Движи златото пак. Сепак не треба да се купува кога руши рекорди секој ден. Или можеби може да се купува ама да се има привремена заштита (Put options). Некој да сподели лично искуство со Инвест Метал? Наводно тврдат дека го откупуваат истото што го продаваат, но мора да е во оргинално пакување не отворено од асеј паковка. Мене малце ме буни што тврдат дека го откупуваат златото со премија. Дали некој имал искуство да им продаде злато досега? Матно ми е тоа дека ќе платат премија за да го одкупат. Обично компаните низ светот даваат цени -/+ берзанска цена за купување/продавање на инвестицко злато. Овие испаѓа даваат цена +/+ и за купување и за продавање, што значи вршат откуп на злато по премија. Вероватно кога ќе биде добро време да се инвестира во злато, а тоа е кога каматите ќе се нешто повиско, цената е паданата, и не се пиши по македонски медиуми за златото, тогаш и нема баш да откупуваат со премија мислам. Не знам. Инаку дечкото што работеше таму Бугарин беше и канцеларијата изгледаше леџит. Имам пријател што сака да купи поголема количина од кај нив, веќе му ги препорачав ама немаат никаква залиха засега, но и му реков ќе истражам малце за нив пред да купи.
Дали некој знае да кажи нешто во врска со:
1. Нивната фирма-мајка, дали евенутално е од Бугарија, од кога постои и каква репутација има? Или се органик Македнска компанија и дечкото случанјно збореше Бугарски?
2. Дали некој ги има отворено тие плочките и ги има проверно со апарат или на златар или било како?
3. Има било какво објаснување околу целата соминтелност со високи откупни премии?
4. Дали може да се нарача роба што не е на залиха, колку се чека, и дали може да се преговара за поголеми парчиња/количини и/или намалени премии за редовни купувања?
5. Дали дозволуваат анонимно купување на злато, или мора да им дадеш лична карта?
Spread-от не им е висок на страната нивна, 5% е за 20гр, 10% за 10гр, и 3% за 100гр. Ама кога ќе земеш во предвид дека тоа е spread што не е измеѓу спот цената, туку и во откупната цена има премија, сваќаш дека уствари прилично скапо е купувањето. Пример сега цената е 55.88 еур/грам, тие продаваат 10 грама за 63,62 еур/грам а купуват за 58,54 еур/грам. Тоа што куповната цена им е 3 евра над спот цената значи дека иако има спреад на страната од 10% за 10 грама, испаѓа ако рачунваш на берзнаска 14% над спот плаќаш за да купиш 10гр. Пак викам, малце соминтелно е дека некој ќе ми плати 58 евра за грам кога може да купи стотици тони по 55 евра за грам. Да не им е намерата само да продаваат а кога ќе дојде да купуваат, нашла ми се мана ќе речат или нема да е таа цената?