Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Груевски: Парите од социјалните придонеси од хонорарците се за повисоки основици на пензиите и поефикасно здравство. o_O

Што би се рекло двата фондови се истишени на бандаж, парите не се проблем пари нема :icon_lol:.

Инаку готови сме, не да сме печени реш печени сме, во нашето соседтсво Србија ги намали платите, а кај нас оваа мерка, пристапот е малку различен а целтта е иста.

Јас искрено следно очекувам во блиска иднина да почнат бонови за храна да се делат во Тинекс и КАМ место плати и пензии.[DOUBLEPOST=1419527490][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Ништо ќе треба трампа или бартер шо би рекле бугарите да се прави. И онака направија сите пари на сметка да поминуваат. Ти мене две кила сирење јас тебе судски превод од англиски на македонски, не се зафркавам, поточно се зафркавам ама натаму оди работата.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Скандалозна злоупотреба на Охридскиот договор. За 7 години 60 пати повеќе вработени во Секретаријатот за рамковен!
Објавено на 10 декември 2014, 13:35 од Габриела Делова во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Околу 650 лица годишно е просечната бројка на нови вработувања во Секретаријатот за рамковен договор. Во последните седум години откако постои Секретаријатот вработени се 4.550 административци. Од нив во моментот, една четвртина, односно 1200 незаконски седат дома и земаат плата. Со новите 150, најавени од самата институција, нераспределените лица ќе стигнат бројка од 1350. По некоја проста математика, секретаријатот незаконски храни исто толку лица колку што има вработени во една поголема фабрика во земјава.

***

Прашањето што се наметнува е какви проекти спроведува оваа битна владина институција кога со години буџетот се троши најмногу на плати и надоместоци!? Од вкупно планираните 11,8 милиони евра со предлог- буџетот за 2015 година, 11,7 милиони ќе се трошат на плати. Дополнително, секретаријатот ќе добие уште 10, 8 милиони евра за правична застапеност односно за нови вработувања, во услови кога 1.200 лица незаконски седат дома и земаат плата. На официјалната страна на Секретаријатот менито за реализирани проекти стои празно.

http://kapital.mk/skandalozna-zloupotreba-na-ohridskiot-dogovor-za-7-godini-60-pati-poveke-vraboteni-vo-sekretarijatot-za-ramkoven/
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

Џабе трошиш енергија да пишуваш, ние ништо неможеме да смениме.
Кога ке свати народот дека овие безобразно крадат ке гласаат за другите, ке дојдат другите на власт, а и тие истото ке крадат и се така во круг. Релно гледано ние сме нација без свест ( да сме со ниска свест тоа би било комплимент).
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.833
Поени од реакции
29.513
,,,bi shtraknal neshto ama podobro da si premolcham oti najslatko e koga gorkoto ke go goltnesh,,,
,,,tie shto se honorarci ke ja izgubat rabotata a vrabotenite ke moraat da ja rabotat i taa dodatna obvrska ,,,,
,,,so poslednive nelogichni zakoni kako namerno sakaat da si nashtetat samite na sebe,,,
 
S

Samurai_Sk

Гостин
тие што се под договор на дело и зимат 20 илјади денари по колку треба да платат придонеси знае некој ?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не ми е јасно зошто да не се плаќаат одредени придонеси на приходи? Барем здравственото. Сите имаат право на здравствена заштита во јавното здравство, затоа сите треба и да го плаќаат придонесот за здравство. Како тоа.. да се плаќа ако си вработен, а да не се плаќа на хонорар? А здравствената услуга подеднакво да може да ја користат сите? Е па навистина не е фер.

За пензиското осигурување се сложувам дека е покомплицирано да се реализира преку хонорар, но тоа сепак влијае на пензијата.

Исто така, мислам дека не треба да се дозволи континуирана исплата на хонорари на лица од истата фирма каде што се вработени.
 
Затоа што на голем дел од хонорарците примањата се доста ниски, грубо некаде околу 9000-13000 мсечно, ако пример на 13 000 ден плати 37% за придонеси од што ќе живее? Ќе умре хонорарецот од глад па после нека оди да се лечи што ке му е здраствено и пензиско???

Конкретен пример, жена ми е лектор, кога има работа кога нема работа, некаде во просек вади околу 11 000 месечно и речиси пола од тие 11 000 треба да му ги даде на грујо да за гради споменици??? Дај не заебавај!

Законот е добар само за тие со високи хонорари, пример некој со хонорар од 30 000ден. има и за осигурување и ке му останат да плати сметки и за храна, ама на хонорар од 11 000 ако хонорарецот плати 37% нема да му останат пари ни за леб.

Добро е да има закон за хонорарци ама не ваков педерски како овој.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.171
Поени од реакции
20.714
Не ми е јасно зошто да не се плаќаат одредени придонеси на приходи? Барем здравственото. Сите имаат право на здравствена заштита во јавното здравство, затоа сите треба и да го плаќаат придонесот за здравство. Како тоа.. да се плаќа ако си вработен, а да не се плаќа на хонорар? А здравствената услуга подеднакво да може да ја користат сите? Е па навистина не е фер.
Плаќањето придонеси треба да биде исклучиво избор на поединецот, а не да се плаќа задолжително. На некој парите му се поважни сега, во моментов, отколку на 70 години. Што ако сакам да се лечам на приватно!? Што ако не ми треба пензија!? Мислам, кој кур да плаќам за нешто што нема и не сакам да го користам!?

Разбирам, не е фер да искористуваш здравствена услуга (пр. поевтини лекови), а да не плаќаш придонеси, бидејќи за ти да ја користиш таа услуга, некој друг плаќа, ни крив ни должен.

Затоа, треба да му се даде слобода на поединецот, избор. Тој да одлучува дали ќе плаќа придонеси, односно дали сака да биде здравствено осигуран или не. Ако сакаш здравствено, повели плати си. Ако не сакаш, еве ти ги парите. А не задолжително да му ги земеш, против негова волја.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако е избор на поединецот, тоа значи промена целиот концепт. Дали РМ може да го поднесе тоа? Можеби и системот за набавка на лекови да колабира. Размислувам само, не констатирам. Ако фондот за здравство нема константен прилив (очекуван), како би се набавувале лекови. И како да се знае колку се потребни?

А ако некој зема 11,000 денари приход, па затоа да не плаќа придонес, а ако некој зема плата толку, да плаќа... пак нефер ситуација. Треба да се изедначуваат правата и обврските на граѓаните. Се сеќавам, Игор Џамбазов се жалеше дека со овој закон му поскапувал хонорарот за настап. Демек, ќе морал да ја дигне цената согласно продонесите. А нему хонорарот не му е месечно 11,000 ден. Секој сака само да користи, ама државата егзистира од даноци. Кој и да е на власт.

Ако треба да одлучи сам дали да плаќа или не... ЈАС ПРВ НЕ САКАМ НИШТО ДА ПЛАЌАМ. Ама можно ли е тоа?
 
Има многу примери во светот каде изборот е оставен на пациентот, ако може во многу држави тоа да функционира зошто да неможе и у Македонија?

Тој што зема 11 000 денари приход и плаќа придонеси, бруто му е некаде околу 20 000 а со платени придонеси му остануваат 11 000 за колку толку да живее, а на хонорарецот 11 000 му се и нето и бруто, па кога ке плати 37% данок к ему остант 6900 ден тоа фер ли е пријателе?

Дали е фер хонорарците да плаќаат придонеси исто како другите а да немаат право на боледување, на платен годишен одмор, к15, кога ке останат без работа неколку месеци да добиваат примања од завод за вработување, како што е за другите вработени н...итн, итн???

За поидитоски закон не сум слушнал!
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Затоа и се задржав само на здравственото осигурување.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Се укинува законот за хонорарците
29.07.2015 | Економија | 0 Коментари
Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август 2015 година.

Ваквото решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско огисугурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.

– Измената што се предлага, односно укинувањето на плаќањето на придонесите за договорите на дело и авторските договори или популарно наречените хонорарци се прави од причина што со неколку други мерки на Владата се исцрпеа ефектите што сакавме да ги постигнеме. Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица во РМ веќе имаат стекнато статус на редовен работен однос и за нив се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, појасни министерот Ставрески.

Тој додаде дека вториот проект кој исто така реши добар дел од проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори е во сегментот на трансформација на работниот однос во рамки на јавниот сектор. Со ова, како што рече, на лицата кои долги години беа ангажирани со договори на дело и слични други типови на договори им се трансформираше работниот однос во редовен работен однос и со тоа на тие лица сега им се уплаќаат придонеси и за пензиско и за здравствено осигурување што значи кај тие лица е решено прашањето на користење на услугите и унапредување на работничките права.

Според Ставрески, со ова решени Владата излегува и во пресрет на барањата кои во јавноста беа изразени бидејќи, како што рече, нашата намера беше да помогнеме во делот на регулирање на правата од работен однос и исто така да овозможиме сите лица да имаат рамноправен статус, а сепак во јавноста се создаде слика дека постојат други причини поради кои се прави како полнење на буџетот.

– Со оваа мерка со укинувањето на придонесите докажуваме дека тоа не беше случај бидејќи од друга страна на начинот како фунцкионираше тоа приходите не беа толку значајни за буџетот. Сакам да кажам дека се работи за износ на средства кои на годишно ниво се околу 220 до 250 милиони денари што покажува дека немаше никаква намера и дека имавме право дека целта не е да се добијат дополнителни приходи во буџетот или во фондовите, туку целта е едноставно да им се помогне на луѓето кои дотогаш беа регистрирани како лица кои имаат договор на дело или авторски договор и немаат никакви уплати на придонеси во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување и според тоа ги немаат тие права што ги нудат уплатите на придонесите.

Потсети дека обврската за уплата на придонеси беа направени во функција на овозможување на лицата што се на договори на дела, авториски договори и други слични договори да можат да уплаќаат придонеси и со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на услугите во здравствениот систем и кога ќе дојде време за пензионирање исто така со уплатата на придонесите да имаат можност и да добијат пензија, но и да се зголеми нивото на пензијата.

Генерално сметам дека овој законот со кој се вовоеде обврска за уплаќање придонеси го постави на правична основа од една страна лицата за да можат да ги реализираат своите права, а од друга страна да бидат рамноправно третирани како лицата во работен однос.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека Владата како и секогаш досега кога има аргументи, факти и бројки кои покажуваат дека одредено решени теба да се приспособи Владата е отворена да го направи тоа и дека и натаму ќе ја води така политиката. – Отворени сме и во овој случај покажуваме дека имаме слух за јавноста дека ако одредена ситуација создава незадоволство кај поголем број лица и ако, како шпто велам, аргументите беа во функција на тие исти лица да им се помогне и Владата е отворена за други решенија

http://ekonomski.mk/2015/07/29/се-укинува-законот-за-хонорарците/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom