Пробавме [рецензии и препораки]

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
Ја отворам темава како место во кое може да пишуваме искрени рецензии од нашите гурмански специјалитети, без разлика дали се позитивни или негативни.

Почнувам јас, со пицата Тоскана од Mamma Italiana:

Ммм... Пица! Сме пробале многу вкусови, форми и големини и сѐ уште сме ненаситни на овој специјалитет на италијанската кујна. Но, со големиот број на новоотворени инстант-пицерии, често се случува да налетаме на пици кои тотално ни го уништиле задоволството затоа што содржеле несоодветни состојки (како растителен кашкавал), содржеле премногу кисел или премногу благ доматен сос, имале недопечено тесто или едноставно биле препечени и исушени како двопек.


Во последно време, прочитавме голем број на сочни препораки на социјалните медиуми за пицата Тоскана (со лукче, пршута и моцарела) од Mamma Italiana, па решивме да ја ставиме на тест и да провериме дали пофалбите се оправдани.

Пред да почнете да го „гуглате“ ресторанот, појаснуваме дека Mamma Italiana е пицерија која работи исклучиво со достава. Но, може да се пофали со најбрзата достава која некогаш сме ја виделе! Нарачката ја направивме во 14:58 часот, а пицата веќе пристигна на нашата локација во 15:15 часот. Обидете се да си визуелизирате колку напор и посветеност е потребна за пицеријата да ја прими нарачката, да ја подготви пицата, да ја испече и да ја достави до нашата локација за неверојатни 17 минути и тоа во време за ручек!


Доставувачот нѐ повика да се симнеме пред зграда за да ја подигнеме нарачката. Пицата беше спакувана во симпатична жолта картонска кутија со смајли, која уште „чуреше“ затоа што пицата беше извадена од печка пред само неколку минути. Кога станува збор за испорака на пица, од исклучителна важност е таа да биде доставена до крајната локација сѐ уште топла, затоа што никој не сака да јаде „ќутук“ тврда и ладна пица – а ова, за жал, се случува премногу често.


Ја отворивме кутијата и веднаш нѐ обзеде пријатниот мирис на лукче и пршута! Тестото изгледаше фино испечено, а мастрафот одозгора сочно и примамливо. Побрзавме да направиме неколку слики и веднаш почнавме со јадење, со цел да го доживееме вистинското искуство пред да се олади.


Уште по првиот гриз може да се забележи дека Mamma Italiana не штеди на мастраф, а особено на лук во својата Тоскана. Ако сте љубител на острата и препознатлива арома на лукот (и не треба да разговарате лице в лице со некого во следните 12-24 часа), комбинацијата со пршута и кашкавал е нешто што сигурно ќе ви се допадне.


Тестото беше испечено до перфекција. Крцкаво (но, не пресушено), меко (како мекица) и сочно – благодарение на маслиновото масло. Со сигурност можеме да потврдиме дека ова е едно од најдобрите теста кои сме ги пробале до сега. Пицата е доволно солена за да ве поттикне да ја консумирате во комбинација со црвено вино или пиво. Соодносот на регуларниот млечен кашкавал и моцарела е прикладен, а пршутата е вкусна и добро исечкана (ни премногу дебела, ниту проѕирна). Според нас, Тоскана дефинитивно има потенцијал да стане уште повеќе барана и продавана пица од класичната Капричоза.


Додека го привршувавме и последното парче, иако пицата е доволно голема, дојдовме до заклучок дека можеби требаше да порачаме уште една – да, толку беше добра! И со задоволство ќе ја порачаме повторно!

ПОЗИТИВНО
  • Неверојатно брза испорака.
  • Топла пица.
  • Добро испечено.
  • Соодветни состојки.
  • Сочно.
  • Вкусно.
НЕГАТИВНО
  • Нема можност за електронско плаќање или преку терминал при испорака.
ОЦЕНА
5/5

 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.368
Поени од реакции
2.520
Се е добро,но брза испорака додека е топло тоа затоа што во близина сте со локацијата ,а што е со малку далечина и дали ќе остане топла пица? Е тука вистинска оценка


Sent from my iPad using Tapatalk
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
Се е добро,но брза испорака додека е топло тоа затоа што во близина сте со локацијата ,а што е со малку далечина и дали ќе остане топла пица? Е тука вистинска оценка


Sent from my iPad using Tapatalk
Не се согласувам со заклучокот. Од Mamma Italiana имам порачувано од повеќе локации, вклучително и Центар, Тафталиџе и од Аеродром. Секогаш доаѓале во рекордно време :) Од друга страна споредено со Доминос (до кои сум поблиску) се случувало да добијам пица и за 1:15 ч. и за 20 минути. Додека живеев во центар, бев на 2 минути пешки до Доминос, па ми ја носеле за 45 минути пицата.

Исто така, од Гранд Бургер порачката (кои ми се поблиску од Mamma Italiana) стигна порачката далеку побавно.

Пробавме пилешки кранчи врап од Grand Burger


Во време кога движењето е ограничено, а рестораните и фаст-фуд баровите функционираат само преку „шалтер систем“ и вршење на испорака, решивме да направиме пауза од готвените домашни јадења и да се почестиме со мала доза брза храна. На денешното мени е пилешкиот кранчи врап од Grand Burger.


Нарачката ја направивме во 16:20 часот, а јадењето стигна во 17:10. Локацијата за достава е оддалечена на ~4-6 минути возење од Grand Burger во Ново Лисиче. Иако не сме пресреќни со времето за достава, мораме да го земеме во предвид фактот дека нарачката е направена во „време за ручек“, па очекувано е испораката да стигне подоцна од вообичаено. Секако, сѐ додека храната е топла и свежа, ние немаме проблем со тоа да причекаме малку.

Вработениот задолжен за достава без потешкотии се снајде и ја достави храната на договорената локација. Снаодливоста на луѓето кои се задолжени за испорака е битен фактор во целокупното искуство, затоа што никој не сака да дава бесконечни инструкции за точна локација додека со нетрпение ја очекува нарачаната храна. А со неискусните доставувачи, ова се случува често.


Порачавме 2 кранчи пилешки врапови и 2 мали помфрити. Пристигнаа коректно спакувани во пластична кеса, па фина брендирана хартиена кеса (која ги содржи сите клучни податоци и контакт информации за Grand Burger), а во неа – секое парче беше посебно спакувано и завиткано во алуминиумска фолија. Кудос - отсекогаш сме имале респект кон угостителите кои не штедат на добар брендинг и соодветно пакување. Пакувањето содржеше и салфети и пастични вилушки (иако често се случува некои ресторани да ги изостават во процесот).


Мх, мх, мх, време е за јадење! :)

Иако знаеме дека поентата на враповите е да се јадат завиткани, за потребите на рецензијата моравме да отвориме барем еден и да ѕирнеме што точно содржи внатре. Крцкаво пилешко (и тоа навистина крцкаво), фина количина кромид, сечкани домати и кисели краставички, стандардните преливи и свежа марула – сето тоа свиткано во тортиља која е фино потпечена и примамлива за очи. На прв поглед, сѐ изгледа коректно.

Единствено нешто што малку нѐ разочарува е количината на компирчиња која навистина го оправдува името „мал помфрит“.





Првиот гриз е задоволувачки и нѐ прави среќни! Пилешкото е крцкаво (а сепак меко), преливите се вкусни, се чувствува кромидот и киселите краставички. Не ни се допаѓа тоа што состојките се ладни поради задоцнетата достава.

Исто така, не сме импресионирани од квалитетот на помфритот (мек и по малку „гумен“ наместо крцкав), но свесни сме дека тоа е поради кондензацијата од пакувањето. Вистинскиот впечаток, најверојатно е уште подобар доколку врапот се дегустира во ресторанот.





Задоволни од изборот, продолжуваме да уживаме во оброкот и помеѓу паузите потврдно си коментираме: „Еј, ама стварно е добар врапов“. И додека задоволно се пробивавме низ првата половика од крцкавото пилешко, мал проблем – налетавме на домат кој беше тврд како краставица, а богами и во одредени делови зелен како неа.


Мораше ли баш вакво парче да заврши во нашиот оброк?
Нели е подобро воопшто да не стигне до врапот и да биде отстрането уште во кујната, кога и онака ќе го фрлиме по првиот гриз? Можеби, но тешко веројатно, затоа што брзата подготовка на храна носи и вакви грешки.

Ок, го фрламе зелениот домат на страна и продолжуваме да уживаме во јадењето. Некаде по изедени две третини од врапот, веќе немаме помфрит – но и без него, општиот впечаток останува позитивен до крај. Вкусно беше и би порачале повторно. Белешка за себе: „Никогаш не порачувај мал помфрит од Grand Burger“.

ПОЗИТИВНО
  • Фино пакување и брендинг.
  • Вкусно и крцкаво.
  • Соодветни преливи и додатоци.
  • Обемен врап кој сигурно ќе ве засити.
НЕГАТИВНО
  • Бавна испорака.
  • Нема можност за електронско плаќање или преку терминал при испорака.
  • Мек помфрит (од кондензација).
ОЦЕНА
4/5

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.387
Поени од реакции
4.329
@Acid
Мислам дека во ваквите рецензии треба и цената на нарачката да се стави во описот.
Истотака и дали тие истите доставуваат на сите места во градот, или има дополнителени трошкови за достава на пример ако некој сака да нарача во Радишани.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
@Acid
Мислам дека во ваквите рецензии треба и цената на нарачката да се стави во описот.
Истотака и дали тие истите доставуваат на сите места во градот, или има дополнителени трошкови за достава на пример ако некој сака да нарача во Радишани.
Цената е варијабилна, склона на промоции и тн и затоа не е вклучена во рецензиите. За цена и подетални информации, секогаш можете да се обратите директно кај нив :) Да не испадне после „ама на Кајгана пишува дека е ХХ, зошто сте ми наплатиле XY?"

Ние го споделуваме личниот впечаток од целокупното искуство и вкусот :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.387
Поени од реакции
4.329
Цената е варијабилна, склона на промоции и тн и затоа не е вклучена во рецензиите. За цена и подетални информации, секогаш можете да се обратите директно кај нив :) Да не испадне после „ама на Кајгана пишува дека е ХХ, зошто сте ми наплатиле XY?"

Ние го споделуваме личниот впечаток од целокупното искуство и вкусот :)
Разбирам што мислиш со ова, ама мислев чисто како рецензија да имаат престава луѓето од каде пре да нарачаат соодветно нивниот буџет.
Точно дека е варијабилна, особено периодов, но од прилика 10-20 до 50 денари максимум може да варира.
Али како и да е, супер тема, очекувам и други со рецензии па кога ќе дојдам Септември да знам од каде да гнетам.

Ова врапов изгледа интересен, малце ме мисли тоа што е со поховано пилешко а и реално во врап никогаш не сум начекал "голем помфрит", така да мислам дека и ок е количината, сепак пак ќе се навратам, зависи од цената. :)
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
3.101
Поени од реакции
5.304
Интересна тема (y)
Сум пробал пица од Mamma Italiana и имаше лук, но не се сеќавам дали конкретно Тоскана, тоа што се сеќавам е дека беше предобра.
Како предлог би го дал Конец.
Мало место како сендвичара во близина на Палма во Аеродром. Се работи за бавно печено месо од свинска плешка и јунешка кртина.Се маринира и подготвува 6 до 8 часа. Месото е извонредно подготвено во склад со сосот и прилозите кои ги ставаат во сендвичот се топи во уста. Не се споредува, но кога би требало да бирам било кој бургер или сендвич од Конец би го одбрал сендвичот. Нешто слично мислам дека приготвуваат во Toto, ама од таму не сум пробал, веројатно е поскапо, евентуално за нијанса подобро. Во Конец цените се прифатливи и се движат околу 180ден. Местото е мало, но има можност за некои 3 до 4 луѓе да јадат и таму. Препорачувам нарачка и доколку сте во можност сами да си ја земете. Доколку не, работат достава преку кликни јади па може да го искористете и тоа. Мислам дека во ова јадење дома се ужива најубаво, а тогаш ги јадам два најчесто свит мејо сендвичи во комбинација со кока кола или пиво е врв. На работа по еден, а во суштина за да те најадат еден е малку два се многу, барем за мене.Во врап е исто така добро ама за прва проба е подобро обично лебче. Го има и како оброк, така не сум пробал сеуште и неможам да кажам.
Оцена 9/10, само за тоа што за мој вкус месото е по малку суво, но сепак одлично и препорачувам на секој љубител да го проба. Screenshot_20200503-125059~2.png
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.922
Поени од реакции
9.627
@Acid колку пици ти дадоа гага за рекламава? :D Многу добро е скоцкано ова за од чиста доброта да ги изрекламираш.
Он топик:

Горки компири и мини пици, одлична работа. Порано преферирав Менада пред Горки, бидејќи во Горки имаше ретардиран персонал што не ти дава маса за 3ца нерезервирана ако сте 2ца, ама Менада се затвори, така да само Горки останува со оваа понуда. Компирите обична порција 150, XXL 250, малите пицички се 160-180. Препорачувам, вкусни се.

meneda.jpg
menada (3).jpg

Костарика пица, добра пица иако не ми е во најомилени, најомилена мислам ми е во Леонардо пицеријата во Охрид. Е сега тука пазете да не земете xxl, освен ако не сте 4 души и прегладни. Еднаш бевме двајца и прегладни, успеавме да изедеме 3ипол парчиња вкупно. И пицата беше премногу тешка, ко тегче некое да носам, а не пица.

kostarika.jpg

Џем вафла од Мартини со 4 вида џем (доле) , ова ми е најдобро нешто во животот што го имам нарачано. Мојот мозок најдобра гурманска одлука во животот одбрал кога ја нарачал оваа вафла, после тоа уште 7-8 пати ја имам порачано истата, совршена е 10/10, убедливо најдобра вафла во Мартини а имам пробано преку 20 (солени и благи). Четирите вида џем беа мислам: јагода, малина, капина, зелено јаболко. Горе е крем вафла со бело чоколадо, добра е, повеќе ми се допаѓа од таа со обично црно чоколадо, некоја 7.5/10 оцена.

dzem vafla so 4 vida, i krem vafla so belo cokolado.jpg


Beef up од Фитнес Хаус, најдобро јадење во Фитнес Хаус, и најприфатливо за цена-количина. Сега не го служат со пекарски компир, туку со 3 парчиња марула, а цената е иста (крајно разочарување). Инаку ова е најмалку суво од нивните продукти, па може и затоа ми е и највкусно, не велам дека е најздраво.

fitness house.jpg

Клуб сендвич и Onion rings во Плаза де Торос, тотално просек, ништо посебно. Цените надувани до небо, секогаш е гужва и ако сте на горниот кат толку се напикани масите што нема каде да се разминете. Цените доста беа соленки.

plaza de toros (klub sendvic i onion rings).jpg

На сликава исто сме во Мартини, оваа вафлата со овошје и бомбончиња мислам се викаше М&M вафла (не сум сигурен), истата е тотален промашај и најлоша вафла во Мартини. Сува е некако и на ништо нема вкус, ко тесто и овошје да јадеш. Другава доле е мислам таа со бело чоколадо за која дадов рецензија горе.

17270819_1096910663788494_1902633353_n.jpg


Во Мартини исто така ги препорачувам јогурт вафла, гиро вафла, сите вафли што се со џем, македонска вафла, вегетарјанска вафла, белгиска/бриселска (да се провери која беше со сладолед и овошје, таа е супер, другата ништо посебно). Не ги препорачувам милфеј вафла, оваа M&M. Ќофте вафла исто ништо посебно, сите куп вафли што се орео,рафаело, сникерс ми беа океј, ама ништо посебно од сегашна гледна точка.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
@Acid колку пици ти дадоа гага за рекламава? :D Многу добро е скоцкано ова за од чиста доброта да ги изрекламираш.
Хеј, не сум јас крив што сум професионалец :)

Сите платени соработки се означени како такви, овие не се. Имаме нова рубрика на порталот која се вика "Оу је, пробавме" и во неа ќе пишуваме рецензии за различни работи, не само храна :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.694
Поени од реакции
16.597
Хеј, не сум јас крив што сум професионалец :)

Сите платени соработки се означени како такви, овие не се. Имаме нова рубрика на порталот која се вика "Оу је, пробавме" и во неа ќе пишуваме рецензии за различни работи, не само храна :)
Голем плус за рубрикава, многу ми се свиѓа! Од една страна ми ствараш јадови, од друга страна ќе имам во план каде да одам кога ќе дојдам. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.513
Поени од реакции
182.531
Интересна тема (y)
Сум пробал пица од Mamma Italiana и имаше лук, но не се сеќавам дали конкретно Тоскана, тоа што се сеќавам е дека беше предобра.
Како предлог би го дал Конец.
Мало место како сендвичара во близина на Палма во Аеродром. Се работи за бавно печено месо од свинска плешка и јунешка кртина.Се маринира и подготвува 6 до 8 часа. Месото е извонредно подготвено во склад со сосот и прилозите кои ги ставаат во сендвичот се топи во уста. Не се споредува, но кога би требало да бирам било кој бургер или сендвич од Конец би го одбрал сендвичот. Нешто слично мислам дека приготвуваат во Toto, ама од таму не сум пробал, веројатно е поскапо, евентуално за нијанса подобро. Во Конец цените се прифатливи и се движат околу 180ден. Местото е мало, но има можност за некои 3 до 4 луѓе да јадат и таму. Препорачувам нарачка и доколку сте во можност сами да си ја земете. Доколку не, работат достава преку кликни јади па може да го искористете и тоа. Мислам дека во ова јадење дома се ужива најубаво, а тогаш ги јадам два најчесто свит мејо сендвичи во комбинација со кока кола или пиво е врв. На работа по еден, а во суштина за да те најадат еден е малку два се многу, барем за мене.Во врап е исто така добро ама за прва проба е подобро обично лебче. Го има и како оброк, така не сум пробал сеуште и неможам да кажам.
Оцена 9/10, само за тоа што за мој вкус месото е по малку суво, но сепак одлично и препорачувам на секој љубител да го проба.Прегледај го приврзокот 249255
Газдите на Конец ми се екс колеги, се смени сопствеништвото пред некаде десетина месеци. Големи гурмани се и доста „наука“ имаат вложено во бургериве. Ако нешто не ти се допаѓа слободно пиши им на ФБ, отворени се за сугестии. И мене sweet mayo ми е фаворит, второ место тој со јаболко како и да им се викаше. Последниот па ич не е за мене, многу ми е суво.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
Значи, следната е за Конец :)
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
3.101
Поени од реакции
5.304
Чим прифаќате сугестии расположен сум за уште еден предлог.
Се работи за според мене најдобрите ќебапи во МК.
Како љубител на месо, а пред се скара на жар во сите градови кои сум ги посетил сум пробал по нешто. Според мое скромно мислење можам да кажам дека во Велес, а до некаде Прилеп ја имаат најдобрата скара. Но, место за одличен кебап, а за мене најдобар е ресторан Ексклузив кој се наоѓа во Градско. Доколку патувате од Скопје накај југот не испуштајте да поминете низ Градско и да пробате, ресторанот се наоѓа на влезот одма до магистралниот пат, а од спротива имате место за паркинг.
Кабапите се прилично поголеми од оние кои се сметаат за најдобри во СК, се прават на жар, сочни се и многу вкусни, цената е 15 ден за парче. За пиење пивото е по најприфатлива цена. Доколку сте за седење повеќе и нешто плус предлагам и коленица во сос која ја пробав сега скоро и исто така беше многу добра. Screenshot_20200503-203444~2.png
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
997
Поени од реакции
1.260
Чим прифаќате сугестии расположен сум за уште еден предлог.
Се работи за според мене најдобрите ќебапи во МК.
Како љубител на месо, а пред се скара на жар во сите градови кои сум ги посетил сум пробал по нешто. Според мое скромно мислење можам да кажам дека во Велес, а до некаде Прилеп ја имаат најдобрата скара. Но, место за одличен кебап, а за мене најдобар е ресторан Ексклузив кој се наоѓа во Градско. Доколку патувате од Скопје накај југот не испуштајте да поминете низ Градско и да пробате, ресторанот се наоѓа на влезот одма до магистралниот пат, а од спротива имате место за паркинг.
Кабапите се прилично поголеми од оние кои се сметаат за најдобри во СК, се прават на жар, сочни се и многу вкусни, цената е 15 ден за парче. За пиење пивото е по најприфатлива цена. Доколку сте за седење повеќе и нешто плус предлагам и коленица во сос која ја пробав сега скоро и исто така беше многу добра. Прегледај го приврзокот 249398
Имам јадено тука и баш бев изненаден од храната и услугата.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.049
Доколку сте за седење повеќе и нешто плус предлагам и коленица во сос која ја пробав сега скоро и исто така беше многу добра.
Kaжи ми, имаш слика од коленицата? Дали беше цела печена, да речам како германските, или како во грне, да речам чорба со парчиња коленица?

Извинете за оф-топик.
 
На врв Bottom