Проблеми со срцето

Член од
25 ноември 2012
Мислења
31
Поени од реакции
6
Имам 16години, и имам болки во левио предел на граите (кај срцето) пропатени со тешко дишење и висок пулс.
Одеднаш кога ќе ми се појави болката многу ме фаќа страв. Што може да е?
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
бегај на лекар..
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Гитла на лекар и не прашувај многу по форуми без да правиш муабет таму, и не се срами, кажи им кога имаш, колку имаш болки, НИШТО НЕ КРИЈ !!!
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Оди на лекар, немој да чекаш. Тие ќе ти кажат што е проблемот.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Имам 16години, и имам болки во левио предел на граите (кај срцето) пропатени со тешко дишење и висок пулс.
Одеднаш кога ќе ми се појави болката многу ме фаќа страв. Што може да е?
Градна болка...Ангина пекторис..Се јавува поради стрес,напор,обилна храна..Почнува од кај левата страна,левата рака..И бриши на лекар.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имам 16години, и имам болки во левио предел на граите (кај срцето) пропатени со тешко дишење и висок пулс.
Одеднаш кога ќе ми се појави болката многу ме фаќа страв. Што може да е?
Иди на лекар, нека ти направи ЕХО, може и ЕКГ ама ЕКГ-то варира и од тоа што пациентот во моментот на мерење осеќа трема и може да се појават несразмерности да ги наречам. Инаку не мора да значи дека е нешто сериозно, може си имал стресен период, јас пред 2-3 недели имав таков период и ме стегаше така јако кај срцето и имав аритмија/тахикардија што мислев дека инфаркт ќе ме мавне во секоја секунда, а не се исплати да идам на лекар затоа што имам зголемено срце и бели дробови поради пливањето и додека се објасниш зашто е тоа така со нашиве лекари, ќе те хоспитализираат.. Ама јас знаев дека ми е до тоа, кај тебе се слагам со луѓево што пишале над мене, правац кај матичниот и земај упат за ЕХО/ЕКГ.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Оди на лекар тоа сигурно.Инаку ако е болката како да те боде нешто кај срцето,тогаш е ангина пекторис или во превод срцето на моменти не ти добива доволна количина на кислород поради стрес,дебелина,цигари итн.Ангината е всушност како мал инфаркт само што срцевиот мускул е сеуште способен да ги корегира штетите што настануваат за време на неа и си останува ист како што бил претходно,по инфарктот неможе да го направи тоа туку оштетените места стануваат лузни и го ослабуваат самото срце...
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Според опишаното не личи на ангина, дај ми екг,ако имаш направено и ехо направи, и објасни пред колку време се јави, колку време трае дали е силна боцка или продира. Дали се јавува при напор кога се заморуваш трчаш. Земи аспирин или пробај сублингвален нитроглицерин. И да не нагаѓам вака напрај екг, ќе реши секоја дилема :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Можеби местово не е за рекламација, но ако располагаш со повеќе кеш, трк до Филип Втори. Јас пред неполни 2 години имав константна аритмија од месец ипол дена, дадов нешто кеш (2000 чинам) за Ехо, Екг, но брзо ме примија и за 2-3 дена (со крвна слика +проверка на холестерол) ми ја востановија целосно дијагнозата, па ме ставија под режим.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Млад си бре да имаш тахикардија.
Под итно на лекар
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ај и ја да прашам нешто - На топлово по цел ден со клима седев и се разболев многу јасно (Кашлање и тоа јако кашлање) што ме држи веќе 4 недели, пијам антибиотици и се тоа.

Но ме чуди што почна да ме боли околу срцето некој мускул па ме интересира дали може да е од пресилно кашлање нешто да сум пореметил а у ?

Бев на матичен, демек се океј било, ама стравче ми е малце зашо при секое кашлање, се осеќам ко инфаркт да ќе ме акне ...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.617
Цела младина во државава го има овој проблем :icon_mrgr:... често слушам од млади, здрави и прави луѓе како се жалат на срцеви болки, стегања во срцето, привремени болки на левата рака.
Најважно е да не паничите во тие моменти, само уште толку ќе си ја отежните работата. Кога имате слободно време тркнете до лекар, тие најдобро ќе ве советуваат. Моја препорака од лично искуство е само шетање, шетајте секоја ден, пуштете го мозокот на пасење, не се нервирајте за глупости и ќе ви биде подобро.

и имам болки во левио предел на граите (кај срцето) пропатени со тешко дишење и висок пулс.
Друже, појди си на лекар, не чекај и не се плаши, не е ништо страшно, млад си има уште живот во тебе :icon_mrgr:. Тоа тешкото дишење и високиот пулс ти е веројатно од тоа што се чуствуваш исплашен во моментот кога ќе те стегне срцето, затоа не се нервирај, секој жител во земјава го има овој проблем што ти го имаш
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Абе на форум и на гугл, секогаш ќе бидеш болен, иди на лекар да не се повтараме сите да пишуваме. Јас го иам веќе 3 години проблемот со аритмија и тахикардија но не од стресови и слични работи туку нагло израснав од кошарката. Неправилно се развило срцето и тоа е така си работи. Ден денес имам понекогаш болки, ама не е страшно се зае од што е. Некој погоре спомна Филип втори, јас у мој град бев кај четири лекари, од кои ниту еден не знаеше што ми е. У штип барем еднаш месечно доаѓаат од Ф.втори лекари, и човекот за 5 минути по само едно „диши диши“ ми ги наброја симптомите без јас да му ги кажам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Ај и ја да прашам нешто - На топлово по цел ден со клима седев и се разболев многу јасно (Кашлање и тоа јако кашлање) што ме држи веќе 4 недели, пијам антибиотици и се тоа.

Но ме чуди што почна да ме боли околу срцето некој мускул па ме интересира дали може да е од пресилно кашлање нешто да сум пореметил а у ?

Бев на матичен, демек се океј било, ама стравче ми е малце зашо при секое кашлање, се осеќам ко инфаркт да ќе ме акне ...
Имаш пореметен пулс, гадење, тахикардии и аритмии во моментот?
Ако не, тогаш ти е настинат некој од грбните мускули па сеа се буни. Загреј го, не го оптеретуваш со лоша положба на искривен грб, во краен случај плати масерка, ќе мине полека.
Ја би иначе прво проверил крвна слика и екг. Релативно се евтини а и онака треба барем еднаш у 6 месеци или на годишна база да се праат тие проверки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom