Работам на проблематикава со години и знам дека ѓубрето не е ѓубре туку е пари.Но овде нечисто сакат да ни вметнат отпад кој другите држави сакаат да си го исфрлат од граници.
Ако нашиве сакаа од Дрисла да направат рециклажен центар,поминаа 20 години ќе направеа.Идеа стручњаци,пари се фрлаа за таа проблематика,ама бирократијата спречи се.Затоа се овие балони во јавност,за да се подготви терен за грабеж.
Ти верувам ако си работела на таа проблематика , јас не сум многу упатен...
Знам само дека во Австрија на пример има цели села што користат исклучиво енергија создадена од масло од фритези...
Исто така во околината на Дрезден има еден тип кој има патентирано цела постројка за правење на енергија од ѓубре, дури идеа и луѓе од Македонија да го посетат...
Проблем е што целата инвестиција би била околу 10милони евра , секако државата би требала да зема удел во тоа, бидејки тешко некој да има таква финснасиска моќ кај нас...
Втор проблем е што мислам дека овој патент никогаш не се комерцијазлизирал , зошто незнам , а не ги знам подетално ни техничките детали иако човекот работи многу време кај него и има изградено кај него пробна постројка која работи со години и дава одлични резултати...
Најпрост пример на искористување на енергијата на губрето има во Рие де Женеро каде што има огромна инвестиција и мислам дека градот добива огромен дел од енергијата токму од ѓубрето кое до пред тоа било рак рана на градот...
Принципот е на собирање на гасовите кои се ствараат со скапување на ѓубрето...
Е сега како е решен проблемот со пластиката и останатиот отпад на кого му треба многу време за разградување тоа незнам...
На горе споменатиот Германец изумот му беше заснован токму на тоа , забрзување на процесот на разградување...
Неколку прашања се поставуваат- значи дали ќе платат за да сортираме ѓубре, дали има капацитети во државата за транспорт, преработка-цел технолошки процес и вадење корист од тоа. Па Македонија со гасот ништо не направи, како ли со ѓубрето, да не се надеваме на нешто повеќе.
Не се плаќа сето ѓубре...
Инаку и бесплатно да ти го дигат е некаква добивка...
Овде ѓубрето се дели на:
Стакло,
Книга,
Остатоци од храна,
Паковки (тетрапак, лименки, и друго)
И секако двапати во годината се дига групниот отпад (мебел и слично)...
Исто така си плаќаш ако сакаш да фрлиш одстатоци од градината, гранки, трева и слично...
Инаку има варијанта и да не го делиш ѓубрето (тоа важи за ресторани, за приватни лица незнам) ама таа варијанта е толку скапа што не ти се исплати...
А сортирањето на ѓубрето е само навика ништо повеќе...