- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Продавале храна собрана од депонија
25.07.2009 15:45
Дрисла
Фрлена храна на депонијата Дрисла завршувала на трпезите на скопјани. Замрзнати риби, месо, салами, чоколади, сокови, се изнесувале од депонијата и се продавале по скопските пазари.
Случајот денеска го обелодени полицијата. Двајца се уапсени Исмет Биљали и Красничи Брахим цели три месеци имале нечист бизнис со расипана храна. Од депонијата Биљали ја извезувал храната надвор, за ефтина цена му ја продавал на Красничи, а тој ја дистрибуирал низ пазарите во Јурумлери, Трубарево, Шуто оризари.
„Засега немаме доволно докази дека и вработените во Дрисла биле инволвирани во конкретниот случај, но се уште продолжуваме да работиме, така што се работи ма утврдување евентуално на начинот како истиот, односно прво осомничениот, успевал прехрамбените продукти да ги изнесе“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Депонијата за криминалот на Биљали била отворена, за камерата на А1 денеска немаше пристап. Чувари излегоа од сите страни, ни беше кажано дека е забрането снимање.
И додека вчера инспекторите од дирекцијата за храна говореа колку мостри од храна земале и какви сугестии давале во објектите, скопските пазари најверојатно не им биле во агендата.
Во друштво на муви, оси и на 40 степени распослани на картонски тезги се продаваат месо, риба, јаца, млечни производи. Некои од нив можеби веќе и со поминат рок, донесени од Дрисла.
A1
E ova se vika biznis ideja...