Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
може ли некој за мене???:cry:
А да пробам јас?
Те знам лично али мислам дека и да акнам нешто, нема љутиш Оки?

Може да се каже дека си најголем нарцис што шета по планетава земја, по модата лудила. Немаш многу поминато во живот, ниту пак се замараш со сериозни муабети а мислиш дека не ти ни треба тоа. Површно гледаш на работите. Многу повеќе цениш надворешен изглед одколку карактер и покрај тоа што сакаш искрена љубов, но тешко се наоѓа со очи нели?
За трачеви, добра журка и многу музика си прва. Си живееш у твој свет, премногу розево гледаш понекогаш на работите, ама бар ти се прај тебе меракот така. Добра како другарка, се дешава да изненадиш со добар совет, но понекогаш големата доза на сеир знае да ти предизвика неприлики. Ај толку. Ипак супер си, те поштуем. Ајд

А сеа кој ке биде добар ко шо не бил до сеа па да ми напрај една анализа? :back:
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
А да пробам јас?
Те знам лично али мислам дека и да акнам нешто, нема љутиш Оки?

Може да се каже дека си најголем нарцис што шета по планетава земја, по модата лудила. Немаш многу поминато во живот, ниту пак се замараш со сериозни муабети а мислиш дека не ти ни треба тоа. Површно гледаш на работите. Многу повеќе цениш надворешен изглед одколку карактер и покрај тоа што сакаш искрена љубов, но тешко се наоѓа со очи нели?
За трачеви, добра журка и многу музика си прва. Си живееш у твој свет, премногу розево гледаш понекогаш на работите, ама бар ти се прај тебе меракот така. Добра како другарка, се дешава да изненадиш со добар совет, но понекогаш големата доза на сеир знае да ти предизвика неприлики. Ај толку. Ипак супер си, те поштуем. Ајд

А сеа кој ке биде добар ко шо не бил до сеа па да ми напрај една анализа? :back:

Фала за анализата,ај и ја да пишам 2-3 збора за тебе...
Првото нешто што ќе кажам е дека си гоооолем љубител на рапот(имаш едно цд кај мене).Зависна си од компјутерот...Сакаш да се дружиш и зазаш,но некогаш кога ќе те изнервираат другарите ги испраќаш во п.м.Ако не ти е денот боље да се бега:wink:.Со школо не се замараш многу,ниту пак за тоа што мислат другите за тебе,важно ти е самата да бидеш задоволна од себеси.Веруваш во љубов,но не леташ многу во облаци...Што се однесува до изгледот,сакаш да експериментираш со бојата и фризурата на косата.Тоа е се што моментално ми текнува.:helou:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Fala bejb.. Samo edno me zainteresira.. Koe Cd we? :pos2:
:back:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Скулгрл

Прва асоцијација за неа ми е дама.Дама во смисол секогаш има елеганција во себе,зрачи со самодоверба и секогаш во секоја ситуација е достоинствена.
На прв поглед можеби делува малку ладно,резервирано,но сепак тоа е само оптичка варка.:) Знае како да се забавува и е многу пријатна во друштво,особено ако и е погодена музиката.:)
Кога и е тешко,се затвара.Како школка.Можеби ќе се обрати на некоја блиска личност или партнерот,но сепак,најпрвин сака сама да ги среди емоциите,а пота да ги сподели своите маки.
Се соживува со болката и страдањето на животните,нив ги сака многу,премногу.И се гади и и се повраќа од помислата дека толку многу животни страдаат.Голем борец за правата на животните,што укажува дека е грижлива личност,која збеснува на неправди.Не само неправдени нанесени на животните,туку и на луѓето.
Ако ја почитуваш,ќе те почитува.Не дозволува никој да го гази нејзиното достоинство.Секогаш,дури и да има некој проблем,во јавност е секогаш со високо крената глава и насмевка.Не препочита да биде секогаш во центарот,некогаш сака да биде и набљудувач.
Не е личност која што сака да прави сцени во јавност.Ако нешто и смета или и пречи,тоа ќе го направи со разговор во 4 очи,или ќе најде друг начин,но пред публика не.
Нејзината приватност е само нејзина.Нема зашто да ја дели со целиот свет.
Нормално,како секое нормално човечко суштество,знае да ја фати некој бош период или пак сака да слушне некој добар трач,но сепак не е Радио Милева,па тоа да и биде единствена окупација во животот.На тоа гледа како добар начин на тепање време додека си на кафе.:)
Се има оформено како личност,знае што сака и ако замислила или ако е убедена во нешто,тешко дека има некој што би ја разубедил.Во превод-знае да биде инает.:)
Во љубовта...заљубена е.Многу,премногу.Верува во вистинска љубов и кога е во врска,се посветува на партнерот и е покрај него и во добри и во лоши времиња.Нема дволичност кај неа.Кога сака,сака искрено.Не сака да биде ограничувана,не сака да биде уценувана,една од оние личности која верува во паролата се во свое време.Знае дека со форсирање и со пренаглување на работите ништо не постигнува.Ако знае дека згрешила,се извинува.Се труди да ги поправи работите.Иако се труди да не дојде работата до тој степен да мора да кажува извини.Со други зборови,избегнува да прави грешки,но сепак и тоа се случува.
Инаку е голем борец.Кога сака нешто,се бори со сите расположливи средства да го добие тоа.И обично и успева.:wink:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
burn84

Овој човек кога го видов првпат,мислев дека е намќор,ќути и ништо не зборува.Ме изненади,затоа што покажа прилично добра смисла за хумор и не беше ниту намќор,ниту ќутлив.
Вели дека мрази стереотипи.Веројатно мрази генерализации и се нервира кога некој дава глупави теории,пред да го запознае човекот.Инаку е жив оган,сака да се глупира,да излегува со друштвото,да се впушта во авантури,да се смее.Сака да има исполнет живот,за кога ќе има внучиња да каже:"Ех,кога бев јас млад...":).Сака да пишува поезија,знае како да ги насочи своите емоции(негативни или позитивни,сеедно) кон нешто креативно.Голем противник на се што е шунд,кич,а како најголем пример го зема турбофолкот.Се восхитува на убави нешта,ги сака убавите нешта,го сака животот.Некогаш му е преку глава од се и сака да каже се што сака во 3 реченици,но знае дека за некои работи треба малку мудрост,трпение,а богами и итрина.
Не дава завидни коментари од типот:"Еј ова не чини",а всушност мисли дека е супер.Ако дава комплимент,го дава искрено.
Брн е од оние луѓе,кои можеби не покажуваат директно многу емоции,но сепак знаат како да ги искажат во право место и на право време.За некои работи е многу храбар,но кога станува збор за љубовта,мислам дека тука малце се кочи.Иако е доста опуштен,кога ќе се заљуби,ја губи главата и не му е баш така лесно да се искаже како што треба,бидејќи се плаши дека ќе биде погрешно сфатен.
Иако можеби делува малку така незаинтересирано за некои работи,сепак сметам дека испод таа незаинтересираност се крие нежна душа која сака и љуби и се радува на многу работи.Пример за тоа е дека многу сакаш деца и бебиња кои се најневините и најчистите суштества што постојат...

Хм..не знам што друго да ти кажам...Извини ако не е тоа што го очекуваше.:smir:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
мене пред едно година дена ме анализираше бибика, али баш би сакал да видам и од друг анализа баш ме интересира дали од пред една година поинаку ме гледаат луѓето.
Пожелно би било да ме анализира некој што ме има сретнато барем еднаш во живо, бидејќи сигурен сум дека сликата што се создава од моите 3000 и кусур постови на форумов не ја даваат целосната слика за мене. Еве на пример многу добредојдена би била анализата до Сусаро, но и Crazy in Love би можела да даде една анализа (ако е расположена), пошто барем еднаш ме има сретнато.
Благодарам многу однапред.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Крејзи Појол

Не се срамиш од тоа што си,напротив,секогаш годо кажуваш и не те интересира кој што и како ќе каже.Инаку сметам дека си доста упорен човек,не се откажуваш така лесно од работите кои ги сакаш.Едноставно сметаш дека за да успееш во некоја област или да добиеш нешто мора малце да се потрудиш.
Твоја мана,сметам дека е тоа што си малце повеќе избувлив од што треба.Знаеш дека таа може да ти донесе некогаш проблеми,но сепак едноставно не можеш да се воздржиш и да не реагираш,ако сметаш дека нешто не е како што треба или ако некој те изнервира.
Изгледаш како човек што не се замара многу со тешки филозофии,ниту пак сакаш да се замараш за тоа која е смислата на животот.Не се оптоваруваш многу многу за тоа.Сакаш да уживаш во работите кои те интересираат,како што е фудбалот.Е во тоа навистина се внесуваш.Тоа е твојата филозофија.Особено си посветен за тимот за кој навиваш(Интер) и баш си од оние навивачи кои се толку верни,што би го следеле секаде својот тим.
А што се однесува до љубовта...сметаш дека сеуште не ти е потребна сериозна љубов и не сакаш уште рано рано да се врзуваш.Сметаш дека треба да уживаш додека си млад,а потоа и онака и вака,ќе бидеш врзан цел живот,па зашто да не си ја искористиш младоста.
Исто така,сметам дека поседуваш малце чудна смисла за хумор,т.е не ја сфаќаат често луѓето,па мислат дека си озбилен,па затоа и често влагаш во конфликтни ситуации.Инаку мој совет би било да не паѓаш на секоја провокација едноставно игнорирај ако некој ти каже нешто.Не избувнувај одма,пробај да останеш смирен во некоја ситуација.

Дсега,тоа го имам приметено за тебе.:smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Bacilus Gagous

Според досега забележаното мислам дека си човек кој многу обврнува внимание на деталите.Дури и да е нешто ситно,небитно мало,ти го забеблежуваш.Човек кој сака повеќе да слуша,да анализира.Можеби некогаш делуваш многу сериозен,но знаеш како да си го поминеш времето со твоите блиски и сакаш да се забавуваш и да го искористиш времето тука кога си.
Мислам дека многу вложуваш во твоето образование,сметаш дека подобро е да жртвуваш 2-3 години,па после да уживаш,отколку да џаболебариш цел живот.Барем јас таков впечаток сум добила.
Секогаш студиозно и внимателно им приоѓаш на работите и прво размислуваш,а потоа донесуваш заклучок.Сметам дека си од оние луѓе кои прво 2 пати мерат,а еднаш сечат.Сакаш да бидеш информиран,сакаш да имаш познавања од повеќе области и постојано се надоградуваш и ти од секој нов познаник всушност учиш.Не учење во буквален смисол,него сакаш да запознаваш нови карактери и да видиш како размислуваат.
Секогаш си стоиш на твоите ставови и не сакаш многу да се расправаш,повеќе сакаш да дебатираш на мирен начин.Речиси секогаш си смирен и многу малку работи те вадат од такт.Си имаш и ти твои слаби точки,но ретко да те види некој како избувнуваш.А имам чувство дека си доста незгоден кога ќе се налутиш.Обично најсмирените луѓе,се најопасни кога ќе се налутат.:wink:

Знам дека е мала анализата,ама ова е се што успеав да забележам кај тебе,со оглед на тоа што само еднаш те имам видено.:)
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Гаго ќе пробам јас ако не се лутиш...
...епа колега ти си едно типче на човек што сака да се дружи сака да се забавува како и сите останати,амбициозен дечко што знае што и како сака во животот и не дозволуваш никој да ти застане на патот.На моменти сериозен со темите но секогаш расположен за зезање па понекогаш и на своја сметка што многу се почитува.Мислам дека си еден од најотворените тука и ме радува тоа што си го направил до сега јавно го кажуваш а не го криеш...одлично ги балансираш работите секогаш отворен за нови познанства и предизвици...едноставно тебе никогаш не ти е здодевно...човек со којшто во секој момент можеш да си направиш муабет и задоволен да бидеш од неговото друштво...бато супер си само продолжи така,со среќа :zver:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Acid-the bad ass Administrator who gives ban like no body :)
Тој е главниот на овој форум, форумџиите или го сакаат или го мразат од дното на нивната душа. Има 14 291 мислење и само 22 години, на прв поглед изгледа како гик што кисне во Играчница, а уствари таму има едвај 5 мислења:). Нема сериозна тема а Ацид да не се појави таму, нема тема кај што се пишуваат офтопици а Ацид да не ги избрише и да ја насочи темата на правиот пат, принципиелен форумџија кој сериозно си ја има сватено работата ГЛАВЕН НА КАЈГАНА. Човек со едно нешто свое ЈАС, организатор на фудбал, пеинтбол, баскет и СОБИРАНКИ. Ако се бара одговор тој е The Man. Излегува дека е компјутерџија и фудбалер, тоа се две различни страни на светот а тој ги има споено-сестран човек. Обожава да банира, малце изгледа лошо тоа, но од друга страна тоа е добра работа за да се одржи форумот чист и убав. Сака да ги ремети дудлачите:) уствари обожава ремет....сега малце во мој стил со аватар потпис бла бла бла

АВАТАР- Бапчор-поим за нешто смешно, можеби незнае многу вицови ама сепак знае да те насмее до солзи

ТАЈТЛ- Администратор-страв и трепет за одредени личности, а воедно и знак дека е тука да помогне кога има некој проблем

ПОТПИС-
Кајгана собиранка....што друго да кажеме, знаеме дека ќе има добра журка во брзо време:):):)

NICKNAME-Acid-Киселина можеби инспириран од Анџелина Џоли во филмот Hackers каде што е Acid Burn:) или затоа што се појавува прв во секоја листа:)

П.С. Заборавив да кажам, а можеби ќе згрешам но Acid е ученик на Мистичен, а како што викаат чајниз кунг фу маестрес „Ученикот ќе го помине учителот„ па ваљда би било тоа така, бест вишес од точкест
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Благодарам многу и на двајцата (Crazy in Love and Zemzela) за кратките (ама слатки) анализи. Здравје да ми помине фркава со испитиве па ќе се потрудам да возвратам со по една анализа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom