуваш да си во тек со модните трендови, ја обожаваш природната црвена боја, сите оние мали слатки нешта кои ни го исполнуваат животот. Притиени насмевки, еден таинствен поглед... Реално гледаш на нештата, понекогаш твојата гордост не дозволува да простиш некои работи за кои те измамиле или си се почувствувала повредено.
Во потписот пак онаа црвена боја, сакаш да си слободна, да си силна, не се грижиш многу за она што другите ќе го кажат за тебе, напротив тоа те прави уште посилна. :smir:

Се надевам погодив нешто, зашто не се знаеме воопшто, ова е само според аватар и потпис. :helou:
leleee... BRAVO! za prv vpecatok, tolku raboti pogodi.. sekoja cest :)
mnogu sum po psihologijata i eve uste eden dokaz deka i najsitnite detali okolu nas ne odavaat nas kako licnosti :)

FALA za psihoanalizata, odamna sakav nekoj da mi napravi i mislev nema da docekam :) :smir:

TWEETY*** напиша:
La Espanola
Avatarot.Devojka so crveni ruzi.Sarmantna i tainstvena devojka si.Privlecna i moderna.Ruzite ja istaknuvaat tvojata romanticna strana.Ti si nepopravliva romanticarka.Kopnees tvojata posilna polovina da bide nepredvidliva , da ti prireduva iznenaduvanja.Vo tvojata vrska nikogas nema da bide monotono, zosto znaes kako da go iznenadis tvojot partner.No ako dobro zabelezav devojkata ima zadlabocen i misteriozen pogled.Kako sto rekov tainstvena si, toa se lgeda i vo tvojot pogled.pogledot ti e nadolu,razocarana si mozebi,neispolneti ocekuvanja?
Potpisot.Ako dobro go razbiram spanskiot (barem nesto korisno od spanskite serii) Toa sto ne ne ubiva, ne pravi posilni! Si bili povredena, no znaes kako da go nadmines toa. Vladees so svoite cuvstva kolku tesko i da izgleda toa.Veruvas deka svetot moze da se promeni so ljubov, koja ja imas vo sebe, vnimavaj svetot e surov i ne sekoj e zasluzen za tvojata ljubov.Spored potpisot mozam da zaklucam deka tvoite cuvstva se razbranuvani od licnost koja mnogu ti znacela i koja mozebi seuste ti znaci.Smela si.Ne dozvoluvas nikoj a najmalku onoj koj ja predizvikal bolkata da ja vidi tagata na tvoeto lice.Prodolzi napred i ispravi ja glavata,ima mnpogu pogledi koi cekat na tebe samo veruvaj vo sebe :)
WOW! pa uste edna psihoanaliza :)
pa ti znaci imas se pogodeno. Spoeni psihoanalizata tvoja i onaa na walker girl me odavaat totalno kakva licnost sum :)
Sekoja cest, sekoja cest :) FALA i na tebe mnogu :) Fala uste ednas an dvete :):smir:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Бада Бинг!
Аватар.Куче со гас-маска.(бај д веј,фала што ми кажа на мсн,мене не ми личеше на тоа :)).Слика од Првата светска војна.Прилично оригинално,морам да признаам.Нема да се држам на конкретниов пример,но ќе кажам што тој претставува за мене.Сакаш да ја гледаш „другата“ страна на работите.Секогаш порадо би избрал алтернатива,отколку општоприфатеното.Тоа што го нудиш како поглед на другата страна буди интерес и кај обичните смртници.Самиот факт што тие не се како тебе,да не речам-не сте на исто рамниште тебе ти годи.Сакаш да се издвојуваш,да ги набљудуваш останатите од повисоко,па дури и да им се потсмеваш.Но не од спотлајтот,туку од некој скриен трон,каде што без вознемирување владееш со твојот свет.Можеби е чудно,но на некој начин ме потсетуваш на Шарл Бодлер.:)
Потпис.Си поигруваш со глупавите чувства кај луѓето.Ги карикираш,ги употребуваш во саркастична конотација и ги сметаш за слабости.Веројатно не се каеш за своите постапки,бидејќи ТИ си секогаш во право.
Вториот дел од потписот укажува на тоа дека сакаш да се движиш во затворени кругови.Не си многу комуникативен,а за некој да ти остави добар впечаток,треба да има исти/слични размислувања како твоите.А нешто ми вели дека таквите се ретки.:)
Постови.Ти имаат сите кажано за твојот сарказам,да не се повторувам тука.Не ми се допаѓа тоа што остро ги критикуваш оние кои поинаку размислуваат од тебе,па дури и ги навредуваш (и јас не сум исклучок,знам :)).Твојот став секако дека е најважен,но не значи дека треба да му биде исто толку важен на кој било друг.Не оставаш простор да се има друго размислување.
Тајтлот ти е интересен.Ако не се лажам-holism е учење кое го налагал Аристотел.Дека суштината на целината не е само во нејзините составни делови.
Look beyond the border...твојата одлична способност за анализа се должи на тоа што знаеш да гледаш „надвор од кутијата“.

Те молам не ме карај ако не ти се допаѓа.:)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Фала за вниманието. Не мораше да гуглаш за холизмот. :D
 
С

Сатори

Гостин
Анализата за Скулгрл

Скулгрл

Скулгрл, ти ветив малку подетална анализа, па затоа ќе анализирам се што е поврзано со тебе и со Форумот.Се надевам дека барем нешто ќе погодам.:smir:
Аватар
Аватарот веднаш од како го смени ми остави голем впечаток, ми се допадна посебно стилот на девојката, работа која мислам дека ти е прилично важна, ставот кој овој аватар го одава и скриената порака која ја праќаш со него.Пред се ќе се задржам на фактот дека девојката изгледа како да се спрема за претстава.Тоа го открива твојот темперамент и фактот дека сакаш да се натпреваруваш.Потоа внимателното поставување на капата, криењето на лицето кое потоа може да следи со неа и како што може да се види воопшто и не се гледа изразот на твоето лице.Тоа открива и некои др. твои особини, освен дека си внимателна си и динамична, брза, добро знаеш што сакаш да му покажеш на светот, ништо не е поставено кај тебе без причина.Твојата скриена желба за доминација овде целосно доаѓа до израст.

Сликата на Скулгрл
Е со оваа слика повторно многу кажуваш за себе.Твојата харизматичност и отвореност ги покажуваш со покажувањето на јазикот.Бараш возбуда, скоро и да изгледаш малку идеалистично настроена, но сепак мислам дека живееш во моментот.

Супер модераторка
Тука веќе ја гледаме твојата работна страна и каква си кога станува збор за работата.Почнуваш секогаш од тоа дека си најдобра и обично конкуренцијата, и не ја сметаш за конкуренција.Склона си кон достигнување, постојано нови цели и желби за остварување и достигнување.

Потпис
Еххх, пак друга страна од твојата личност.Овде си ти како девојка, како некој на кој му е потребен пријател кој никој никогаш нема да го изневери, а и таа милост која ја имаш кон кучињата, ја одава твојата добра страна.Ангелчињата околу кученцето, кажуваат дека не наоѓаш ништо лошо во животните, но и во луѓето, многу повеќе сакаш да ја видиш добрата страна, но тоа не значи дека ќе ја занемариш својата интуиција.

Постови
Тука веќе повторно различна страна од тебе, која можеби се поклопува со аватарот.Стил и начин, важни ти се, сакаш да има некој редослед во тоа што го пишуваш, да има значење.Исто така, голема доза на самодоверба и самоувереност.Го кажуваш тоа што го мислиш, да, но знаеш каде е границата, каде треба барем некои мали детали да бидат премолчени.Сакаш да се докажуваш, да оставиш впечаток, да бидеш карактеристична, но не и премногу нападна.Важно ти е да те сметаат за девојка која има што да каже, а не само добро да изгледа.


Ако зезнав нешто, се надевам, ќе ми се прости...:smir:​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom