Имаш на Гугл и на Youtube еднакупа вакви видеа и упатства,најпаметно ќе ти биде да си најдеш и вагичка мала за мерење грамажи и дома да си го измериш и да провериш на повеќе места т.е. златари,чисто за да добиеш повеќе информации за цени,итн.
едно време Рубин Кармин добро откупуваа, а имаат хемикалии за тестирање... но кога стана пред 15-на години скокот на цени на злато мислам дека прекинаа... инаку некој накити имаат жигови, мислам 750 е 18каратно а 585 е 14 каратно злато. Инаку во Турција накитот е воглавном 14каратен, само од евреин може да купиш 18каратен, а во Италија се продаваше порано воглавном 18к злато, имаме купувано во 60-тите, кога златото беше ефтино. .
Златни монети се утврдуваат со мерење на димензии и тежината...лажните се подебели.
Златни монети најповолно откупуваше и продаваше во близина, грчката банка во солунското пристаниште, си имаа курсна листа и служба. Но по нашите закони се уште е забрането изнесување на златни монети,( а можеби и внесување). Кај нас законски легално е само купување од државни фирми златници кој ги штанца НБРМ и се 200% и поскапи од светски цени,.
Ако имаш златар од доверба може да ти го претопи накитот од бабати и дедоти и да направи од нив привезок златен а ланче златно ќе купиш.