Синдикат
Мајгада?!
- Член од
- 22 август 2005
- Мислења
- 3.110
- Поени од реакции
- 180
Razorblade Kiss
Девојка која остава силен впечаток на егоцентрирана индивидуа која по секоја цена сака да ги избегне клишеата и да формира своја уникатна перцепција. Затвореноста во амбисот на сопственото его резултира со импулсивна одбивност на секоја алтернатива или воопшто промена од цврсто врежаната субјективна вистина. Ваквата перцепција во опшеството негативно влијае при елементарните социјални општења. Ова е резултат на потсвесната инстинктивна реакција на самоодбрана, поради стравот дека ќе излезат на виделина моментите на имперфекција во твојата душа. Кои се производ единствено на твоето субјективно видување. Длабоко копнееш за нежност, мечтаеш да ја пронајдеш својата карактерна рефлекција со која лаконски, па макар и без ниеден збор само со поглед, ќе се довериш. Постојано те лазат морници по грбот очекувајќи некогаш изненадно да добиеш платонска прегратка од зад грб, од имагинарниот сакан кој комплетно те разбира. Себично сметаш дека твојот начин е единствениот начин. Загрижува тоа што кога би сретнала потенцијален партнер, кој според некои твои стандарди е доволно добар, постои голема можност да го одбиеш плашејќи се од разочарување. Се казнуваш себеси, доживувајќи се како неуспех, поради тоа делуваш комплетно незаинтересирано да партиципираш во посериозни социјални односи со некој што не се докажал комплетно според твоите стандарди. Свесна си дека твоите квалитети не доаѓаат до полн израз, не миловаш да се експонираш, затоа што се плашиш да бидеш осудена. Доволно си паметна да ги забележиш своите грешки, но тврдоглаво ги правиш истите поради принципи. Принципите ти се на прво место, слепо веруваш во нив и лошо е тоа што осаменоста и тагата ги прифаќаш како дел од твоето постоење непревземајќи ништо да ги промениш.
П.С. Не те познавам лично, чисто судејќи по постови и моја лична имагинација. Така да незнам колку сум во право.
П.С. Не те познавам лично, чисто судејќи по постови и моја лична имагинација. Така да незнам колку сум во право.