Пријателот држете го блиску, а непријателот...?

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Пријателот држи го блиску до себе, а непријателот уште поблиску. Колку се согласувате со оваа реченица? Јасно е на што се мисли,но можно ли е некогаш самите да се фатите во сопствената замка, на тој начин што токму тој ќе го искористи фактот на блискост можеби поради некое ваше невнимание?. Дали преферирате да одите на овој принцип или пак се држите до спротивното правило, да го избегнувате непријателот? И воопшто, имате ли непријатели? Што подразбирате под непријател? Кои се ваши непријатели и зошто? Дали можеби сте практикувале да бидете блиски однодно сте глумеле пред некој непријател само за да избегнете да ви наштети, или пак не се дружите со таквите? Што мислите за сето ова? Сте имале ли некое вакво искуство? Споделете го вашето мислење:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Lady, U have a question to answer... until then...

Старите никогаш не грешат. Секако дека се во право, и да, тоа е секако меч со две острици. Но ако сакаш да играш, и да се натпреваруваш во општеството, тогаш подобро да најдеш добар начин, оној кој мора да ти биде непријател како да го “контролираш“.

Јас не сакам непријатели, но сум сосема свесен дека по некогаш морам да ги имам. Некои од нив навистина не ме сакаат, па комуникација немаме. Таа лицемерна страна на животот, не ја практикувам... оној кој одбрал да ми биде непријател може сосема слободно да ја играа таа улога, не доаѓам близу него. Сепак, тоа не значи дека работите нема да се сменат, иако искрено... не го очекувам тоа во овој живот. Да се живи и здрави...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Треба да се чуваш од лажни пријатели, а не вистински непријатели:helou:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Непријателот чувај го поблиску до тебе но подалеку од пријателот
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ова изрекава јес да е добра,ама јас лично не можам да ја практикувам.Не можам да бидам блиска со некој што му мислам лошо,што не го сакам,што не можам да го поднесам,колку и да глумам сепак ме издаваат некои специфични изрази на лицето што обично се активираат у присуство на таква особа.Така да,за мене не важи тоа,непријателот што подалеку,уосталом,што ќе ми е непријателот да ми биде блиску кога ми е непријател?Ќе извлечам некоја корист од него?Полесно ќе го победам?Ако има некаков натпревар за да треба да победи некој,ќе си смислам подобра стратегија од тоа да се зближам со непријателот,зошто од многу зближување ќе ми стане “пријател“(барем јас така ќе си мислам) кој после некое време ќе ми забие нож во грб и ќе завршам фатена во својата стапица.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Се сложувам со Дизајр. Непријателот, ако веќе знам дека ми е тоа, немам никаква потреба да го држам до себе. Ни јас исто така не знам да глумам, па секој би ме препознал по мојот израз на лицето колку "сакам" да е до мене.
Со луѓето што сум сфатила дека не ми мислат добро или па полошо, што ми згрешиле на некој начин, секој ден да се разминувам, па нема здраво да им кажам, а не нешто повеќе. А дека секој од нас ги има - факт е. Некој помалку, некој повеќе, но сите имаме непријатели. Тој кој не мисли така, сигурно се лаже. Едноставно луѓето се такви. Можеш да си каков сакаш, но секогаш ќе се најде некој кој ќе сака да ти ја уништи среќата или само од чиста злобна намера да ти смета во животот.
Имам и јас непријатели, имам. Можеби тој епитет за некои луѓе е прејак, но нема средина. Првиот човек кој секогаш ми текнува после изговорањето на овој збор живее каде што работам. Нормално, го гледам секој ден по сто пати, повозрасен е од мене, па пак му вртам глава кога и да ме погледне. Ни на крај памет не ми доаѓа некогаш пак да му прозборам, кога толку многу ми згрешил. Нема никогаш за ништо да му вратам дека сум смотана, ама па како прв комшија, мислам дека ни чаша вода не би му дала ако ми побара некогаш.
И општо мислам дека не треба да сме блиски со нашите непријатели. Зошто да си правам нервози со нивните присуства, кога и без тоа знам дека се` што сакаат е да ми наштетат. Немам потреба да знам кој им е следниот чекор ... подобро би живеела во исчекување, отколку во нивна близина.
А и да сум блиска со некого за да не ми наштети? Тоа уште помалку. Да се лижам некому со страв да не му згрешам па да го направи пак истото ... никогаш. Никој такво задоволство од мене не добива.:toe:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Не се согласувам со изреката пријателот чувај го блиску,непријателот уште поблиску.Според мене нема никаква смисла.Ако некој некогаш ми наштетил во животот,трајно го обележал или слично,зашто јас да го чувам покрај себе?Со тоа само дозволувам да ми наштети уште повеќе и повторно јас да искочам повредената.Зашто ако немам никаков муабет,ако неможам да го поднесам психички,органски,на секој можен начин јас да го чувам близу себе?За луѓето да видат дека сум рамнодушна?Несакам луѓето да перцепираат погрешна слика за мене во никој случај.За одмазда да го држам крај себе?Не ги практикувам тие дејствија и верувам дека секогаш кругот се врти,а и покрај тоа верувам дека одмаздата е нешто навистина ниско на кое не би се осмелила на никого да ја спроведам.Пријателот си го чувам блиску,а оние луѓе кои ми се непријатели,со самото здобивање на таа репутација,автоматски изчезнуваат од мојот живот.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не верувам дека постојат непријатели, во смисол, стереотип за луѓе кои само гледаат да ни наштетат. Од причина што апсолутно злобни особи, не постојат во реалноста. Тоа само ние можеме да си го увртиме во глава, лепејќи им етикети на оние кои на некаков начин ни згрешиле. Па тој наш, вештачки став, прави секоја постапка на конретната особа да ја гледаме како закана и да одговараме соодветно на тоа. Thus, непријател е нешто кое го создаваме во нашите глави, а не нешто кое реално постои олицетворено во индивидуа.

Инаку, знам да одредам кој помалку, а кој повеќе ме толерира и ми е наклонет. Ама не можам да класифицирам некого како непријател. Затоа што обично се работи за одреден конфликт, поради кои имаме нарушени односи. Ама, тој конфликт може да се надмине и/или игнорира.
Затоа, се обидувам да ја апстрахирам, одделам, особата од она околу кое имаме конфликт и да ја гледам во целост. Па, така, не ми претставува проблем да комуницирам со неа. Да, може да се караме и негодуваме околу нешто, може и да се оговараме наоколу, но кога ќе застанам лице во лице со таа личност, некако заборавам на тоа и можам да комуницирам.
Нормално, кога чувствуваш нечија наклоност, преферираш да проаѓаш повеќе време со таквата особа. Но, и ако осеќаш нетрпеливост од/кон некој, може и со него да имаш сосема нормална комуникација. Барем јас можам. Без притоа истата да биде лицемерна.

А, околу конкретната поговорка...Искрено, не можам да и ја согледам суштината во целост. Како и да е...Не верувам во строга поделба на пријател и непријател. Линијата помеѓу тие категории ми е многу тенка, па едната постојано преминува во другата.
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Се согласувам со ада, непријател е нешто кое го создавамево нашите глави, како олицетворение на лош човек кој само гледа да ни наштети. А зашто мислиме дека има некој таков што 24/7 гледа да ни наштети? Ок, има и такви не викам не...има секакви... Ама тие се само во еден период од нашиот живот присутни. Кога тогаш, ќе исчезнат. Или ќе го добијат своето, или ќе исчезнат. И што треба сега да значи дека ни се вечни непријатели?

Сепак во денешно време како што гледам терминот непријател се користи и за некој што само еднаш ти згрешил. Нека се и 2 пати... Зарем тој не е човек, па не му се случува да згреши? А ние одма за непријател го сметаме.

Со изрекава...до некаде се согласувам, ама не целосно. Си се држам блиску до пријателите, ама се обидувам да немам непријатели, иако знам дека во денешно време тоа ретко кога е можно. Сепак пробувам да сум рамнодушна спрема сите оние што не ги сметам за пријатели, а тие што не можам да ги сварам т.е. да ги поднесам, одамна се избришани од сите мои списоци. Едноставно игнор и множење со 0. Се разбира зборам за оние што навистина многу пати ми згрешиле и колку и да сум се трудела да им простам...еднаш, два пати сум нашла сили да го направам тоа...ама понатака е веќе претерано.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јас ги чувам сите блиску...и тие што мислат дека ми се далеку, многу горко се излажале...
 
С

Сатори

Гостин
Имам одреден број на луѓе со кои вистински не делам позитивни емоции, комуникацијата е сведена на површно навредување и веројатно негативните желби се разлеваат по површината, но, понекогаш колку и да сакаме да избегаме од тие луѓе, секогаш некако ни се блиску.

Едноставно во последно време применувам тактика на комплетно игнорирање на оние што можат само да ме „пецкаат“ со неподносливоста, мирно си го одам својот пат без да морам да трошам енергија и сила во крајно непотребни борби, ако морам да дојдам во ситуација да бидам во нивна близина, веројатно ќе можам да ги поднесам, но не и да бидам фина, пријатна и насмевната, колку и да ми е лесно да го изглумам тоа, а ми беше долги 4 години од мојот живот, кога всушност научив дека и така може.

Сега само се чистам од се што ми го зема мирот, непријателите, луѓето кои што не ме сакаат, просто ги избришав со гума, исто како никогаш да не постоеле.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пријателот држете го блиску,а на непријателот не му вртете грб,секогаш да биди пред твоите очи.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
..доволно далеку да неможе да ти наштети.. и доволно блиску да можеш ти него ако он прв проба!
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Пријатели/непријатели...
Ние си ги бираме, ние си ги креираме...Ако ние бираме да сме окау со некого, тоа ќе биде така..:Се е во нашата глава...
....А ако веќе имаме непријатели, треба да ги чуваме доволно блиску за да знаеме што најмногу може да ги погоди...Но, како што кажа girlll, и доволно далеку да бидеме отпорни на секој нивен удар...
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Нормално. Секој човек има непријатели. Според мене, гледам да држам некоја линија и дистанца, во најнормална состојба, гледам да ги чувам блиску:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom