Пробавме [рецензии и препораки]

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.457
Поени од реакции
87.238
Сакам да им дадам една 0/5 оцена на Ројал што вршат достава низ цело Скопје, а ги избегнуваат Чаир со образложение дека не застанувале таму. Па моравме до другар да палиме колата и да ги чекаме до Мавровка за да ни ја "достават" нарачката.

Вооедно сакам да им дадам 6/5 оценка на Пласет за испорака и услуга на ниво. Се јавуваш по телефон и таму те пречекува милозвучен машки глас со "аЉо...ааааа чекај, чекај..."( му вика на колегата "Ец...ЕЦ БРЕ!!" нормално ова го слушаш преку слушалка) шокот е голем кога ќе им прозбориш македонски, и од вторпат успеваш да нарачаш донери. Доставата ти ја вршат за максимум 30 минути. Вкусот на храната не е битен, важно нема да умреш од глад.

Пласет :love:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033

Ројал за достава било каде низ Скопје имаат 0/5. Еднаш не се десило да дојдат под саат и пол во Аеродром а секој втор пат имаат пропуст со нарачката.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ај да не ја ебеме темава, ова ќе биде последно мое мислење во врска со ова.

Пак ќе ти кажам, не се праи италијанец. Само они имаат такви изговори али всушност, таков им е карактерот, не сакаат да дадат ништо плус. Чекаат 10центи кусур така ко здрвени 2-3 минути.

Бакшишот се дава откога постои парата и келнерот.
Сега ти што си против ова, нема баш ништо да смени во светот. Такви како тебе со 0 денари бакшиш насекаде ги има.
Кога не оставаш бакшиш, барем не објаснувај зашто другите не треба да оставаат.
Тие што оставаат виделе некоја врска или услуга од тој што го служел.
И не е само келнер за бакшиш, се остава и на таксист, фризер и останати со вакви слични дејности. (којзнае што имаш да кажеш за таксистот и фризерот зашто не заслужуваат бакшиш, 3 дена ќе пишуваме)

И еве дека споредуваш со чистачка, колку пати си имал муабет со некоја што чисти вециња за воопшто да дојде некако до бакшиш да и дадеш?
Луѓе има идат се праат камења сами у кафиќ и ќе остаи бакшиш на конобарката зашто цела ноќ и се лигави како не му идело со пичиња, а уствари сака да ја ќари. А она дали ќе се комари или ќе се журка со бакшишот, треба апсолутно да не се замараш. Ама ти си прав бабуш хехехе, мора да знаеш кај ги даваш тие 10-20 денари еднаш во годината.
Не е само Италијаните, еве член од мое семејство работеше и како келнер во Мекдоналдс и на каса во Бургер Кинг во Германија и на една рака се броеја бакшишите што и ги имале оставено во вкупно 7 месеци (и тоа странски туристи, а не шваби), во САД е политиката за оставање на бакшиши и таму е на еден начин правило дека мора да оставиш.

Мене ме нервираат келнерите и доставувачите со тоа што никогаш нема да ги поделат парите со своите колеги кои се дел од процесот, му давам често бакшиш (најчесто тоа што останува до цела бројка 20-40 денари) иако би сакал бакшишот што го земаат преку целиот ден на крај да си го распределат меѓу себе и со останатите колеги што биле вклучени во целиот процес: кол центар, каса, кујна.
Како што мене ми е криво кога работам на проекти да не земам бонус иако сум се окозил да се заврши се до перфекција, а менаџерите и дел од колегите да земат, така му е сигурно и на дечките што работат на каса или во кујна, со кое право се попривилегирани доставувачите или пак келнерите од останатите?
Автоматски споено мислење:

Сакам да им дадам една 0/5 оцена на Ројал што вршат достава низ цело Скопје, а ги избегнуваат Чаир со образложение дека не застанувале таму. Па моравме до другар да палиме колата и да ги чекаме до Мавровка за да ни ја "достават" нарачката.

Вооедно сакам да им дадам 6/5 оценка на Пласет за испорака и услуга на ниво. Се јавуваш по телефон и таму те пречекува милозвучен машки глас со "аЉо...ааааа чекај, чекај..."( му вика на колегата "Ец...ЕЦ БРЕ!!" нормално ова го слушаш преку слушалка) шокот е голем кога ќе им прозбориш македонски, и од вторпат успеваш да нарачаш донери. Доставата ти ја вршат за максимум 30 минути. Вкусот на храната не е битен, важно нема да умреш од глад.

Пласет :love:
Aj Ројал, туку и Доминос што заебаа работа и го отворија тој во Бутел, сега за Гази Баба не носат од Аеродром или Центар туку од Бутел, а таму нема ништо што содржи свинско. Плус на страната кога одбираш пола-пола немаат ни опција за ресторанот во Бутел.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.255
Не е само Италијаните, еве член од мое семејство работеше и како келнер во Мекдоналдс и на каса во Бургер Кинг во Германија и на една рака се броеја бакшишите што и ги имале оставено во вкупно 7 месеци (и тоа странски туристи, а не шваби), во САД е политиката за оставање на бакшиши и таму е на еден начин правило дека мора да оставиш.

Мене ме нервираат келнерите и доставувачите со тоа што никогаш нема да ги поделат парите со своите колеги кои се дел од процесот, му давам често бакшиш (најчесто тоа што останува до цела бројка 20-40 денари) иако би сакал бакшишот што го земаат преку целиот ден на крај да си го распределат меѓу себе и со останатите колеги што биле вклучени во целиот процес: кол центар, каса, кујна.
Како што мене ми е криво кога работам на проекти да не земам бонус иако сум се окозил да се заврши се до перфекција, а менаџерите и дел од колегите да земат, така му е сигурно и на дечките што работат на каса или во кујна, со кое право се попривилегирани доставувачите или пак келнерите од останатите?
Автоматски споено мислење:
Па реално никаде не оставаат бакшиш во Мекдоналдс или Бургер Кинг.
Тоа и онака иде на шалтер систем.
Ги споменав италијанците затоа што се најголеми цигани во тој поглед. Кај нив демек било непишано правило да не се остава бакшиш, а уствари со мои очи сум видел како оставаат истите тие бакшиш на девојки. Значи селективно се остава и со некоја намера.
Бев келнер година дена на Малта, имам услужено муштерии буквално од сите континенти. Секоја нација си има одредени карактеристики кога се во ресторан. Дефинитивно енглезите, американците и скандинавците се најдарежливи. Германците истотака знаат добар бакшиш. Русите ти се терсене, ќе остават добар бакшиш, ама ќе те намачат.
Италијанците,шпанците па и французите се гомна невидени кога доаѓа до тој муабет. Сакале рибата вака приготвена, па место помфрит компир во рерна, па место салатата ако може зеленчук на скара и на крај бакшиш е тапкање по рамо. А од друга страна сум бил во овие држави и тврдам дека прифаќаат бакшиш да им се остави, настрана од тоа што го зборат тоа кога ќе се туристи.

Тоа што не ги делат парите воопшто не треба да влијае на одлуката. Ти тоа не го знаеш. Само си го чул.
Пред едно 7-8 години работев во еден ресторан на кеј и таму се делеше во процент. 60-30-10 (келнер-шанк-кујна)
Ама за ова треба и да се погоди екипата што ќе работи со тебе.

И не се привилегирани, само ете, тие се тие што ти доставуваат тебе. Пак ќе кажам, твои пари твој избор, ама нема воопшто потреба да се објаснува зашто не треба да им се остава. Пишав многу причини зашто е тоа така. Ти викаш дека во Америка е правило да се остави, па да не оставаат случајно и на тие што местат клими или работат на проекти? Нормално дека не, и нормално дека само на овие услужни дејности се остава.

Него @Acid, каде е рецензијата од Конец?
Баш сакам да ја видам. Мене Pulled Pork сендвичи ми се ептен примамливи и сакам да видам што не било како треба таму. Гледам на фејсбук многу добра презентација имаат.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442

И јас се полакомив од Фејсбук, ама ништо од тоа :) Најмногу ме разочара што лебот беше сув, се ронеше, не П од потпечување (иако таков е на сликите) и општо - се' беше суво, без вкус и не ме ни најаде.

Искрено, ги подзаборавив, а има материјал за пишување. Треба да земам пак за да направам фотки, а рецензијата ќе биде по новиот оброк - им пишав за да им ги воочам пропустите, па верувам дека можеби се подобриле :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Па реално никаде не оставаат бакшиш во Мекдоналдс или Бургер Кинг.
Тоа и онака иде на шалтер систем.
Ги споменав италијанците затоа што се најголеми цигани во тој поглед. Кај нив демек било непишано правило да не се остава бакшиш, а уствари со мои очи сум видел како оставаат истите тие бакшиш на девојки. Значи селективно се остава и со некоја намера.
Бев келнер година дена на Малта, имам услужено муштерии буквално од сите континенти. Секоја нација си има одредени карактеристики кога се во ресторан. Дефинитивно енглезите, американците и скандинавците се најдарежливи. Германците истотака знаат добар бакшиш. Русите ти се терсене, ќе остават добар бакшиш, ама ќе те намачат.
Италијанците,шпанците па и французите се гомна невидени кога доаѓа до тој муабет. Сакале рибата вака приготвена, па место помфрит компир во рерна, па место салатата ако може зеленчук на скара и на крај бакшиш е тапкање по рамо. А од друга страна сум бил во овие држави и тврдам дека прифаќаат бакшиш да им се остави, настрана од тоа што го зборат тоа кога ќе се туристи.

Тоа што не ги делат парите воопшто не треба да влијае на одлуката. Ти тоа не го знаеш. Само си го чул.
Пред едно 7-8 години работев во еден ресторан на кеј и таму се делеше во процент. 60-30-10 (келнер-шанк-кујна)
Ама за ова треба и да се погоди екипата што ќе работи со тебе.

И не се привилегирани, само ете, тие се тие што ти доставуваат тебе. Пак ќе кажам, твои пари твој избор, ама нема воопшто потреба да се објаснува зашто не треба да им се остава. Пишав многу причини зашто е тоа така. Ти викаш дека во Америка е правило да се остави, па да не оставаат случајно и на тие што местат клими или работат на проекти? Нормално дека не, и нормално дека само на овие услужни дејности се остава.

Него @Acid, каде е рецензијата од Конец?
Баш сакам да ја видам. Мене Pulled Pork сендвичи ми се ептен примамливи и сакам да видам што не било како треба таму. Гледам на фејсбук многу добра презентација имаат.
Да не го тупиме на темава, али нема врска дали е бургер кинг, ројал, доминос или не знам кој ресторан, во Македонија сум повеќе од сигурен дека не работат за минимална плата, барем на кеј тие што викаш летово имаше огласи од 22-30 000 плата, инженери земаат помалку од тоа.
Ако е за услужни дејности оди дај му и на возачот во ЈСП (околу 300 евра му е плата на новопримените), или на таксистите нема да барате попуст туку ќе му дополнувате и троа кусур, на берберот ако ти кажи 150 денари дополни му уште 50че, на касиерката во маркет дај и кусур и таа работи за 14к.
Политиката за бакшиш доаѓа од САД каде што келнерите се платени на минималец и се очекува од тебе да им се дополни уште нешто за да имаат колку толку пристојна плата.
Ако има добра услуга им давам чисто од почит за професионалноста, а ако ми каже на телефон дека ќе стигне за 30 минути и ми дојде за 50 треба и да му ја вратам нарачката. Од Ројал исто како што пишаа погоре кај мене и за време на коронава кога нема живо пиле на улица стигаат за 50-65 минути, а на телефон ми викаат дека ќе дојдат за макс 30мин.
Од Гала кујна им нарачувам пица, вика за 30 мин ќе ја донесеме, по 50 мин ми се јавува да ме праша дали ми одговарало за 45 минути да ми ја донесат оти сите доставувачи им биле зафатени....еееј јас дома со гости ај демек ќе замезиме пица ги чекам да бидат на врата тој со цел памет ми се јавува да ми достави пица по саат и пол од тоа што ми ветил.
На кеј кај што си работел се дибидиус келнерите, особено во Плаза де Торос не знам по кој критериум ги одбираат, али ми имаат заборавено и нарачка и скоро секогаш ќе ги чекаш по 15 мин откако ќе побараш да ја донесат сметката, е на таков не му оставам бакшиш па и за 5000 да работи туку во тоа за жалби и поплаки би го пишал и со име и презиме дека не си ја брка работата.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.389
Поени од реакции
13.357
Пак ќе ти речам, бакшиш се заслужува и не треба да е по дифолт, пошо бил слабо платен. И чистачката е слабо платена па не гледам да има бакшиш, или таа у маркет. На крај краева, ако е кафето 80, и ако платам 80, не правам криминално дело. Не сум искомплексиран да ги тормозам за чаша вода и за шеќерче по сто пати колку да ми се дешава нешто. Ако добијам фина и брза услуга, ќе оставам бакшиш соодветен на мојот буџет на располагање.

Познавајќи ги тие што работат во кафичи (не сите), дека им се парите од бакшиш за журкање, комар и слични луксузи (не збориме за потреба како храна, стан и сметки), и не заслужуваат бакшиш,а највеќе ради услугата што ја пружаат. Ретко во кој објект има фина накај одлична услуга, а логично тие се и поплатени, ама и со поголем бакшиш :)

На крај краева, работи нешто друго (на пример на каса у КАМ) и ќе нема да се буниш дали има бакшиш или не :) Не ти скенираат баркодови стриптизерки на каса за да им остаиш бакшиш хехехее бабуш
Еден другар редовно остава така бакшиш по кафичи/ресторани(околу 20% од сметката). Поентата му е дека конобарите повеќе ќе му обрнуваат внимание. Ако се случило да иде со пиќенце таму, ќе и оставел добар впечаток (демек конобарите ќе биле пофини и немало цело време да ја држи крената раката да дојдат)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.738
Поени од реакции
7.229
Ми се допаѓа идејава за темава. Би сакал да има повеќе препораки-критики и за места надвор од Скопје. Доволно е и да се само реални препораки, а не реклами.
Ама дечки, ја поебавте концепцијата со тоа бакшишите. Па, отворете си посебна тема, на пр. "Бакшиш, да или не", па давајте ги колку сакате!
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
@Acid некако слабо пробувате...
Имаше неодамна рецензија за дупли чедар бургер од Киоск, ја прочита? :)

T

Torchyrus

Гостин
Имаше неодамна рецензија за дупли чедар бургер од Киоск, ја прочита? :)

Нее, ја немав видено...Нареден пат кога ќе има, линкувај ги тука во темава ако не ти е проблем.
Иначе Киоск мене ми е океј, според цената на бургерите и квалитетот со потенцијал да бидат најдобри.
Забелешките на место (y)
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Тоа е твое право дали ќе си ги бараш парите или не. Сум оставил и 50 бакшиш, и 20, и 0. Претежно е нула искрено, пошто он (тие) си работи (работат), си добива (добиваат) плата за тоа (а многу од нив си прават лева рака десен џеб дали со храната дали со парите), и не прави ништо спектакуларно што е надвор од неговата работа за која е платен. Зошто доставувачот на храна да добие бакшиш? Што е он во подобра позиција од тој што работи мајстор, или работи на каса?

Пред да ме осудуваш, лично јас продавам производи на клиенти, па кога имам нарачки што ги носам лично јас (не моите), не сум добил бакшиш, или да речам еднаш од 20 однесени пратки. Нема потреба,бидејќи и онака заработувам од нив, исто како што доставувачот заработува пари за тоа што е платен. Убаво доаѓа бакшиш нормално, ама ако не правиш нешто посебно, што би ми привлекло внимание за да ти оставам бакшиш, зошто да го направам тоа? Вкусот на јадењето не е заслуга на доставувачот (ни па он е крив ако е лошо)
Малце оф топик
На келнерите секогаш и оставам бакшиш, освен ако ептен не чини услугата, но.
Не оставам бакшиш на доставувачот од проста причина што не заслужува/не ми се свиѓа како ја вршат работата. Во 99% од случаевите е ова.
Кога и да сум нарачал храна секогаш ми викале - Дечко ја сум тука ако можеш да дојдеш да ја земеш... Што за мене е доста глупо пошто штом нарачувам храна да ми ја доставиш до одредена локација - очекувам да ми ја доставиш до врата. У превод не сум во можност да искочам да се симнам по скали и да ја земам храната. Често пати им даваш точна адреса, им објаснуваш многу добро за која зграда се работи кој влез/спрат и не можат да се снајдат. А што е нај трагично на 10 минути пешки од тој локал се јавувам да нарачам, ем што едвај те наоѓаат - тешко им е да ти донесат до врата. Имаше 1 случка локална пицерија да не може да се снајде покрај точна адреса и убаво објаснето покрај кој објект каде треба да влезе и да качи. Сепак јас морав да се симињам бидејки човекот не знаеше кај е тоа. (на 12 минути пешки од кај нив е, во нивна населба каде што се долго време). Исто така и времето, не може јас да чекам 1 саат точно да ми донесеш нешто ако сум на 15 минути ПЕШКИ од тебе. Сите знаеме колку долго се подготвува пица, бургер итн. Ако дечките се професионални, донесат топло јадење, за пристојно време, се качат- дојдат на врата да ми достават - Оставам кусур сигурно, дали 10 дали 90 денари не е битно, битно нема д аси барам кусур. Исто како што од келнер очекувам да ми донесе се што треба, за пристојно време и да биде професионален/фин културен. У превод тоа ти е „награда“ симболична преку која го изразувам моето задоволство од неговата/нејзината услуга - нешто за коешто тие зимаат плата. Бакшишот не е ниту курчење, ниту обавеза.
Бакшишот е изразување на задоволство од страна на клиентот за добро завршената работа преку оставање на симболична сума.
Извинете за оф топик :)
Автоматски споено мислење:

Твои пари, твој избор...ама ако немаш намера да оставаш бакшиш нема потреба да објаснуваш тука како италијанец. Да било така дека они работеле за плата, бакшишот нема да постоел.
Бараш нешто посебно да ти го привлече вниманието за бакшиш!? Што треба, стриптизети да ти доставуваат храна? Или песнички да ти пее додека ти ги вадиш парите од џеб.

И убаво си кажа за твојот случај - нема потреба, и онака заработуваш од нив. Епа доставувачот/келнерот они не заработуваат ништо од тоа што ќе ти го послужат и се најслабо платени општо. Башка што цел ден се на нозе и трчаат за да ти донесат водичка зашто благо ти било кафенцето оти 10 пати си го вратил за шекерче.
Да не разглабуваме тука како им се крати од плата за скршени чаши, пепељари и др.
Цитатов го ставам отпосле, прочитај горе. Не треба ништо посебно да се праи. САмо што во Македонија барем доставувачите со толку квалитетни што не бакшиш, гага треба да ми биде доставата. Секоја чест за исклучоците.
А за келнери/келнерки што викаш. Епа брат ќе си го заслужиш бакшишот. Ако јас моето еспресо и кисела вода/кока кола ги чекам повише од 10 минути да ми ги донесеш и сметката ја чекам повеќе од 10 минити, нит бакшиш а ни сметка платена ќе видиш. У тренд 40 минути поминав во чекање, а со ограничено време бев. 10 минути да не послужат, 10 минути дур да ни донесат и 20 минути сметка. Греотка. На полу празен кафич. За разлика од Пелистер или Каса кубана, Дистрикт, каде што повеќе од 10 минути не чекаш порачка. Освен ако не е храна нормално. Иако Каса ме изненадија колку брзи и услужливи беа. Па на сметка од 500 и нешо беше оставено 400 и нешо бакшиш. (сепак муабетов е пред повеќе години, сега не знам како им е)
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.698
Не се согласувам со заклучокот. Од Mamma Italiana имам порачувано од повеќе локации, вклучително и Центар, Тафталиџе и од Аеродром. Секогаш доаѓале во рекордно време :) Од друга страна споредено со Доминос (до кои сум поблиску) се случувало да добијам пица и за 1:15 ч. и за 20 минути. Додека живеев во центар, бев на 2 минути пешки до Доминос, па ми ја носеле за 45 минути пицата.

Исто така, од Гранд Бургер порачката (кои ми се поблиску од Mamma Italiana) стигна порачката далеку побавно.

Пробавме пилешки кранчи врап од Grand Burger

Во време кога движењето е ограничено, а рестораните и фаст-фуд баровите функционираат само преку „шалтер систем“ и вршење на испорака, решивме да направиме пауза од готвените домашни јадења и да се почестиме со мала доза брза храна. На денешното мени е пилешкиот кранчи врап од Grand Burger.

Нарачката ја направивме во 16:20 часот, а јадењето стигна во 17:10. Локацијата за достава е оддалечена на ~4-6 минути возење од Grand Burger во Ново Лисиче. Иако не сме пресреќни со времето за достава, мораме да го земеме во предвид фактот дека нарачката е направена во „време за ручек“, па очекувано е испораката да стигне подоцна од вообичаено. Секако, сѐ додека храната е топла и свежа, ние немаме проблем со тоа да причекаме малку.

Вработениот задолжен за достава без потешкотии се снајде и ја достави храната на договорената локација. Снаодливоста на луѓето кои се задолжени за испорака е битен фактор во целокупното искуство, затоа што никој не сака да дава бесконечни инструкции за точна локација додека со нетрпение ја очекува нарачаната храна. А со неискусните доставувачи, ова се случува често.

Порачавме 2 кранчи пилешки врапови и 2 мали помфрити. Пристигнаа коректно спакувани во пластична кеса, па фина брендирана хартиена кеса (која ги содржи сите клучни податоци и контакт информации за Grand Burger), а во неа – секое парче беше посебно спакувано и завиткано во алуминиумска фолија. Кудос - отсекогаш сме имале респект кон угостителите кои не штедат на добар брендинг и соодветно пакување. Пакувањето содржеше и салфети и пастични вилушки (иако често се случува некои ресторани да ги изостават во процесот).

Мх, мх, мх, време е за јадење! :)

Иако знаеме дека поентата на враповите е да се јадат завиткани, за потребите на рецензијата моравме да отвориме барем еден и да ѕирнеме што точно содржи внатре. Крцкаво пилешко (и тоа навистина крцкаво), фина количина кромид, сечкани домати и кисели краставички, стандардните преливи и свежа марула – сето тоа свиткано во тортиља која е фино потпечена и примамлива за очи. На прв поглед, сѐ изгледа коректно.

Единствено нешто што малку нѐ разочарува е количината на компирчиња која навистина го оправдува името „мал помфрит“.

Првиот гриз е задоволувачки и нѐ прави среќни! Пилешкото е крцкаво (а сепак меко), преливите се вкусни, се чувствува кромидот и киселите краставички. Не ни се допаѓа тоа што состојките се ладни поради задоцнетата достава.

Исто така, не сме импресионирани од квалитетот на помфритот (мек и по малку „гумен“ наместо крцкав), но свесни сме дека тоа е поради кондензацијата од пакувањето. Вистинскиот впечаток, најверојатно е уште подобар доколку врапот се дегустира во ресторанот.

Задоволни од изборот, продолжуваме да уживаме во оброкот и помеѓу паузите потврдно си коментираме: „Еј, ама стварно е добар врапов“. И додека задоволно се пробивавме низ првата половика од крцкавото пилешко, мал проблем – налетавме на домат кој беше тврд како краставица, а богами и во одредени делови зелен како неа.

Мораше ли баш вакво парче да заврши во нашиот оброк?
Нели е подобро воопшто да не стигне до врапот и да биде отстрането уште во кујната, кога и онака ќе го фрлиме по првиот гриз? Можеби, но тешко веројатно, затоа што брзата подготовка на храна носи и вакви грешки.

Ок, го фрламе зелениот домат на страна и продолжуваме да уживаме во јадењето. Некаде по изедени две третини од врапот, веќе немаме помфрит – но и без него, општиот впечаток останува позитивен до крај. Вкусно беше и би порачале повторно. Белешка за себе: „Никогаш не порачувај мал помфрит од Grand Burger“.

ПОЗИТИВНО
  • Фино пакување и брендинг.
  • Вкусно и крцкаво.
  • Соодветни преливи и додатоци.
  • Обемен врап кој сигурно ќе ве засити.
НЕГАТИВНО
  • Бавна испорака.
  • Нема можност за електронско плаќање или преку терминал при испорака.
  • Мек помфрит (од кондензација).
ОЦЕНА
4/5

Дали е безбедно да се јаде од Гранд Бургер, пошто имаше некои вести дека имало труење или нешто слично, но тоа е на Рузвелтова мислам не во Ново Лисиче?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Дали е безбедно да се јаде од Гранд Бургер, пошто имаше некои вести дека имало труење или нешто слично, но тоа е на Рузвелтова мислам не во Ново Лисиче?
се дешава летно време да има труење, затоа летно време не се купува џанк фуд
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Дали е безбедно да се јаде од Гранд Бургер, пошто имаше некои вести дека имало труење или нешто слично, но тоа е на Рузвелтова мислам не во Ново Лисиче?
Јас не би јадел било каде бургери и сладолед летово :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom