Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
КЛИК

Обавезно прочитајте, и прастанете да им го крадете СВЕТОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, оти тоа не е ваше, нивно е ,зошто ја лажете јавноста и малите деца со она што го прикажувате во спотот , сето тоа е гејско , како ли само се осмелувате......
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
КЛИК

Обавезно прочитајте, и прастанете да им го крадете СВЕТОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, оти тоа не е ваше, нивно е ,зошто ја лажете јавноста и малите деца со она што го прикажувате во спотот , сето тоа е гејско , како ли само се осмелувате......
Хаха, значи ако јас напишам на блог дека Римското царство е наше тоа значи дека сум во право??? Па по ѓаволите, секој на блог може да пишува што сака, никој не им е крив што последниве 20-30 во Грција ги лажат дека Македонија е дел од нив.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Плагијат, не е баш плагијат, во нашиов спот Ефектите се далеку подобри, очигледно е дека е далеку поскап нашиот спот од тој на Грузија.
Се сложувам дека се ствара конфузија од брзото преминување од кадар во кадар. Мислам дека требаше прво да се направат сите спотови, па после да се пуштат сите пет наеднаш, така ќе можеше да ги направат попретставителни.

Спотот на Грузијците не спот за промоцја на сопствената земја него е спот за една од песните со кои си го претставуваат албумот набендот во франција, а кои како бенд од 80 души имаат постојана изведба во париз во еден од театрите 9кога не се на гостувања).

А дали е поскап не знам, знам дека за една минута кај нас се опнати скоро 200 000 евра.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Спотот на Грузијците не спот за промоцја на сопствената земја него е спот за една од песните со кои си го претставуваат албумот набендот во франција, а кои како бенд од 80 души имаат постојана изведба во париз во еден од театрите 9кога не се на гостувања).

А дали е поскап не знам, знам дека за една минута кај нас се опнати скоро 200 000 евра.
Ами опнати се,кога се сигурни дека ќе ни ги соберат со тоа што мораме да си ги купиме уште еднаш сопствените дворови,на пример.:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ne se raboti za inaet, tuka za pokrivanje na sopstvenata nesposobnost i neznaenje.
Da go "slushneme" i Milcho Manchevski:

"
Како Вие станавте цел на таквата колективна негативна енергија по беспоговорното одушевување што домашната јавност го имаше за Вас во времето на „Пред дождот“ и венецискиот „златен лав“?

- Не се согласувам со Вас дека сум цел на колективна негативна енергија и сметам дека не е на место што - преку вашиот медиум - засилувате една таква деформирана перцепција на фактите. Точно е дека сум цел на оркестрирани напади од некои мои таканаречени колеги. На културниот естаблишмент многу му пречам затоа што ги потсетувам на нивниот неуспех - а што е пострашно, ги потсетувам постојано и на тоа дека успех е можен, дека Македонија не е навистина слепо црево, дека не сме проколнати, игнорирани или дека против нас има заговори, туку дека им недостига талент и трудољубивост. Успехот најтешко се проштева.

Во последно време ја плаќам и казната затоа што работев за оваа држава. Друга немаме, јас ја почитувам и сакам да помогнам. Арно ама според некои политичари, за државата смееш да работиш само кога се тие на власт - како да е државата на баба им. Јас проценив дека е вредно да се помогне со ваков спот, да се привлечат странски туристи во земјава, и со тоа да се помогне економијата, културната размена и секаква друга размена на земјава со светот, да се помогне протекот на идеи. Мене не ме интересираат другите кампањи или политичките пресметки, ме интересира да направам нешто полезно и да снимам авторско дело (со комерцијална намена) зад кое ќе стојам. Толку. Ако сакате да проектирате политички и партиски халуцинации врз тоа, тоа зборува за вас, а не за мене. Целта е доблесна, изведбата е одлична. Ми лекна кога Бучковски од собраниската говорница ме нарече плагијатор, оти стана јасно дека критиките се партиски мотивирани и дека се дел од очајничка борба за власт. Кога истиот тој ќе каже дека за емитување на Си-ен-ен ќе се потрошат некои фантастични суми, ви станува јасно дека врз рекламава применува сметководство тренирано на набавка на резервни делови за тенкови.

Ако со тоа што треба да истрпам една оркестрирана кампања ја плаќам цената затоа што сум се сликал со овој премиер, нека биде така. Сè додека на пазар ми приоѓаат непознати бабички да ме бакнат поради тоа што го правам, нема да сметам дека сум цел на негативна енергија."

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=277&ArticleID=14789
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Mislam deka za taa suma pari mozese mnogu podbar spot ,iskreno vakov spot mozese da naoravi i obicen informaticar, mislam deka i na kajgangjivee da im se dadese ke napravea daleku podobar spot:):toe:
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Bravo za Milco bravo za Gruevski samo napred taka treba .Cpotot e prekrasen.Dali mozete da zamislite da vidite spot za Makedonija vo vazen termin na Fox News, kakvo custvo e toa,bravo uste ednas.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Na youtube ima daleku podobri spotovi za makedonija:)sekako daleku do toa da go potcenim milco mancevski , koj egolem umetnik od makedonija.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Da go "slushneme" i Milcho Manchevski:

"
Како Вие станавте цел на таквата колективна негативна енергија по беспоговорното одушевување што домашната јавност го имаше за Вас во времето на „Пред дождот“ и венецискиот „златен лав“?

- Не се согласувам со Вас дека сум цел на колективна негативна енергија и сметам дека не е на место што - преку вашиот медиум - засилувате една таква деформирана перцепција на фактите. Точно е дека сум цел на оркестрирани напади од некои мои таканаречени колеги. ... Во последно време ја плаќам и казната затоа што работев за оваа држава. Друга немаме, јас ја почитувам и сакам да помогнам. Арно ама според некои политичари, за државата смееш да работиш само кога се тие на власт - како да е државата на баба им. Јас проценив дека е вредно да се помогне со ваков спот, да се привлечат странски туристи во земјава, и со тоа да се помогне економијата, културната размена и секаква друга размена на земјава со светот, да се помогне протекот на идеи. ... Ако со тоа што треба да истрпам една оркестрирана кампања ја плаќам цената затоа што сум се сликал со овој премиер, нека биде така. Сè додека на пазар ми приоѓаат непознати бабички да ме бакнат поради тоа што го правам, нема да сметам дека сум цел на негативна енергија."

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=277&ArticleID=14789
1. Аууу - катастофата за промашениот спот ММ сега ја спинува како пресметка на неговите колеги и на опозицијата со него. Еве јас ја поддржувам владата (се додека гледам дека се труди и работи за народот), не сум му колега на ММ, спотот како македонец ми се бендисува - ама свесен сум дека спотот е ТАПА тапосана ако се гледа како спот кој трба да привлечи странски туристи. 2. Сакал да и помогне на Македонија па напраил авторски спот зад кој тој стоел. БРЕЕЕЕ - кој на кого помогна - ти на Македонија со тоа што луѓето кои го виделе твојот спот ќе бегаат како од чума од Македонија, или Македонија ти помогна тебе со 200,000 ЕУРА?
 
BSM

Член од
27 јануари 2005
Мислења
24
Поени од реакции
0
Нормално емоции при првото гледање, убава музика, ама... Со оглед на намената на спотот, мислам дека тој е промашен. Ако не се лажам, спотот оди на CNN како дел од кампањата за промоција на Македонија и сега замислете што гледа еден странец! Дали постои нешто што ќе го заинтригира да дојде? Да темата е приказна, а која е приказната? Историјата или сегашноста? Гледа некои историски факти, баби, боздогани итн! Во случај да дојде во посета, може и ќе се сретне со некој локален Крале Марко или Биљана.

Е сега да не биде само јадење бабури направив анкета меѓу колегите (странци), чисто да видам како би реагирале на спотот. Нормално првата реакција беше WOW од куртоазија! Ок, прашање! Дали барем малку доби желба да отидеш и да видиш што е тоа "timeless"? Well..hmmmm...ummmm....e! Фали нешто, аха!

Што е тоа "timeless" и како би го прикажале во еден или неколку спота! Епа "timeless" барем според мене е душата на македонецот, неговата гостопримливост, желбата да ја сподели софрата, да помогне, да те насмее, да те развесели да те води и да ти покаже. "Timeless" се фреските во Курбиново, бачилата на Бистра, мозаикот во Хераклеа, топлите води во Негорци итн. "Timeless" е охридската пастрмка, тавче гравче, кумановскиот мезалк, прилепскиот ширден... Милион работи...

И мислам дека е потребна поостра критика, што е сосема позитивно и за да кон идните проекти се пристапи многу поквалитетно и покреативно. ММ си е мајстор на занаетот иако овој пат недостасува креативност. Има дечки на кои им текнува и треба дури и за вакви проекти да им се даде шанса во тој дел!
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Мене ми направи ќеф сабајле кога го видов на Еуроњус....е сега чинел-нечинел, битно е НАШ е.
 
Ахх - КАКО ЈАС ДА СУМ ГО НАПИШАЛ ОВА ПОГОРЕ. ПОЗДРАВ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Се срамам дека еден кретен, арамија и предавник како Владо Бучковски се приклучил кон инаку оправданите критики на спотот и сака да им даде опозициски призвук.

Но истовремено сметам дека не е никако во ред ММ да се вади на говедово (Бучковски), ниту пак на да прикажува критиките како реакција на дел од неговите колеги кои не успеале во кариерите. Со такви изјави ММ се деградира себе си. Ако ММ е навистина величина (а несомнено е величина!), не треба да настапува дефанзивно, тукук напротив треба да настапи сдека има широчина, за да ги апсорбира критиките.

Јас, се разбира, ќе го поддржувам и ќе го бранам спотот пред странци, но држи напишаново од DameMak и BSM.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Rekov be Misirkov, ako e ONOJ Milco Mancevski....:) no vreminjata se menuvaat , a so niv i lugjeto....se nadevam ovoj ke ima uste mnogu sto da kaze....i onaka nemame bas mnogu VISTINSKI BUREKCII... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom