Ветив анализа..
Па ете, повели Crazy in love.
(Еј човече колку не ме бива..Ама ај)
Како почнувате бее..:jaj:
Kaко шо можам да забележам, заљубена е, имала многу падови во животот, но интересно за неа е тоа што секогаш цврсто одлучува и е храбра кога сака нешто да го заборави и да го преброди.
Размислува слободно и смета дека не постојат никакви граници кога се работи за љубовта. Само љубовта е важна, а за сите други попречувања можат да се најдат решенија.
Во минатото била затворена личност, која многу се срамела, но благодарејќи на нејзината самокритичност, ги искоренила тие навики и одлучила да живее еден поубав живот, надвор од нејзиниот оклоп.
Поради сета таа промена таа започнува да зрачи од позитивна енергија и ентузијазам, што е реткост за луѓето.. Голем оптимист е кој гледа на поубавата страна на животот..
Сите лоши работи што ќе и се десат, си ги врзва в крпче и ги зема при срце. Токму поради тоа често се приврзува со луѓето па поради тоа страда во животот. Секоја лоша работа, ја боли, затоа што таа не знае да мрази и мисли дека во животот се можи да ти биди убаво со малце напор и воља.
Голема паничарка е. Уживај малце Мацо. Нема да биди крај на светот ако не испадни нешто како што си сакала и си планирала. Без нервози, биди малце поопуштена во однос на некој работи во животот.
Амбициозна си, дури и премногу за твои години. Не се замарај со то толку, уживај во најубавите години.
Друго не знам шо да кажам. Остани таква каква што си. Голем ентузијаст и весела личност.:wink::helou:
Знам не ме бива, ама ветив:smir:
После ова, анализа за Bush(av)