Образложи зошто.тоа е неизбежно.
Заради фактот што светот се движи во насока на зголемување на бројот на луѓе кои работат како хонорарци. Фондовите не може да опстојат доколку државите не земаат пари и од нив. Има причина зошто се плаќаат придонеси во останатите земји (повеќето) во Европа. Е сега освен ако не се направи некоја реформа и овие фондови се трансформираат во нешто друго, хонорораците во иднина ќе мора да придонесуваат со нешто плус барем за здравствениот фонд.Образложи зошто.
Ако се плаќаат придонеси ќе се вика плата, а не хонорар. Всушност прочитај ја целата тема, образложени се аргументите, да не се повторуваме.
Не може сопствените можеби и намерни грешки и слабости во спроведувањето на законите да се употребуваат како оправдување за ограничувањето на творечките слободи на граѓаните. Изигрувањето на законот како и секој друг закон се слабости на инспекциите и слабост на работењето на избраните надгледувачи на заеднички договореното (власт). Законот за хонорарци е најглобалистичкиот досега донесен закон во Македонија. Ако нема други подметнувања неговото укинување претставува одлична вест. Наместо поттик на творечкото работење со овој закон се ограбува и се обесхрабрува интелектуалната работа, со цел да сите да бидеме работници-изведувачи, наместо творци-иноватори.Битно, нема веќе вработување во јавен сектор со договор што трае со години како претходно и голем дел од газдите што пробуваа да го изиграат законот ги вработија вработените кои фактички беа вработнеи ама ради избегнување на давачки се водеа како хонорарци
Се слагам дека решението не е ни малку лесно. Како што пишаа и другите, треба да се префрли одговорноста на работодавачите и фирмите кои го изигруваат законот, а не товарот да паѓа на вработените. Можеби одредба која ќе ограничува колку време може некој да биде хонорарец кај еден работодавач (пример макс 6 месеци годишно) или лимит на бројот на хонорарци во една фирма спрема редовно вработени да не биде повеќе од 10%.Решението треба да биде покомплексно од сегашното. Треба да има ставки за одбивање на дел од данокот, лица помлади од 30 години да не мора да плаќаат или помалку да плаќаат, невработени што барале работа активно а не добиле исто и тн.
Образложението е као демек, сите ги вработивме легално, немаме невработени лица, па законот може да го укинеме.Се укинува законот за хонорарците
29.07.2015 | Економија | 0 Коментари
Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август 2015 година.
![]()
Ваквото решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско огисугурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.
– Измената што се предлага, односно укинувањето на плаќањето на придонесите за договорите на дело и авторските договори или популарно наречените хонорарци се прави од причина што со неколку други мерки на Владата се исцрпеа ефектите што сакавме да ги постигнеме. Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица во РМ веќе имаат стекнато статус на редовен работен однос и за нив се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, појасни министерот Ставрески.
Тој додаде дека вториот проект кој исто така реши добар дел од проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори е во сегментот на трансформација на работниот однос во рамки на јавниот сектор. Со ова, како што рече, на лицата кои долги години беа ангажирани со договори на дело и слични други типови на договори им се трансформираше работниот однос во редовен работен однос и со тоа на тие лица сега им се уплаќаат придонеси и за пензиско и за здравствено осигурување што значи кај тие лица е решено прашањето на користење на услугите и унапредување на работничките права.
Според Ставрески, со ова решени Владата излегува и во пресрет на барањата кои во јавноста беа изразени бидејќи, како што рече, нашата намера беше да помогнеме во делот на регулирање на правата од работен однос и исто така да овозможиме сите лица да имаат рамноправен статус, а сепак во јавноста се создаде слика дека постојат други причини поради кои се прави како полнење на буџетот.
– Со оваа мерка со укинувањето на придонесите докажуваме дека тоа не беше случај бидејќи од друга страна на начинот како фунцкионираше тоа приходите не беа толку значајни за буџетот. Сакам да кажам дека се работи за износ на средства кои на годишно ниво се околу 220 до 250 милиони денари што покажува дека немаше никаква намера и дека имавме право дека целта не е да се добијат дополнителни приходи во буџетот или во фондовите, туку целта е едноставно да им се помогне на луѓето кои дотогаш беа регистрирани како лица кои имаат договор на дело или авторски договор и немаат никакви уплати на придонеси во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување и според тоа ги немаат тие права што ги нудат уплатите на придонесите.
Потсети дека обврската за уплата на придонеси беа направени во функција на овозможување на лицата што се на договори на дела, авториски договори и други слични договори да можат да уплаќаат придонеси и со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на услугите во здравствениот систем и кога ќе дојде време за пензионирање исто така со уплатата на придонесите да имаат можност и да добијат пензија, но и да се зголеми нивото на пензијата.
Генерално сметам дека овој законот со кој се вовоеде обврска за уплаќање придонеси го постави на правична основа од една страна лицата за да можат да ги реализираат своите права, а од друга страна да бидат рамноправно третирани како лицата во работен однос.
Одговорајќи на новинарско прашање рече дека Владата како и секогаш досега кога има аргументи, факти и бројки кои покажуваат дека одредено решени теба да се приспособи Владата е отворена да го направи тоа и дека и натаму ќе ја води така политиката. – Отворени сме и во овој случај покажуваме дека имаме слух за јавноста дека ако одредена ситуација создава незадоволство кај поголем број лица и ако, како шпто велам, аргументите беа во функција на тие исти лица да им се помогне и Владата е отворена за други решенија
http://ekonomski.mk/2015/07/29/се-укинува-законот-за-хонорарците/
Проблемот е што баш државните институции МАСОВНО го злоупотребуваа овој закон. Еве видовме како Тодоров одма одлучи да ги вработи, ако се сеќавам преку 3000 луѓе беа само во здравството.Се слагам дека решението не е ни малку лесно. Како што пишаа и другите, треба да се префрли одговорноста на работодавачите и фирмите кои го изигруваат законот, а не товарот да паѓа на вработените. Можеби одредба која ќе ограничува колку време може некој да биде хонорарец кај еден работодавач (пример макс 6 месеци годишно) или лимит на бројот на хонорарци во една фирма спрема редовно вработени да не биде повеќе од 10%.
Многу вистински хонорарци што земаат по еден-два проекта годишно трпеа на сметка што некој не сака да си ги вработи хоноарците кои со години му работат. Не за џабе беше гневот кај луѓето, неправедно се ставаа во ист кош сосема различни случаи.
Во светот се откриваат и нови планети слични на Земјата, а ние не откриваме. Што да правиме?Заради фактот што светот се движи во насока на зголемување на бројот на луѓе кои работат како хонорарци.
Ако јас не уплаќам во тој фонд, нема ни да земам пари/здравствена услуга од него. Значи, јас и фондот сме чисти. А за државата, нека се снаоѓа, само не преку грбот на недолжните.Фондовите не може да опстојат доколку државите не земаат пари и од нив.
Кои, освен алчноста?Има причина зошто се плаќаат придонеси во останатите земји (повеќето) во Европа.
Се согласувам дека треба реформа на фондовите, но со вториот дел не. Ако не придонесуваат и подоцна не бараат ништо од него, зошто да им се наметнува нешто?Е сега освен ако не се направи некоја реформа и овие фондови се трансформираат во нешто друго, хонорораците во иднина ќе мора да придонесуваат со нешто плус барем за здравствениот фонд.
Можеби. Треба реформа во секој случај. И приватни фондови. Почнаа, што стана со тоа?Решението треба да биде покомплексно од сегашното. Треба да има ставки за одбивање на дел од данокот, лица помлади од 30 години да не мора да плаќаат или помалку да плаќаат, невработени што барале работа активно а не добиле исто и тн.