Србите се збираа по 50 000 во белград па што постигнаа ?
Имаа обид за геноцид, и на крајот каков беше резултатот ?
Кога ќе ми текни на изјавите на гардата на цар Лазар не знам дали да плачам или да се смеам, само преку нас мртви Косово ќе го земат. По 2 недели се прогласува независност, наредното утро се распоредува Еулекс и ќути пиле. Ако овде се направи некое слично сценарио од типот на граѓанска војна ќе си го добиеме КФОР назад и се ќе се заврши. Во 21 век геноцид не се изведува баш така лесно. А и изјавите од типот полицијата нека гази ви се смешни. Кој тоа ќе ти дозволи да газиш. Многу галама креваме а малку правиме. Никој не сфаќа дека скандирањата на некојси навивачки групи не ни одат во прилог. Другата страна во приказнава убива 5 деца ама никаде не се фали како мамето ни го ебале, никаде нема изјава дека убиствата биле од етнички мотив иако сите знаеме дека е така. Значи пораката до секој граѓанин е испратена ама нема факти за тоа да се докажи. Запаленото македонско знаме на јутуб не е факт за етничко осудување, тепачките во автобуси и на улици исто така. А ние одма се палиме како некој жени штракалки и одма за Албанци гасна комора и пак ние испаѓаме криви. Овие 12 години имаше време за ние насилно да го спроведиме соживотот, да се почитува се во рамковниот и остро се осудува се надвор од него. За жал ние продолживме по старо и со главата в ѕид и му дозволивме да не фаќаат на добрите стари финти за човекови права.